1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лосиони и креми за тело

Дискусија во 'Тело' започната од Scarlet88, 4 април 2010.

?

Дали користите лосиони/креми за тело?

  1. Да

    91 глас(а)
    93,8%
  2. Не

    6 глас(а)
    6,2%
  1. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Ако ти е навистина важно лосионот/млекото да има добри состојки, можеби треба да пробаш некој природен или органски? Чисто како предлог, бидејќи кажуваш дека не ти е сеедно што содржи производот.

    Овој од Revuele гледам дека има BHT. Не викам дека е лош, но сигурна сум дека на нашиот пазар има подобри (особено што се однесува до состојките).
     
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ако е органски не значи дека се добри состојките за кожата. Имаше период кога фрлав пари на органски козметики. Еве ова ми го направија
    20190404_161239.jpg
    А толку многу пари фрлив!
     
    На Mumoftwo30, Rozich и MacaLove им се допаѓа ова.
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Девојки, да ми препорачате некој лосион за зацврстување, затегнување?
     
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Сега искуцав за некои органски производи на страницата cosdna.com
    Па не знаете колку штетни состојки имаат. Можам да кажам дека се исто штетни како и состојките на дезодоранс. Не велам дека сите органски производи не се добри, на пример има супер шампончиња на Алверде. Сакам да кажам дека акп произвоот е органски не значи дека е супер.
     
  5. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Кои органски производи си ги искуцала што имаат штетни состојки ако не е тајна? Ме интересира чисто да видам.

    Кога зборуваме за органски производи, но органски во вистинска смисла на зборот, а не „органски“ како маркетиншки трик, тогаш навистина не знам кои се тие штетни состојки кои ги содржат. Не би било лошо кога веќе така ги категоризираш, да посочиш нешто конретно со примери на состојки кои ги имаат, кои се тие производи и сл. за да можеме подетално да навлеземе.

    P.S. Не постојат шампони на Алверде кои се органски, чисто информативно, природни се сите. :)
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Хаушка и Алверде.
    Еднаш ја купив цела линија на Алверде со q10 од гоџи бобинки и ми се нафрла цело лице. По извесен период пак се излажав, демек на поскапо и поубаво и ги купив на Хаушка хидратантен дневен и ноќен крем. Пак истото ми се случи.
     
  7. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Искрено не би знаела зошто таква реакција ти предизвикувле. Тоа единствено стручно лице дерматолог би требало да знае. Единствено што би можела да претпоставам е да не си алергична на некоја состојка...

    Суштината на постоењето на органските производи е токму таа, да се регулира/забрани користењето на штетната синтетика, кадешто речиси исклучиво се користат природни состојки од контролирано органско земјоделство.

    Прв пат слушам некој да ја смета конвенционалната козметика како поздрава од органската, но очигледно се работи за субјективни гледишта односно мислења. :)
     
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Откако се нафрлив, пребарував на нет за производите и видов дека и на многу други им се случило истото. Еве нешто сега на брзински што најдов, не можам многу да барам, тогаш најдов многу повеќе. Screenshot_20190719-212746.png Screenshot_20190719-212809.png Screenshot_20190719-213132.png Screenshot_20190719-213154.png Screenshot_20190719-235237.png Screenshot_20190719-212643.png
    Порано имав користено едно кремче на Алверде, не се сеќавам точно која линија беше, знам дека имаше пердув на опаковката и светло плаво капаче. Ок беше, тежок за на лето, немав никакви нус појави и многу мирисаше на алкохол. Поради тоа не го купив пак. Алкохолот ја суши кожата. Што бара во органска козметика која се стреми да прави производи кои воопшто нема да бидат штетни за потрошувачите? Според мене се' е маркетинг и мачкање на очи. Убава козметика може да се најде во органските, но и оние кои не се природни и органски. Треба да си хемичар и да се разбираш во состојките, а дали е органско, природно или ни едно ни друго - искуството ми покажа дека е не битно :D
     
  9. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Според она што го читам, а и според тоа што спомна дека си имала лошо искуство со Алверде и Хаушка, изгледа дека алкохолот ти предизвикува некаков вид на реакција, кај тебе и кај останатите.

    А баш тој вид на алкохол (alc. denat.) најчесто го користат германските производители како што се Хаушка и Алверде (не знам од кои причини). Кај други производи кои не се германски, не сум сретнала алкохол од таков вид, па сигурно и самите формули се поблаги. Пример Gamarde, Fleurance и сл.

    А прочитав еднаш и од @Biodevojka, кога даде мислење за една природна крема од Логона мислам дека беше, дека во составот единствено не и се допаѓало тоа што имало таков алкохол како во гореспоменатите.

    Можеби ако им дадеш шанса на некои други производи без таа состојка, ќе ти го поправат впечатокот, сепак времето ќе покаже.:)

    А инаку дека се тоа е само маркетинг и “мачкање очи” воопшто не се сложувам, бидејќи најскапите производи од препаративна козметика на светските пазари не се ниту природни, ниту органски, туку се хемија од типот на Lancôme, Dior, Shiseido и др.
    Органски креми за лице од 250-300€ мислам дека нема да најдеш, така што не држи баш вода тоа дека е маркетинг, кога е поефтина солуција од некоја хемија.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, sorbet, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Драга моја алкохолот е користен (претежно од страна на германските фирми за органска козметика) со цел да ја намалат употребата на конзерванси или пак во некои случаи (зависи од составот на производот и опаковката) да ја избегнат (иако јас сум против ова затоа што постојат и еколошки конзерванси одобрени од сертификаторите за органска козметика. Алкохолот има мал конзервирачки ефект, меѓутоа потребно е да се стави голема количина. Некои фирми (нема да цитирам) ќе кажат дека алкохолот кој го коростат е био, растителен, од пченка ваков таков итн. меѓутоа нема да ви кажат дека дејството врз кожата е исто : го разредува најгорниот слој на кожата и дозволува полесно да навлезат сите останати состојки. Токму тој ефект не ми се допаѓа. Во некои креми со висок процент на алкохол користен е поголем процент на масла и путери со цел да се намали тоа дејство на алкохолот а истовремено да се спречи преголемото масно дејство на маслата и путерите. Јас лично преферирам козметика без алкохол иако мора да напоменам дека зависи од производот и не може да се генерализира. Доколку станува збор за тоник за лице во то случај дефинитивно е подобро да нема алкохол, доколку станува збор за крем за лице во некои формули пречи а во други не. Значи различно е од производ до производ. Што се однесува до фактот дека се е макетинг и дека некогаш комерцијалната козметика е подобра и да и не. Не се согласувам баш. Вистина е дека понекогаш органската козметика може да биде агресивна и фактот што еден производ е органски не е гаранција и за формулата на истиот. А понекогаш производ кој е природен и не е сертифициран како органски може да има преубава формула и подобро да функционира. Меѓутоа не треба да содржи силикони и навтени деривати секако. Ако не престанам сега со пишување цела статија ќе напишам. Поздрав
     
    На Mumoftwo30, sorbet, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  11. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас го велам цело време. Дека секој органски производ не мора да е добар. Се' зависи од состојките. Да се гледаат состојките, а не тоа кое име го носи производот, каква е амбалажата, дали убаво мириса и дали е органски или не е :)
     
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Убаво е да се користи заради хидратација и потхранување на кожата, ама сепак да не се претерува, посебно со оние на хемиска база. Природните масла се исто така, предобри за кожата, како на пример, кокосовото и маслиновото масло.
     
    На hermosa, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.775
    Допаѓања:
    8.784
    Пол:
    Женски
    Кое млеко или путер за тело остава интензивен, нежен мирис, мирисот да се задржува и после некое време, дали има таков? Постојано до сега користев кокосово масло или шеа путер ама сакам да сменам малку. Има ли некое млеко за тело слично да мириса на гелот за туширање на Балеа со лимон и путер, прв пат толку долго да се задржам на мирис, овој дефинитивно не го менувам, штета што не се задржува. Предлог?
     
  14. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Каде и кој да го купам за самопотемнување на тело ако постои? Незнам каде да прашам па ви поставив тука, благодарам однапред
     
  15. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Имаш у дм на балеа, сан денс, нивеа . Сигурно има и некои други.
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Како што знае масло од кокос, маслиново масло и бадемово масло да омекне,подмлади и хидрира кожа,лосион никогаш нема да може.:)
    Откако ги откачив сите лосиони и почнав да користам масла,кожата драстично ми се подобри,има сјај,мека е и со помалку флеки и лузни.:inlove:
     
    На Salome, Mumoftwo30, Mајушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Имате користено некое од овие? B9AE31E9-2F91-4564-B9B7-0DE6EF1673C1.jpeg 4A039F61-0A21-4B0E-8079-1CCA727C4281.jpeg
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    1.990
    Девојки препорачајте некој крем/лосион/млеко за тело со свеж и траен мирис за секојдневна употреба после туширање?

    Ги користам долго лосионите на Dove но се заситив од нивните мириси а и немаат некој така свеж баш.. :?:
     
  19. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    Meне лосионите на Алверде ми се љубов, посебно тој со јасмин и путерот за тело со кафе. Мирисот е преубав, се задржува, имаат супер состав и убедливо најхидратантни лосиони за тело што сум ги користела. :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Elence93 и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  20. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Девојки кажете ми нешто за премногу сува кожа стварно што помага, се убивам од пари фрлање ништо не ми помага. Секако читам дека пишува за сува кожа, но нема ефект. Не ми е битна миризбата, секако не да мириса гадно, најбитно ми е да ми ја омекнува кожата не само во моментот и после повторно сува.