На оваа тема сакам да отвориме поширока дискусија околу тоа какви се шансите за добивка на нашите лото извлекувања и дали постои можност од местење на истите. Моменталната сума за седумка е 440.000 евра.
Вечерва е моја седумката, па ја чекам дваесетина и кусур години... Редовно играм лото, бројкигте ги знам на памет, но освен неколку четворки и една петка, немам ништо друго добиено. верувам дека ја местат, дека овде нема среќќа туку намештаљка и криминал голем. некои велат дека сега сеудмката ке ја чуваат до пред избори....
Јас мислам дека предходно се снимени посебни извлекувања на секое топче од 1 до 34 број по што, од 19 до 20 часот се проверува кои комбинации се најмалку уплатени и се вклучува плавата со "извлекување" на кое излегува предходно монтирано снимено извлекување.
Зошто би снимале претходно емисија кога имаат време точно еден час и 15 минути за да ги проверат сите уплати и да најдат комбинација која ја нема...барем така мислам, немам познавање од компјутери и сите можни опции.
Se bogatat na maka od siromasnite. Vo Srbija neli imase skandal so taa sto gi vlecese go kaza brojceto uste pred da se izvlece.
Предходно снимени поединечно извадени топчиња ги спојуваат во една снимка создавајќи колона од седум извлечени. Бар така јас мислам.
Јас полани добив 6ка, околу 50000, седмицата ја испуштив зошто уплатив 14,а извлекоа 15 замислете колку измешани емоции имав Јас не верувам дека ја местат, ама можеби да, како и да е редовно си играм и имам очекување дека еден ден ќе добијам, убедена сум
И јас сум за тоа дека максимум во наредниве 3-4 кола ќе се падне, пратејки ги последниве неколку кола мн прости и предвидливи комбинации на броеви паднаа.. Јас не играм, мој совет до тие што играат форсирајте комбинации со ниски броеви, 2-3 броја од 10 до 20 и еден евентуално може од 20 нагоре, пример:2,4,6,7,10,11,16,21
Земаш талонче и на тоа талонче си пречкртуваш со "х" седум бројки од 1 до 34 кои мислиш дека ќе се паднат во извлекувањето. Тие седум бројки прават една комбинација која за да ја уплатиш чини 20 денари. Може колку сакаш комбинации да напишиш, а на еден талон може максимум 10. Го уплаќаш талон ти даваат сметка и тоа е тоа си го чекаш извлекувањето во среда или сабота.