1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошата страна на основното, средното и високото образование

Дискусија во 'Образование' започната од Keanu_R.Wick, 16 октомври 2019.

  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Освен несоодветните кадри - учители и професори - тука може да ги посочиме негативните појави кои се длабоко штетни по интелектот и перцепцијата на учениците, од прво одделенчиња па сѐ до матуранти.

    Ова што го прочитав ме згрози. "Браво" за авторите.

    https://www.slobodenpecat.mk/ognen-...czija-po-makedonski-jazik-za-petto-oddelenie/

    Каква ли програма и содржина имаат дечињата на училиште??
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.033
    Пол:
    Женски
    Учебниците им се една голема утка. Пред некое време пишував домашно по Географија со брат ми и гледам дека во книгата пишува „Тиквеш е најголема котлина во Р.Македонија“?! Ние цел живот сме ја учеле Пелагонија како таква. Ги тераат да учат бројки (површини) напамет, а тие згрешени до бескрај. Книгите по Биологија (и уште еден сличен изборен предмет имаат) им се смешни.
    Музичко и Ликовно наместо предмети за релаксација се направени најстроги.
    И програмата за странските јазици е сменета. За домашно им даваат да пишуваат есеи, писма, текстови на различни теми, а тие јадните немаат учено ниту едно глаголско време, не знаат една проста реченица да сврзат.
    ^ова за основно образование зборувам и мислам дека треба повеќето учебници да се укинат од употреба и од почеток да се напишат.
     
    На Shmizla94, Victorian, Mrs. Lovett и 6 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    За учителите делумно се согласувам. Повеќето не ги бива. Барем во школото кај што учи син ми. Никаква основа не им даваат на децава. За математиката да не зборувам. Ужас од програма. Тоа јас го учев во петто одделение, они го учат во трето. Катастрофа. Па и англиски од прво одделение.
     
    На Shmizla94, Keanu_R.Wick и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Може во темата да се вклучи и високото образование. Сметам дека има многу големи недостатоци.
     
    На Waverly Raven, ku4ence, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Искомплексирани професори на пример.
     
    На Mrs. Lovett, sj *O* и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Се е проблем..
    и програмата
    и уроците полни со дискриминација
    и начинот на кој се аранжирани самите текстови
    проблем има и со инклузија на сите ученици
    па проблем со родители кои сеуште спијат на тоа уво од комунистичко време, дека оцени се поправаат со врски
    несоодветни услови во школите
    недоволно средства за покривање на основните потреби за неспорно одржување на часовите
    итн.. итн...

    Ова треба ептен јако менаџирање, и систематизација и менување на цел оперативен систем... буквално, наново организирање и редефинирање на цел образовен систем... од А-до Ш. И за основно, и средно, и високо образование.

    Не очекувам дека ќе видиме соодветни залагања во скоро време, ама се надевам дека ќе се потрудат повеќе сите.. Од тој најгоре, до тој најдоле во хиерархијата.
     
    На lovestoneddd, moon1, Keanu_R.Wick и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.704
    Допаѓања:
    42.920
    Пол:
    Женски
    1.Сеа не знам за у основно, ама јас кога бев користевме прастари учебници.
    Во средно исто, од 1-4та година учиме по стари учебници.
    Пример географија моравме од интернет да учиме бидејќи бројките во учебникот беа апла застарени.
    2.Може има просветни работници но не глеам да има педагози.Немаат сите трпение по 200 пати истото па истото да го повтараат.
    3.Системот на образование ни е УЖАС.СЕКАДЕ ВО Р.Македонија има врскаџии, од Скопје до Д.Дупени до Струга и назад, и во основни и во средни и на факс.
    И живи преваранти.
    4.Искомплексирани професори, кои имаат комплекс Бога
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    https://makfax.com.mk/makedonija/хелсиншки-бара-казна-за-училиштето-во/

    За овие учебници читав реакции пред неколку години, само во земјата на чудата е можно да останале во употреба.
     
    Последна измена од модератор: 19 октомври 2019
    На Keanu_R.Wick и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Лошата страна? Зарем има и добри страни кога сме малтене најнеписмена нација у Европа?
     
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Искрено .... Да ти е грев дете на школо да пратиш. Ни програма има асална ни учебници прикладни... Абе дете од 1во одд 5 ли часа треба да има?? (facepalm) јас ко бев прво 3 часа во денот имав. Сега... Кога гледам на распоредот на синко само велам Господ да му е на помош. Се учи ли во прво одд англиски а во второ читање и пишување на македонски? А за тоа со пубертетот го читав претходно абе страшна работа.
     
    На Feminka192 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски
    Настрана учебниците, кога видов што учи внук ми се запрепастив но општо образованието во Мкд е катастрофа, од основно па се до високо образование.
    Сум сретнала секаков вид на наставници, професори, тоа премногу искомплексирани суштества, поим немаат од предавања, не се замараат, оценки понекогаш вадат од ракав, не знаат како да објаснат и да те научат.
     
    На sj *O*, marchi-cool, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Врските, на некои деца така и ставаат 5 ки а некои утепат се учејки за една двојка... Понижават се децата што се од ниско класно семејство тоа е многу познато и ги малтретираат со учење за една двојка и дадат 3 4 теми а овие другите богаташи доаѓаат онака за ладеж во школото.
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    1. Наставниот кадар да се смени од корен.
    2. Родителите да се стават малку под контрола да не мислат дека они треба да кажуваат како наставниците и професорите треба да се однесуваат и како да им ги оценуваат децата.
    3. Да се забрани поткупување на наставници со скапи поклончиња. (парфеми од 100е, ваучери, викенд од агенцијата на мама и тато, овца, коза и тн.)
    4. Да се стаат под контрола учебниците што поише би служеле како тоалетна хартија отколку како учебник. (кој побогу ги одобрил учебнициве да одат на печатење и на кои дроги бил?)
    5. Нека не глумаат запад со програмине шо хараат со години и со најутнатата инклузија, затоа што сме далеку од запад и по подготвеност и по менталитет (што се однесува до инклузијата лицата со п.п. во земјите на запад имаат дури по 4ри асистенти, кај нас ни еден немаат и тој еден работи за 3000 месечно и да не навлагам друга тема е ова).
    6. Нека се снабдат училиштава со некои средства за дезинфекција не само да ги поминуваат подовите со вода ради реда, зошто кафето им е на плинско.
    7. Нека се реновираат училиштата и не само во главниот град.
    8. Нека почнат со реновирање и прилагодување на училиштата, училниците и тоалетите за пристам на учениците со п.п.
    Има и други не ми текнуваат во моментов.

    ЕДИТ: и да, нека се забрани деца, внуци и тн. да си ги запишуваат во училиштата кај што работат.
     
    На oblace1, Nausicaa и Feminka192 им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Се фатив еднаш да пишам на темава ама не можам долги мислења од телефон.
    Настрана врски, подмитувања, подарени оценки, приајтели, незаинтересираност за учесниците од страна на професорите, премногу заштитнички настроени родители на штета на децата - има други проблеми пошто овие не се само во училиштето, овие проблеми се на ниво на држава. Ама, промената за истите е само фер и логично да почни од образованието. Како би очекувале инаку да имаме држава во која вреди да живееме, да не се плашиме дека тоа што го заслужуваме нема да го добиеме ради некој кој ги има точните пријатели? Со промена во образованието. Сите промени во дражавата почнуват со промени во образованието. Сепак, овие се големи проблеми за чие решавање треба да помини многу време со чекор по чекор систем.

    Шо уствари можи да се смени во образовниот систем сега и денес е програмата. Воглавно, то е и првиот чекор да се решат горенаведените проблеми исто така, плус децата да се стекнат со подобро образование и да имаат поголемо знаење. Ќе почнам од учебниците. Учебниците имаат добра замисла, навистина. Прво сега да се научи еден дел, и да се дај време тој дел да легни на детето. По извесен период се навраќаме на истиот дел и го повторуваме. Па после тоа го надоградуваме малку. Пак се дава извесен период да легни на детето. Па после пак се враќаме на истото и уште поќе го надоградваме. Ова е како уствари треба да се учи се, и мислам дека замислата околу ова е во ред. Е сега шо не е во ред ... од друга страна ... многу работи. Пример то шо нов систем и нови учебници сакаа да се наметнат на генерации кои учеле на поинаков начин, наеднаш. На наставници кои не беа спремни на таков чекор ама од нив се очекуваше да го напрат. Па да не зборам за грешките во учебниците. Брат ми е основно и на страната на училиштето, наставниците прикачуваат лекции со точните информации према програма шо треба да ги учат.
    За ова да биди успешно прво требаше да ги обучат наставниците.
    После ова требаше да остават постарите генерации да учат како што учеле до сега, туку ова да се наметнуваше на новите генерации. Зошто? - Старите генерации веќе имаат одредени навики, свесни и несвесни како ги учат работите и на кој начин изгледа една книга и една програма. Навиките се многу тешки за исфрлање. Од друга страна пак, новите генерации се празен лист хартија кој ќе го научиш онака како шо мислиш дека е најдобро. Кога се воведи деветто одд и новите учебници, абе ги пресекоја некои генерации на пола. И не знам зошто се очекуваше океј резултат од ова.

    Следно, мислам дека треба да му се дај слобода на наставник да скрати информација (пример по географија сме учеле број на овци. Ај процент на овци - океј, ама број на овци? Оти не умират, не се раѓаат нови ... о не не), или пак да додади релевантна информација (јас студирам психологија и кога запишував желба ми беше да предавам чисто за да можам уз лекција за шо било да промовирам грижа за ментално здравје, према мене ова е многу поважно него да знат Фројд колку ја сакал мајка му и како неа му се сонило дека тој ќе биди голем и го фаворизирала него преку сите други деца кои ги имала).

    Многу ја сакам замислата на додатни и дополнителни активности ама немаме услови за тоа во училиште. Прво имаме 12-14 предмети, во просек по 7 на ден часа 5 дена од неделата и од нас се очекува да одиме дома секој ден, да научиме 7те предмети, да напишиме домашно и утре да одиме на училиште, а во меѓувреме да одиме на додатна или дополнителна активност, по поќето предмети. Нема смисла. Особено во средни училишта каде, јас ден, една година и два дена ми беа пракса и јас пола ден го врвев на пракса, работев и учев таму, а останатите три дена имав и 8-9 часа. И сакам да си играм мајтап за ова. Оти втора смена некогаш одев од 10, а првиот час почнуваше во 1 и пол. Не пред час, предпред час сум имала. И после имаше професори кои не обврзуваа да одиме на додатна најчесто после часови прва смена, пред час втора смена, а ние веќе со неколку предчасови и после часови бевме.
    Ова функционира во училишта кои се целодневни. Со големи паузи, со паузи за учење, па во текот на целиот ден имаш распоред и одиш кај шо треба ама си одморен, ем имаш време да учиш ем да дремниш минутка негде.

    Додатната према мене е важна, навистина, се учи нешто повеќе од тоа шо треба да го знат учениците, ама колку често се учи повеќе? Како чоек шо има одено - ич. Абе ич не се учи од поќе. Ете одев по психологија на додатна, стварно по ќеф ми беше предметот и секогаш јас ја водев додатната со активности и теми шо јас ги одбирав оти само јас бев заинтересирана. И професорката само ќе ме протапкаше по рамо дека сум заинтересирана и ќе ми речеше ај спреми за тебе и за уште двајцата шо некогаш идат нешто да прочитаме. Секоја недела. Е сега додатните да се еднаш месечно, со активности кои ќе бидат презентирани пред класовите од страна на професорот претходно - мислам дека ќе има поголем одзив и мислам дека децата ако ги заинтересира темата (и еднаш месечно и то не мора да се појави, а можи - другиот месец не мора), ќе бидат заинтересирани. Навистина мислам дека ќе има заинтересирана.
    Дополнителна од друга страна и таа треба да се одржува по потреба, не редовно. Има ученици за на дополнителна? - Има. Ги викаш на страна и се договарате за истата, не само да ги држиш и да муабетите колку време да помини, зато никој не троши време на дополнителна. Туку седни, објасни му шо не му е јасно, ако не знај зошто не можи да научи, наставник си, види шо е проблемот.

    И така, јас многу го сакам образованието и образовниот систем. И жал ми е да го гледам како пропаѓа. И ете малку си кажав да ми олесни за дел од работите шо ми лежат на душа.
     
  15. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Образовниот систем ни е НУЛА.
    Материјалот не е прилагоден на возраста.
    Како во мое време што пример - Малиот Принц ни ја даваа за читање во 4то одд. е сега имате + уште 1000 вакви киксови. Децата се преоптеретени и остануваат без желба за учење.
    Сакајќи многу да ги научат на мала возраст остануваат и без она основното.
    Образовните институции се во лоша состојба - стари и несредени згради. Делуваат запуштено.
    За повисоките степени па да не зборуваме.
    Оценки со врски, купени дипломи и неприфаќање дека некои луѓе не се за професори а некои ученици не се за високо образование.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Целта е да ги испреморат за да станат мрзливи во иднина.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    А каква корист има општеството од луѓе кои во иднина нема да можат да „вратат“ за нивното растење и образование? :^)

    Погоре не пишав уште за хигиена, ама сега немам време и за то да се олеснам, ама ќе биди.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Општеството не толку но газдите на компании и корпорации ќе имаат голема корист. Работници кои ги мрзело да учат поради непотребни материи во детството и мораат да работат за ниски примања.
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Ама програмата и книгите се праени од државата, некогаш програми се прат и се форсират предмети кои се во корист на државата. Зато и те прашав, каква корист има државата од мрзлива и непродуктивна иднина? Оти да вложува образование и пари во младина кој знај дека ќе излези мрзлива? Поточно извини, оти целта да му е младината да излези мрзлива?

    А приватниците, газдите, не се тие државата, тие не ја прат програмата и зато не можи да се директно виновни за образовниот систем. Тие само начекале, и искористиле прилика за да добијат профит.
     
  20. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Кој управува со државата што мислиш? 8-|
    Ништо не е случајно.