Не знам од каде да почнам зашто има да се зборува многу.Нашите најмлади и најмили и нивните идоли.Се згрозувам кога ќе видам како на дечиња идол им е некој како Полат Алендар...или некој од актуелниве политичари.Да им биде некој политичар Идол ајде и не е така грозно и лошо ама на дете од 5 год да му биде идол Полат е не можам да се изначудам. Им ги трујат главите уште од многу мали нозе со политики,со неплатени сметки и кредити,им се дозволува да гледаат телевизија 24 саати со секакви голотии и шоуа од типот Големиот брат.Јас се прашувам дали има некој кој го почитува она кое минува пред некој емисија или филм "Забрането за деца помлади од 12 години"???Кога јас бев мала кога бев дете немаше шанса родителите да ми дозволат да гледам некој страшен филм ,или филм со тепачки и пукања. Секое второ дете родителите го праќаат да пее на некое фестивалче и се плашат да му кажат дека не го бидува за тоа...па си молчат па кога ќе порасне детето си лечи комплекси.Пред некој ден се изнасмеав кога слушнав нова поговорка 'Роди ме мајко со мобилен и фрли ме на буниште"но колку се изнасмеав толку и ми беше тешко за овие млади дечиња кои го прескокнуваат детството но уште повеќе и за родителите кои им дозволуваат се што ќе посакаат. И да...темава не ја направив за да некој родител се навреди...сепак верувам дека сите не се за во ист кош.Чисто да дискутираме
Немора да значи да сето тоа што ни го сервираат на ТВ, весници, интернет...го прифатиме, ама свесно или несвесно за жал така е, го прифаќаме. Некој повеќе некој помалку. Уште од мали нозе си ги труеме децата со све и свашта. Уште од мали нозе имаат се издегустирано и нема што немаат со исклучок на поединци. За сето тоа криви се родителите. Наместо да го анимираат со некоја игра, спорт само да го смират го седнуваат на компј. на пр. До некаде е ок, оправдано ајде ќе научи нешто, игра некоја игра и сл. ама забораваме на контраефектот. Да не кажам за ТВ која не труе со секакви информации и да не ги спомнам сериите од кои затупавуваат и возрасните а индирекно влијаат и на нашите деца. Живееме во стресно време и општество каде што секој гледа како да го преживее наредниот ден. Нашиот животен стандард дополнително влева страв за финансиска егзистенција. Детето не прашува дали имаш туку вели ,,дај,, а знаеш дека мораш да му ги задоволиш основните потреби. Моето дете е сеуште мало и на ТВ освен Том и Џери и оној канал Минимах нема. Понекогаш јас се чувствувам изолирано од околината а не пак да седнам и да гледам некоја серија (искрено и немам време). Уште од сега се учиме да ги цениме вредностите, да ја согледа реалноста и да ја почитува златната скромност. Од некои влијанија можеби и ќе успеам да го заштитам ама пак некои сами ќе си се наметнат без разлика дали сакам или несакам. Како расне ќе ја открие целата околина и општество а негово ќе биде да правило пресуди што е добро а што не.
И јас како мала ги слушав Цеца, Лепа Брена и Весна Змијанац... Има ли потреба да кажувам кои ми биле идоли? Моите дома на сите прослави (а тогаш ги имаше многу) ги пуштаа касетите до даска и ние малечки урламе на нив... Да не ги заборавам Династија и Враќање во Идн, па индиските филмови-Црвената боја на љубовта, Јецај, Грпка...сите комшивки сосе нас децата седнати пред тв и групно плачење до болка... И така следев 'мода' од мама и тате, дур малку не потпораснав па сама да си создавам критериуми што ќе гледам и слушам... Какво е секојдневието на родителите, нивните навики и начин на живот, се пренесува на децата...Тие се постојано со нас, не само еден час во денот па да се трудиме во тој час да им покажеме наши подобри особини...Ако сакаме да имаат квалитетно, безгрижно детсво, треба да тргнеме од сами себе, а совети кои фрчат постојано, не држат вода ако сами не ги применуваме...
листав низ категоријава да видам што теми има. Не знаев дека ваква постоела. И да се чудам бе денешниве деца... Пишувам за едни познаници. Абе дете 9 години има детска песна никад нема слушнато а слаткар го растура од пеење дури и си направил канал на јујтуб и снима нешто безвезе со телефон и се научил да прикачува. Сестра му 8 годишна ќе ја чуеш со изразите прчла една нечесна една проклето да е... И тоа се слушнато од турскиве серии. Цртани... Ако дале на телма или мтв 1. Каде ли отиде младинава?
Ги имаат тие идоли, зошто тато, мама, баба, дедо, тета итн. Сакаат баш тоа да гледаат. Мораат!! Како така ќе се пропушти една епизода. Како тоа да не видат што прави ЈК у шоуно. Зар да седне некој на под и да го помине тоа време цртајки или читајки? Зошто да се провери писи и телефон што тоа прави детето? Зошто да се прошета, кога може да се остаи детето на јутуб, а јас да седнам да пијам пиво и да гледам тв, или да седам со гости и на секое мамо да викам чекааај, чекааај.. Тв гледам само кога таа спие или е во градинка. Претежно гледаме тоест слушаме песнички. И тоа низ игра, односно тв работи у позадина. Имаа време за се, се ќе научат се ќе видат, сега се само деца. Им треба игра, им треба анимација. Им треба чист воздух.
Дефинитивно најголема вина за тоа лошо влијание врз децата доаѓа од нас родителите прво па потоа од општеството .Колку само постојат разгалени деца затоа што родителите им дозволувааат се ,секој можен луксуз им е дозволен и затоа децата не можат да сватат кои се вредностите во живот.Од 5 г веке мора да се има тел посебно девојчиња па нон стоп со тел во рака од мали ,битно знаат што е фб или инста и цело време прчење.Некои родители само сакаат да бидат во тренд со времето иако не свакаат колку лошо им прават на своите деца .Па затоа понатака во животот децата се затвараат во некој свој свет ,нормално помалку комуницира со околината и се гради веке една емоционално нестабилна личност .
Иако живееме во време каде технологијата има земено толкав замав и каде на родителите им е најлесно да му дадат на дете телефон или таблет да се занимава за да не мора тие да го занимаваат, јас со мое дете не би правела така. На дете треба да му се посвети време, низ игрите децата учат доста работи, а со гледање во екран само ќе им се задржи вниманието некое време. Едукативни видеа, цртани и филмови можат да пројдат кај деца (следејќи ја рамката за годините). Притоа, би му зборувала за она што го гледа. Би му објаснувала, да сфати подобро. Затоа што, дури и цртаните филмови не се толку безбедни колку што мислиме. Имаше случај каде дете видело на цртан филм дека некој лета со чадор, па и тоа скокнало со чадор од прозор или од балкон. Среќа па со лесно поминало. А за тоа што зборуваат, мене би ми било срам мое дете да зборува нешто недолично, сите прво би помислиле на што тоа родителите го учат, иако и од роднини или од другарчиња впива. Ако научи такво нешто некаде од страна, ќе добие соодветна лекција. Врз детето мора да има контрола. Не стеги, но контрола. Ако го оставиш да прави што сака, ништо не си направил.
Јас бе прв пат музика "за возрасни" заслушав од 7мо одд кај едни девојчиња кои спремаа балет од 8мо одд за патронатот. Дотогаш ја пеев сакам кола убава. А сега пред некој ден бев на гости и слушам девојчиња од 10 год слушаат нешто во стилот " ране... Никако да сване... " добро бе што е денешнава младина? Јас ни касандра не смеев да ја гледам.
Епа тоа сакаат мама и тато да слушаат. Од мало ги слуша тие, нормално навика си ствара. Лесно е така. Ќе праам јас како што сакам, дете мора така да се научи, за јас да сум раат. Ич не сум раат, ич. Ни 5 минути не можам на себе да посветам кога таа е тука, не па да гледам или слушам нешто јас што сакам. Ама, јас така сакам. Јас сум решила нејзе да и се посветам. Кога одам некаде пак е исто. Знам дека за мене уживање нема, знам дека треба да станам и трчам по неа. Но, убаво е да си седиш и раат кафе да пиеш. Е полесно е кога ќе му бапнеш тел, таблет у рака и дете ќе се ѕвери 3 саати во него, а ти ќе бистриш политика како некоја таму не знае да си го чува детето. Не знам, може сме ние будали што сакаме на децата да се посетиме... Инаку, и покрај се што правам за неа и со неа..јас се уште мислам дека е малце. Иако е се уште мала. И сите колку и да ме убедуваат дека доволно се трудам, јас пак сакам уште и уште...
А што има лошо во тоа детето да ги пее песните на родителите? Ние дома заедно пееме "Кој си носи чадорче" и слични на неа, ама и "We will rock you", "Bohemian Rhapsody", "Громови на душа" итн... И баш ни е убаво
Па, мене ми е лошо, ама има родители на кои им е сосема ок. Нивно дете е, не ваше. Не може сите деца по ваш калап да се воспитуваат
Не секогаш. Ќерка ми слуша Корејска музика... и контемпорари поп... Ни јас, ни маж ми не слушаме тоа.. посебно не Корејска...
Колку што можат добро да влијаат родителите кон едно дете, толку и лошо или да речам недоговорно или "пуштено" само на себе. Јас првиот пат негде на 10-12 години кога прашав што прават вака овие, имаше секс сцена ми се развикаат и ми рекоа ова е срамота и мали деца не треба да знаат, ќе разговараме понатаму, па еве уште разговараме. Сметам дека треба да се има сексуална едукација, посебно да разговараат твоите родители со тебе... а сепак не го направиле тоа.
Не не.. секако дека не мора да значи. Поентата ми беше дека тато и мама баш у тој момент мора да се веселат пред детето, со неприкладни песни и звучник оптеретен до максимум. Музиче нормално(добронза секој нормалното е различноо) со соодветна јачина на звук и се во свое време. А не у 12 ноќе да ми гледа гранд или велики брат.
Нема ништо лошо. Но еве и јас мислам дека како што пуштаме одбрана детска содржина/цртани за гледање, истото треба да биде и со песните. Не е се соодветно за децата и верувам дека тука се согласуваме. Не дека ова секогаш може родителот да го има под контрола, но не е лошо и истово да се контролира додека за тоа има шанси. Јас им давам и телефон и таблет на моите. Да, во тој период од половина час ќе испијам кафе. Заслужувам, побогу. Останатото време сум им целосно посветена. Но ако сум мајка, не значи дека не треба да имам време за себе. Освен тоа, во време на технологија, не сакам моите деца да не знаат што е таблет, да речеме. Секако, времето им е ограничено, а содржината одбрана. Иако почесто ги оставам и да им биде "досадно", па сами се занимаваат. Ништо околу твоето мислење, само се надворзав.
@Lianna Anna секако, не може цело време очите во детето да бидат Секој човек има потреба од време за себе, мислев на тоа дека не е океј да се запостави детето до степен вниманието од родителот да биде заменето со таблетот поголем дел од времето.