Лош однос помеѓу татко и син

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од besafetested, 29 декември 2015.

  1. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Незнам дали ај одбрав соодветната страна за темава но би сакала да споделам искуство од животот и да побарам совет. Можеби е доцна за совет. Пред да се омажам живеев со семејство каде насилството беше присутно секој ден од страна на татко ми. Некако мајка ми ставаше решение но ние со брат ми имаме сеуште трауми. Темава ја нареков татко-син затоа што сакам да споделам ситуации кој за жал во денешново време се многу чести. Мојот татко го „мрази„ брат ми како да не е негово дете ,мајка ми вели од кога е родено ти го неќеш зошто , а он само вика така. Никогаш во животот го немам слушнато татко ми да каже сине,да го викне на име туку стокава,говедово,копилево и ден денес се така е. А малку се поднапие он постојано го навредува брат ми. Ако му дојдат другари ан брат ми он со „гордост„ ке го засрами брат ми. Ке го понижи. Му смета и се она што тој неможел да ни овозможи ако брат ми си купи или анправи. Само гледа да скрши нешто. Ве молам за совет како да им помогнам? Мајка ми останува на средина а е срцев болесник несмее да се нервира.
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.077
    Пол:
    Женски
    Ako e brat ti vo mozhnost da ja napushti semejnata kukja, ili majka ti da se trgne nekade na pomirno mesto... Shtom tatko ti posle tolku godini ostanal istiot, pretpostavuvam badijala bi te sovetuvala da razgovarash so nego i da go predupredish za zdravjeto na majka ti?
     
  3. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    ова ми мириса како нешто од порано да се има случено меѓу мајка ти и татко ти па се провлекува тајната сиве овие години (не ме сваќај погрешно, мислење е не тврдам ). Брат ти нека не му се замара многу многу, ќе дојдат и неговите пет минути... еее старост сите не чека колку и да звучи грозно и безчувствително сепак треба на татко ти некој да му посочи дека нема цел живот да биде силен, ќе остари мора да се освести дека децата се тие што ќе го чуваат, и ќе се грижат за него коа ке не може.. нека не рипа многу како младо петле... да ми извиниш на израз
     
    На Lilit, 1209, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.754
    Допаѓања:
    193.711
    Пол:
    Женски
    Ништо и на никаков начин не може да се промени вол, вол си е вол и таков и ќе остане до крај верувај ми колку и тоа да звучи сурово знам, но во денешно време ферска правда нема, ништо не е чудно и невезможно. Што имале во минатото не е од важност бидејки еден за еден татко кон свое чедо ова минато и би било решливо на некаков начин, но тоа е тука е. Ве советувам сите да се помирите со фактот и да ја прифатите ситуацијата, да го игнорирате на неговите испади ако веќе не можете да се тргнете од тој вол. А брат ти нека си гледа за себе си своите успеси, да се издигне сам и да застане на цврсти нозе, нит прв нит последен со ваква судбина. Колку и да боли ова е реалноста.. или оддалечеување од човеков или игнор, трето нема.
     
    На Gosh, buba4e89, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Nemozes na site no na brat ti mozes da mu pomognes od iskustvo ti kazuvam,pomogni mu da zamine od tamu ako veke mozes zas da ne,ako ne saka majkati da sede so nego togas pocesto neka se gledaat no ne go ostavaj vo taa kuka zas nikogas nema da se sredi
     
  6. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Ponekogas pomisluvam deka btat mi ne e od tatko mi ama be isti se kako bliznaci ,isto sakaat I is to nesakaat. Da mozam rado bi mu pomognala no I j as sum bezglasna bukva vo kukava ..
     
  7. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Епа стани гласна буква, акцентиран слог... до кога планирате да го трпите, викнете малку бре луѓе, што се плашите, зар ќе ве удри? на крај краева зошто му прајте муабет? прајте се на тошо терајте работа, баталете ја таа космичка будала. праел деца за да има на кого комплекси да лечи... ајт упм... се изнервирав...луѓе молат дете да имаат тој две па не ги цени...смрдеж (молим те извини не сум при себе
     
    На WildMk, Ники., srcence1607 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    @besafetested а татко ти има ваков однос само спрема брат ти, или и спрема тебе?
    Жал ми е за него, ама искрено не верувам дека ќе можете нешто да смените. Сум била сведок на вакви ситуации и верувај дека што и да направи брат ти, колку и да биде успешен, за татко ти тоа нема да биде доволно. И можам само да замислам како се чувствува он покрај такви навреди. Сепак, колку и да сака човек да го игнорира тоа, некогаш не можеш да не дозволиш да допре до тебе, особено кога такви зборови слушаш од сопствениот татко. Не е лесно секој ден да живееш со тоа. Затоа можеби подобро ќе биде да си го бара чарето надвор од таа куќа.
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.855
    Допаѓања:
    105.964
    Пол:
    Женски
    ^Да не има некоја траума татко ти како дете што му го правел неговиот татко, па сега и тој на неговиот син?
    Јас кога го читав прво помислив дека не е од татко ти братти, треба да има некои црти во лицето, телото, секој може да сака исто и различно, треба да личат во нешто.
    Иначе како што кажа @vitamina вол си е вол, ако ништо од наведеново не е точно. Мислам дека просто не го има засакано или има некоја рцка помеѓу мајка ти и татко ти во времето кое е зачнат брат ти па може да му враќа за се.
    Самата кажа си живеела, веројатно си се иселила сега.Ако брат ти работи помогни му да се исели, да си најде подобро место, незнам од кој град/држава си, има станови, соби што се издаваат. Мислам што и да направи брат ти не е доволно, ништо нема да му го задоволи егото.
    Така да тоа е тоа.
     
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.246
    Пол:
    Машки
    Абе ајде не трескајте глупости...да не имал траума татко му па сега вака му прави на сопствениот син. Жити се! И да имал трауми тоа би му послужело како поттик кога би имал деца тоа да не го доживеат од негова страна.

    Многу добро знам како е да бидеш во ваква ситуација. И јас сум го доживеал истово. Наместо да ти биде поддршка да ти збори дека нема да успееш во животот, дека нема да се снајдеш и дека си глуп, пропратено со погрдни зборови. Вакви личности за мене не заслужуваат деца. Не ми е јасно како можат да плукат по нешто кое тие го створиле? Како? Со која душа?

    Веќе оладив од мојава ситуација и комуникацијата ми е сведена на минимум. Тоа би можел и брат ти да го стори или ако не помогни му да се извлече од таму. Нека биде на почеток кај тебе дома додека не застане на свои нозе. Не знам колку години има брат ти, ама сигурно работи.
    Поздрав.
     
    На WildMk, Gosh, srcence1607 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    444
    Неможам да ја сватам таа лоша крв помеѓу татко и син.
    Јас имам син од 18 год и понекогаш излегувам со него и неговите другари.(ако ме поканат секако-уствари коа ке подснемаат парички на крај од месецот обично али нема везе):D

    Понекогаш јас сум најнесери-озниот во целото друштво, што беше приметено на самиот почеток од страна на другарите негови.
    Им објаснив дека има разлика во тоа каде јас сум растен во каква средина и со каков менталитет а каде тие(во различни држави).
    Дека се посериозни сега младиве тука од кога мојата генерација беше на нивни години е факт, ама дека со кеиф прифаќаат се што е невообичаено, непознато и ново за нив исто така е задоволство да се гледа и учествува во тоа на моменти.
    Така да не ми е јасно зошто јас би се однесувал насилно спрема него наместо да уживам во негово друштво, понекогаш секако ако ми дозволат, секако затоа што се што е претерано не чини.
     
  12. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Da tatko mi e od drug tatko ne od dedo mi,primeto nekolku pati sakala da go ubie so sekira. Ne mu davala pari za nisto po sto on tatko mi pocnal da krade. Sega e alkoholicar. So mene ne se odnesuva taka mene ko carica me gleda. Ama pa ne e sekogas vaka I so nego ,ednas se sluci da ni se javat da ni kazat deka go tepale brat mi na sto tatko mi zede hebla I go barase deteto so go tep l brat.mi da go tepa. Imame I ubavi slucki ama poveketo se ponizuvanje I ismejuvanje na brat mi od strana na tatko mi. Jas sum omazena ovde ne sum se ok.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.246
    Пол:
    Машки
    Сетo тoa штo тaткo ти гo дoживеaл и преживеaл е сaмo пo себе трaгичнo. Нo, вo никoј случaј не гo oпрaвдувaм негoвoтo сегaшнo oднесувaње спремa брaт ти. Кaкo штo рекoв вo мoјoт пoст тoa би требaлo дa му пoслужи кaкo пoттик зa тoa негoвите децa дa не гo дoживеaт.
    Кoлку гoдини имa брaт ти? Рaбoти ли нештo? Бaрем еднa сoбa дa изнaјмувa би билo убaвo. А ти aкo си мaженa зoштo не гo пoвикaш кaј вaс дa пoседи еднo време. Мaж ти aкo е чoвек ќе јa рaзбере тешкaвa ситуaцијa.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    I ovde e dosta komplicirano ziveam so edna mamina maza :@ moite se nepozelni tuka .. Raboti ama ne e stalna rab zima po 8000 sto so niv. Moze nekoj da ni pomogne?
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    103.368
    Брат ти е дете на татко ти, ама траумата на татко ти не е завршена.
    Татко ти го знае неговиот вистински татко?
    Тоа е причината.
    Се додека татко ти не си ја преживее траумата или така речи - исплаче, да си ја отвори душата, неговиот однос со брат ти ќе биде таков. Нема друга причина за ваков однос, тука лежи целата причина за таквото однесување.

    Тој никогаш не бил сакано дете и така научил да сака син.
     
    На WildMk, do-re-mi и Daydream им се допаѓа ова.
  16. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Tatako mi ne saka ni da cue za nego .. za tatko mu vistinskiot. Ne dozvoluva ni da zborime za nego vika mene ovoj mi e tatko on me porasna
     
  17. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Уфф го мразам од дното на душата.... Проклет да сум и јас и тој и дента кога сум се родил.... Господ ќе ме казни за ова но не можам да престанам да го мразам. Колку и да се трудам јас за него не сум добар. Јас сум бил неспособен на 17 години со искасапен стомак од операции а се трудам и помагам околу домашните работи, и работам преку лето и со школото сум одличен а тој? тој само отворил уста како говедо и само не му чини нешто а освен лопата и чекан ништо не знае друго да работи а за муабет ќе те продаде во се....
    Никогаш не сум се пожалил, никогаш не сум пребарувал, за на крај да не добијам ни татковска љубов.
    Јас немам ништо како моите другари, ние не живееме ние преживуваме, и пак не се бунам зошто е така а на него се му смета.. Немам храброст ни на Бога да се помолам бидејќи си го мразам таткаси, грешен сум.. Да умрам посакувам на моменти. Многу ми е тешко, немам никој во својот живот, немам ништо, немам на кој да му ки кажам маките барем да ми олесни. :( Проклет да сум!!! Да му се мочам на животот таков кучешки.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.246
    Пол:
    Машки
    Премногу гнев имаш собрано во себе како за еден 17 годишен дечко. Види, тој човек не можеш да го смениш и подобро би било ако ја прифатиш ситуацијата онаква каква што е. Јас не сум од оние што веруваат дека луѓето се менуваат. Не верувам ни за момент.
    Мој совет до тебе е да се ослободиш од гневот што го имаш кон него. Не е воопшто здраво за тебе. Психички самиот ќе се уништиш. Не вреди. Добро е тоа што си работиш преку лето и колку-толку имаш свои пари за нешто да си купиш или да искочиш некаде без да бараш пари од него или од мајка ти.
    И кај мене ситуацијата не е идеална со мојот татко, ама веќе воопшто не се замарам. Комуникацијата ни е сведена на минимум. Со него разговарам само кога морам, кога е неизбежна комуникацијата. А тоа дека во вашето семејство преживувате, а не живеете, верувај дека така е со повеќето семејства денес. Ретко кој има денес и ретко кој сака да признае дека навистина нема.
     
    На okcenzi, Dust, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Гнев има во мене што дури на моменти незнам што да правам, незнам како да се смирам, што да има во тој момент пред мене мислам дека ќе го стопам со раце, ми доаѓа да земам да трчам додека нозете ми работат, да мавам во вреќа додека не се онесвестам. Добро е барем што имам време да спортувам барем да си ја истрошам енергијата инаку неможам да заспијам. Но што да правам.. немам родителска љубов, немам пријатели, немам ништо. Се плашам да не ја изгубам самоконтролата еден ден..... :( А тоа што се нема пари нека се нема, за јадење не умирам, едни патики и дуксер годишно имам да купам, за друго не ни чувствувам потреба.
     
    На Ѕид на плачот му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.946
    Пол:
    Женски
    Брат/сестра имаш?
    Ако имаш колку си близок со нив?
    Од школо немаш воопшто другари?
    Најди барем еден соученик со кој можеш да се здружиш и полесно да ти минува денот.
    Си размислил да се обратиш кај психологот во школото?
     
    На Victorian и baba Rada им се допаѓа ова.