Нова серија ќе почне. Убава ми стое по рекламите. Толку најдов за неа. Серија Лузни зборува за големата љубов на три различни луѓе се зафатени помеѓу сопствените лаги и нивните чувства. Сè започнува со Назам, тежок, дисциплиниран и осамен надзорник кој работи во изградбата на браната. Тој е интровертно лице со половина лице тешко повредено од инцидент во минатото.Избегнува комуникација со луѓе. Тој се допишува со Нехир, чие лице никогаш не го видел од веб-страницата. Преписката со него го натера да ја заборави својата осаменост. Еден ден, Нехир му ја испраќа својата фотографија на Назим.Нехир е млада и убава жена. Назим не сака да испрати своја фотографија поради раната на лицето. Но, Нехир е упорен. Назим не сака да ја изгуби преписката и чувствата. Со сегашната одлука, тој испраќа фотографија од Тарик, убав и флертувачки млад човек, кој беше протеран од гламурозниот живот во Истанбул за да изгради брана.
Баш го барав за да го гледам, но не најдов ништо.. Да не знаеш како се вика на турски? Вистинското име најверојатно е друго..? @Perla1
На реклама интересно изгледа. Главниот лик нели глумеше и во тажна жена ама таму ич не ми се свиѓаше неговата улога...
Да таму глумеше, ама мене ми се допаѓаше неговата улога. И повеќе ми одговараше со Бахар, отколку сега со оваа младава и убава Нехир.
Да, си одговараше со Бахар ептен. Ама некако и он и Бахар не ми беа нешто добри како улоги. Он беше добар како човек спрема сите ама многу нестабилен..А она па цело време нешто во депресии беше..
Мене па ми изгледа безвезе, се допишуваш со некој и се плашиш слика да му испратиш па бараш друг човек со девојката да се запознава.
Таа главната актерка, нели е Ејлул од Ангели? Преубава е Како пар воопшто не одговараат, се надевам ќе биде со тој другиот, помладиот.
Серијата е римејк на филм од 1977 год. По првата најава, ми делуваше примамливо, унакажан човек и девојка со убаво лице. Ама веќе по следните, почнав да се премислувам. Приказната на жиголото ми е глупава, а и девојката била измамник. Дејствието е заплеткано во погрешен правец. И предвидливо е. Оваа ќе се вљуби во карактерот на едниот, а во изгледот на другиот, кој пак по нарав е сличен како неа, преварант. Се е откриено во рекламите на канал 5, освен крајот. Не знам, можеби ќе ја гледам ако ми се погоди терминот, само затоа што нема многу епизоди.