Имам проблем со кожата на делот на челото и носот.Инаку имам мрсна кожа,но на овие делови ми е исклучително сува.Дури кога ставам крема,треба време да ја впие.Не смеам ни да помислам да ставам пудра,а камена не дај Боже Постојано имам лушпи,дури и во веѓите,а на челото порите ми се некако многу отворени.Некој совет за домашен пилинг?Фалааа
DESTIn, ne si edinstvena... Ete i jas cel zivot imam troski na liceto koi najmnogu se izrazuvaat po tusiranje ili koga ke go za4esam toa mesto od liceto ili 4eloto. Me spasuva kremot na Avene Factor i Solea baby kremot. A za piling i jas bi sakala da slusnam nekoj sovet. P.S. i mojata koza e msrsna PozdRAv
Мислам дека треба повеќе течности да се пијат,вода особено,чај итн.Според мене сметам дека и тоа има најголем придонес кога се работи за кожата на лицето,посебно ако е сува и се лупи,веројатно има некакви пилинзи за таков тип на кожа,меѓутоа и колку тоа ке има голем ефект,истото важи и за креми,сега се има влијание и ако се претерува со шминката,може да доведе до таква состојба на кожата,затоа што со самото тоа не и се дава на кожата да диши.
И јас имам читано дека пиењето на големо количество вода и други течности помагаат, но можете да пробате и со пиење витамини, бидејќи можеби имате недостатог на некој витамин, на пр. витаминот Е.
Штом имате мрсна кожа, а ви се лупи во пределот на Т-зоната, значи станува збор за некој вид на лишај. Со пилингот нема да добието којзнае каков позитивен ефект, затоа треба да пробате со хидратирање на самите места. Користете уље за лице од прополис само на тие места и за брзо време ќе ви се изедначи кожата на лицето.
Не само што ми се лушти периодов, туку и имав едно мозолче кое веќе месец дена си го шетам и само се воспалува. Во принцип тоа ми се случува кога имам некој недостаток на одреден витамин, но врска немам кој би можело да е тоа. Ако некој повеќе се разбира од мене, молам за совет
Брат ми имаше таков проблем му с елупеше кожата на лицето но почна да користи бекутан кремата и му помогна пробајте битребао да има резултати и кај вас
И јас го имам истото. Бев на дерматолог и ми кажаа дека имам воспаление на лојните жлезди (најчесто од стрес) и ми препорача некои креми за користење. Би требало да одите и вие да ве види некој доктор и да ви препише нешто, зошто јас моево го имам веќе подолго време, цело време се лупам и тоа ужасно нервира.
женски,да ви кажам вака......и мене ми се лупеше кожата блиску до носот и малку на образите минатата година беше тоа......ме печеше и ме чешаше а исто така и како да ми гореше лицево премногу црвена бев и на крај појдов на болница....ми препишаа една маст се вика Kuterid G и мнооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооогу помага ја има во аптеките мислам дека беше 81ден. за само 3 дена ми помина! евтина е помага и за мозолчиња.....ама пазете затоа што може да предизвика несакани дејства сите имаме различна кожа и некому му е осетлива некому не и не смее да се користи повеке од 10 дена барем мене така ми рекоа....сепак прво појдете на дерматолог па тие нека ви кажат што како затоа што можете да направите некоја беља ако тукутака си користите некои креми како оваа .....оваа е многу јака и пазете......не да речете после феминкадокрај е крива за се......се надевам помогнав(извинете за рефератов)
и јас го имам истиот проблем само ништо не помага бекутанот па ич знае ли некој некоја крема за да ти биде чисто лицето засекогаш јас ставам се и сешто денес добро утре пак иста приказна ...
.. и јас го имам истиот проблем.. само што мене ми се лупи околу устата и сум како прашливо праснце.. :/
без паника дечки,го имам истиот проблем и најчесто ми се јавува вака во зима...единствено што треба да направите е на самото место кај шо ви се лупи кожата да нанесувате секојдневно пред спиење хидратантен крем или ептен мрсен крем ...додека спиете ке ви се впие,и по неколку дена ми поминува црвенилото и лупењето..мислам дека нема потреба за купување некои скапи кремови за лице,мене ми помага и најобичен DOVE хидратантен крем...