Лусинда Рајли (Lucinda Riley)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 7 јули 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои некој кој не прочитал барем една книга од Лусинда, или некој кој воопшто не слушнал за неа. :)

    Во последно време, низ темиве за книги и литература приметувам дека членови на форумов сè почесто и почесто одбираат книга за читање токму од авторкава, па зошто да не имаме тема на која ќе пишуваме нешто повеќе за нејзините книги, па и за новостите кои се очекуваат од Лусинда.

    Не знам дали има потреба надолго и нашироко да ја пишувам биографијата на Лусинда; станува збор за Ирска писателка, позната по љубовните романи испреплетени со моменти од историјата (historical fiction).

    Нејзините книги кај нас ги преведува Матица и преводот не е лош, а има солиден избор на наслови. Не се преведени сите, но се трудат барем да следат чекор со серијалот книги за „Седумте сестри“.
    Патем, кога сум веќе на серијалот - се шушка дека ќе се обработува и ТВ-адаптација на книгите, ама не сум стигната со читање до нив, па искрено и немам некоја подетална информација околу тоа.

    Со Лусинда се запознав преку „Полноќна роза“. Тоа беше мојата прва прочитана книга од неа, ја пројдов во еден здив. Потоа ги прочитав „Ангелско дрво“ и „Сенки од минатото“ и дефинитивно нема да застанам тука. Би сакала да ги прочитам сите нејзини книги.

    Дека има нешто револуционерно во нејзинот стил на пишување - не. Но, начинот на изразување и е толку ненаметлив, нежен и лесен, како да читаш приказна за добра ноќ.
    Дури и не постои начин како да не пројави симпатии кај читателот. Многу сакам такви автори, а баш овој жанр кој таа го опфаќа е доста tricky, затоа што границата помеѓу квалитетната љубовна приказна и клишето е многу, многу тенка.

    „Полноќна роза“ дефинитивно е мојот фаворит досега, за останатите искуства со нејзините други наслови ќе пишам дополнително.
    Се надевам дека сите кои имате прочитано нешто од Лусинда ќе споделите мислење. Баш би било добро да се слушнат нови предлози за читање од нејзиниот литературен опус.

    За крај, во прилог листа на сите нејзини досега издадени книги.
    As Lucinda Edmonds

    • Lovers and Players (1992)
    • Hidden Beauty (1993)
    • Enchanted (1994)
    • Not Quite an Angel (1995)
    • Aria (1996)
    • Losing You (1997)
    • Playing With Fire (1998 )
    • Seeing Double (2000)
    As Lucinda Riley

    • The Orchid House (also known as Hothouse Flower) (2010)
    • The Girl on the Cliff (2011)
    • The Light Behind the Window (also known as The Lavender Garden) (2012)
    • The Midnight Rose (2013)
    • The Angel Tree (2014)
    • The Italian Girl (a rewrite of Aria) (2014)
    • The Olive Tree (also published as Helena's Secret) (2016)
    • The Love Letter (a rewrite of Seeing Double) (2018 )
    The Seven Sisters Series

    • The Seven Sisters (2014)
    • The Storm Sister (2015)
    • The Shadow Sister (2016)
    • The Pearl Sister (2017)
    • The Moon Sister (2018 )
     
    На Peperutce1115, 1209, toogood и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    28.720
    Пол:
    Женски
    The Orchid House (Куќата на орхидеите) :f::f:

    Приказна за две семејства на кои војната им остава лузни и траги во форма на тајни преку кои тие се поврзани засекогаш. Како централна фигура во оваа би рекла семејна драма но истовремено и љубовна приказна, е Џулија Форестер. Џулија е млада дама која барајќи утеха од семејната трагедија која и се случила, се навраќа на детството како најсреќен период од нејзиниот живот. Сеќавајќи се на нејзиниот дедо Бил и Вортон парк, како и нејзината омилена стаклена градина каде се одгледувале цвеќиња од егзотичните краеви, таа се запознава со наследникот на Вортон парк, младиот харизматичен Кит Крофорд. Одлуката за обновување на Вортон парк ги води Џулија и Кит до дневник стар многу децении, за кој тие и се обраќаат на бабата на Џулија за да ја откријат вистината која довела до пропаѓање на Вортон парк засекогаш.
    Така, Џулија нурнува во минатото, во светот на Оливија и Хари Крофорд, младиот брачен пар чиј кршлив брак се распаѓа за време на Втората светска војна и остава рушевини како и самата војна, притоа допирајќи го и светот на Џулија.

    Преубава емотивна приказна која ме однесе од студената Англија до егзотичниот Тајланд. Писателката има лесно разбирлив стил на пишување, но истовремено доволно описен и содржаен. Книгата ќе ве заинтересира толку многу што нема ниту да забележите кога сте ја завршиле. Ја препорачувам :)
     
    На Peperutce1115, *Ench@nted*, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Полноќна Роза ми е најдобра од неа. The lavender garden имаше некако слаба мистерија, а од серијалот The Seven Sisters ги имам прочитано првите две и ми се здосади. По ист терк напишани, истата шема во двете книги и не можев да читам понатаму. А не се кратки книгите, малку го затупува, а во втората книга имаше доста повторувања и објаснувања од првата. Седмата книга сигурно ќе биде recap на првите шест. :D
    Можеби понатаму ќе прочитам пак нешто од неа, но сега за сега сум презаситена.
     
    На Purplelilac, Mishela, *Ench@nted* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како планира да обедини шест-седум приказни во една.
    Ова е преголем залак и некако си мислам дека нема да ми се допаднат книгите па затоа и ги одолговлекувам. Како да пишува само за да ја заврши приказната или колку да има што повеќе книги...
    Малку ми е прекомерцијално тоа, но ќе пишам кога ќе почнам да читам.
    Вака не се чувствувам компетентна за коментар. :)
     
    На *Bridget Jones*, Purplelilac, *Ench@nted* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    36.525
    Пол:
    Женски
    Од Лусинда Рајли имам прочитано 3 книги.
    Полноќна роза, Ангелско дрво и Девојчето на гребенот.
    Можам да кажам дека сите ми се допадна, ама највеќе Полноќна роа и девојчето на гребенот, а Ангелско дрво не ми беше баш толку интересна како овие две.
    Како што имам забележано во библиотеката нема други книги од неа, но се надевам дека ќе набават бидејќи ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување и би сакала да прочитам уште книги од неа.
     
    На Purplelilac, Mishela, *Ench@nted* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    24.177
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано 4 нејзини книги.
    Прво налетав на Сенки од минатото и многу ми се допадна, па продолжив да читам нејзини книги.
    Полноќна роза ми беше преубава.
    Ги прочитав и Девојчето на гребенот (не ми беше нешто најдобро од неа) и Куќата на орхидеите ( исто така, добра книга).
    Сега ја читам Седумте сестри и искрено се надевам дека ќе ми се допадне, баш би сакала да ми го задржат вниманието сите продолженија.
    Она што ми се допаѓа во нејзиното пишување е како се преплетуваат приказните, минатото, крвните врски, и раскажува повеќе приказни во исто време.
    Од оние книги што не сакаш да завршат.
     
    На @Helen, Purplelilac и Mishela им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Прв пат среќавам некој друг на кој не му се допаднала „Ангелско дрво“. И мене воопшто не ми се допадна. Мислам, приказната како приказна беше океј, ама ликовите...уф, ме нервираа сите.
    И текот на настаните беше малку како теленовела, потипично за Алимпиќ отколку за Лусинда.
    Можеби некој не ја читал, па за да не спојлам и да му ја уништам книгата, ќе пишам во спојлер. :)
    Како прво, Грета. Ах, од каде ли да почнам. Толку себична, глупава, посесивна. Кутар Дејвид, кај се најде ни крив ни должен во таа нејзина каша.
    Ако имаше лик за кој ми беше жал, тоа беше Дејвид. И Ческа, зашто таа не беше виновна за нештата кои и' се случија, беше пореметена.

    Грета беше крива за повеќето работи. Како прво, не сакаше да ја однесе Ческа на психијатар, детево беше со сериозна дијагноза. Ама не, побитно беше да и' носи пари, па глуметаше менаџерка наместо да превземе нешто повеќе.
    И скроз дебилно од нејзина страна беше тоа што ја „маскираше“ Ческа да личи на мало девојче за да продолжи да глуми во детски филмови.
    Многу себично, се нервирав додека читав.
    Кога стигнав до делот кога Ческа почна да му се пушта на дечкото на ќерка и', многу се мислев дали да прекинам со читањето, ама имав 50-тина страници до крај, па...

    На крај, Грета и Дејвид пак завршија заедно. (facepalm)
    Со кој памет, али ајде - љубов, нека се вика лудоста негова.

    Книгава беше премногу лимонадеста за мој вкус.
     
    На *Ench@nted*, Ambitious и shz им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    36.525
    Пол:
    Женски
    @Mishela
    И мене најмногу ми беше жал за Ческа и Дејвид.
    Ческа се поремети заради Грета, цело време ја тераше да глуми, немаше нормално детство беше се под притисок од мајка и. Па дури и кога фустаните и куклите ги сечеше беше страшно, а Грета дури ни тогаш не беше свесна дека ќерка и се поремети, не ги слушаше советите на докторот.
    Подоцна Ческа се вљуби во еден пеач (мислам дека беше пеач, одамна ја имам читано па не се многу сеќавам). Ја искористи и ја остави бремена, па беше во лудница и таму се породи мислам и натам не се сеќавам како заврши Ческа.
    А Дејвид неизмерно ја сакаше Грета, а таа после долги години свати.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    @shz Да, добро се сеќаваш на тој момент.
    Ческа се вљуби во Боби, а на крај испадна дека тој водел двоен живот цело време и дека имал фамилија, а за пред публика глумел „сингл дечко.“
    На крај си го доби и тој од Ческа, ама сепак многу ми беше жал за девојкава зашто навистина имаше потенцијал ама мајка и' доста погреши.

    И вака кога го читам текот на настаните, само ми се мотаат во глава некои узречици од Шпански серии. Книгава баш делува како таква.
    Не е лоша, ама некако ми е ту мач драма, а тоа не ми е толку типично за Лусинда.
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    24.177
    Пол:
    Женски
    @Mishela @shz
    Во искушение сум да ги отворам спојлериве, а сакам да ја читам :doh:
    Ќе бидам јака и нема да стиснам на нив. Се надевам :wasntme:
    Ја имате ли во пдф, можеби?
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Не отварај. :wasntme:
    Ја имам во пдф на Англиски ако ја сакаш.
    Пиши ќе ти ја препратам. :)

    Јас ја купив и ја читав на Македонски како за промена. Не беше лош преводот на Матица.
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    36.525
    Пол:
    Женски
    Не.
    Јас од библиотека ја земав.
    Подобро не ги отварај спојлериве бидејќи ако ја читаш нема да ти биде интересна бидејќи однапред си прочитала некои работи од книгата.
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Ovie knigi gi imam procitano
    As Lucinda Riley
    • The Orchid House (2010)
    • The Girl on the Cliff (2011)
    • The Lavender Garden (2012)
    • The Angel Tree (2014)
    • The Italian Girl (2014)
    • The Olive Tree (2016)
    The Seven Sisters Series

    • The Seven Sisters (2014)
    • The Storm Sister (2015)
    • The Shadow Sister (2016)
    • The Pearl Sister (2017)
    Mi se dopagaat, nekoj od niv se porealni drugi epten kako ljubovni romancinja (The Olive Tree , The Angel Tree, …)
    Knigite od serialot The Seven Sisters vo pocetakt mi bea interesi za na kraj, The Pearl Sister (2017), odvaj so site napori da ja zavrsam.

    Mislam deka sum prezasitena I vo bliska idnina ne planiram da procitam nekoja od nejzinite knigi.
    Inaku vo globala sum Ok I mi se interesni.
     
  14. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Мене ми е исто у план да ја читам Седумте сестри ама сега друга читам, кога ќе ја прочиташ да ми кажеш дали е добра :D
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ми се допаднаа Куќата на орхидеите и Ангелско дрво. Сестрите , двете ги прочитав ја почнав и третата ама некако иста шема и се. Се надевам ќе ги направи поинтересни следните
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    37.328
    Јас само Девојчето на гребенот ја имам читано од неа. Книгата ја доживеав ко бегање од реалноста. Местото во кое живееја нејзините родители и сите случувања кои се случија таму беа баш нешто сосема друго од животот на девојката која го имаше во Њујорк. Сѐ на сѐ, не беше лоша. Би ја прочитал и Полноќна роза.
     
    На Mishela и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  17. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    24.177
    Пол:
    Женски
    Да ја читаш, добра е :)
    Има и вистинити историски моменти, научив нешто :D
     
    На LitttleRNBPrincess и Mishela им се допаѓа ова.
  18. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    24.177
    Пол:
    Женски
    И овде да пишам, ја прикачив пдф Бисерна сестра на српски во соодветната тема.
     
  19. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    10.749
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог нешто добро од Лусунда освен, девојчето на гребенот, полноќна роза, анѓелско дрво, сенки од минатото..тие ми се прочитани..
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Куќата на орхидеите мене не ми беше лоша.
    Сестрите ги немам читано, ама читам коментари дека биле добри. :)