Во консултација со адвокат и соодветна пријава пред надлежните граѓански судски органи поврзано со одлуката на МОН од 22.03.2023 година да се укине правото на упис на вонредни возрасни ученици во медицинските училишта во РМ, можете да поднесете пријава затоа што: Член 9 од Уставот гарантира еднаквост на сите граѓани. Законот за спречување и заштита од дискриминација забранува дискриминација по основ на образование, социјален статус, и други лични својства. Министерството за образование и наука ги става граѓаните во неповолна положба во споредба со други граѓани во слични околности, и таа неповолност произлегува директно од одлуките на МОН. Согласно горенаведеното постои основа да се тврди индиректна дискриминација пред граѓанските судови. Одлуката е дискриминирачка согласно Уставот на Република Северна Македонија и е спротивна на законот за образование.