Мадона (Madonna)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од poison.ivy, 10 февруари 2011.

  1. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Има ли некој на форумов што ја сака Мадона? :) Јас ја обожавам и ми е број еден изведувач :) Знам дека многу ја критикуваат дека немала глас и не знам што, ја имам слушано и на Youtube во живо и навистина гласот не и да речеш woooow колку е силен, НО... :!:

    Жената знае да направи шоу и турнеите, концертите секогаш и се интересни, тематски осмислени. А тоа што шокира(ла) и се издвојувала од останатите по било што уште повеќе ја правеше успешна и популарна. Има чувство и е паметна за бизнис. Секој албум што го издала и е со нов, различен и иновативен звук за тоа време. Мислам дека токму тоа ја држеше на сцена и ја оддржуваше кариерата повеќе од 25 години.

    Воедно, Мадона ми е една од ретките пејачки од која скоро сите песни ми се допаѓаат (кај другиве само по 1-2 ми се допаѓаат и толку). Добро, новите песни и последниов албум малку и забегуваат. Некако се обидува да држи ритам до новиот тренд на компјутеризирана музика и Timberland звук. Тоа не значи дека нема добри песни во Hard Candy албумот, ама некако ми изгледа дека таков звук не и лежи. Од тој албум омилена ми е Miles Away.

    http://www.youtube.com/watch?v=GhcSyLTTlQI

    А воопшто најомилен албум од неа ми е Ray of Light од 1998 год. Во 90-тите најдобра музика имаше :)

    Ова ми е најомилената песна од Madonna
    http://www.youtube.com/watch?v=FqqjqGVEXxg

    И овие песни се стари деценија и повеќе, ама на мене ми се како безвременски :)
    http://www.youtube.com/watch?v=Np_Y740aReI

    http://www.youtube.com/watch?v=t-pEDTn0uso
    ^ овде ко да пее за мојата врска со првиот дечко :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=-ufq_FUWPuU

    Ехеее ако продолжам да постирам клипови ќе се заглавам до сабајле :rofl: :rofl:

    Посебно ми се допаѓаат и цитатите (quotes) од неа, издвојувам неколку:
    "To be brave is to love someone unconditionally, without expecting anything in return. To just give. That takes courage, because we don't want to fall on our faces or leave ourselves open to hurt." - Madonna

    “Better to live one year as a tiger, than a hundred as a sheep.” - Madonna

    Некако ми се чини дека само јас ја сакам и ја слушам на форумов :lol:
     
    На Stefani999 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Не си само ти обожавателка на Мадона. ;) Фактот што се уште опстојува на сцена, помалку или повеќе, е доволен показател дека е навистина нешто вредно. Навистина добар вокал според мене. Од горонаведените песни сите ми се супер, само би додала една постара, која што веќе претрпе многу ремикси - La isla bonita :D
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Не ја сакам, но ја почитувам многу.
    Да опстојуваш толку години на сцената, постојано да менуваш различни стилови, навистина е силна, храбра и вистински камелеон.
    Ѕвезда.
    Доказ дека не мора да имаш невидено квалитетен глас, да за си успешен.
    Најмногу ми се допаѓа албумот Ray of light, некако според мене најмногу и лежи тој стил.
    За глумица не ја бидува, иако и таму се обиде.

    Сметам дека веќе е стара и не може да се провлече во некои парчиња облека. :^)
    Секоја чест на тие мускулчиња и убаво обликувано тело на 50 +, но мене на моменти ми делува грозно.
    Треба да се повлече достоинствено и грацизно.

    Многу ме расположува песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=gMETN9y1J7w

    Ми се допаѓаат и
    Die another day и
    Don't Tell Me.

    http://www.youtube.com/watch?v=Ah-5BcgCXzs
     
  4. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    јас ја обожавам мадона исто многу. нема песна што не ми се допаѓа од неа, а и башка за годините што ги има изгледа прекрасно. тешко дека ќе има друга како мадона. лејди гага божем пробува нешто, ама далеку е од мадона. мадона е единствена.
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Да, точно е нема квалитетен глас, ама збориме за Мадона.
    Колку и да не ја сакам морам да се согласам дека е дефинитивно легенда на музичката сцена на која се држи патем доста долго. И токму затоа ја почитувам премногу.
    И ќе лажам ако кажам дека не ми се допаѓа нејзината музика, бидејќи таа снимила толку многу песни што не може да не се најде нешто што не ми се допаднало од самите почетоци до сега.

    Напротив, многу ги сакам песните како Vogue, Papa Don't Preach, Live to Tell, Justify My Love, Erotica... И мислам дека нема девојка која не знае да ги потроши гласните жици на Like a Virgin, барем чисто од рецесија или на караоке :lol:
    Побогу растев на песниве и созревав, и секоја една песна е симбол на едно време, случка, патронат, летување во Претор...и навистина будат во мене посебна носталгија. И фала богу што Еротика пристигна во вистинскиот момент :tmi:

    Она што го ценам кај Мадона е тоа што прва почна да ги прави оние спотови со играње и кореографии и како танчерка е одлична. Барем во старите спотови, сега малку е во сенка на сите талентирани танчери кои ги бира за секоја своја турнеја.
    Друго што ценам кај неа е што секогаш знае со кого да соработува за да донесе нешто ново и нешто што ќе биде слушано и ќе остави трага. Лично кај мене и беше успех соработката со William Orbit и подоцна и Mirwais.

    Најомилените албуми од неа ми се
    - Ray of Light (во времето кога беше во подем техно музиката таа одбра многу вешто и многу добро да соработува со William Orbit) и морам да кажам, добро направила! Сите песни ми се допаѓаат од тој албум особено Substitute for Love, Nothing Really Matters, Candy Perfume Girl, Frozen, Ray of Light;
    - Confessions on a Dance Floor - и тука нема песна која не ми се допаѓа. И колку и да ги мразам Аба нејзината Hung Up ми е едноставно одлична.

    И трета работа која ценам кај неа е тоа што прави одлични концерти. Шоу до даска! Бира внимателно танчери кои се creme de la creme и кога гледав две нејзини турнеи останав без здив и наежена гледајќи ги токму нив.

    И за крај ајде две песни од мене.
    Human Nature - е оваа ми е бре за секс, за стриптиз, за се :lol: Мене лично ми е одлична!
    http://www.youtube.com/watch?v=GS6FCoq349o

    Isaac - :x немам зборови, секогаш се ежам кога ја слушам а оваа изведба е едноставно воодушевувачка, особено кога ја гледам Sofia Boutella како танцува :bow: Ако ништо друго, барем заради нејзиниот танц вреди да се погледне до крај.
    http://www.youtube.com/watch?v=IpQmk1hSAOo
     
    На Hipster, LivingGlam, Theodora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    269
    Не дека ја обожавам којзнае колку,но ја сакам нејзината музика,а и вредна е за почит Мадона.
    Имам доста песни кои ми се омилени.
    Баш вчера гледав еден филм со неа,морам да кажам дека не ми се допадна ама ич,тапа е за глумење.
    Еве една од моите најомилени песни
    <object width="480" height="390"><param name="movie" value="http://www.youtube-nocookie.com/v/9RBz3UDiWKM?fs=1&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube-nocookie.com/v/9RBz3UDiWKM?fs=1&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="390"></embed></object>
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.766
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.560
    Прво што ми паѓа на ум од Мадона е токму оваа песничка полна со емоции, од времето кога беа во бурна врска со Шон Пен, кој многу го ценам како актер, ама двајцата се специфични да се изразам најблаго :) .

    http://www.youtube.com/watch?v=azsdap3Q-jw

    Ја почитувам Мадона како професионалец кој толку год. опстоил на сцената, се трансформирала низ толку различни правци и тоа секогаш успешно и е прав шоу-мајстор, родена е за сцена, иако е далеку од тоа да е во врвните вокали. Често провоцирачака, таа ме восхитувала и со тоа што ама секоја фризура и боја на коса и одговара, не дека е совршена убавица, ама има харизма и и симнувам капа за тоа во каква кондиција и е телото на нејзина возраст. Како актерка не требаше ни да се обидува и ме нервира што се прави приврзаник на Кабалата, бидејќи тоа е мистично еврејско толкување на Библијата кое им е наменето на врвни умови од таа област т.е. религиски експерти, а таа мисли дека е негов претставник со купување на прескапи религиски предмети и огромни донации, но во овој поглед не е единствена меѓу ѕвездите од шоу-бизнисот.
    Повеќето песнички што ми се допаѓаат веќе сте ги постирале, па ќе се надоврзам со уште некои кои не се претходно наброени, а мене ми се убави, бидејќи Frozen, Papa don't preach, Vogue, Like a virgin,Justify my love, Like a prayer, Human natureсе веќе спомнати претходно.

    http://www.youtube.com/watch?v=12wP5W2R0wY

    http://www.youtube.com/watch?v=pw28SV9T63E

    http://www.youtube.com/watch?v=4YDTd0FBObA

    http://www.youtube.com/watch?v=r84Na8TTO-8
     
    На Phyramide и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Ја почитувам Мадона како уметник..има прекрасни песни, може не знае баш кој знае колку да пее, ама на сцена е фантастична, ја бива и за трансформација, ретко кога има модни утки барем според мене...сепак најмногу ми се допаѓаат нејзините песни и имиџот од 80-тите, оваа ми е омилена и до ден денес..и сите песни наброени од Theodora.., ја додавам Vogue, а за стриптиз и водење љубов-Justify my love...ептен sexy..
    http://www.youtube.com/watch?v=PrHXvQRTa5M
     
    На Theodora и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    ^^ Се собравме генерациски а? :lol:

    Навистина почетоците и беа највпечатливи и најубави, баш тие хитови од 80те па и 90те. Иако, кога подобро ќе размислам, мислам, дека многу вешто задава и трендови, носи секогаш нешто ново, дали на музички или моден план. Едноставно кариерно кај нејзе нема утка, и затоа заслужува почит.
     
    На Theodora и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Frozen
    Die another day
    la isla bonita
    најомилени :)
     
  13. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    75
  14. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    7.706
    Мадона ; (16 Август 1958). Родена е во Беј Сити, Мичиген, таа се пресели во Њу Јорк во 1977 година да продолжи со кариерата во модерниот танц. По извршувањето на музички групи Доручек клуб и Еми, таа го издаде својот деби-албум во 1983 година. Во текот на својата кариера, многу од нејзините песни имаат хит број еден на топ листите на рекордот, вклучувајќи ги и "Како Богородица", "Папата не проповеда", "Како молитва", "Вог", "Замрзнато", "Музика", "Hung Up", и "4 минути".

    Нејзината кариера беше дополнително зајакната со филмот настапи кои започнаа во 1979 година, и покрај се меша коментар. Таа доби позитивна критика и Златен глобус за најдобра актерка во филмска комедија или мјузикл за нејзината улога во "Евита" (1996), но доби остри повратни информации за други филмски улоги. други вложувања автор на книги за деца, филмски режисер и продуцент.

    Според музичката индустрија Асоцијација на Америка (RIAA), таа е најпродаван женски рок-уметник на 20 век, а вториот најпродаван женски изведувач во САД, зад Барбра Стрејсенд, со 64 милиони албуми уверение. Во 2008 година, списанието Билборд рангирана Мадона на второ место, веднаш зад "Битлси", на Billboard Hot 100 All-Time Top Artists, со што нејзиниот најуспешен соло артист во историјата на шемата Билборд. Таа исто така беше примен во Rock and Roll Hall of Fame во истата година. Се смета за еден од "25 најмоќни жени на минатиот век", со време за да се биде влијателна фигура во современата музика, а .

    Јас не ја сакам многу но ја слушам сите песни и се хитови посебно оние од 80тите години морам да признам дека е најголемата ѕвезда и уште одлично се држи без разлика на годините .
    Сите песни ги сакам но еве како омилени ќе ги издвојам следниве:

    http://www.youtube.com/watch?v=azsdap3Q-jw

    http://www.youtube.com/watch?v=FTw-4Ni7T1M

    http://www.youtube.com/watch?v=faZakHHwqPY
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Никогаш не ја разбрав нејзината слава толку многу. Ниту една песна што сум ја слушнала не ми е толку прекрасна, или добро изведена за да биде толкава ѕвезда. Лично ми е антипатична, и не ја слушам.
    Ми се допаѓа што е силна жена, што знае да се справи со сцената, што сигурна сум не е лесно. Алал да и е што се уште премногу добро се држи на план кариера, психички и физички, иако грдо изгледа, особено испакнатите вени. Годините си го прават своето.

    Без разлика што е ѕвезда, треба да обрне подобро внимание на што и личи да го носи, а што не.
    Од песните најубави ми се Like a virgin, Hollywood и Frozen. :)
     
  16. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    2.422
    Мадона е жена која е светски почитувана, нејзините песни стануваат веднаш хитови, но мене ни една не ми го одвлекла вниманието многу.
    Јас не ја сакам, ниту почитувам како некоја музичка ѕвезда, ја почитувам како силна жена која е многу успешна во бизнисот.
    Не ми се допаѓа што премногу ја форсираат во јавност бидејќи нема некој глас, но изгледа и не е тоа важно за да си успешен во музиката, а и не ми се допаѓа како личност, не знам зошто ама ете не ми привлекува никакво посебно внимание.
     
  17. K4813

    K4813 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    9
    нејзините песни се квалитетни но не многу слушани од денешната младина
     
  18. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Мадона има навистина добри песни.Има добар глас :) Сите песни и се хитови и доста квалитетнни :)
    Песната ми остави голем впечаток.
    http://www.youtube.com/watch?v=oMCbtyBdZZ4
     
  19. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Ја знам(кој не ја знае :lol: )но не сум слушнала ниедна нејзина песна,знам само една и таа ми е убавка.
    http://www.youtube.com/watch?v=li7btLzgvn0 :*
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705