Кога ќе откриете кои хороскопски знаци се најлоши сопрузи, ќе останете зачудени. Тие инаку важат за пријатни и добри личности, но се катастрофален „материјал“ за брак. Рак Мажот Рак не е личност со која животот ќе ви биде лесен како песна, и покрај убедувањето дека тие се пријатни партнери. Мажите Ракови може да се поделат во 2 групи - или се ситничари и критичари, или тотално се незаинтересирани за она што се случува околу нив, вклучувајќи ве и вас. Било кој сопруг Рак поминува повеќе време дома отколку надвор и е потрадиционален од сите останати. Иако мажот Рак си ја обожава жената, тој со ништо нема да биде задоволен до крајот на животот, па секогаш ќе има нешто за критикување или жалење. По правило овие мажи се верни, но само ако нивните желби се задоволени дома. Скорпија Со него е најтешко да остварите брачна хармонија затоа што единствен начин за да го направите тоа е вие како сопруга да останете во сенка. Тој не поднесува доминантни жени во било кој поглед. Скорпијата како сопруг е типичен старомоден тип и неговите реакции се толку нагли и екстремни, што ќе помислите дека е на раб на насилство. Плус, неверојатно е посесивен и љубоморен. Овој маж е способен да се издржува сам, има добра работа, успешен е, но мааната му е што постојано мисли дека сите работат за да му наштетат. Длабоко во себе има неверојатно силни емоции за сопругата и децата, но никогаш нема да научи како да ги искаже. Стрелец Овој тип на маж бара мудра и тактична жена. Тој е претеран ситничар и се фокусира само на лошите страни и грешките на сопругата. Не е баш роден за брачен живот и е вистински мегаломан, па затоа честопати сопствениот живот може да му делува здодевен. Ако неговите симпатии и интереси се променат, не гледа зошто би требало да остане верен на било која личност. Неговата сопруга мора да биде со отворен ум, ослободена од љубомората и по малку безлична. Пожелно е да биде уметник за да може да го следи во сè и да ги задоволува неговите интереси. Со Стрелците мажи е тешко да живееш. Заради нивниот недостаток на емоции, големо нетрпение и ограничените и строги правила, сопругата ќе мора да ги прошири хоризонтите и да внимава на секој збор.
Која глупост... хороскопот е премногу сложена работа за да може само врз основа на знаците да се одреди нечиј квалитет како брачен партнер. Има знаци, подзнаци, куќи... чуда еден куп, и повторно ниту тие не мора да бидат точни доколку партнерите благовремено ги спознаат и расчистат преку простување и молба за прошка меѓусебните недоразбирања и на тој начин со тек на време излезат вон влијанието на планетите и ѕвездите од материјалниот космос.
Атрологијата е срање кое е измислено од лугето за да ги лажат лугето и да им зимаат пари. Не ми е јасно како лугево може да се потпрат на вакви ствари. Нешто ќе им се погоди и го сфаќаат како апсолутна вистина .. Секогаш хороскопот е тој ,, а соѕвездијата се менуваат. НЗД не можам да најдам.. Според датумот кога сум роден, спаѓам под Рак. Точни се два збора, а другото се е без врска. - И вака ќе се погоди друг Рак и ќе му се погодат 10 збора и ќе почне да веруе.. абе човекова лудост за подобар живот ..