1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите и чувствата

Дискусија во 'Сингл' започната од Summerbaby, 19 јануари 2021.

  1. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    1.730
    Доколку има ваква тема клуч.
    Жена како жена има склоност побрзо да се приврзе за маж. Мажите можат да поминат и години да се гледаат со некоја само за односи додека ние жените развиваме чуства.Жена ако е извеверана од маж или друга ситуација посклона е да прости отколку маж.Полесно се прилагодува и слично.Секогаш има една жена повеќе трепние и простува, се показува. Тоа ме натера да размислам дали воопшто мажите имаат чуства на љубов или кога се повредени повеќе е его во прашање. Дали воопшто ги имаат.? ако да.. . Како се јауваат чуствата кај нив спрема личност ?
     
    На MayDiamonds и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    Генерализирам, ама кога се растени од мали дека затоа што се мажи не смее да имаат и покажат чувства, кога се растени со татковци што се исти такви и мајки што живеат со тоа, тешко дека ќе развијат било каква емоционална интелигенција. Жално е. Од надвор камен, од внатре кујзнае какви тежини и планини, што нит ги разбираат нит па можат да ги разберат затоа што никогаш немало некој да ги научи како, а нормално не бараат помош зашто нели чувај боже, па сето тоа се трупа и трупа. Обично некаде при крајот сфаќаат некои работи, па се поинакви со внуците и тие околу нив, ама штетата е направена и е прекасно. Дали да ги обвиниш, дали да ги жалиш... не знам. Не знаат за поинаку, исто како жените од твоите прашања што научиле дека наведната глава сабја не сече, од мајките. Ова е глобален проблем, патријахатот сите не осакатува, на различни начини. Нормално никој не се родил лош или емотивно тап, тоа ни го прави социјализацијата и околината.
     
    На Limpan, MayDiamonds, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Јас мислам дека се' се сведува на стереотипот дека ,,мажите не плачат''.
    Етикетирани се како слаби ако покажат чувства, затоа и ги кријат, што доведува и до фатални последици (на пример, повисока стапка на самоубиство кај мажите). Секако, за ова има куп причини, но стигматизирањето на машките чувства како слабост може да биде една од нив.
     
    На Limpan, KateKane, bicycle и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Па не ги убива некој друг...
    Крај крајова, ако сам не си помогнеш, друг нема да ти помогне.
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Во физичка смисла да. Ама колку само не е така, кога станува збор за психичко ,,убивање", односно психичко измачување од некој друг, па не можат да го издржат сето тоа кое им се собирало подолго време и резултира со фатален крај.
     
    На oblace1, SURF, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Какво измачување? Какви проблеми ги водат до самоубиство?
     
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Побогу па нормално дека имаат и они чувства, нормално човечко битие е и мажот, само што уште од мали на мажите им се всадува во глава демек мажите не треба да се слаби, не плачат и слично, па поради тоа често ги кријат чувствата.

    Иако и жените не се баш така како што ги опиша, ова што ти го опиша е жена без самодоверба и самопочит, а не се работи за чувства. Жената може се смета за по нежен пол, ама не е воопшто по нежна од мажот, дури можам да кажам дека мажите имаат по кревка душа од една жена реално.
     
    На DraganFem, IRBBB и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    Зависи многу и од мали од дома како се воспитани.
    Многу се нервирам кога ќе слушнам на мало дете кај шо му се вели "не плачи ти маж си или шо" |( Неодамна баш бев во таква ситуација каде беше тоа кажано и му реков на дедо му, какво е тоа кажување, мажите не плачат, живи суштества се или роботи ? Каде се насмеа кисело и ништо не одговори. Аман со тие изрази.

    Инаку да имаат чуства и кога сакаат знат некогаш и од жена повеќе да сакаат. Имам читано порано статија дека кај мажите е се почест инфаркт поради потиснување на чуства.
     
    На bicycle и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    -Лошо, трауматично детство, каде бил тепан, навредуван, понижуван од родителите/врсниците...
    -Навреди, понижувања, немање поддршка и разбирање од никого во сегашноста
    -Токсична љубовна врска
    -Невработеност или психички терор од страна на работодавецот на работа и колегите
    -Осаменост, немање блиски пријатели
    -Сериозни здравствени проблеми
     
    На browneyes_, Limpan, MissBreezy и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Црешке на жени нели им се дешаваат ствариве?
    Зашто само кај другиве се посочува дека се убивале?
     
  11. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Мое мислење, жените побрзо развиваме чувства но и побрзо се оладуваме.
    Машкото доколку засака, сака појако од женското. Помалце на зборови, повеќе на дела.
     
    На Limpan, IRBBB, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Се посочува зашто има поголема стапка.Исто како што има повеќе жени што се сексуално вознемирувани и силувани, така и тука се напоменува тоа што повеќе се случува.
     
    На Izaabella, Waverly Raven и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Нормално дека им се случуваат истите ствари. Ама за жена е нормално да се пожали, да покаже чувства, ќе наиде на разбирање од некого и на совет и помош. А мажите ако покажат чувства, ако се пожалат одма се карактеризирани како слабаци, како тие не требале да бидат такви и затоа кога тоа го собираат во себе подолго време, кога не можат да се отворат некому, зашто никој нив не ги разбира и поддржува, нормално е во знак на немоќ да сакаат да си наштетат себе си. Зашто ако побараат стручна помош, одма пак ќе се најде некој да плука по нивната машкост.
     
    На IRBBB, Billy Idol, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. калин95

    калин95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Живееме во многу лоша и погрешна средина каде машко ако покаже емоции или чуства одма е осудуван од страна на околината демек не смее. Мор мислење е све домашната култура како ќе гледаш дома така и ти ќе постапуваш.Секогаш сум имал емоции и чуства сум плачел и за женска и јавно имам и кажано
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Тоа да, ама пак на крај он одлучува дали ќе се избори сам или ќе се предаде.


    Патем се сеќавам на еден фејсбук статус од една налик на Ина Многуфина кој велеше - единствената искрена емоција кај мажите е ерекцијата.
    Знаеш колку негативни коментари доби? Ниеден. Оти така, сакам да знам?
     
    Последна измена: 19 јануари 2021
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Танченце, зошто бе толку негативни чувства држиш во себе спрема маживе? :worried:
     
    На IRBBB, Ena05, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Од
    каде тоа дека на жената вродено чуство и е да простува? Глупите жени простуваат паметните си заминуваат.
     
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Како што сме ние женските од крв и месо така и тие.
    Нормално е и тие да имаат емоции и чувства.
    Само чудно ми е што денес машките негативните емоции, како што е плачењето го кријат.
    Многу заостанати мислења имаме.
    Као, машко си не треба да плачеш, и ред други. :fubar:
     
    На quattro и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. astrophile

    astrophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    260
    Секако дека имаат чувства, луѓе се. Не значи дека ако не „искажуваат“ колку жените, дека немаат чувства. Уште кога се мали, на момчињата им викаат „не плачи, машко си“. Кога некој од толку мал, ти набива таков став, дека “ако си маж - нема да плачеш (aka да покажуваш емоции)“, нормално е да научиш да ги прикриваш емоциите, што не значи дека ги немаш.
     
    На Dimi_, cresa-jagoda и Amellie13 им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Имаат чувства, само не ги искажуваат толку често или во тој интензитет како жените. За жал ни тие не се поштедени од патријархатот, уште од мали им се наметнува дека мора да бидат силни и да не покажуваат слабост.
    "Не плачи не си женско" е многу чест израз што се користи за нив.
    Повеќе пати сум зборувала на темава со дм и другар ми. Учени се дека емоционалноста е резервирана само за жените, тие треба да се "силните". Затоа и многу работи не ги гледаат од емоционален аспект и како можи да влијае тоа.
    А исто чувствуваат ко нас, само не сакаат многу внимание да обрнуваат на тоа.
    Најмалку што можиме да направиме е да им дадеме до знаење на блиските машки личности дека пред нас можат да се ранливи и нема да им судиме, туку ќе ги поддржиме. :)
     
    На Izaabella, KateKane, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.