Поттикната од коментарите во темата за судењето на Џони и Амбер, решив да отворим тема за да не одиме офтопик. Па кои се вашите мислења? Дали треба да каже мажот-жртва јавно или треба да премолчи на насилството? Иако некои сметаат дека не е во ред мажот да се покаже пред јавноста како жртва, според мене и те како е жртва и треба да се знае дека и тие (без разлика што ги сметаат за посилни) можат, и се жртви на насилство. Ќе те замолам @RainBow да ги префрлиш коментарите кој се офтопик во тамата, тука во оваа тема.
Жртва на било какво насилство и без разлика на полот, НЕ треба да го премолчува насилството. Напротив, треба да ги поттикнуваме жртвите да зборуваат јавно.
Има разлика од јавно кажување на познаници и правни лица до пред цела држава. Јас за второто правев муабет дека е штетно. Кога мора да бираш помеѓу две зла, помалото го бираш. Поголемото е сите жени да страдаат. Помалото е едниот маж. Се надевам нема никогаш на своја кожа да ги осетите последиците.
Не е само еден маж! Има полно, ама ради малите мозоци што ги имаа некои и се исмеваа на такви случаеви, премолчуваат. И не, нема да има влијание врз жените-жртви, како што тврдиш. Може да има у некои затуцани места каде што мажот се гледа како Бог, а на жените како слушкиње. Ама светот се менува и се повеќе имаат разбирање за вакви случаеви. Особено во Америка и поголемите држави.
Сум била жртва на насилство. И на физичко и на психичко и на сексуално и мислам дека жртвите треба да зборуваат јавно.
И повеќе од очигледно е дека живееме во машки свет и дека во најголем процент жените се жртви, ама тоа не е оправдување дека некој маж кој е жртва на насилство мора да го премолчува насилството. Жртва е жртва, па макар и да е една заслужува правда и слобода.
Ај пак ќе прашам. Зашто нема кампањи за машки жртви на насилство? Зашто секогаш семејното насилство се гледа како проблем за жени? Зашто нема советувалишта, шелтерс (како и да се викаат) за мажи? Зашто жени се 99.99 % од жртвите така? Кога гледаш да помогнеш, приоритет е тој кому му е полошо. И во болница пациент е пациент. И секој е битен. Ама тој со внатрешно крвавење прво го спасуваш, после тој со скршен палец.
Затоа што се стигматизирани. Затоа што е 'срамота' маж да биде жртва на жена. Затоа што имаме уште тоооони муви за лапање.
Ова ако го кажуваш од свое лично искуство, тогаш треба да имаш спротивно мислење и да поддржиш насилство без разлика дали е мажот жртва, жената, кучето, кравата. Повеќето кои биле во контакт со насилство знаат дека право е да не се премолчува.
Затоа што се уште постои балкански менталитет и тоа "што ќе речат комшиите". Кј нас овде нема ама у други поголеми држави има.
Значи сакаш да кажеш дека невладините организации кои се занимаваат со женски проблеми се шовинисти? Зашто они се тие што генерално би требало да помагаат и на мажи, ако веќе имаат намера. Зошто тие не помагаат, ова кажи ми. Да, го кажувам ама не за физичко него оноа...другото. И таму се секогаш скоро жени жртви.
Затоа што некои уште се водат по стереотипи. Во светов има засолништа кои примаат и мажи. Не треба да споредуваш таков вид на повреда со ваков.
А ти кому би помогнала најпрво: На маж претепан со штикла, сукало од страна на жена му или на жена која добила еден шамар од мажот? Едит: Што и да одбереш ќе згрешиш.
На секоја жртва треба да и се помогне, а не да се мери на кантар кој е повеќе или помалце жртва и во зависност за какво насилство станува збор. Жртва е жртва, насилство е насилство и какво и е да е, лошо е.
Затоа што има недостаток на поддршка, оти повеќето размислуваат како тебе. Ај опрај се и намали со стереотипите. Жртва е жртва, без разлика на полот и треба да се охрабри да зборува и да се избори со истото!
Ваљда сте свесни дека со ова се свртувате против активисти и организации кои помагаат на жени со обвинување дека се сексисти зашто не помагале на мажи.