Парите за учество на оваа манифестација, ќе се пренаменат за покривање на трошоците за струја. https://kanal5.com.mk/makedonija-pr...stvo-na-evrovizija-fanovite-shokirani/a551392
...парите за учество на оваа манифестација, ќе се пренаменат за покривање на трошоците за струја. Верувам. Поќе би му дошло ко: посекако нема да гледаме, нема да имаме струја.
Да, за покривање на огромните трошоци за струја на луксузните кабинети на државниот врв. Т.Е. ќе ги искрадат, ама оваа година на друг начин.
Се надевам кога ќе се вратиме, тоа ќе биде со нова делегација, а не повторно со Мери Попова како шеф!
Добра одлука ако стварно ги дадат парите таму каде што велат. Но, ќе ми недостига моментот кога ќе си пуштам некоја солза само затоа што се наши.
Опет краџа Не знаеш како да гледаш на ова..позитивно што нема да се брукаме и годинава, или негативно што пак нѐ крадат.
Конечно паметна одлука, се надевам и понатаму нема да учествуваме и да фрламе пари за џабе Македонија нема да учествува на „Евровизија“ идната година Од Македонската Радио Телевизија денеска соопштија дека следната година Северна Македонија нема да учествува на Изборот за песна на „Евровизија“, поради енергетската криза. – Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува „Евросонг 2023“, информираа од МРТ. Но, МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.
Тоа е добро. Зошто да пуштаат од Македонија на Евровизија, само пари да даваат за ништо? Нека се дадат парите на некој што навистина му требаат. Како на пример на болните дечиња, или возрасни лица со некоја болест или социјално загрозени семејства.
После сите скандали и исмејувања на учесниците кои ги праќавме, ваква одлука требаше уште одамна да се донесе, но ете нека биде сега и засекогаш, амин
Се убаво и навистина не вреди толку пари на Евровизија да се лупнат… Ама јас како дете што израснав со евровизија и срцето ми лупаше и шетав низ собата од нервоза кога беа на ред нашите, малку криво ми падна, ама мааалку само. Евровизија со години не пратам само да си кажам сакав.
Тажно е од шо е смешно! ... не уби песимизмот, маме ни е*а... Никој не гледа ништо позитивно во оваа проклетија...
Убаво е за истакнување на млади таленти, ама факт е дека си праќаат 'свои' деца. Затоа нема смисла да трошиме пари на ова, иако знаеме дека тие пари ќе завршат во нивен џеб пак.
Настрана парите, нас како народ нема ништо да ни сменат ниту ќе осетиме разлика, сигурно нема за нас да бидат наменети со одлуката да не учествуваме, така да подобро да учествувавме бар ќе пратевме и навивавме
Не знајте да се забавувате и нешто шо треба да е забава и релаксација го земате презериозно и после ете. Жал ми е. Кога не учествуваме, не можам настанот да го уживам толку како шо го доживувам кога учествуваме. Последните години имавме фини песни, па и одлични ( proud babe). Ама и то не е релевантно. Целото искуство од гледање, надеж и топлина дур настапваме е незаменливо. И криво ми е дека годинава нема да сме. Нема да е исто. А дека пари ќе се заштедат, шр. Сите повервавме.