1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Темата ја отварам инспирирана од истоимената група на фб и од многубројните членови на фемина кои се во Германија.
    Темата е за прашања, совети и искуства во Германија за што и да било, пример каде да купиме нешто и под кое име да го најдеме, во врска со здравство, образование, институции, буквално за се' што не' интересира во Германија (ако сте членки во групата на фб знаете за што станува збор :)).

    Еве јас да почнам :D:
    Јас, мм и ќерка ми сме во Германија со бг пасоши.
    Ќерка ми почна да зема детски додаток, но секој месец ни кратат по 20 евра (веќе скоро 3 години) бидејќи од Фамилиенкасе му рекле на мм дека тие не знаат дали ќерка ми зема или не детски додаток во Бугарија и да однесеме потврда од Бугарија дека не зема и дури тогаш ќе ни го исплатат скратениот износ и ќерка ми ќе продолжи да го зема целокупниот износ на детски додаток.
    Е сега, прашањето ми е дали знаете за каква потврда станува збор и од која институција во Бугарија се вади?
    Фала однапред за одговорите :).

    Само да тагнам некои членки што знам дека се во Германија, па се надевам дека ќе му помогне темата на некој :).
    @danichap, @fairy88, @FreeMind, @Mari*, @Chantal, @Mariangel, @Ava.84 ... и уште многу други кои знам се членки, ама во моментот не ми текнуваат :D.

    Само ако може секој да пише каде живее во Германија оти во секоја република има различни закони и регулативи.
    Ние сме во Хановер :).
     
    Последна измена: 11 март 2019
    На Tinaaam, Esmeralda-MD, Arien и 12 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.184
    Допаѓања:
    283.268
    @promeneta мило ми е што пиша. Мислев не заборавивте со куклата :tmi::hug:.
    На жалост не би можела да одговорам на конкретново прашање. Мооиве автоматски, од татко им, добија германски.
    Баерн сум инаку.
     
    На Petar80, Arien, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  3. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Фала во секој случај @danichap, иако не можеш во моментот да ми помогнеш во конкретната ситуација, знам дека во безброј други ситуации си им помогнала на многу членки, затоа и те тагнав :hug:.
    А сакам и јас да пишам и многу ми е мака што престанав, ама осеќам во скоро време ќе се приклучам во Мајчински муабети :D :*.
     
    На Arien, Kaetana, fairy88 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Јас не сум информирана околу ова прашање, ние сме со македонски пасош и дозволи за неопределено во Германија.
    Сега и стаса детски додаток за два месеци, иако е родена на 31 Јануари. Фала Фамилиенкасе :)

    Јас сум Баерн Вутемберг. Темата е убава.
     
    На Broken♡, Arien, fairy88 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    7.790
    @promeneta не сме иста република.

    Јас имам слушнато за сличен проблем за луѓето кои живеат тука,ама јас или некој од поблиската околина не бил засегнат од ваков проблем.
    Оти знам за луѓе кои земале детски додаток и од Бугарија и од Германија и затоа некогаш бараат такви потврди.
    Кај мене синчето е исто со бг. пасош,македонски немам поднесено,ниту пак планирам да му поднесам.Си зема целосен детски додаток,тука си оди во градинка.
    Ти претпоставувам сте дојдени со ќерќичката тука,не е родена па затоа така ви направиле.

    По мое прашај го човекот што ви вршел работа.Да извади потврда од општината каде сте пријавени дека детето не живеело таму и дека не земало детски додаток.

    Друго паметно не ми текна во моментот.
     
    На Arien, Chantal, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  6. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    И јас сум породена на 29.10 со втората ќеркичка тука во Германија, ама сеуште чекаме детски додаток :envy: :D.

    Инаку за првата ќеркичка ни исплатија детски додаток и за 7те месеци кога само мм беше тука, а јас и ќерка ми во Мк.
    Фала Фамилиенкасе и од нас :D:D.
    :hug::hug:.

    Да, првата ќеркичка е родена во Македонија и е со бг пасош во Германија, затоа излезе проблем.

    Инаку посредникот ни прати еден документ, ама не сме сигурни дали е точен оти документот гласи на името на мм, не на ќерка ми, и пишува за потпомагање, а не конкретно за детски додаток.

    Еве го документот:

    received_419656268839169.jpeg

    :hug::hug:
     
    На Arien, fairy88, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  7. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    33.818
    Пол:
    Женски
    @promeneta извини да те прашам не те сфатив баш во делот за тие 7м кога сте биле во мк.
    Дали тогаш вие се водевте на адреса во Германија или не, за тие 7м?
    Еве ние сега ќе треба да се пријавиме на адреса а мм е скоро 3 г таму од кога е роден синко, дали има шанси и на нас за тие години што не сме биле во Германија да ни исплатат или тешка работа мм е со бг документи а јас и синко со Мк.
     
    На fairy88 и promeneta им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.686
    Допаѓања:
    33.289
    Пол:
    Женски
    @promeneta мојата е мк пасош си зема цел детски немам слушнато за проблем како твојот.Не можам за жал да ти помогнам.Блиску до Хановер сме ние;)
     
    На fairy88, Chantal, Mari* и 2 други им се допаѓа ова.
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Мм дојде во Германија во април 2016г., а ние во ноември 2016г.
    Кога дојдовме, прво бевме кај моите, па откако најдовме стан се пријавивме јас, мм и ќерка ни на таа адреса (до тогаш не бевме пријавени на ниедна адреса).
    Откако се пријавивме, мм поднесе прво за детски додаток за ќерка ни нормално, а потоа дополнително поднесе документи и за тие месеци што беше сам тука и ни ги исплатија и тие.
    За жал, тоа било возможно само ако детето имало европски пасош, во нашиот случај бугарски, уште додека е во Мк.
    :hug::hug:

    @Ava.84 ќерка ми е со Бг пасош, затоа ни кратат и ќе ни кратат се' додека не однесеме потврда дека не примаме детски додаток и од Бугарија.
    :hug::hug:
     
    Последна измена: 11 март 2019
    На Arien, Dust, fairy88 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Јас сум на граница со Баерн @danichap :P иначе Баден Вутемберг припаѓаме и до сега не ни скратиле од дечките :wasntme: со мк пасоши (визи) и дечките овде родени :)
    @promeneta може бугарска амбасада ќе ви каже точно каде може да извадите,можеби и во амбасадата да завршите работа :wasntme:
    Иначе големо браво за темава :clap:
    Ќе ги тагнам и јас @Lorins @gjoker4e @Seline има уште ама не ми текнува....
     
    На Arien, Kaetana, Lorins и 7 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.758
    Допаѓања:
    35.455
    Пол:
    Женски
    Ние кога поднесувавме пишуваме може максимум 4 месеци наназад. На пример ако се роди денес, а ти поднесеш кога ќе има 6 месеци, ќе ти дадат само за претходните четири ама не и за првите два.

    А за нас и вас од денот на пријава на адреса! Нас додека ни го одобрија поминаа три месеци, и ни исплатија за последните три почнувајќи од денот на пријава на адреса.

    @promeneta Ваква тема ни требаше ама на кој да му текне. Браво!
     
    На Arien, fairy88, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Фала Мари и за советот и за тагнувањето на другите членки, белки ќе завршиме работа :):hug:.

    Фала Џокерче, јас врска немам за документи, мм води сметка за тоа, пишувам тоа што он ми го кажа :D.

    Темата ми беше одамна на ум, а денес не знаев каде да го поставам прашањето, па си ја отворив темата :D.
    :hug::hug:
     
    На fairy88, Chantal, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.926
    Допаѓања:
    218.771
    Пол:
    Женски
    Се осеќам дeскриминирана :devil:

    Нели @Monella
    :rofl:
     
    На Arien, orhideea, fairy88 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    8.489
    Пол:
    Женски
    Јас сум Баден Вуртемберг.
    Инаку и син ми е тука роден па не ни барале таков документ.
    Прочепкав сега по групите на фб што пишувале за овој проблем потврди ваделе од општината каде биле пријавени во бугарија од центар за социјална работа, а други пак од македонија исто од социјално од својата општина со образложение дека без разлика на бугарското државјанство сте живееле во мк не во бг.
     
    На Broken♡, Arien, fairy88 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    5.153
    Здраво и јас сум Германија , поточно Баден Вуртемберг .Супер тема се надевам има некој во моја близина :D
     
    На Broken♡, Mari*, fairy88 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Значи само јас сум Баерн Вутемберг:D
    Од Даница сум видела Баерн и сум си направила нова покраина.
     
    На fairy88, Mari*, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  17. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Да отворам и тема Мајки Македонки во Италија :D :hug: :*

    Фала многу на одговорот :hug::hug:.

    :hug::hug:.

    Јас врска немам ни од покраини, ни од љандра, појма немам ни дали сте ми блиску, ни дали сте далеку (facepalm) :D.
    Кој е блиску може да пиеме кафе кога сака :* :*.

    Да ја тагирам и @Esmeralda-MD :hug: :hug:.
     
    На Dust, Esmeralda-MD, fairy88 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    9.087
    Пол:
    Женски
    И јас една ли сум во Чешка? :D:D:D

    Супер е темава, јас и онака ве читам по другите, па си споредувам со тука какви се работите :$
     
    На Biljarkata, Dust, fairy88 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.926
    Допаѓања:
    218.771
    Пол:
    Женски
    Најмалку сме по другите држави а најмногу по германија.
    Па затоа темава дека преовладува германија иначе за неколку членки нема поента да се отвара друга тема :)
    Еве и ние споредуваме :rofl:
     
    На Dust, fairy88, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.758
    Допаѓања:
    35.455
    Пол:
    Женски
    Може темава да се вика Мајки македонки во ЕУ, така би немало дискриминација.
     
    На Biljarkata, fairy88, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.