1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    [​IMG]

    На 9 дена пред почетокот на Европското првенство во Ниш ја отварам темава, со цел да славиме за победите, да критикуваме, да се радуваме, да споделуваме само убави вести дај боже иако подршката е секогаш добродојдена и во добро и во лошо. А од се срце се надевам дека темава ќе ја достигне, па и престигне и онаа за македонската кошаркарска репрезентација.

    Европското првенство започнува на 15 јануари, трае до 29ти.
    Ние сме во група Б, која игра во Ниш.
    Натпреварите се:
    15.01.2012 Шведска - Македонија (20:15)
    17.01.2012 Македонија - Германија (18:15)
    19.01.2012 Чешка - Македонија (20:15)
    (иако може да има измени во времето)

    Потребна ни е една победа за влез во втората рунда од натпреварите каде се прават нови 2 групи од 6 репрезентација.
    Имаме претешка група, ние сме единствените на ова првенство кои само до сега имаат едно искуство на европските првенства и тоа во далечната 1998.
    Но не не потценувајте. Имаме фантастичен тим на чело Кире Лазаров и Наумче Мојсовски и на голот со Борко и Диви. Кога ќе го имаме официјалниот тим од селекторот Зоран Шундовски ќе го споделиме.
    [​IMG]

    Феминки ќе оди некоја во Ниш?
    Морам да кажам дека разочарана сум од понудата на карти, кои чинат 8 евра, а се продаваат последниве недели по 50 евра минимум, дури продаваат блок карти од 3 натпревари за 500 евра. И искрено ни најголем спортски фан неможе да си го дозволи тоа.
    Сеуште потајно се надевам дека ќе успеам да најдам карта по нормална цена иако веќе некако престанав да верувам но надежта последна умира. Ниш ни е само на 215 километри, па кој може нека оди и до фан зоната во Ниш, тоа е едно доживување, кој ќе има можност нека ја искористи.
    Но сеедно и кај и да сме, битно да ја бодриме репрезентацијата.
    СО СРЕЌА РАКОМЕТАРИ НАШИ.
    Бидете здрави пред се и со подршка на нашите навивачи, во салата Чаир во Ниш, која ќе е обоено црвено-жолто да освојуваме победи!

    http://www.youtube.com/watch?v=aOmnT83o ... _embedded#!
     
    На Cynthia, FortuneTeller.xD, Star19 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Едвај чекам да го видам повторно македонскиот народ сплотен во едно.

    Нема да имам можност да одам до Ниш, но сигурно ќе следам на телевизија и ќе навивам со цело срце. Верувам во нашите момци, можеме уште еднаш да му покажеме на светот за што сме способни!


    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22472
     
    На LinaMcCalebb му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Со душа чекам да почне ракометот. Љубител сум на спортот а посебно кога е во прашање Македонија. Не сум во можност да одам во Ниш, но затоа пак од ТВ ке си ги гледам сите натпревари и во црвено-шолто ќе си навивам. :)
     
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сакам повторно македонскиот народ да блика од радост.Ракометарите ќе ја имаат честа повторно да не сплотат во едно, се надевам ќе ја искористат максимум шансата.

    Ја имаат мојата подршка, едвај чекам на почнат натпреварите :)
     
    На Daddy.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Само едно се надевам. Дека ќе ги снајде истата судбина како кошаркарите. А ние повторно ќе бидеме горди Македонци. А со вакви репрезентативци, верувам дека ќе стигнеме далеку :)
     
    На LinaMcCalebb му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Како мала многу сакав ракомет, еве ми прилика да се оправдам за предолгото НЕгледање. :) Стварно Росоњерке, жално е што Ниш е толку блиску, еве дури заради првенствово, законот за влез во Србија со лична карта ќе биде спроведен порано од предвиденото, а картите толку скапи.. Тоа е. Нема да не прашаат само нас Македончињата. :P
    Ајде, само нека бидат таму тие што се потребни (ракометарите), па ние од дома ќе бодриме од срце. Па нели мошне добро тоа го направивме и со кошаркарите!
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Претерале овие од ЕХФ, не се нормални.
    Ај ако не да организираме театарски претстави, ако не сакаат навивање.
    Боже сачувај

    Извор Екипа.мк
    Или да не речам некој се исплашил :P
    http://www.youtube.com/watch?v=0HIWcSfV ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=EF4tU112MzM
     
    На Smilly, Buttterfly, esperanca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Баш ми е криво што нема да одам во Ниш поради обврски со факултетот! :|
    Се надевам и јас дека ракометарите ќе го достигнат успехот на кошаркарите, а ние да славиме и да се радуваме тука. Реално, мене ме плашат почетните натпревари, во многу тешка група сме се паднале ама Дај Боже да грешам. :)
    П.С. И пазете, феминки со кој ставате тука слика на профил, да не се караме! ;) :rofl: :rofl:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Со големо нетрпение чекам да дојде 15 јануари и да започне првенството.
    Ракометот ми е најомилениот спорт, го следам уште мала. Дома имам четири тетратки со излепени слики од нашите ракометари и ракометарки, и тоа од постарата генерација.
    Момци ви посакувам среќа и се надевам дека повторно сите Македонци, сплотени во едно срце, ќе ве бодриме и ќе се радуваме на вашите победи.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Еве ви страничка за новостите македонски ракомет

    Еве добро видео, моќно :)
    http://www.youtube.com/watch?v=3c_qsgl4AeQ


    Инаку почнаа агенцииве да даваат понуди за втората фаза, сигурни сме си во репрезентацијата, само една победа е речиси доволна. Не дека три победи ќе ни пречат, :)
    А Ниш се спрема за црвено-жолта инвазија! Низ странскиве медиуми се главни фацки :P
     
    На Black.Beauty, Buttterfly, Acerola и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Ајде уште 7-8 дена и спремни сме за радост,само среќата да биде на наша страна и Бог секако :)
    Имаме навистина многу тешка група :| ама сите посакуваме радост и сплотеност :)
    знам дека имаме одлични ракометари,а се надевам дека сите ќе играат како едно,за својата земја,за својот народ,со целото срце :inlove:

    дај боже да ја поминеме групата,за понатаму ќе се договориме ;)

    еххх,кога би се повторил септември 2011 :inlove: :angel:
    да не престанеме да ја пееме,излези момцее право на терасаа...... :party: :clap:


    Среќмо момци,сите сме со вас :)
     
    На bubili61 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    на србиве срам да им е :swear:

    А на нашиве момци:
    Одиме на победа
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Јас сум страшен оптимист....верувам во нашите момци и во добри резултати....CO CPEЌA HEKA NM E :)
     
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    На Plavusa.17, Smilly и rossonerka им се допаѓа ова.
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    ^
    Ама филмски е направен клипот откако го изгледав се чуствувам како лавче :lol:
    Видео кое ќе допре до срцето на секој Македонец!

    http://www.youtube.com/watch?v=wsSmk9kM_3c&feature=related :rofl:
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу ми е мило за нашиве спортисти, заслужуваат како кошаркарите така и ракометариве сега на Европсково. Ракометот уште од порано ни бил јака страна за разлика од фудбалот пр. и верувам дека ќе успеат, иако според мене најтешко ќе биде на 17ти со Германија :?: :sweat: И јас исто не можам да дочекам 15ти многу ми е мерак и знам дека ќе се борат до крај за нас како што се бореа кошаркарите!
    Од потезите на Србија сум запрепастена, љубомората на таков начин ли се одразува? Ете им, победија со 3 разлика колку ТЕСЕН резултат, само како не им е срам тоа да го направат. Не очекував, стварно не очекував. Завидуваат, тоа е одговорот на моето прашање како можат да се однесуваат така.

    А најмногу ме зачуди фактот што е сепак пријателски натпревар, значи уште не почнало првенството нив види ги, какви домаќини се, се покажаа!
     
  19. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Леле феминки и мене ме зафати навивачката еуфорија, едвај чекам да почне ракометот па да се собереме сите пред телевизор и да гледаме. :clap:
    Неможев да отидам во Ниш но затоа ќе растурам пред телевизор. :devil:

    НАПРЕД МАКЕДОНИЈАААААА!!!!!!!! :*
     
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Криво ми е вака што испадна со картите,иначе обавезно ќе одев.Не е битно од каде ќе навиваме,битно да сме позитивни што и да се случи.Се надевам дека пак ќе се радуваме како и со кошаркарите што беше.Мило ми е што се повеќе луѓе во Македонија ги фаќа навивачка еуфорија...и машки и женски и младо и старо,а сигурно тоа им давам уште толку мотив на спортистите за да постигнат подобри резултати.