Сакав да ја поставам оваа тема бидејќи често размислувам за тоа со колку издавачки куќи државава располага и дали тие се квалитетни и добри во својата работа, но и во улугите кои ги вршат. Овде може да дискутираме за тоа од кои издавачки куќи сте задоволни а од кои не сте ; од каде ги купувате поголемиот дел од вашите книги ; Исто така во голема дилема сум при одбирањето на вистинската издавачка куќа кај која можам да ги издавам моите дела, стручни и литературни. Знам дека имам голем избор но навистина сум збунета ... Дали воопшто има издавачка куќа која издава и стручни и литературни книги? Ако знаете, дали може да ми предложите некоја? На Wikipedia успеав да пронајдам листа на Македонски издавачки куќи ... Аз-буки АЕА - издавачи Аквариус пет Антолог Арс Ламина Бегемот Блесок Вермилион Детска радост Дијалог Ѓурѓа Зумпрес Икона Или-или Кочо Рацин Култура Магор Макавеј Македонска книга Македонска Цивилизација Македонска реч Мартина Матица Македонска Мисла НАМ Наша книга Просветно дело Сигмапрес Силсонс Слово Слово љубве Студентски збор Табернакул Темплум Топер Три Феникс Штрк
Табернакул ќе ми остане вечен непребол. Имаше секогаш добри наслови. Можеш да се обидеш во Каприкорнус или Антолог.