1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските книжевници

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од OzzyAngel, 28 август 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Почнувајќи од Кирил и Методиј, Браќата Миладиновци, па единствениот Григор Прличев, Блаже Конески и ред други книжевници, поети, писатели, граматичари...
    Што мислите вие? Му се восхитувате ли? Ги читате или проучувате нивните дела?

    Да почнам јас... За Кирил и Методиј веќе се знае дека ни дале писмо, но браќата Миладиновци со својот огромен талент и жар за сеење на семето на мак јазик насекаде, објавувајќи го Зборникот што ги одведе во затворски ќелии, па Прличев кој ја збогати нашата литература со својата Автобиографија и О`Арматолос-Сердарот! Премногу ги сакам и им се восхитувам на талентот, знаењето што го имале!

    Тука можете и да постирате стихови или изреки од сите Мак. книжевници!
     
    На LivingGlam и Offspring им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Аааа Ози ќе те карам, гордоста на Велес не си ја спомнала :lol: Се шалам...
    Си можела и збор два за Коче на Раца да кажеш :)

    Еве една песна, што многу ја сакам од него.


    Денови

    Како на вратот ѓердани
    ниски камења студени,
    така на плешки денови
    легнале та натежнале.

    Денови ли се – денови
    аргатски маки големи!
    Стани си утре порано
    Дојди си вечер подоцна,

    наутро радост понеси
    навечер тага донеси –
    ај, пусти да е, пуст да би
    остана живот кучешки!

    Роди се човек – роб биди
    роди се човек – скот умри,
    скотски цел живот работи
    за други, туѓи имоти.

    За туѓи бели дворови
    копај си црни гробови!
    За себе само р’гај си
    за себе маки тргај си –

    нижи си ѓердан денови
    нижи си алки ковани,
    нижи си синџир железен
    околу вратот навезен!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене една од Кочо Рацин

    Ленка (се сеќавам кога ја учев :lol: )


    Откако Ленка остави
    кошула тенка ленена
    недовезена на разбој
    и на наломи отиде
    тутун да реди в монопол –
    лицето и се измени
    веѓи паднаја надолу
    и усти свија кораво.

    Не беше Ленка родена
    за тија пусти тутуни!
    Тутуни – жолти отрови
    за гради – китки розови.

    Прва година помина
    грутка в срцето и легна,
    втора година намина
    болест ја в гради искина.
    Трета година земјата
    на Ленка покри снагата.

    И ноќе кога месечко
    гроб и’ со свила виеше.
    Ветерчок тихо над неа
    жална и тага рееше:
    „Зошто ми, зошто остана
    кошула недоткаена?
    Кошула беше даровна...“
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ова ми е дел од професијата.
    Морам да кажам дека Граматиката на Блаже Конески за мене е незаменлива, ги имам сите дома, почнувајќи од таа што ја користиме сите за средно образование од неколку автори и граматиката на Круме Кепески, меѓутоа на Конески е најисцрпна, иако стилот е малку потешко разбирлив.
    Од македонските книжевници ми се допаѓа собирачката дејност и умотворбите на Марко Цепенков, посебно затоа што се внимава на зачувување на дијалектот.
    Меѓу најомилените македонски книжевници ги истакнувам Велко Неделковски, Ката Мисиркова – Руменова, Луан Старова и Живко Чинго.
    Од поновата генерација на книжевници - Венко Андоновски и Жарко Кујунџиски.
    Поезијата на Кочо Рацин и на Ацо Шопов имам чувство дека била далеку пред времето. Прекрасна е.

    Тишина - Ацо Шопов

    Ако носиш нешто неизречено,
    нешто што те притиска и пече,
    закопај го во длабока тишина ,
    тишината сама ќе го рече.
     
    На QueenElena, Micheleljubov, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Мила моја Дарки, за Рацин би можела нова тема да отворам и да пишувам... Неговите “Копачите“ и “Тутуноберачите“ всрце ме погодуваат! :lol: Ах кај е сега Прити да види... :!: ( :D )

    Се сеќавам правев писмена работа во средно за Кочо Рацин, класната не знаеше како да ме испофали!

    Имам јас уште многу да спомнувам...
    Еве во овој пост ќе одделам место и за скоро починатиот- Гане Тодоровски, кој според мене беше неверојатен преведувач на странска поезија... “Гарванот“ од Едгар Алан По му е така одработена прекрасно...
    А потоа и мојот омилен Петре М. Андреевски што многу пати знаел да ме наежи со своите дела...
    не спиев ноќе кога ја читав неговата “Сите лица на смртта“ :geek:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Петре М. Андреевски и неговата Дениција...
    Таква вонвселенска, а сепак строго приземјена поезија...
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nikolika

    nikolika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Димитар Солев ми е еден од омилените (кој не ја прочитал Кратката пролет на Моно Самоников мора да го направи тоа), Коле Чашуле беше сјаен драматург: Вејка на ветрот, Црнила и Житолуб ми се омилени драми, кога сме веќе кај драмите Горан Стефановски можеме нормално да го гледаме и како книжевник, не само како режисер и неговите драми се феноменални, па Венко Андоновски за малку ќе го заборавев (непростливо) со незаборавните Вештица и Папокот на светот, Ѓорѓи Абаџиев со неговите историски раскази, Анте Поповски- најродољубивиот македонски поет, Ташко Георгиевски... Ги има уште но овие први ми паднаа напамет. Ненадминливи се. Македонската книжевност навистина е врвна. Штета што некои од горенаведените одамна не се меѓу живите...Добро овие од современата, а што се однесува до нашите автори од 19 и првата половина на 20 век имам уште поголема почит кон нив. Мислам тие животот го посветиле на унапредување на македонската литература и писменост... Ќе ги издвојам Прличев, Цепенков (огромен придонес од негова страна), Миладиновци, Рацин (најтрагична фигура според мене)...
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сум прочитала многу од Македонските книжевци...и навистина нивните дела се прекрасни.....а сега ќе ви одделам нешто што во моментов ми текна

    Кога ја љубев Дениција,
    како да калемев светлина на мракот,
    како да топев снегови фатени во движење,
    како да станував единствен сведок
    за бакнежот меѓу металот и громот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Многу си ја сакам нашата Македонска Лиетратура и уметност. Ги почитувам основоположниците кои успеале таа да биде денес каква што е ! Штета што мал дел од луѓево се свесни за нивната вредност |( , што не знаат ништо за оваа област за неповтроливите Кочо Рацин , Браќата Миладиновци , Антон Панов ,Васил Иљоски и мноооогу други :bow: :clap: .Нивните дела се вечни .

    Елегии за тебе - Кочо Рацин

    Вчера си појдов, наминав
    низ таја гора зелена
    под тија буки високи
    по ќилим сенки широки.

    Одев со глава замаен
    наведната, мртов, зачмаен,
    одев со грутка на срце
    и каракамен на гради.

    Деј гиди горо зелена!
    Деј гиди водо студена!
    Пилците пеат – ти плачеш,
    сонцето грее – ти темнееш.

    Ако ги криеш коските
    на дели млади јунаци
    тука што лежат по тебе
    за тија темни дубрави –
    зошто ги таеш песните?
    Зошто по тебе дрвјата
    и на дрвјата гранките
    и на гранките лисјата
    шумолат скришно таговно?



    Таму горе на небото
    зора руди, земја буди,
    ден морави шири крила
    и алова точи свила,
    таму зора црвенее –
    мое срце ми црнее.

    Ископајте длабок бунар
    извадете ладна вода
    натопете лути рани
    да не горат, да не болат.

    Зоро златно и румено!
    Зоро слатка посестримо!
    Ти изгреваш на далеку –
    да ли еднаш ќе изгрееш
    силно, силно, дури милно
    над долови и над гори
    над полиња и над реки
    над мојата татковина?



    Два брега – двата стрмнини.
    А од брег на брег танок мост.
    Под мостот вода морава –
    тече и мие ранава.

    Тече од векот вековит
    и нова и се` нова по нова,
    тече, а тука маките
    се` стари и се` постари.

    Тече и влече со себе
    сичко што стои пред неа,
    а на брегови животот
    чмае у троскот зараснат!

    Течи си водо студена!
    Течи си – рони брегови!
    Течи – и нам низ срцето
    нели и крвта ни тече?


    Скотски е, скотски животот аргатски
    у темно заѕидан,
    до скот сме синко попритиснати
    на овој свет убав.

    Кој ни ги скрши белите крилца
    крилца на галаби бели?
    Кој ни замати извори бистри
    извори на души чисти?

    И кој раздвои, и кој раздвои
    човек од човек со ѕид?
    И кој направи, и кој направи
    човек на човека роб!

    Та човек од човек
    да страда
    и тегне
    и бега
    од лулка до гроб?



    Ти да знаеш, паметуваш
    и ем да си на ум да имаш –
    работник си – и работник
    ти ќе паѓаш и се дигаш.

    Луњи ли ќе пусти дојдат
    сонце ли ќе јасно грејне –
    патиштата, патиштата
    пред тебе се на борбата.

    Како сртта вечна што е
    така борба долго трае.
    Но од смртта е по силна
    по патиштата борбата!



    Исцедете, ограбете
    пот и труд и меса голи,
    уста пуста затворете
    да не каже оти боли.

    Очи црни ископајте
    да гледајат не давајте,
    раци машки прекршете
    срце лудо наранете.

    Угаснете и светлини!
    Мрак ќе биде – каракамен.

    Има, има – в темнината
    нешто живо пак да свети:
    има болка на душата
    има души наранети.

    Болка боли – болка гори
    болка пече, душа мори.
    А болката кога свети –
    тешко, тешко, тешко клети!

    А ова еее Рацине само ти го можеш ова ! :x


    Сега низ мозокот ми маршираат мисли
    облечени во црнина и следени со похотната
    музика од Липтање, Болка и Патила…

    Откинувам од срцето атом на Болка
    и Ти го подарувам Тебе,
    за да го престориш во Сладост…
    а соништата мои – бескрај на Нирвана…

    Ќе ја преболат очиве и оваа светла ноќ,
    Страста, по која и ѕвездине патат, како и очиве мои,
    ќе ја преболат…

    Туку, ноќва Болката во мојата душа
    ќе прави гоштевка:
    ќе ја запеат сите рани песната на Ужасот…
    О, слушни како ѕвонат солзите врз белиот креветски чаршаф…
    Акорд од липање и болка…

    …Изутрина. Ги расклопувам очите.
    Во мојата уста твоето име наместо Господовото…

    Без тебе…
    Липање…
    Тоа не сум јас, туку мојата крв.
    Крв која шуми во вените
    и плаче по тебе…
    О… ти Љубов!
    Милост, мој боже на земјата!
    Би заплакал, знај, зад петиците твои
    кога уште еднаш би можел да сакам…

    Од циклусот ПЕСНИ ЗА РАЦА


    Јас само :bow: :)
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    ПРВО ПИСМО

    (Од циклусот Пет љубовни писма)

    Ништо не е повидливо
    и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
    ни детските шепоти што ги откривав
    во сеидбите на дождовите,
    ни закажаната бура во пајажините
    од крајпатните меанчиња,
    ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
    ни она што добива форма само во мојот слух,
    ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
    го навиваше својот ноќен часовник,
    ни родилните маки на фрленото семе,
    ни разгорениот пожар на главата од петелот
    додека бега од сенката што слегува од небото,
    ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
    меѓу твоите два припека,
    ни змијата што го возбудува врвот од житата,
    ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
    ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
    во низата од пиперките,
    ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
    ни притаената светлина во купениот кибрит;
    ништо не е повидливо од твојата трага
    пред мене и зад мене, со мене и во мене.


    Петре М. Андреевски :bow: :bow:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Сите се прекрасни писатели, но мора да го споменам и
    Стале Попов со прекрасниот роман -Крпен Живот
    Ристо Крле - Парите се отепувачка
    Ташко Георгиевски- Црно семе
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Петре М. Андреевски бил виртуоз на македонскиот пишан збор,
    [​IMG]
    неговиот Пиреј - вечна сага за судбината на македонштината, има толку многу симболика, толку болка во една книга, толку вистина.
    Ја обожавам, ја прочитав во една вечер буквално. Пиреј е култен македонски роман, тоа е сигурно.
    Неговите стихови се незаменливи, допираат длабоко во срцето, единствено Рацин може да му биде пандан во поезијата.

    Задолжително си плачам на Денови од К.Рацин, секогаш кога ја читам.
    Како да ја пишувал за денешното време, а не за период од пред повеќе од половина век.

    Веројатно сите ги знаете Бегалка и Чорбаџи Теодос на Васил Иљоски, меѓутоа ако сте во можност прочитајте ја драмата Чест.
    Прекрасна трогателна приказна, на која за жал не ѝ е посветено доволно внимание како на претходниве две.
    :)
     
    На Tanjamm, BojanaLegija, Micheleljubov и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Во четврта година обработувавме македонски романи и како што ми доаѓа едно по друго, така се заљубував во духот на македонската книжевност. Иако секој од книжевниците си има своја различна позадина и своја црта, заедно се еден нераскинлив синџир, една приказна за судбината на македонскиот народ и едно уникатно, македонско дрво на литературата.

    Друго, предобри раскажувачи се! Маркез ми е број еден омилен дедо раскажувач, па на чело со Петре М. Андреевски следуваат нашите.
    Првпат со него се запознав преку „Последните селани“ и го запамтив како весел, шаренолик наратор кој дава генијална форма на содржината.
    Ѓорѓи Абаџиев кој го напишал првиот македонски психолошки роман „Пустина“ ми е еден од омилените ради долгите интроспекции и ретроспекции на Арсо, како и за размислувањата за слободата. По македонски знам пишував есеј за важноста исклучиво на индивидуалната слобода инспирирана од Абаџиев и долго време размислував за неа. Права лектира!
    Божин Павловски ми е како светски писател, посебно со „Миладин од Кина“. Дури и кога пишува на битови теми не ми е типично македонското, но сепак е. Ја има енергијата инаку не би го сакала ако ми пишува западњачки.
    Од современите омилени ми се Венко Андоновски ( ако ми скрши филм кога го читав Умберто Еко, верна сум покрај Вештица и Папокот на светот) и повеќе, Гоце Смилевски кој во двете негови дела подмолно ја бутна вечната тема за осаменоста.

    Трето, скоро сите македонски романи како да ја носат тежината на егзистенцијализмот. Маката и безизлезноста секогаш се присутни.
    Ептен се за гордост!
     
    На Mayyya и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    Омилен ми е Славко Јаневски со циклусот Кукулино.

    Тврдоглави ме маѓепса наполно кога ја читав во средно. Си легнував навечер и сонував луѓе што носат воденичарски камења. :tmi:
    Иако е фикција, македонската реалност, историја, трпение (можеби е наречено тврдоглавост, но јас би го нарекла трпење постојан товар на рамениците) не би можела да биде да биде претставена подобро. Го обожавам начинот на кој си игра со имињата и зборовите од македонскиот јазик за да создаде некоја чудна привлечност и мистичност во речениците.

    Сакам да најдам старо издание на романот за пак да го читам, затоа што Тврдоглави го сметам за врвот на македонското творештво.

    Еве еден извадок од Чудотворци.

    Од поетите, омилен ми е Радован Павловски, па еве и нему да му оддадеме почит во темава.
    http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang ... BPfb7Qe71k

    ЕЛИПСА

    I

    Ме виде на сон
    а јас на Север
    чув како работат
    часовниците на смртта
    и ти како се бориш
    и како отклучуваш простори
    и ја заведуваш големата сенка
    да не ти ги покрие очите
    за да го видиш сина си
    потоа таа голема сенка
    од пролетта прави есен
    и ги затвора патиштата
    пристапот кон тебе да биде тежок
    како кон престол на болот
    на кој лежиш прикован
    а само гранче на прв цут на црешна
    трепери врз камен како врз дланка
    и зема душа на пролет
    од гласот на твојот Дух.
    Ангелот е во воздухот,
    со една нога на земја.
     
    На thelittle17 и Mayyya им се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    За песните на Рацин немам коментар,колку само емоции има во нив. ;(

    ТАТУНЧО


    Не ме колни, не ме жали!
    Не ми нижи низа клетви!
    Камен тежок живот ми е
    а по тежок одзив пусти
    по народни думи свети!

    Ако куќа не направив
    со високи шимпир порти,
    куќа цел свет братски ми е
    братски срце што отвора,
    срце - порта највисока,
    срце - куќа најширока.

    Ако жена не донесов
    ѓул-трендафил во одаја
    верна, добра млада љуба -
    не ме к'лни, не ме жали;
    во борбата другарката
    с'лнце сјае, с'лнце трепти!

    Ако млади си години
    по друмишта, по патишта
    в младост горка распосејав -
    погледни ми право в очи:
    ти ли беше што пееше
    „Ајдутин мајка не рани..."

    И ако не умрам дома
    туку кај што стии пиштат
    в борба искри кај што л'штат
    блазе, речи на душата -
    има зошто душа да е!



    ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ

    1.
    Вчера си појдов, наминав
    низ таја гора зелена
    под тија буки високи
    по ќилим сенки широки.

    Одев со глава замаен
    наведнат, мртов, зачмаен,
    одев со грутка на срце
    и каракамен на гради.

    Деј гиди горо зелена!
    Деј гиди водо студена!
    Пилците пеат - ти плачеш,
    сонцето грее - ти темнеш.

    Ако ги криеш коските
    на дели млади јунаци
    тука што лежат по тебе
    за тија темни дубрави -
    зошто ги таеш песните?
    Зошто по тебе дрвјата
    и на дрвјата гранките
    и на гранките лисјата
    шумолат скришно таговно?

    2.
    Таму горе на небото
    зора руди, земја буди,
    ден морави шири крила
    и алова точи свила,
    таму зора црвенее -
    мое срце ми црнее.

    Ископајте длабок бунар
    извадете ладна вода
    натопете лути рани
    да не горат, да не болат.

    Зоро златно и румено!
    Зоро слатка посестримо!
    Ти изгреваш на далеку —
    да ли еднаш ќе изгрееш
    силно, силно, дури милно
    над долови и над гори
    над полиња и над реки
    над мојата татковина?

    3.
    Два брега - двата стрмнини.
    А од брег на брег танок мост.
    Под мостот вода морава -
    тече и мие ранава.

    Тече од векот вековит
    и нова и сè понова,
    тече, а тука маките
    сè стари и сè постари.

    Тече и влече со себе
    сичко што стои пред неа,
    а на брегови животот
    чмае у троскот зараснат!

    Течи ми водо студена!
    Течи си — рони брегови!
    Течи - и нам низ срцето
    нели и крвта ни тече?

    4.
    Скотски е, скотски живот аргатски
    у темно заѕидан,
    до скот сме сниско попритиснати
    на овој свет убав.

    Кој ни ги скрши белите крилца
    крилца на галаби бели?
    Кој ни замати извори бистри
    извори на души чисти?

    И кој раздвои, и кој раздвои
    човек од човек со ѕид?
    И кој направи, и кој направи
    човек на човека роб!

    Та човек од човек
    да страда
    и тегне
    и бега
    од лулка до гроб!

    5.
    Ти да знаеш, паметуваш
    и ем да си на ум имаш -
    работник си - и работник
    ти ќе паѓаш и се дигаш.

    Луњи ли ќе пусти дојдат
    сонце ли ќе јасно грејне -
    патиштата, патиштата
    пред тебе се на борбата.

    Како смртта вечна што е
    така борба долго трае.
    Но од смртта е посилна
    по патиштата борбата!

    6.
    Исцедете, ограбете
    пот и труд и меса голи,
    уста пуста затворете
    да не каже оти боли.

    Очи црни ископајте
    да гледајат не давајте,
    раци машки прекршете
    срце лудо наранете.

    Угаснете и светлини!
    Мрак да биде - каракамен.

    Има, има - в темнината
    нешто живо пак да свети:
    има болка на душата
    има души наранети.

    Болка боли - болка гори
    болка тече, душа мори.
    А болката кога свети -
    тешко, тешко, тешко клети!
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Ќе ги издвојам Коста Солев Рацин со
    Денови

    Како на вратот ѓердани
    ниски камења студени,
    така на плешки денови
    легнале та натежнале

    Денови ли се — денови
    аргатски маки големи!

    Стани си утре порано
    дојди си вечер подоцна,
    наутро радост понеси
    навечер тага донеси —

    ај пуст да е, пуст да би
    останал живот кучешки!

    Роди се човек — роб биди
    роди се човек — скот умри
    скотски цел живот работи
    за други, туѓи имоти.

    За туѓи бели дворови,
    копај си црни гробови!

    За себе само ’ргај си
    за себе маки тргај си —
    нижи си ѓердан денови
    нижи си алки ковани,

    нижи си синџир железен
    околу вратот навезен

    Тутуноберачите

    На кантар студен со туч го мерат
    а можат ли да го измерат,
    нашиов тутун — нашава мака
    нашава солена пот!

    Од темни зори на утрини летни
    до никоја доба на вечери зимни
    тој гладно пие тагата наша
    и потта и крвта и снагата ни.
    Жолт — жолти прави лицата бледни
    и жолта гостинка у градите носи.

    По утрини росни, по мугрите пресни,
    наведени ничкум по полињата родни
    Зачмаени ние го береме.
    Лист по лист кини,
    лист по лист нижи,
    лист по лист превртуј, притискај,
    лист по лист милно, таговно реди
    и на долга низа од капки пот
    и надеж со клетва и зелена јад,
    со коров поглед на очите матни
    по кревките лисја жолтозлатни
    прикаска горка на живот клет
    нанижи безгласна а така јасна.

    Та не знаеш ли?

    Денот ли дојде тој да се мери —
    мерка му нема, а в градите длаби
    без да се запре, без дно да најде
    не тага а клетва, и в очите матни
    и не сакајќи сама се дига
    фуријата.
    Кантарот носи лисјето златно
    а в гради луто далгите беснат
    на жолтата мака — на жолтиот тутун
    на жолтата пот на рацете ни!

    Ленка



    Откако Ленка остави
    кошула тенка ленена
    недовезена на разбој
    и на наломи отиде
    тутун да реди в монопол -
    лицето и се измени
    веѓи паднаја надолу
    и усти свија кораво.

    Не беше Ленка родена
    за тија пусти тутуни!
    Тутуни — жолти отрови
    за гради — китки розови.

    Прва година помина
    грутка в срцето и легна,
    втора година намина
    болест ја в гради искина.
    Трета година земјата
    на Ленка покри снагата.

    И ноќе кога месечко
    гроб и со свила виеше.
    Ветерчок тихо над неа
    жална и тага рееше:
    „Зошто ми, зошто остана
    кошула недоткаена?
    Кошула беше даровна...“

    Копачите

    Се к’ти ноќта црна!
    Се рути карпа — мрак!
    И петли в село пеат
    и зората се зори —
    над карпа в крв се мие
    и темнината пие
    силно
    светнал
    ден!
    Пробудете се морни
    копачки и копачи —
    на трудот
    црн
    народ!

    Со мотика на рамо
    за корка сува леб,
    по патиштата стрмни,
    по полињата рамни,
    у вивналиов ден
    да тргнеме и ние
    страдалници од век!
    . . . . . . . . . . . . . . . . .

    Да прокопаме меко
    полињата родни
    афион, тутун, житце
    да родат благородни.

    И по кривите вади
    да пропуштиме води
    за оризите млади
    и зелени лободи.

    На работа!
    На труд!
    . . . . . . . . . . . . . . . . .
    . . . . . . . . . . . . . . . . .

    Та не сме саде ние
    та не сме саде тука —
    ние сме по цел свет
    безбројни
    милиони,
    на трудот
    црн —
    народ!

    Да биде честит денот
    и првата ни стапка
    у првиот ни век!
    Ќе мине силен ек
    Ќе б’сне сонце златно —
    по секаде на светот
    ќе згине срамно гнетот —
    ќе л’сне живот нов!

    И реки ќе потечат
    и бреме ќе одвлечат
    на вековите смрт!

    Реките од живи
    и пробудени сили
    на копачи
    копачки
    и страдни
    голи
    гладни
    по целата земја!

    Се к’ти ноќта црна!
    Се рути карпа — мрак!
    И петли в село пеат
    и зората се зори —
    над карпа в крв се мие
    и темнината пие
    силно
    светнал
    ден!
    Пробудете се морни
    копачки и копачи —
    на трудот
    црн
    народ!
    И „Елегии за тебе“, гледам ја имаат ставено пред мене..

    Потоа , Гане Тодоровски со

    ЉУБОВ

    Милувам прашинка да си,
    тих повеј да ми те донесе...

    Прашинка љубов, прашинка ништотна,
    прашинка невидна,
    но сепак љубов, сепак љубов.

    Дај да те имам во дланкиве
    Нетежина, Несетило.
    Дај да поверувам дека си во мене,
    стуткана некаде во мене.

    Милувам прашинка да си,
    Тих повеј да ми те донесе...

    Како што на пролет цветниците зачнуваат
    дај да те заплодам,
    за да се родиш во мене
    љубов богатница, љубов имовита,
    љубов плод љубов надрочен.

    Милувам прашинка да си,
    тих повеј да ми те донесе...

    Но, јас те имам немаштино
    најтрајна недостиг,
    најблиска недофат,
    најголем недорек,
    па место грижата за тебе
    поначесто сум доволен од себеси.

    ГЛАС

    Пак ме сонуваше, нели?
    Не реков: не. Не пуштив гласен крик.
    Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
    секој ден, секој час, секој миг.

    Сон биди, сон што ме мами,
    сон в денот, ден в сонот, сон будно бладање.
    За да се разберам колкав сум самик,
    да го зачекорам честакот Човешко Страдање.

    Пак ме сонуваше, нели?

    Да реков: да, ќе пуштев гласен крик.
    Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
    сон вечен, вечна недостиг.

    И целата збирка од Петре М. Андреевски „Дениција“
    Ќе ја одвојам мојата омилена..

    Кога ја љубев Дениција,
    како да калемев светлина на мракот,
    како да топев снегови фатени во движење,
    како да станував единствен сведок
    за бакнежот меѓу металот и громот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да му пронајдував брзина и на каменот,
    како да ја одделував душата од телото,
    како да го палев барутот,
    на тилот од смилот и трендафилот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
    како да ги откривав сите рудници на злато,
    како да добивав телефонска врска со сонот
    од сите успани работници.

    Оти ја љубев Дениција,
    како што ги отворав пролетните аптеки,
    сместени во гласот од славејот,
    како што славејот ги спријателуваше
    небото и земјата,
    како што таа ми ја одземаше тежината,
    додека трчав кон неа,
    како што не можев да видам ништо освен неа,
    како што таа живееше додека јас умирав,
    како што и јас не знеав како би умрел,
    ако таа не се родеше.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да учествував во создавањето
    на првата Македонска Држава.

    (Дениција, 1968)

    Ацо Шопов


    Раѓање на зборот

    Глужд на глужд.
    Камен врз камен.
    Камена шума
    изѕемнина.
    Глужд на глужд.
    Камен врз камен,
    од камен и ние обата.
    Чади ноќта.
    Зборот се двои од темнината.
    Модар јаглен му гори во утробата.
    О ти што постоиш зашто не постоиш,
    небото го лулаш,
    земјата ја вртиш.

    О ти што постоиш зашто не постоиш,
    земјата јачи под камени плочници.
    Иде замелушен од своите смрти
    Зборот што ги крши сите слепоочници.
    Глужд на глужд.
    Камен на камен.
    Својот гроб со прокуда го копам.
    Отвори ме
    проклетио,
    ти тврдино камен,
    да изгорам во јагленот на зборот,
    да се стопам.


    Третата молитва на моето тело

    Што си: девојка, жена, мајка? Што си
    ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи
    телото мое, молитвено што клечи.
    Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.
    Што си: девојка, жена, мајка, што си?

    Што си ти застаната со спокој темен
    пред ова тело чиј глас со виј го гони
    ветрот што лута, под тајни небосклони,
    чиј глас е жед и виј на вијот земен.
    Што си ти застаната со спокој темен?

    Што си: девојка, мајка, жена
    ти - скаменета пред влезот на овој храм
    со моќно име: ПОБЕДУВАМ,
    па ова тело возвишено го крена.
    Што си ти: девојка, мајка, жена?


    Во тишината

    Ако носиш нешто неизречено,
    нешто што те притиска и пече,
    закопај го во длабока тишина,
    тишината сама ќе го рече.


    Од романите и делата би ги издвоила „Крпен живот“, "Црно семе" на Ташко Георгиевски, "Големата вода" на Живко Чинго, "Индиго Бомбај" од Јагода Михајловска Георгиева , "Тајната на бакарната книга" од Александар Донски, "Вештица" и "Папокот на светот" од Венко Андоновски ...
     
  17. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Има уште или толку беа?
     
  18. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    66
    Дали може кратка содржина на "Чест"? Ја најдов целата драма на интернет, меѓутоа ми треба итно, треба да одлучиме за на училиште која да ја спремиме за претстава. :)