Темата е за дискутирање на јавните личности во Македонија и настани и случувања поврзани со нив. Ве молиме да се воздржуваме од употреба на навреди и деградирачки тон.
За пејачи. Калиопи, вешт вокал, снажен вокал. Тамара Тодевска, моќен вокал, волумен. Останатите треба доста да поработат.Се шо пејат е океј али ништо преку тоа. Не знам дали сте слушнале за Мите Стоилков добаро пее забавна музика. Антонија Гиговска добра артикулација, верува и се додека пее т.с има сосема зрела емоција за нејзините години. Јас се надевам брзо ќе сфатат дека под македонско небо нема музички успех и ќе ја напуштат државата.
Сево ова ради една "инста блогерка"? Среќа не е некој кардиолог или пулмолог. За нив не се затвора тема.
Прекрасни се сите македонски јавни личности. За нивните таленти надалеку се слуша. Успешни претприемачи и репери за општеството. Совршени во секое поле кое што ќе решат да се занимаваат. Какви доктори, адвокати, економисти, треба сите да земете пример од нив. Ако некој не се согласува со ова сигурно е љубоморен. Вакви луѓе ни требаат повеќе да не оправаат. Ајде заедно да им кажеме БРАВО!
Се сложувам дека се пре кра сни. Ептен. Никогаш не грешат. Не оговараат. Не се злобни. И само својата работа си ја гледаат. Ич не се однесуваат како тодлери на кои си им зел играчка. Браво за нив Чист талент и фер плеј
Не само што се прекрасни,безгрешни,него и секој еден од нив е голем хуманитарец.Никогаш не кажале лош збор едни за други.Секогаш се први кога треба да се приклучат кон некоја поддршка. Еве како во случајот со Јавна соба.Свака част за јавните личности,сите до еден излезени на протестот.Фатени за раце сплотени едни до други.
Ние немаме јавни фаци, ние имаме селебритис, родени под најсјајната ѕвезда, чисти како солза. Пленат со убавина, искреност, талент, елоквентност. Можеме многу да научиме од нив. Нема на детето книга да му давам, по цел ден ќе гледа телевизија, ќе седи на инстаграм и ќе учи од најдобрите. Треба секој да се огледа на нивната виножитна фигура и дело. Немам зборови. Колку сум среќна што се родив во Македонија. Аххх
Не пишувам многу, но пишувам квалитетно. Дојдов само да ги пофалам сите славни, помалку славни и оние што планираат да станат славни. Не знам кого да издвојам, а да не пропуштам некого или да згрешам нешто. Ми се допаѓа многу начитаноста, хуманоста и нивното широко разбирање и почит кон својата публика. Тоа што го пласираат мене ми е ѕвезда-водилка низ животот. Благодарам што оддвоивте време да ме прочитате.
Привилегија е да бидеме опкружени со такви сестрани, мултиталентирани, харизматични јавни личности. Смислата на мојот живот ја наоѓам следејќи ги на Инста. Непресушен извор на мудрости. Им се восхитувам на пожртвуваната работа и за културниот придонес во земјава.
Патем, ко ангели ни ја осветлувате Земјава. Да не бевте вие, ние ќе живеевме во темници. Кај ќе згазите, таму се позлатува. Нашата храна не се споредува со Вашата. Ние грав, вие желе?
Се’ само у суперлатив. Прекрасен пример за младината, посебно инфлуенсерките. Никогаш не сме имале подобар пример за тоа како се создава сопствен бренд, од моментот кога се раѓа идејата, до креирањето на најситните детали поврзани со истиот. Сечење декларации со ножици затоа што навистина, секој почеток е тежок. Посебно кога се вложила огромна сума за производство на толку квалитетни парчиња, позлатени. Научив дека навистина СЕ’ се постигнува со многу, многу напорна работа. Ви посакувам многу понатамошни успеси и лесни заработки од вашата и те како тешка професија. #купувајтемакбрендови и да, ширете само љубов, таа ќе не спаси сите
И кога ни се лутат, за наше добро е. И ако вриштат "тужбааааа" боље сами себе да се тужиме, да не им трошиме драгоцено време да ни бараат IP адреса. Само љубов, позитива, граффф фуј фуј фуј. Ако имаат нешто да шитнат , обавезно да купиме, и амајлија да ни биде, дома во посебна витрина со стакло да чуваме купеното. Лајк и шер редовно , ритуал да ни стане.
Немам една омилена македонска јавна личност затоа што сите подеднакво ме инспирираат, ме водат низ животов со нивната претстава за трајни вредности, висок морал и општествена одговорност. Ми се доапаѓа што се инволвирани во најзначајните теми за општеството и придонесуваат кон развиток на истото на најхуман начин. Меѓу нај нај нај омилените би ги издвоила Марјан Стојановски, Блага Петреска, дуетот Селимова-Желчевски и Ѓорѓи Крстевски. Тоа што решиле јавно да си го сервираат животот на тацна за да прават пари од тоа не значи дека ние треба да го гледаме и да имаме мислење за него. Доволно е само (дебело) финансиски да ги подржиме нашите најсакани јавни личности. Нивниот успех е успех за нас! П. С. Едвај чекам Валандово Фест и Цветници.
Мислам дека единственото убаво во оваа наша земја се тие, тие го прават ова парче земја за живеење да биде подобро