Здраво на сите, кој има искуство со градење на куќа и адети кои се прават,молам да сподели. Јас имам веќе некое инфо, но секој различно кажува, па ме интересира мислење на членовите. Благодарам
Јас имам видено бизарни адети, како при изградба на темел ставаат јагнешка глава и околу неа расфрлено пари. Иако имам читано дека Исус бил против жртвување на животни. Еве нека каже @Orthophill
Постои чин за благословување на темели на куќа. Господ Иисус Христос не бил против жртвување на животните, но после Неговата Жртва со крајното Божјо понижување преку плукање, тепање, камшикување, распнување на Крстот и смртта, на Бога не му треба ниедна друга крвна жртва, туку на секоја литургија самиот Христос се жртвува повторно и преку Лебот и Виното - вистинските Тело и Крв Христови ние се соединуваме со него. Колењето на јагне и фрлањето на главата во темелот е муслимански обичај, но кога христијанинот коли курбан тој Го понижува Христовото Страдање.
Оффопик ме интересира, имам видено блиски како носат јагне во црква. Живо е. Нели е и тоа исто како курбан? Не е мртво, ама се знае со која цел го носат.
Навистина тоа со ставање главата од јагне во темелите ми е некако многу варварско, паганско... Како може човек да верува во Бог, и да мисли дека Бог ќе ти ја заштити куќата и домот ако му оставиш глава во темелот... во кој Бог веруваат луѓево, не ми е јасно. Единствено нешто што би требало да се направи е да се освети куќата/темелите. Се надевам народов кој секоја генерација е пописмен од претходната ќе почне да чита повеќе и да дознава за нашата православна вера, и да се исфрлат бизарни обичаи кои реално се навреда за верата и Бога.
Во македонскиот јазик многу често се мешаат значењата на дар и жртва. Жртва е кога нешто се принесуваме на Бога со свештенодејство, а дар е кога нешто се поклонува на Бога, светец, храм, манастир и слично, но не е вклучено свештенодејство. Пример за дар: Ако однесеме јагне в црква или в манастир со цел тоа да биде заклано и изедено за време на некој празник, или ако се заколе јагне за да се нахранат луѓето што ќе дојдат на осветување на темели, или пак да се однесе јагне за да биде од помош на манастирот, тогаш тоа е христијански. Пример за жртва: Но, ако однесеме јагне и очекуваме попот да го пее, да се редат свеќи по рогови, па обредно да се коли, па да се употребува крвта за некои ритуали, да се мачкаат со крвта неа или пак главата да се става во темели, како демек ќе ја штити куќата, или кокошки да се колат по гробишта и да се закопуваат во гробови тоа е веќе надвор од секој ум и разум. Кај Бугарите, па и кај Грците ќе слушнеме, попот го благослови курбанот. Тоа не се однесува на жртва, туку тие курбан ја нарекуваат празничната храна, која најчесто некој ја донирал.
Тоа може порано така правеле постарите, не верувам дека сега младите прават вакво нешто, само викаат поп да ја освети куќата/станот. Вакви работи и поповите не дозволуваат. Принесување жртва и колење курбан се муслимански обичаи. Брат ми и татко ми починаа во рок од 10 дена, и нас свекрва ми ни кажа да нашла кокошка да сме ја заколеле и да сме ја ставеле во гробот, да не оди трет од фамилија. Јас и кажав такви работи нема шанси, и мајка ми кога ова му го кажала на попот, и кажал не. Оф топик, се надоврзав на твојот пост, дека колење курбан и принесување жртва е муслимански обичај. Ова може да го има се уште само по селата и во руралните средини.
Млади луѓе градеа куќа, образовани ќе речеш, вртам по сликите на фб и гледам јагне мртво.. и јас мислев дека тоа останало на постарите генерации. Башка не се од рурални средини. Убаво рече Ортофил, не се едуцираат луѓето. Сме биле многу години под турско робство, плус тоа муслимани, а ден денес некои луѓе практикуваат вакви бизарни работи. Според некоја моја логика, можеби од таму произлегло курбан со глава. Не знам, можеби и грешам.
Пред да се стават темелите бев во црквата и побарав поп да разговарам Му кажав шо е работата и рече Цитирам -Мене ми треба црвено вино и камен Ми напомена ако колиш јагне јас не идам Тоа е од црквата се друго е од народот Злато,јагне, па на лист да се запишани имињата на тие шо ке живеат таму,те да било на млада месечина те да било сабота.... Затоа јас си ставив сама камен,златно приврзоче и имињата наши во тегленце и сите ставивме пари,парите си ги земаат мајстороте па после ставија бетонот. Ни поп не викнав. Не ке осветува на секое. Пред да седниме ке викнам поп ке освете и ке ги викнам моите и неговите на вечера кога ке преспиеме за прв пат во куќата. За другите планирана е журка со високи маси и жива музика некој друг ден Има адет и за кров Ја плачев кога го изведуваа Многу ми беше убаво Кога редат керамиди на највисокото на сртот на кровот стават крст од дрво изкован на крстот оде крпа цвеке и вино треба Главниот мајстор се качува кај крстот и почнува да вика Ехееееееј. Господи денес пр Перо и Петранка прават куќа,дај му здравје среќа многу деца внучиња итн реде благослови а јас му подавам дар и го забесува на крстот . За секој мајстор по нешто И гостите шо ти се и они носат дар крпи чорапи пижами блуза кошула шо милуваш тоа После ручек се дава
Мене и викање поп ми е глупост, не па глави од јагниња во темели. Пеењето на поп и ,,благословувањето" го доживувам како измислица на црквата за да лапа пари. Ценовници за секакви измишљотини. Ако постои Бог сигг нема да ти чува куќа оти на некој поп со џип и земјиште кај Холидеј Ин, си му дал/а да ти пее и ,,осветува" темел. Еве еден адет кој јас го знам, одиш и донираш на болни луѓе колку имаш за темелите да бидат цврсти.
Луѓе што зборите бе, мртви јагниња во темели???? Кај живееме и во која година? Ние во станов само поп викнавме и тоа по инсистирање на татко ми, поише од тоа фала богу и тој не сакаше.
Дали се нормални луѓево да веруваат во вакви пагански обичаи. Каква глава луѓе, 21 век сме. Уште што не ќе слушнеш.....
20 луѓе сликани околу главата, па едно кадро и јагнето како лежи мртво..сликата беше гнасна. Слично беше со далечни роднини од едно селце, утепале свиња, таа целата у локви крв, па друго кадро со тоа чивтето. Одма рипорт и нив и бришење од пријатели. И јас сум јадач на месо, и сите знаеме кој е процесот за да има месо у маркет, ама колку треба да немаш мозок у глава такво нешто да ставиш на фб.
За жал многу има такви случаи. Како имаат совест прво да убијат па слика да стават. Најчесто тоа се тие што ловат диви животни по шумите. Срамота и греота за животното. Одвратно.... Точно и јас јадам месо. Не знам какви луѓе се тие што ги колат животните јас такво нешто да видам од срце не ќе можам да го извадам, па уште за на фб слики. Немам коментар...
Кај нас во фамилијата има многу што граделе куќи последниве години ,ние имаме две наследени од дедо ми па немало потреба од градење и правење адети.Од адети само овој со кровот што го пиша Алиса се изведуваше други пагански вакви адети со јагниња,па да не било сабота или понеделник кога ќе се почнало да се прави куќата,да не било полна месечина,па да немало умрен во фамилијата ако имало да се чека година па да се почне да се прави куќата,благословување на темели од поп итн итн не се изведува. Секаде каде што бевме се изведуваше овој адети и толку.