Македонски менталитет

Discussion in 'Општи дискусии' started by rossonerka, Jul 30, 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,291
    Постои ли македонски менталитет? Или тоа се човечки особини кои се застапени кај секој човек, кај некој повеќе, кај некој помалку.
    Но се генерализираат неколку човечки особини и често знаеме да речеме ,,ахх македонче, таков ни е менталитетот". Менталитет кој сметам дека со години полека си се гради и си се издвојуваат некои особини.

    Имаме позитивности и негативности секако.
    Би набројала неколку што ми текнуваат во моментов. Вие слободно додадете или коментирајте дека не сум во право за доленаведените :)

    Прво би го спомнала оговарањето. Кој со кого бил, што праи комшијата, ќе направиме цел список на пријатели кој со кој се мувал и спиел, кај искача некој сега во понеделник со пијаниците ... Никој не гледа што има во свој двор, ама затоа се е запазено што се случува во дворот на комшијата. Главна филозофија е: Да му цркне козата на комшијата!
    Низок степен на самокритичност. На нас сите други ни се криви. Ние виновни? Ма нееее. Ние сме најдобри и најпаметни, а сите околу нас се спротивното. Мил он и најпаметен на мајка :D
    Мож втори на список сме по мрзеливост и безделничување (први црногорците ете нивен знак на менталитет :)), не ни се работи, само да дремеме на на кафе, да безделничиме, кај нас кафулињата 24 часа да работат сите ќе имаат 24 часа работа. Нормално мора да се видат луѓево да изоговараат. Иако тука има и една позитивност во нашиот менталитет. Сме комуникативни и сакаме забава. Кај нас има забава 7 дена во неделата. Весело е, расположени сме, сакаме да се дружиме.
    Висок степен на некултура и нецивилизираност. Не сакаме да почитуваме законите туку од инат правиме спротивно од нив, а штом не фати чичко полицаец се јавуваме на нашиот пријател полицаец да ја среди казната и потоа ја пцуеме државата и законите европски што ги донесува. Aх да пцуеме секојдневно, константно. А и после бистриме политика дека сакаме во Европа нели.
    Кога сме кај политиката ја обожаваме. Секој втор муабет е политички, кој зашто како, не краде или не не краде, книшка партиска, тепачки, растур на пријателства ...
    Најголемата позитивност гостопримливи сме. Ги почитуваме странците и секогаш сме тука за нив за нивните приказни и да ја исплукаме државата наша :)

    И за крај ќе го завршам овој пост со една песна
    http://www.youtube.com/watch?v=FfUETPbG34g
    Чудна работа е овој наш менталитет
    завист, љубомора, криминалитет
    себеси не се гледаме, а другите да,
    од времето велат била главна причина
    Пеери, наркомани, разни глупости
    Овој жена немал-имал пак ја оставил
    озборувања, афери и измислици,
    Секој знае наредно што ќе ни се случи :)
     
    PaLaVa, LaChiquita and Phyramide like this.
  2. Arris

    Arris Истакнат член

    Joined:
    Jul 30, 2011
    Messages:
    89
    Likes Received:
    22
    Хахахахаха дефинитивно не опиша нас македонците :D сметам дека постои затоа што карактеристикиве што ги наброја не опишуваат нас како народ, што во другите земји горе-долу е слично али и доста различно па затоа и сметам дека постои македонски менталитет што си е карактеристичен за наше поднебје :) Такви сме ние со сите наши позитивни и негативни страни :D
     
  3. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Joined:
    Jul 19, 2011
    Messages:
    232
    Likes Received:
    101
    Само нешто имате заборавено, за по дома, зборам за во Македонијава секој од секого е "попаметен" и секој на секого знае да му соли памет и да плука по другиот без претходно да се погледне себеси, ама кога се работи за некој однадвор, е тогаш му се клањаме до не знам каде, се што прават тие ни изгледа правилно и веднаш го прифаќаме (премногу сме подложни на влијанија), без претходно да преиспитаме и критички да размислиме дали тоа нивното е во ред или не, веднаш стануваме "безкичмењаци", јас лично мислам дека патиме од комплекс на пониска вредност кога се работи за останатите и од долгогодишно верување дека сме помалку вредни од нив нажалост тоа стана и реалност. Наместо да научиме да го цениме она добро што го имаме а тоа што не чини да го поправиме и тоа што го немаме да се потрудиме да го добиеме, ние упорно тонеме во "сенационална депресија" и продолжуваме од една страна да си го наметнуваме синдромот на жртва (божем другите ни се криви за се) а од друга самите ги величиме нив и се потценуваме себеси. Ако ние не се цениме како народ, не можеме да очекуваме и другите да не ценат. А колку повеќе се наведнуваш, толку повеќе и ќе те газат
     
    Tanjamm likes this.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    1,674
    Likes Received:
    7,657
    rossonerka, под ова што го наброи јас го подразбирам како предрасуди за одредени националности. Барем ние така учевме во основно.
    Е сега точно е дека секоја нација се разликува од другата, но главно сите помали држави, градови, села и општини го имаат истиот проблем - што ќе кажат комшиите?
    И плус низ целиот свет ќе сретнеш и културни луѓе и простаци, и мрзеливи и амбициозни. Во помал или поголем број.
    Јас мислам дека ние и немаме македонски менталитет. Затоа што факт е дека сеуште стои турскиот менаталитет во нашите простори. Е тоа ни оставија османлиите.
    Не сум била присутна во друга држава, подолго време, за да знам добро како се однесуваат другите. Али сигурно не за џабе се вели точен си како швајцарски саат или пак има милион вицови за мрзеливоста на црногорците.
    Јас отсекогаш сум ги одбегнувала овие предрасуди, и не само за нациите, туку и за расите. Но ако на мало дете уште од рани годинки му велиш дека е крадец и дека е лошо, тоа и такво ќе стане.
    Така да менталитетот, според мене, е многу деликатна тема.
     
  5. Oksigen

    Oksigen Истакнат член

    Joined:
    Jul 18, 2011
    Messages:
    31
    Likes Received:
    11
    1.Постои само начин на живот.Ние, граѓаните на МК имаме наш начин на живеење.Врти сучи скоро во сите делови на македонија е истата приказна, како во нашата метро-пола, метро-седумдесет и нешто.
    2.Од една страна позитивно е тоа што можеш да направиш било каков муабет со твојот сосед, или пак со твоите пријатели.Па макар било и оговарање.Иако и од тука би издвоил муабети кои се прават а не се во контекст на трачарење.Пример да ја земам Виена.Таму никој не се замара што прави комшијата.Дали уринира во дворот во 10 наутро или во 10.30.Таму се како утки, во буквална смисла на животот.Програмирани се точно во 07:00 да станат, во 8 да се на работа.Да работат до 3.Да дојдат дома да јадат да одморат и да гледаат ТВ или да играт некоја друштвена игра.Па и тоа е досадно, а плачат за трач кафе со комшијата за да ја оговараат новата сосетка германка која има бујни гради.
    3.Не се сложувам со тебе.Секој си е различен карактер.Тука неможе да се разговара.И во глобала грото да се повеќе такви, пак има исклучоци.
    4.Тоа е точно.И тоа е затоа што сме бадијалџии.Тука се е некако лежерно.Додека некој германец црнчи од понеделник до сабота, и единствен ден за одмор му е недела размислува дали ќе излезе на кафе или ќе си го помине последниот ден од викендот со неговите најблиски.Ние сме познати неработници.А стално плачеме дека нема работа, а одиме во ало ало на кафе, пушиме екслузивни цигари и имаме убави телефони.Да не зборам за коли.
    5.Не сме демократска држава.Што повеќе од тоа.Како може 1 претседател на Кина, да контролира милијарда кинези? :) Комунизам :) Направиш глупост ти сечат глава.Се дава стравот директно во коски.
    6.И тоа само кога сме под дејство на алкохол ;)
    7.Не ја плукаме државата ама се жалиме колку мала плата земаме, а колку сме „вредни“ :D
     
    Tanjamm likes this.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Joined:
    May 25, 2011
    Messages:
    1,307
    Likes Received:
    2,371
    Многу добро си го склопила мозаикот на нашиот менталитет но би додал уште нешто.

    Зависта е на завидно ниво, чим јас немам не смее ни тој да има, ако има мора да е нечесен или имал премногу среќа. Никој не се радува на туѓа среќа туку баш напротив.

    Гостопримливоста е само за странци, за наши сме нешто сосема друго.

    Отвореноста и дружељубивоста е малку изнасилена затоа што се повеќе се луѓето групирани во ситни друштва кои се знаат со години и тешко прифаќаат нови лица во друштвото.

    Машко-женските односи се сеуште на ниво на турско, премногу црно бели и лесно се лепат етикети без никаква основа посебно кај девојките.
     
    Tanjamm likes this.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,102
    И тоа како си имаме ние наш менталитет за кој треба многу време и труд да се искорени, за наше добро нели? Пусто турско, а и пуста сиромаштија...
    Се дури се живее по три или четири генерации во една куќа, каде сеуште се слушаат приказните и 'правилата на игра' од баби и дедовци родени во втора светска војна па и порано, ги слушаме нашите мајки како ги оговараат комшивките дури пијат кафе-која друга потврда би ја имале дека имаат добар живот ако тоа не е фактот дека комшивката има полош, ги слушаме нашите татковци како пцујат и плукаат по политика и политичари затоа што не успеале да створат повеќе за својата фамилија а им е тешко да признаат дека во најголем дел и самите се виновни...
    Кога ќе слушаш постојано како е некоја курва затоа што носи многу кратко и сменила неколку дечковци, кога поим за фраеризам ќе ти биде твојот татко, чичко или постар братучед кој се опива на свадби и се дери по свирачи да му ја засвират омилената дур он акнува чаши од земја дирнат длабоко од песната...се вкоренува тоа во тебе...
    За работа-уште слушаме приказни за тоа како било во време на сфрј, како земале високи плати а работеле сосем малку, како се поткраднувало и тоа е сосем нормално, сите крадеа тогаш а никој не отиде во затвор, од каде сега овие правила и закони ги измислија? Што ако плукнам на улица, сум возел малку пребрзо или без каиш, Боже мили зар за тоа се казнува? Пу да ти и.ам државата... :^)

    ...И углавном така се калеше челикот...така се ствара младина која за друго и не знае, се дури не излезе од границите и не види друг начин на живот...
     
  8. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Joined:
    Aug 2, 2011
    Messages:
    341
    Likes Received:
    67
    Опис на Македонците! Дефинитивно сме си такви!
     
    Tanjamm likes this.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,825
    Добро бе, зошто дури сега ја гледам темава? :D Битно си пишав нешто слично во СДК.

    Да да, постои менталитет. Можеби не може да се каже дека ни е во крв да сме мрзливи, затоа што луѓе има секакви ама на пример за се да ни е виновна промајата, е тоа е веќе менталитет! :D
    Не стварно, познавате некој да не ви каже - еј пази, на промаја си, затварај прозорот! Јас не познавам.
    Или онаа наша навика да уживаме во јадењето, мањана брате, ракииче, салатиче, узо, сиренце, што и да е, па си седиш, си уживаш максимално мислиш целото време на светот си врви онака ти како што сакаш.
    Ова е одлика на сите јужни народи, не е само македонска, но мене лично ми се допаѓа.

    Или нашено типично - еј имам обврски, и гледаш се брза на кафе да седне. А кога сме веќе кај кафето - е кафето ти е институција. Фирма, куќа, стан, абре и на пазарче ако не видиш минијатурна плинска боца за правење кафе, дефинитивно тогаш не си кај Македонци на гости :D
    На работа - чекај да пијам кафе прво, после два саати, ај едно кафе да си напраиме, за ручек, ај кафе, после работа се договарате со пријателите - еј ај на кафе. Имате желба за секс - срце ај кафе напрај ми.
    Многу малку крв во нашиот кофеински систем, многу! :D

    И за крај најпознатоно - трошиме брате ко за тројца а заработуваме за една половина едвај. Тој дел никогаш не ми бил јасен и би го нарекла феномен на македонското егзистирање. Сите кукаат немат пари, битно во 2 поручек сите кафичи се преполни. Го гледаш живее да не речам во шупа ама свадба ќе направи за 200 луѓе.
    Што би рекол еден тип, еее Пирамидче така ти е кај нас. Ти го прашуваш, колку заработуваш месечно? Он ти вика 250 евра. А колку трошиш? 450! Е како бе?! Е како де!

    Ете така, Македонче што да правиш :D
     
    Tanjamm, LaChiquita and Hipica like this.
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Joined:
    Apr 25, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    720
    Дека имаме некој менталитет, имаме. Мене ми смета што се повеќе почнуваат да се јавуваат фраери и фраерки на кои се нешто им смета, кои се однесуваат нели НА НИВО, да не си помисли некој дека конкретно сакам да посочам, не. Зборувам за луѓе што лично сум ги запознала. Се знае, ние сме си Македончиња, во многу моменти и сељачиња ама такви сме си. Многу поглупо ми е мене некој да глуми, а сите знаеме кој и што бил до вчера пред да почне да гледа мн филмчиња. Мене конкретно последно што ми засмета онака ептен беше сега на одмор во Грција, преку викенд дојдоа може 20 млади дечки и девојки и се стационираа на лежалките пред нас. Луѓе, од тишина и мир одеднаш на плажата настана општ ХАОС и урнебес :D Ми се чини дека беа погласни дури и од Грциве! Па тоа јадење го*на за секој на плажа, до толку ли се глупи да не сфатат дека 50% се Македонци и Срби :D :D Па вадење храна со тони,кобасици, јајца, па пиперки на плажа, патлиџани абе комедии онака да се скриеш под пешкир некој да не дознае дека и ти си Македонче. Ама такви сме си, што да се прави :rofl: До негде и ми се свиѓа што за никој увце не ги заболе, делуваа како примитивци ама па они си поминаа убаво
     
    Tanjamm likes this.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,578
    Дефиниција за типичен македонски менталитет е синџир од ретардирана раја која по секоја цена мора да прави исти работи.

    -Комшивката Стојна не ги вади доволно сарделите,иако и се убаво расцутени(додека јас дома немам ни сардели).

    -Ана се смува со мојот бивши. Па,таа е најголема курва во градот!

    -Марко од Танчевци вчера се врати во 1 саатот навечер мртов пијан. Го видов од тераса,станав да го испијам диазепамот. Пу,пу сигурно се дрогира.

    - статуси на фејсбук:
    * Сите почнавте да ја ставате на ѕид "На лута рана". Браво за вас!
    * Фејкери едни. Што се разбирате вие од музика. Само Пинк Флојд се добри.
    * Ајде престанете да постирате песни од Дејвид Гета, ми ги отековте ташациве.
    (иако на фејсбук имаш опција 'hide')

    Односно: не е кул да правиш работи што ги сакаш, ами тоа што другите мислат дека е доволно кул,за да бидеш и ти во нивната лига.

    Ми се случиле неколку средби со еден паметњакович кој е доволно разумен да ми кажи дека не сум кул затоа што не сум секој викенд во дискотека,пијана и не го имам смувано пола град.
    Затоа што на фејсбук не се правам тешко рокериште, а во Сабота се потам на Аца Лукас.
    Затоа што не сум роб на дискотеките, не по секоја цена.
    Сакам да си чилам и тоа ми е сасвим океј. Сакам да си одам на места каде што пуштаат музика што ја слушам и тоа ми е второ сасвим океј. Но, господинот, тежок фан на рокот мисли дека е премногу фејк што се дистанцирам од таквото општество.

    Не сум патриот и не ја сакам Македонија.
    Прва прилика ја напуштам државава, едноставно ме гуштат сите тие озборувања,кој со кого е, каков е, како бил облечен....
    Zašto u ovoj vukojebini sam ja odrast'o
    Gdje ne sm'ješ reći da si drugačiji glasno
    I zašto ovdje oduvijek je bio zastoj
    Ja ne razumjem to

    Kako da ovdje nikad nikom ništa nije jasno
    I sad nam je i gore nego ikad da smo
    Na vrijeme mislili sad ne bi bilo kasno
    Ja ne razumjem to

    Поздрав.
     
    buba4e89, Briar Rose, TS-310 and 2 others like this.
  12. Fibia

    Fibia Активен член

    Joined:
    Jan 10, 2012
    Messages:
    84
    Likes Received:
    22
    Делумно не се согласувам со креаторката на темава и нејзиниот став. Според мене не постои некој македонски менталитет зошто сметам дека секој град си е своја приказна. Од моето лично искуство можам да кажам дека размислувањата погледите па дури и хуморот кај луѓето варира впрочем ако земеме една проста споредба кај луѓето од два соседни градови ќе наидеме на илјадници разлики кои се уште по истакнати ако едниот град е поголем од другиот. Но верувам дека едно не поврзува ситеа тоа е желбата за потчинетост и префрлување зошто целиот свет оговара, е ниско самокритичен и самобендисан а ние сме оние кои секогаш во таа цела сторија се вметнуваме во улогата на жртва.Нормално постојат и исклучоци но сепак и тие ке се најдат на момент да кажат најчесто : "Сите не неќат, абе која е Македонија во светот".
     
  13. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    352
    Likes Received:
    633
    Ние македонци сме великодушни и отворени спрема туристи. Но, секогаш има дволичност и неверба. ЛУѓето незнаат што е човештина веќе. Сепак, како народ, сме позитивни некогаш, урламе на натпревари --- тоа ако е позитивно?? Што мислите??
     
  14. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Joined:
    Jul 11, 2010
    Messages:
    620
    Likes Received:
    583
    Кои туристи жити се??
    Кога ќе дојдат луѓе на околу 50-60 год. со ранци, кратки панталони,сандали и капи на главите, ние ко мајмуни ги гледаме, сите се смеат и гласно коментираат колку се смешни и од кај може да бидат.
    Кој туризам ние ќе развиваме жити мене, дојде некој од странство, еве да речеме Холандија, Шведска, Швајцарија... и приватните сместувачи одма цените во вис. Ако за скопјанец креветот за една вечер чини 300 ден, за странецот ќе чини 900.
    Исто и кога ќе влезат во такси, на пазар...секаде. :x
    Е тоа е нашиот македонски менталитет...да се искористи колку што може повеќе. Па тие многу знаат, мислат во Македонија дошле и се знаат...терај таму, исцицај ги, баш те боли брига дали ќе дојдат пат. |(
     
    Tanjamm and TS-310 like this.
  15. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    352
    Likes Received:
    633
    Да но сепак има луѓе кои биле во Македонија како туристи кои се задоволни од гостопримството :) За париве е да не е нај фер ама секаде е така, Турција, Грција, сите покачуваат цени за туристи. А, ако луѓе се по гостопримливи нема да доаѓаат само 50/60 годишни.. Ама се почнува од негде ;)
     
    Tanjamm likes this.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,511
    Likes Received:
    85,376
    Gender:
    Female
    Е да, си имаме некој менталитет карактеристичен за нас, да појдеме некаде во Европа лесно ќе се препознае од каде потекнуваме. :D
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,208
    Gender:
    Female
    Простичок народ, во најмала рака. Бавен.
     
    PaLaVa, done, Tanjamm and 1 other person like this.
  18. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Joined:
    Oct 3, 2014
    Messages:
    232
    Likes Received:
    242
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,713
    Gender:
    Female
    Во голема мерка, ниско рангиран.
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,426
    Gender:
    Female
    Постои.
    До пред година-две ептен бевме затуцани и се нешто беше срамота или неморално.
    Светот движи напред и сакале ние или не, нè влече и нас.
    Има прогрес кај народов, младиве генерации имаме мислам доста влијание врз менталитетот.
    Со секоја наредна генерација се повеќе и повеќе ќе напредуваме мислам дека
     
    Tanjamm likes this.