Во Македонија презимиња почнале да се употребуваат во 19 век (во Западна Европа неколку века порано). Презимињата најчесто се изведувале од лични имиња, и на почетокот се менувале од генерација на генерација. На пример ако Дедото се викал Никола, внукот е Трајче Николо(в)ски, но неговиот син нема да е Николовски, туку ќе го земе како презиме форма на името на својот дедо (синот на Никола) и така со ред. Друга честа појава била формирање на презиме од прекар или од занимање. Пример ако дедото бил учител (Даскал), фамилијата станува Даскалови. Е сега, во секое село имало даскали, значи теоретски може и секое село да има фамилија Даскалови, што не ги прави роднини. Или Фурнаџиски, Медаров, Говедаров, Брашнарски итн итн.
Колку што знам, правилото за суфикс на презимињата во Македонија гласело: - Доколку се наследува презимето од таткото/дедото, треба да завршува на ОВ/ОВА, во зависност од полот. Пр. Трајче Николов, а не Николо(в)ски. Изведено е на тој начин што се прашувало: Чиј е Трајче/Трајанка? Николов син е. На Никола./ Николова ќерка. Но после 1 Светска војна, а и за време на 2 Светска војна кај доста Македонци суфиксите се менуваат во зависност од тоа кој го држел под контрола тој крај. Па така најчесто во Источниот и Централниот, овие презимиња ги задржале ОВ/ОВА суфиксите, додека во Западна Македонија, за да направат Србите веројатно дистикција од Бугарските презимиња се сменил суфиксот во (В)СКИ/(В)СКА. Па Трајче, од Николов, постанал Николо(в)ски Чудно е како во Југо - Западниот дел се губи и тоа В, а причината зошто е тоа така, не ја знам. Битно е да се напомене дека пред 1 Светска Војна, во 19-от век, а има записи и од 18-от век од турски извори, Македонците не користеле никакви суфикси на презимињата, туку само го додавале татковото/дедовото име. пр. Трајче Никола. - Доколку презимето е изведено од занимање, прекар, местоположба или придавка, се додава наставка СКИ/СКА. Пр. Фурнаџиски, Медаровски, Говедаровски, Брашнарски, Преспановски.
Хм... не знам баш. Пример, говор прилепски- чиј е Трајче? Од фамилија Урдаревци т.е Урдарески. Не знам каква врска имаат србите со говорот, македонска јазична форма е додавката -ски/ска.
Секако дека е македонска јазична форма додавката вски/вска, ама како што напишав, по правило се додавала само кај оние презимиња изведени од занимање, прекар, местоположба или придавка. Во случајов Урдаревци е занимање, на луѓе што правеле урда, и затоа ги викале фамилија Урдаревци, и го добиле презимето Урдарески (ако се од југозападна Македонија), Сирковски, Пиперкоски итн. итн. Е, оние кои биле изведени од татково/дедово име како Николов, Стојанов, Трајчев, Наумов, за време на СХС, освен како што рече @Hacon што им го менувале во ИЌ на некои, на некои им го менувале со наставка СКИ, па дошле Николовски, Стојановски, Трајчевски, Наумовски итн. итн. А прашањето кај нив е тоа, Николов/а син/ќерка, Стојанов/а син/ќерка, и во множина секако Николови/Стојанови деца/внуци итн итн. Едит: Интересен пример кој доловува дека се менувале додавките во зависност дали биле под српска или бугарска окупација е презимето Попо(в)ски, кое во западна Македонија си ја задржала правилната форма со наставка (в)ски, додека во источна Македонија, го има како Попов, променето најверојатно од бугарите.
Малку поинаква ми беше перспективата. Пример, дедо ми можеле да го пишат на презиме по татко или по фамилија (човек роден меѓу двете светски војни). Хипотетички може да биде Урдарески или Стојанов, за да биде правилен одговор на прашањето- чиј е. А чекај, тие што немаат презиме по професија, немале ли професија? Извинете за оф-топик, ако воопшто има топик темава
Па можел ете да одбере повеќе варијанти. Кај нас често ги менувале презимињата, во зависност од периоди, и од тоа кој владеел тој период, местоположбата исто така играла улога. Пр. Знам човек кој се презива различно од татко му. (секој го носел презимето на својот дедо). Карма каша е правено со презимињата во Македонија. Имало и случаи каде наместо по дедо, наследиле по баба, по женската страна. Пр. баба им се викала Стојанка, Митрана, па станале Стојанови, Митреви. На мајка ми страната така го имаат добиено презимето. Сите дедовци биле убиени во војните, бабата била главна на куќата и по неа си влечи корен презимето, не по името на мажот и. Е сега дали овие што добивале по дедо/татко биле обични аргати кои немале некое битно занимање, ниту пак биле пре познати за да ги викаат по некој регион/село/придавка. Не знам.
Ова е точно. Македонците (Словените) од вардарскиот дел биле посрбени на времето и носеле презимиња кои завршувале на -иќ. Пред тоа во турско, доминантни биле суфиксите -ов и -ев, можеби под влијание на бугарската пропаганда, но не мора да значи, бидејќи бугарскиот јазик бил и е многу сличен со македонските говори. Суфиксот -ски се омасовува дури по Втората светска војна. Ни во Мк не ги менувале сите презимињата. По мајчина страна имам роднини чии презимиња се постари од 110 години. Односно, освен суфиксите, ништо друго не е менувано. И штом постои ваква тема, да напишам дека најутописки би било секој сам да одбира за себе назив, наместо по правило да искажува припадност кон семејниот клан (иако така ќе настане мал хаос ) Барем луѓето ќе бидат позадоволни. Вака, некои си го мразат името, а сигурно има други кои мразат да го делат презимето.
Јасно како ден дека тие додавки се вообичаени за словенски народ, ама останува факт дека на крајот од 19. и почеток на 20. век, луѓето во Македонијава главно носеле презимиња кои завршувале на -ов и -ев, додека пост IIСВ, повеќето од тие луѓе и нивни потомци се презиваат на -ски со цел дистанцирање од Бугарите. Полјаци, Руси нема во таа приказна.
Овие сите презимиња се добиени по форма на придавка/прекар, освен Пејчиновиќ, и тие си носеле додавка СКИ/СКА отсекогаш во Македонија. Еве пример во Галичник, кои си имаат уникатни презимиња, имало: Шаровци, Барјамовци, Карговци, Кауриновци, Бабалијовци, Бошковци, Кутревци, Личеновци (од овој род е Лазар Личеноски), Сарџовци (од овој род се Кајевски). А тие најчесто што биле изведени по дедово/татково име немале додавка во македонскиот јазик и се користеле така. Дедо му се викал Тане, тој се презивал Стојмир Тане. Овакви примери највеќе имаме останати во Охридско, Мала Преспа и тој дел под Албанија што е каде што си го задржале тоа презиме и не ставиле суфикс ОВ/СКИ. Пр. Јана Бурче/ска. Деспот, Крале, Маленко, Цуцуле, Царуле, Рибар, Мерко, Цаца, Саботко, Кузман (Паско Кузман), Селчанец, Караџа, Мавро, Стале, Марко Цепенко во некои рани публикации, па променет во Цепенков подоцна. ОВ/ОВА и СКИ/СКА се воглавно словенски суфикси како што се и ИЌ. Ние веројатно под влијание сме ги земале од страна на Бугарија/Србија. Додека СКИ, кај нас не се користел како суфикс, ниту се менувал по род, туку како дел од прекар, местоположба, село, занимање, што е различно од пример во Полска каде што СКИ го користат како суфикс на презимиња (покрај другиве) изведени и од лични имиња. Кај нас тоа се случува во период на СХС, Југославија пред 2 Светска војна, и сигурно продолжено е и по 2 Светска да се менуваат од ОВ/ОВА во СКИ/СКА за дебугаризација. Кузман - Кузманов - Кузмановски Еве некои податоци од архиви, од Битола 1 Bozin,Stefan Bitola, Turkey 1907 25 2 Constantin,Wasil Bitola 1906 15 3 Fovanof,Cuetan Bitola 1904 24 4 Gheorgluff,Mitsi Bitola, Turkey 1910 31 5 Janas,Tole Bitola, Turkey 1910 34 6 Kristo,Zlia Bitola, Bulgaria 1910 17 7 Mikal,Gheorghi Bitola 1907 21 8 Mitre,Eale Bitola 1907 36 9 Mitre,Tacko Bitola, Macedonia 1913 32 10 Riste,Fzdam Bitola, Turkey 1907 26 11 Spiro,Јovan Bitola 1907 29 12 Velian,Talse Bitola, Turkey 1907 25 1 Amastas,Milos Bitolia, Gurkish 1906 35 2 Andreas,Christo Bitolia 1904 17 3 Consta,Dimitrios Bitolia 1904 17 4 Dunoff,Fazar Bitolia, Macedonia 1912 42 5 Hain,Jacob Bitolia, Gurkish 1906 25 6 Naoum,Consta Bitolia 1904 19 7 Panaghiot,Christo Bitolia 1904 17 И од архиви во Америка, сите се без суфикс ОВ/ОВА.
Дечки, дури сте на темава, може некаде да се побара семејно дрво? Си ги знам само до прадедовци и прабаби, ама сакам далеку поназад, имиња, од каде дошле, дали имало мешани бракови и слично. Има некоја институција такво инфо?
Тешко. Не ги ни заведувале децата ко шо треба... посебно тие од селата. Баба, дедо да ти раскажат. Дедо ми, по татко, ми кажуваше за нашото семејно дрво. Знам дека тој бил 7ма генерација што го носеше нашето презиме, што значи јас и брат ми, 9та.
Фамилијата на мајка ми си земале презиме, по селото од каде се преселиле. Напуштиле еден крај, дошле во друг крај, и земале презиме по бившото село. Замислете ако цело село направеле така, ќе звучи како сите да се роднини. Има многу македонски презимиња, кои личат на влашки, хрватски, а не се. Пред извесно време запознав еден функционер, човекот има презиме кое завршува на -чки и е ретко. Дома спомнав дека презимето е необично, а мајка ми му ја знае цела фамилија, така да ја разбивме мистеријата. Денес има родители кои прават експерименти со презимиња. Знам едни кои се презиваат на ски, па им текнало тоа било многу често презиме, па на -ва ставија презиме на детето, бувално самите го измислија по некој си прекар, па поселе се секираа дали кога ќе одат на одмор ќе имаат проблеми на граница поради тоа што носат мало дете со различно презиме.
Темава отиде во друг правец , ама многу поинтересен. Од страна на татко ми се 5 браќа и сестри. Дел се со едно презиме, дел со друго... а браќа и сестри се. На прашање зошто е тоа така добив одговор дека едните презимето го добиле (нормално) по таткото, а другите по дедото од страна на мајка им. А зошто, искрено не знаеше ни сам. Сега гледам модерно е и женските во презимето наместо -ска, редат -ски. Моментално каде што живеам( надвор од Мк) е нормално едно презиме и за машко и за женско и претежно се бунат кога ќе видат -а во презимето на жената или -и во презимето на мажот на крај. Една различна буква го сметаат како сосем друго презиме.
Со оглед на тоа што името и презимето заедно ми сочинуваат 20 букви, во екот на социјални мрежи бев принуден да скратам букви и си измислив ново уметничко презиме. Потписот ми е базиран на уметничкото презиме, го измислив уште кога бев малолетен и единствено место на кое се потпишував беа тетратките и така ми беше извежбан кога дојде ред да вадам лична карта, тој потпис си го ставив. Освен во формални документи, на ниедно друго место не го користам вистинското презиме и ретко кој го знае.
Во право си, не навлегов во толку детали пошто поентата ми беше дека нема логика очекувањето исто презиме по дифолт да означува роднинска врска. Во на маж ми фамилијата (Западна Македонија), три различни варијанти на презимиња се вртат. Тој е -иески, едни братучеди му се -ијевски, други братучеди се -иевски. Знам за повеќе вакви случаи и најчеста причина е (не)писменоста, или на оној што оди да го пријави новороденчето, или на матичарот што го запишува. Имам другарка со моминско презиме Спасевска, а брат и' и родителите се Спасовски, направиле грешка во матично и така останало. Друга другарка го зеде презимето од маж и', а на детето му дадоа ново презиме, баш според личното име на дедото, и неговите потомци некогаш ќе се чудат како им се сменило презимето. Најлош тренд ми е земањето на презиме на сопругот во машко род. Најчесто објаснување е дека доколку одат во странство, морале да имаат исти презимиња со мажот, инаку имале проблем со документите. Не душо, обично помодарство е во прашање, ако веќе си одлучила така бар биди на чисто со себе.
Замислете да сте живееле во Василево, па да сте Василеви откако сте се иселиле, или од Пиперево, па да сте Пиперевски, или од Подмоље па Подмољски, ете на тој принцип фамилијата на мајка ми си дала презиме. Или да сте од Новаци, па да носите презиме Новачки.