Ве молам ако може некој да ја анализира песната "Македонија" од Анте Поповски М А К Е Д О Н И Ј А 1. Стиснете ги тревките неа ќe ја исцедите. Наслоните се врз каменот името ќe и го чуете. Симнете се во рекине дното со неа ќe ве почести. Легните да починете и ноќта со неа ќe ве покрие. 2. На овој даб името ќe ти го напишам дождовите да го симнат жедните в земја да ги напоиш. На оваа нива грутка од тебе ќe посеам класатка да никне со неа внучињата да ни ги храниш. На овој рид ќe те оставам и кога ќe заминам пак да те гледам Голема. 3. Еве ја таа проста земја од дволичен камен и сонце Децата уште незаодени каде откопуваат лобањи по градините Еве ја таа проста земја од пајажина и од води Мудро слободата кај што ги запишува селските имиња Место икони по црквите И каде летото како судбина Трае до последниот востанат Еве ја таа проста земја од заморено дишење и од молк Низ која времето одминува и пак се враќа Со неа да го сподели лажното траење. О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски А никој не ја знае. 4. Се искачија маглишта по ридон нагоре - И месечината ќе ја украдат. Долу по рекана, Горе по добравана, Одѕива полено којзнае кој век Во војнички цокули обуено. 5. За рик волчји и уплав на небињата мојата земја е создадена Без чемреси и без божилак До капка, три дена пред да се покаже над мојата земја Гробишта облакот го исцицуваат И црна сенка од нож место крст каменот што те покрива го сени За вечни времиња. Зашто ништо друго не му прилега на ова диво билје и црногорица Освен да го чека недојденото. 6. Се изнагледав месечина. Како капка мојата изгорена душа Те испи за три животи напред и пак горам. Истеков со сите реки и празни корита им донесов на морињата - И за шпионот во твои меса ако се криел болка ме пече Зашто, ти од малена не научи Така просто, така јасно да си се разбираме Тој нож што нема - среќа нема. 7. 3а неколку нови чекори недостижност ме остави утринава зад тебе. Чинам се делиме: Твојот пат нагоре мојот пат кон тебе води. Стапни ме, во твоите корени скри ме никојпат да не се разделиме.
Утре правиме македонски писмена и темата ни е за делото Александар Македонски од Расин.. но есејот треба да има најмногу 180 зборови дали може некоја да ми каже како да започнам, или да ми даде по кој правец да го пишувам есејот.Благодарам однапред.
1.Што значи добивање зборови по синтаксички пат? 2.Дали Ацо Шопов има напишано песна до наслов "Рането срце" и ако има пишете ја #државен
[ Нешто како англиското moreover или more so. Се користи за додавање нешто на претходно споменатата информација, за засилување на аргументот
"УспеЈаа" е скроз погрешно. Минато сврешено од глагол "успеа" во 3то лице множина е "успеаа", со опција за "j" измеѓу двете а на крајот на зборот. Тоа најчесто зависи од дијалектот и регионот на народот кој зборува. Ама со "j" пред двете а, меѓу "е" и "а", во овој случај е грешка.
"Отишол човекот кај преторот да му се пожали дека некој јастреб му грабнал парче џигер; молел, колнел јастребот на суд да го повикаат." Дали во оваа реченица, последниот дел што гласи: ЈАСТРЕБОТ НА СУД ДА ГО ПОВИКААТ, може са биде пример за стилската фигура персонификација? Пошто нели тоа е кога на предмети и животни им се даваат човечки особини.
Не, затоа што во случајов на јастребот не му се дадени човечки особини (односно тој не направил ништо несвојствено за една птица). Доколку го повикаат, и јастребот отиде на суд, тогаш е веќе персонификација.
Zdravo! Dali nekoj gi ima eucebnicite po makedonski jazik za sredno? Dali nekoj moze da mi posoci na shto najmnogu da obrnam vnimanie vo podgotovkite za drzavna matura (konkretno za predmetot makedonski jazik)? Pishete mi ako mozhete da mi pomognete! Vi blagodaram!!!
Здраво ми треба итно одговор. Се работи за старословенски но и македонистите сигурно го знаат. Што значи тоа кога професорот Блаже Конески ќе ја признае демумно тезата на Емилиан Георгиев дека кирилицата е создадена побрзо отколку глаголицата. Во случајов каде е тоа делумно точното?
Дали некој подетално може да ми објасни за акцентски целости со проклитики и енклитики? И сакам да прашам во збор со негација на пример "не знам" и сега акцентска целост ќе биде акцентот на глаголот или на клитиката? Ни професорката не ја разбрав, еднаш рече на едното после па на другото дека е акцентот.
Може ли некој што студира македонски јазик и книжевност или веќе дипломирал да ми помогне нешто во врска со македонски? Благодарам.