1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонско НЕ(објективно) новинарство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bokicka, 29 јануари 2011.

  1. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Инспирирана од актуелните случувања со А1 Телевизија, информирањето и пласирањето на информации од страна на останатите телевизии во државава, ме натера да ја отворам оваа тема, во која ќе можеме да зборуваме за македонското НЕ(објективно) новинарство.

    Имено, денес политиката во Македонија е навлезена буквално во секој сегмент од нашето живеење. За жал, ја има насекаде и секој од нас некаде припаѓа или е повеќе наклонет кон едната или другата страна. Средина не постои, или барем не ни дозволуваат да постои, ако мислиме поинаку веднаш припаѓаме на противничкиот табор.

    Новинарството во Македонија според мене сега во овој момент доживува апсолутен колапс. А1 Телевизија која иако после случувањата на „Перо Наков б.б“, искрено веќе не можев ни да ја вбројам во телевизии, сепак колку толку беше еднинствената телевизија во земјава која што упатуваше критики на адреса на Валдата. Ова пак не им се допаѓаше на главните и решија по легален пат да си ја затворат.

    Со затворањето на А1 Телевизија како единствен медиум моментално во Македонија што е критички настроен спрема Владата, нам како држава ни остануваат само владеачко потпикувачките медиуми, кои известуваат за се, само за вистината не. Сега ќе слушаме на телевизија како само ружи цветаат во државата, како протестите се неуспешни, како лопатите секојдневно се фрлани, како нашата држава е најдобрата држава во регионов, па богами и пошироко.

    Се спуштивме на ниво, каде немаме повеќе извори од каде да ја слушнеме реалноста. Ја гледаме, но никој нема повеќе да зборува за неа. И полека но сигурно ќе се претвориме во диктаторска држава. Ќе почнеме како слепци да веруваме во се што ќе чуеме од провладините медиуми и со тоа ќе останеме имуни на сите случувања, реални случувања во земјава.

    И тогаш што? Што ли се случува со една држава која е соочена со НЕ(објективно) новинарство? Што се случува кога нема кој јавно да ја испердаши Владата? Како ќе се укаже на грешките? Како ќе воочат луѓето што навистина се случува? Што ли ќе се случи кога луѓето ќе гледаат и бидат принудени да гледаат само една и единствена опција која е апсолутно нереална?

    Девојки, ги очекувам, вашите размислувања на темава. Се надевам на конструктивна дискусија.
     
    На Phyramide, Trendafilka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Во Македонија нема објективни новинари. Колку и да биле ентузијасти, колку и да си ја сакале професијата, нема независен медиум во кој би можеле објективно да ја сликаат реалноста. Телевизијата, печатот... се’ продадено и исполитизирано. Сопственици на најголемите медиуми се политички фигури, па не би можеле да очекуваме поинаков исход.
    Наидувам понекогаш на некои убави текстови кои се објавени на електронски медиум, но ретки се, недоволни за да го сменат впечатокот за оваа професија во Македонија. Убава и благородна професија по дефиниција, но ова кај нас не може да се нарече новинарство.
    Продадени души.
    Секоја чест на исклучоците, иако во моментов не можам да се сетам на некој таков.
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Бокичка се убаво си напишала, што мислам дека нема ни потреба јас да те дополнувам.

    Само едно ќе те поправам, дека во Македонија не доживува колапс само новинарството. Секој сегмент, буквално секоја честичка на територијата на Македонија е загрозена од политика. Јас која што мразам политика, се најдов во ситуација да мора секој ден да слушам, да следам, ако сакам да си ја зачувам задницава. Едноставно не е можно да си го пуштиш мозокот на пасење и воопшто да не се грижиш ни за новинари ни за политика ни за ништо.

    Коментари за нашето "новинарство" не се ни потребни. Тие што се наклонети кон власта тие ќе си профитираат, тие што ќе одбијаат да бидат газолижачи ќе си седат на столче пред владата и од таму ќе си емитуваат вести. Жал ми е за А1, не за Велија, ама за А1 затоа што јас најубавите спомени од телевизијата од детството ги имам на А1. Од млади бунтовници, до квизовите со црно глувче, до цртаните филмови.

    И штета е што единствената сила што ги покажуваше дупките во нашава државичка, ја згаснаа. Е сега имаме тоталитаризам. А знаете ли што ми е најмногу страв? Дека ќе се вратиме во феудализам, каде што ќе има господари кои се капат во пари, и кметови кои мора да работат за да имаат за леб. Средни, обични граѓани нема ни да постојат.
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И феудализам е премногу за ова што се случува. Јас би пре рекла дека ни се случува ова...

    [​IMG]
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Македонското новинарство е необјективно не само (и главно) поради политички причини, туку и од премногу други (банални) фактори, кои не смее да си ги дозволи еден професионалец.
    Одамна си го размислувам ова, за политика признавам многу и не ме бива и нема што да се мешам тука (а како за белја фамозниот инцидент со А1 го поминав на работа, и воопшто не бев во тек тие денови) па сум како марсовец, но за мене, македонското новинарство треба да се засрами поради:

    Неписменост.
    Сега слушам дека не може денес било кој да е новинар. За да бидеш новинар треба да имаш завршено отсек новинарство на правен факултет. Види богати - алелуја! Некому му текна, конечно.
    А порано -
    Зарем ти треба факултет за да бидеш новинар?
    Јас пак мислев и онака чмаам дома без работа, да земам еден микрофон од бит пазар и трк пред Влада да известувам или да чкрабнам два збора и оп! - ете ме во весник. :^)
    До кога неписмени, некомпетентни, луѓе на стрина, вујче, чиче и дада ќе се вработуваат на вакви позиции и ќе изигруваат радио Милева пред народот?

    Мрзеливост.
    Да, мрзеливост.
    Неосновани, недволно истражени и непотковани текстови, написи и колумни.
    Насекаде, почнувајќи од дневниот печат, завршувајќи до магазинчиња ко Таа, Тој и компанија.
    Повеќе од половина нереални приказни и совети, ко мислиш живееме во Холивуд, се капеме во млеко и појадуваме кавијар секое утро.
    Чичко Гугл е крив за се'.
    И слепо и сакато се прикачува на него, даунлоудира секакви теми, ги преведува со помош на онлајн речник и еве ти колумна од 1200 зборови од уважен новинар. Браво, секоја чест за инвентивност и етика во работата. |(

    Необјективност.
    Премногу. Насекаде. Од корист. За пари.
    Веќе и врапчињата знаат за кого навива Латас, за кого Бранко Геровски, или Ивона Талевска и од какви трауми пати весникот Фокус, или дали постои соодветен назив во медицинскиот речник за синдромот на Миленко Неделковски, Јанко, Станко, Петко и компанија...

    Со еден збор - македонското новинарство чека само да се пушти вода низ казанчето.
    Од една толку убава и креативна професија, во Македонија почна да претставува синоним за криминал, гзолижење и лаги.
     
    На Phyramide, Bokicka, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Секоја од вас ја долови вистината за македонското квази новинарство на свој начин.

    Морам да те поддржам Трендафилке, вистина е - неписменост, мрзеливост и необјективност царува помеѓу новинарите!

    Па, како да заживее оваа навистина значајна гранка во една ДЕМОКРАТСКА држава (што во суштина и треба да претставува Македонија)?
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Читав на еден друг форум и останав запрепастена, сега ќе ви кажам зошто...

    Имено некоја си новинарка, незнам која е `напишала` колумна за тоа колку е турбо фолкот навлезен во Македонија. Верувате или не, новинаркава препишала цели мислења од форумот, патем истите ги презентира како свое дело во своја колумна! Девојката што ги напишала мислењата, го гледала интервјуто на ТВ и се сетила дека всушност се тоа нејзините зборови! Цели мислења, ниту малку не променети ги земала и си ги вметнала во колумната како да ја напишала таа! Ете колку е професионално новинарството.
     
  8. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Не можам да разберам, како може да си новинар, а да немаш СВОЈ став за случувањата, односно за темата на која пишуваш.

    Кога пишуваш колумна, се подразбира дека треба твоето и исклучиво твоето мислење за темата да го презентираш на еден новинарски начин, а не да крадеш мислења од форуми.

    Срамота!
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас само сакам да прашам, дали насловот можеби треба да стои Македонско (не)објективно новинарство?
    нели делот во заградата е опционален, па би му дошло македонско не(и доколку не го читаме објективно)новинарство, а треба да биде македонско објективно или необјективно новинарство :?:
    Ми боде очи некако, извинение за оф топиков.
     
    На sesilija и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Новинарство во милата ни Македонија сметам дека не постои.Барем не она кое во светот се смета за новинарство.Кај нас постојат куцање на тастатура додека друг ти диктира и како што кажавте преведување на текстови од Гугл.
    Срамота е како кај нас нема независен новинар и непокорени телевизиска куќа,весник,списанија и сл.
    А1 ми имаат убава програма,имам многу убави работи гледано таму,ама кога ќе ми текне на газда Велија ми се повраќа.Онаков манипулатор,неписмењак и не знам уште како да го наречам немам гледано.И сте се запнале сите како А1 е критички настроена кон власта.Ама од кога?Се до предвремените избори со кого беше Велија?Со Груевски!Му се лижеше нему,мислеше дека таму ќе има корист,дека таму ќе се краде,ама се зезна.Грујо јако го шина.Не само што не му доплатил некои работи,туку сам со фамилијата си краде.И нормално газдава не сака Грујо да краде,а на Велија да не даде и се сврте дури тогаш кон СДСМ.Пфт ти се молам.Јака критичност и објективност владее таму.Се гледа колку се објективни тие новинари кога постојано трујат за тоа како е нарушена демократијата и како газдата за џабе им е затворен,а не кажуваат за што е затворен.Еднаш спомнаа и од тогаш ни трага од тоа.Тие сега се грижат само за тоа како да си го спасат задникот и почнаа дури луцидни работи да кажуваат.И многу ми е мило што им ги замрзнаа сметките.Кога можеме ние да плаќаме данок,може и Велија.
    За другите медиуми мислам дека и не ни треба да се коментира.Се знае чија слика чуваат до креветот тие.На Николче наш.
    Како најнеобјективни новинари би ги издвоила следниве:
    Латас-типот едноставно живее за Груевски и посрбување на македончето.
    Миленко Неделковски-Грујо му го извади г*зот од затвор и сега му се поклонува.
    Тие двете од А1 заборавив како се викаа,што се жалеа дека употребиле сила против нив.Мислам дека јако се испрскаа пред народов и на друго место работа амин наоѓање.
    Оф мори судбино тешка,која мизерија сме. |( |(
     
  11. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    ^^^^
    Виножитке, темата е за да кажете дали новинарството во Македонија според вас е објективно или необјективно.

    На поинаков начин го поставив, за да не пишувам наслов „Што мислите за објективноста на новинарството во Македонија“. ;)

    ЕДИТ: Може да стои и поинаку, но мислам дека е јасно... :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Да, јас разбирам и баш затоа треба да стои (не)објективно новинарство, а не не(објективно), вака со заградата всушност се изоставува делот објективно и му доаѓа не новинарство, а не необјективно, или објективно. Добро јас малку конфузна сум или да? Некој ми ја разбира поентава?
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    не се мешам кој како што не треба да прави, зашто тоа баба ми треба да ја прашате, ги знае сите новинари , кој што правел. :D
    И не се мешам во политика :!:
    само едно ќе си кажам
    И мене да ми дават пример: 3000 евра ќе зборам и ќе ве убедувам дека вонземјаните ни ја украле планетата. :angel:

    Па живеат, од тоа. :lol: .
    И да помалку се навикнаа да пишуваат не добро склопени статии. ;)
     
  14. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    :D

    Те разбирам Виножитке, треба да стои (не)објективно новинарство, меѓутоа мојот револт за македонското НЕ новинарство, јасно се испишува во насловот ;)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ахам, сега разбрав :D Јас па така си гледам од некој граматичка точка, а не ми текнува на метафоричното значење :$ И искрено се извинувам за оф топициве и што ви ја кочам темата, пошто немам многу да кажам за нашево новинарство кога е неновинарство(ете зошто е насловот таков :lol: )
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Бокичке многу убава тема си отворила! Дискутабилна и поттикнува длабоко размислување.

    Ама јас кога ќе размислам за новинарството во Македонија, искрено не ми се ни мисли. Па уште кога ќе ми текне дека јас некогаш сакав да бидам новинарка, си велам, арно што сум имала трошка памет во главава и не сум тргнала по таа патека. И да, точно знам зошто...се случи војната во Босна каде новинари штракаа со фотоапарати и земаа изјави а не им беше гајле дека покрај нозе им паѓаа човечки жртви или ранети луѓе на кои можеше да им се помогне. Моралот и основното човечко чуство одеа на второ место позади добрата приказна со која можеа да соберат поени и пари. Навистина одвратно.

    Нејсе. Секакви новинари има, а во Македонија искрено ме напнува од фактот што политиката, како што рече Бока, е толку навлезена во секој сегмент на животот, што мислам дека и тревките кога растат веќе имаат истетовирано на ливчињата дека се за Грујо или за Бранко. Ужас.
    Глобално гледано, не се објективни новинарите, особено ако тргнам од оние кои разработуваат политички теми и други актуелни случувања во државава на билокој медиум. Зошто? Епа сиромашно државиче во кое секој гледа да си го згрее г’зот и да си лапне по некое денарче вишок, или обезбеди пристоен па и повеќе од пристоен живот.
    Прво јас, па потоа другите - девиза која важи за нашите новинари. Ма и општо за луѓето. Хомо хомини лупус ест, нали. И потоа баш им е гајле дали они објективно или необјективно го известуваат народот. Краток е животот, што ќе се замараат они со тоа дали биле објективни или не, дали ја прикажале информацијата во плаво или во црвено светло. Битно е да се живее и преживее. Се вртат како вејки на ветрот. Еднаш вака, друг пат така, кој како ги спонзорирал, кој како им го крие грбот.
    Не е ниту мал делот на оние кои не се објективни заради стравот да не останат без работа. Го губат сопственото објективно јас, во име на својот сопствен живот. Газат сами по себеси. Епа не им е лесно.

    Не дека сакам да ги оправдам, тоа не. Ама можам да ги разберам, на некој начин.

    А за квалитет? Хм, имав омилени новинари и сеуште имам. Покрај се, мислам дека во државава имаме способен кадар и навистина интелигентни квалитетни луѓе, па ајде на некој начин не ја губам вербата во тоа дека македонското новинарство повторно ќе воскресне и дека некои луѓе ќе продолжат во она во што се најдобри. Објективно да ја информираат јавноста за што и да е. Или можеби ќе отпочнат некоја нова ера на македонското новинарство.
    Но има и многу неписмени новинари, тоа е точно. Маргинално информирани, а заклучоците ги основаат на неколку прочитани зборчиња, некаде. Врз основа на чаршиски муабети во некои случаи. Треба со нешто да се пополнат и трач рубриките по списанијата. Да си направиме и ние еден Холивуд бе, што да не.

    Патем, онака само - сте го гледале филмот Nothing But The Truth? Ех, да видам дали таков новинар постои во Македонија :)
     
    На Annath и Bokicka им се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Хм, новинари по звање, а собрани од улица! Аха, да, новинари се сите кај нас, жими ass ама немаат нити грам мозок, па камоли диплома |( Добро, ајде, нормално е да секој од нив симпатизира некоја партија, ама во Македонија всушност новинарството е главно портпаролство на СДСМ или ВМРО! И нема објективност, ни трошка! Ако Латас е олицетворение на образован новинар, Билјана Секулоска гласник на обичниот граѓанин, тогаш :clap:
    И знаете што ме иритира најмногу? Бараат слобода на медиумите! А таа и онака им е дадена веќе премногу! |( А тука додуша ни обичниот граѓанин не е објективен, гчедате и самите, читате и тука, бојата е битна, она што го кажуваат нивните претпоставени, а не она што е вистина, а што не :!: Една вест во текот на денот ја слушам во најмалку пет верзии, што значи јас не сум точно информирана. Кој каде е газда? Се знае! Па така и настаните се презентираат. Не ме чуди, кај нас и онака се ужива во безредие, а кога некој ќе почне да прави ред, ние граѓаните ќе сториме се за да го нарушиме!
     
  18. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Ќе кажам само браво за Чомовски.Вечерва пријатно ме изненади.Доста реално ја согледа и ја опиша ситуацијата. :clap:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    А каде има објективно новинарство во светот?? :^) ... Мој одговор: Никаде! А ваш?
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Нема Џули, кога нема објективност кај нас граѓаните, од новинарите не ни барам, ама да имаат граница до каде смеат да одат. Вака овие од Сител и А1 на пример, само докажуваат дека се исфрустрирани поранешни канцелариски глувци :| Мене не ми боде очи толку нивната необјективност, туку нивната премногу видлива алчност за пари и политички поени. Наместо да си ја вршат новинарската работа, тие се занимаваат со се, освен информирање на граѓаните :!: