Македонско најдобро

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Momichka, 20 јули 2025 во 22:26.

  1. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Македонски најдобро ми изгледа интересен проект, за кој искрено немам мислење дали ќе успее или не.
    Го видов на постот на Фб од Ласко дека во логото користи несоодветни ракописни букви (во прилог е корегираното лого, за 2 дена е променето јупиии)

    [​IMG]

    На вебсајт во неколку категории за типови на домашна храна земјоделците може да излистат нивни производи. Исто и пиларите кои продаваат домашни производи.

    Во простор и време каде Идентитетот ни е на стаклени нозе, многу сум среќна за инцијативи кои даваат ветер во грбот.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.012
    Допаѓања:
    130.754
    Пол:
    Женски
    Џабе е промовирање на македонски производи кога цените им се повисоки од странските.
     
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    16.354
    А ќе има ли некои критериуми кои ќе мораат да исполнуваат за да ја користат назнаката? Или пак ќе биде грав од Киргистан ама на пазар означен како тетовско гравче - македонско најдобро..:tmi:

    Идејата како идеја е супер, зошто да купувам краставици увезени од Албанија кога можам и сакам да ги поддржам домашните производители.

    Во Германија тоа одамна функционира ама сигурно има некој систем на контрола.
     
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.505
    Допаѓања:
    43.388
    Го немаше ова пред 20 и кусур години? Ви текнува на рекламиве со К-15?





     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Ама нели имавме нешто вакво Made in Macedonia? Сонце наше нешто?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.