1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мала и голема молитва

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 3 септември 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Девојки дали сте го запазиле ова со мала и голема молитва. Кој беше за по малата молитва? Кога ја земавте големата молитва,со кого бевте, бевте ли потоа на гости?
     
  2. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    НИЕ МАЛА МОЛИТВА НЕ ЗЕДОВМЕ ЗАТОА ШТО НЕЗНАЕВ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМИ.А ЗА ГОЛЕМА МОЛИТВА БЕВМЕ ОТКАКО НАПРАВИ МАЛОТО 40 ДЕНА И ПОТОА БЕВМЕ НАГОСТИ.
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Малата молитва или бабина вода, се зема најбрзо што е можно. Најдобро е попот да ја освети водата во присуство на мајката, но доколку тоа не е можно (од ред причини) молитвата може да се отслужи и в црква (да појде било кој крстен член на семејството) или во домот на родилката. Осветената вода е најдобро родилката да ја пие за телесна и духовна поткрепа до 40. ден. За жал, кај нас во Македонија нема традиција за служење на оваа молитва.
    Голема молитва најдобро е да се земе во 40. ден од раѓањето на бебето. В црква одат и мајката и бебето, нормално со блиски роднини(мајка, свекрва, сестри, снаи, золви, јатрви...). Тогаш мајката по очистувањето прв пат смее да влезе во наосот на црквата по примерот на Богородица Мајка. Ако бебето е крстено се внесува в црква и се оцрковува, ако не е, како и секој некрстен не смее да се внесува во црквата(овде се подразбира наос, а во припратата смее да се внеси). Според локалните македонски обичаи, по очистувањето се оди во посета на домот на родителите на мајката (на ручек, на кафе според можностите), каде детето и мајката остануваат неколку дена на поседок.
     
    На SunnyGirl2 и Witchman им се допаѓа ова.
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Кај нас е друг адетот. После црква, бебето и мајката треба да отидат на гости на две места, а третото место треба да биде нивниот дом, односно да си одат дома :)
     
    На Златна рипка и marchi-cool им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Мала молитва не сме правеле, нема отворени цркви преку недела освен ако е некој голем празник, инаку знам дека е убаво да се направи.
    Голема молитва нан 40 дена му направивме на синот и одма продолживме со крштевка, нема причина да се чека барем според мене за крштевка.
    Не отидивме во 2-3 куќи затоа што си продолживме дома на ручек за крштевката, посетите ги одложивме за наредниот ден и за малово така си планирам одма после молитвата да следува кршевањето.
     
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    За мала молитва не се сеќавам можеби мајка ми или свекрва ми да пошле в црква ама не сум сигурна,а за големата бевме точно на 40 дена и после тоа бевме на 3 куќи на гости,појма немав дека дека се одело по куќи на гости после молитвата ама така кажа свекрвата така направивме, кај нас во Прилеп после големата молитва се оди кај бабата по мајката и се седи на поседок неколку дена, мене еден цел океан ме дели од мајка ми и немав можност да појдам на поседок :( па тргнав по обичајот од свекрва ми :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За мала молитва, отидов сама до црква му кажав на попот, ми даде во едно шише вода, и ми рече при секое бањање до 40 дена да ставам од неа во водата кога ќе се бања бебето, и до 40тиот ден да биде истрошена.

    А сега во вторник правиме 40 дена, ни кажаа во колку да дојдеме и после ќе одиме кај моите, кумовите, и старосватот.

    Кажете ми што треба да однесам во црква за 40 дена, и се плаќа ли нешто?
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Не носисш ништо, освен ако не сакаш да однесеш. Некоие носат сапунче, крпче и сл, а од црквата ништо не ти бараат. Кај нас не се плаќаше, а има што даваат сами на попот (како мене , дадаов 500ден кога бакнав рака, и незнам зошто ако ме прашаш... поточно мајка ми ме натера)
     
    На SiMpAtIcNaTa и korisnichka им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Големата молитва се плаќа.
    Ние за малиот бевме во Соборниот храм.Кога кажавме дека сме дојдени за голема молитва уште пред да го викнат попот плативме околу 500 ден. за свеќа и за молитва.После пеењто на молитвата на икона оставаш парички колку сакаш.И тоа е се.После се оди на три места и пред зајдисонце треба да сте дома со бебето.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Фала ви!
    Значи свеќите дента од црква си ги земам...ок.
    А тоа за зајдисонце знам, ама ете од старт си знам нема да можеме да го испочитуваме...од причина што е работен ден, кумовите и старосватите ни се на работа, а денот е краток...така да до ручек кај моите на гости, а после кај нив.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Вчера правевме 40дена, по 50ден. беа свеќите и 400ден. тарифа. = 500ден.
     
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Честито Сноу,пораснавте машала :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gmaja

    gmaja Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    За 40 дена, го рачунате и денот на раѓањето (+1) или се рачуна полни 40 дена?
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    И денот на раѓање. Тој е првиот.
    Сепак денот почнува со вечерната богослужба. Па ако бебето е родено по камбаната за вечерна, црковно се смета дека е родено следниот ден.
    Пример бебе родено во 17:05 часот на 21.06 (во лето вечерната почнува во 17) црковно се смета дека е родено на 22.06 (22. се зема за прв ден). Ако е родено во 16:55 - црковно се смета дека е родено на 21.06 (21. се смета за прв ден).
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thebabylover

    thebabylover Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    Ние утре ке одиме поголема молитва.
    Свеќи кога ја крстија малата кумот што ги купил тие треба јас да ги носам.
    Па ке видам како ке поминеме
     
  16. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Еве ценовник каде што има цени за мала и голема молитва, ама тој е од 2006 година. Дали некој знае дали се исти цените сега?
    [​IMG]
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  17. medenaa

    medenaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Девојки ме интересира дали за голема молитва до 40 дена е забрането да се има сексуални односи со сопругот ве молам ако некој знае да ми каже итно ми е..
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Црковно, не е пожелно да се имаат односи до 40. ден (земањето на молитвата). Ако не можете да издржите тоа е веќе друго.
     
    На Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  19. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Посвети се на детето, можеш да се воздржиш од односи , не е леб или вода па да не преживееш без тоа.
    Биди си чиста до 40 дена , сеуште си леонка , јас бар не би помислила на однос тој период.
    Плус не знам каков пораѓај си имала , без разлика мислам дали царски и природен, на телото му треба време да закрепне. :)
    @Херкул ,за тебе цените се x2 ;) Mислам така пишуваше ... :?:
     
    На Mihaela123456, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Кој тоа ве излажа дека сексот во бракот е нечиста работа? :^) Сексот е првата благословена работа уште во првата страница на Библијата...

    „И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата,“ (Битие 1:28, Библијата)

    Секако дека плодењето не било замислено преку WiFi или Bluetooth да се изведува, туку преку сексуален чин :inlove:
     
    На MaggyBoy и Mirjjan им се допаѓа ова.