1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мала разлика помеѓу децата

Дискусија во 'Дете' започната од Bella*, 1 март 2021.

  1. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Здраво не најдов ваква тема,па би сакала да споделиме искуства оние што сме со мала разлика меѓу дечињата (тука до 2 години разлика мислам) а многумина сме а и многу имаме нови втори мешиња па може ќе помогнеме :)

    Мојата разлика е 18ипол месеци меѓу девојчињата
    Моментално големата е 2год и 2 месеца а бебе е скоро 8 месеци

    Како се справувате со две малишани и еден тон обврски? Дали имате помош или не? Кои се вашите искуства?
    .
    .
    .
    Моето искуство : на почетокот беше тешко,воглавно и пред да се породам (среќа имав лесна бременост) ама се мачевме бидејки ќерче сеуште не беше проодена и ја паткавме и носев во раце се до 8ми месец трудноча,откако прооде на 16м донекаде се спасив,ми олесна
    Тоа беше едини проблем во бременоста.Откако се породив Д имаше 18ипол месеци и супер ја прифати беба (уназад 9м и зборевме премногу дека ќе има бебе,секој ден повторувавме) тогаш нели завршија фамозните скокови на 18м па со спиењето навечер раатисавме почна да спие.
    На почетокот до 3 месеци на бебе спиевме посебно јас со бебе во спална,а мм со Д во др соба
    Успеав да дојам се погоди цицалче,секој ден во една рака бебе и доле на под си играме со Д
    Беше тешко додека најдеме некој ритам и се склопиме,на двете мењаме пелени,двете во исто време плачат (тоа беше најхорор) и сеуште знае да се случува,па едно храни го друго цица,па Пери милионски алишта,право ручек пеглај бањај две,и секој ден едно исто знаете...ама има и крај,т.е не крај него растеретување :) еве сега откако почна да лази седи големата ја гледа дека расте и позабавна и е и знае до неа да седи и да и подава играчки па да се заиграат.
    Исто растеретување е градинката откако го фати и таму редот,(почна на 20месеци) супер и што збори се,знае сама да јаде сега и да си игра сама
    Среќна сум што се погоди да се сакаат,малово кога ќе и го слушне гласот секое сабајле неможам да ја додржам од што прета од среќа,стално се ваљаат по спална се гњават се смеат,добро знаат и да се заскубат ама се до сега било безболно :D единствена "маана" за мене е кога двете ќе се разболат и тогаш сум во општ хаос и сум нервозна и тажна тоа ми е онака најтешкото
    Се друго сум турбо дизел што би рекол мм :D ама тоа е...кога спие бебе гледам целосно да се посветам на големата,секој викенд ги шетаме,А малово кога самото ќе се заигра гледам со Д се да биде нормално да не се осети запуштено
    (Да знаете дека ќе има такви моменти нормално и ќе се чувтвувате виновни си мислиш ќе се збуни првото ќе мисли го сакаш само бебето,најмногу па додека се усогласи доењето со малецко бебе,така ми беше првите месеци,но се помина се дојде во нормала сите се усогласија и се се среди,се сфати)

    Мм помага најмногу се прави околу нив буквално,а бабите ги викам претежно во недела.Во секој случај сама си сакам,нема пораат од тоа ама со 2 и те како ако имате помош прифаќајте!

    Тоа е мое искуство накратко

    Во глобала пак ќе кажам дека секое дете е различно али сепак сите они се мали генијалци и капираат мнг повеќе него што мислиме,само опуштено и позитивно е мојот совет
     
    На Mother of 2boys, Ednostaven, Happyinlove и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Наскoрo и jас сум вo клубoт 8)
    Искренo на мoменти ме фаќа паника какo ќе биде сo две бебиња :wasntme:
    Мoите ќе бидат гoдина и седум месеци :sun:
    Првoтo е релативнo мирнo, не е плачливo дете ,нo затoа е мнoгу темпераментнo.
    Имам чуствo дека кoга и збoрам бебетo е вo меше не ме разбира.
    Oсвен штo вo пoследнo време кoга лежам на страна настojува стoмакoт да ми гo кoристи какo стoлче. :!:

    За разлика oд првoтo oваа бременoст ми е малце пoнапoрна, мoже и сеуште телoтo не ми беше oдмoренo.
    И jас jа кревам пoстojанo вo раце сепак бебе е и oна, oд Април ќе jа пуштам и на адаптациjа вo градинка па малце пoлеснo ќе биде се надевам.

    Чекаме jуни да видиме каква журка ќе биде. (hollest):d:
     
    На Ednostaven, Happyinlove, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Убава тема, фалеше ваква :)

    Моите се 3 и 1 година. Разлика се 2 години и неполн месец. Што да кажам, истото од погоре. Почетокот беше многу тежок (за мене најмногу) зошто не само на поголемата, туку и мене ми требаше да се навикнам на бебето и на вниманието што го бара (особено со цицањето). Спиевме на почетокот јас и бебка во спална, а големата со татко и’ во нејзината соба. Да напоменам, претходно спиеше сама во соба 7-8 месеци пред да се роди бебка (по нејзина желба).
    После 3-4 месеци спиење со бебка, не можев да издржам, се осеќав како да ја изневерувам големата зошто спијам само со сестра и’, па ја земавме и неа во спална (и двете спијат во креветчиња, не со нас). Се бунеше, сакала сама да спие, ама заради моја мирна совест не дозволив. А таман се осамостои и супер и’ беше во својата соба (facepalm) :D
    Со бебето и прифаќањето немавме некои проблеми, можеби зошто постојано и’ зборевме дека ќе добие сестричка, ќе си играат, ќе си бидат заедно и сл. На моменти пројавува(ше) мала љубомора, што е сосем нормално за таа возраст, ама ништо сериозно. Сега кога веќе и малава има годинка, почнуваат да се закачнуваат повеќе, за играчки :D Малава ќе фати нешто, другава одма ќе и’ го земе од раце, па оваа се треска, рика, и така :D Па за да не плаче, големава пробува да и’ ували некоја друга играчка, ама бебе не ја сака таа, и знае да ни е многу весело на моменти :lol: Ама има и моменти кога двете ќе си се заиграат заедно, се кикотат, големава и’ збори, ја учи, ова е кукла, ова е бебе, ова е куче, а малава ја слуша и повторува неразбирливо :D Е овие моменти ми се прајслес, ги обожавам :l:
    Да кажам и околу јадењето, сега е веќе полесно од претходно, зошто бебе веќе јаде исто што и ние, само пасирано. Некако (ненамерно) им се усогласија термините за јадење, па јадат заедно најчесто кога е големава дома (инаку во градинка оди). И морам да кажам, градинката ептен ептен позитивно и’ влијае, учи многу нови работи, посмирена е со сестра и’ зошто и таму е нонстоп опкружена со дечиња, учи да дели играчки со неа, учи да почека бебе да си поигра, па после она да ја земе истата играчка на пример... Ептен ептен сме задоволни како градинката влијае на односот со сестра и’.
    Од болести, да, секогаш се болни во исто време зошто големава носи вирусчиња од градинка, ама поминуваат само со растечено носе, не е страшно. Само е мачно на моменти да се грижиш за две болни деца.
    Во глобала, премногу се плашев додека бев трудна со второто како ќе биде, ама испадна залудно сум се плашела. Сега се неразделни, се радуваат ко ќе се видат како со месеци да не се виделе :D

    Би им рекла на новите мајки со две деца, почетокот е најтежок, адаптирањето кон новиот член од страна на сите домашни. После 3-4 месеци кога веќе убаво ќе фатите ритам, се’ е полесно, се навикнувате и терате. Олеснително е што за второ дете не се потресуваш како за првото кога не си знаела ништо. Мнооогу е полесно со второ бебе, тврдам :) Нема неосновани стравови, па зошто какало, зошто не прднало и сл. Ете се надевам тоа е можеби утеха за новите мајки :) Без гајле бидете, се’ ќе биде во ред, мислете на тоа дека вашите деца секогаш ќе си се имаат едно со друго низ животот :l:
     
    Последна измена: 1 март 2021
    На Mother of 2boys, Milaаа991, Ednostaven и 31 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Ова ми звучи пренапорно, а во исто време толку убаво. Ви се восхитувам мајки како постигнувате, браво. Јас искрено си плачам секоја вечер од умор. Многу сакам второ дете уште одма ама во исто време многу се плашам. Си викам ајде да ги израснам заедно, секако и за син ми сум преуморна и не спијам, па да биде на една мака. Од друга страна, во тие тешките моменти скокови, заби, плачки си викам Не си нормална, какво второ дете, нема шанси. И така во круг. Баш турбо дизел е со две деца :D
     
    На RAK91, mal.ecka, Happyinlove и 10 други им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Претходно само мислев, но читајќи ве сигурна сум дека ова не би можела психички да го издржам.

    Да, жал ми е за ќерче да остане сама, без брат или сестра, ама ова за мене би било премногу. Сама со маж, без ниту еден близок за било каква помош јас не би издржала. Лигле ли сум, слабич ли сум, немајка ли сум - не знам, но моите способности за жал се тие.

    Вас - секоја чест. Нека ви се живи и здрави :) :l:
     
    На mal.ecka, Happyinlove, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Мене ме фаќа страв како ќе се снајдам и тоа многу.
    Помош ќе немам никаква.
    Со малото ми помагаше сестра ми и татко ми.
    Сестра ми ќе си оди во свој дом ќе си има свое семејство, татко ми почина.
    Така да сами со маж ми ќе се снаоѓаме некако.
    Моите ќе бидат две ипол години разлика.
     
    На Ednostaven, mal.ecka, Happyinlove и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Jас најслучајно останав втор пат бремена,кога ќерче имаше 9 месеци
    Тешко ми беше прво зошто неможев да сфатам како можеше да се случи,и се карав со мм многу, мислев намерно ми направил но Не:D
    Направив 4 теста тој ден од што не ми беше јасно
    Несакав за брзо второ дете ни јас..
    Но сега ќе кажам само фала му на господ така што испадна,затоа што и јас истово ќе го пишував дека нема да можам да издржам и можеби и немаше да се одлучам за второ
    Ама ете...така сакало :)
    Искрено среќна сум не ве лажам ! :$
    2,3години ќе исцркаме,после секоја кафана моја ќе биде :rofl::rock:
     
    На Ednostaven, artemidis, RAK91 и 23 други им се допаѓа ова.
  8. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Чекај и јас еден реферат да напишам :D

    Кај мене се точно разлика 18 месеца, со тоа што ние сакавме порано :headbang: :rofl::rofl::rofl: Работевме на случајот, и третиот месец веќе бев бремена :D
    Големото е 2 год и 7 месеца.Малото е 13 месеца.

    Ех, што маки си истргав и јас, имав лесна бременост, фала му на Бога, ама ќерето не сакаше по скали да се качува до 5 ти спрат ( без лифт), па стално ја м'кнев. Среќа прооде пред годината, па тоа беше малце олеснително.
    Околу спиењето, немавме мака ама ич. Си заспиваше госпоѓата сама во креветче уште на 11 месеца, а по некое време почна да заспива во 8 навечер, до сабајле до 6-7 :dance: Така зимав некој одмор.

    Кога стаса малото на свет, големава имаше добра комуникација со мене веќе оформено. Јасно кажуваше што сака, на почетокот првиот месец беше малце напнат, особено навечер. Ова цицалчево ја будеше, па морав со една рака да ја дојам нејзе, а со друга големата да ја галам. По некое време и престана да станува, ама доењето и играњето преку ден не престана. Ја доев и играв со големата, доев и ја ранев со лажица големата.Не прашајте како стасував да направам јадење..појма немав. Некако више во магла ми е се..ама чудно секогаш зимав сила и издржував. За среќа не се погоди нападно дете ова големово, добро ја прифати. Сакам да кажам дека не ја тепаше, не и фрлаше играчки, не ја влечеше, едино сакаше да и се бутка со главата, оти така сака да се гали..ама па и нема осет околу тоа. Па менувај на двете пелени, па соблечи ги..ауу урнебес беше :D

    Згора на се, се погоди пандемијата, па сопругот мораше да работи од дома. Замислете, си имав уште едно ДЕТЕ :drunk: Му спремав и него појадок од сабајле, па сакал вода, па сакал не знам шо. А не смееше да влезе во соба, оти големава ако го видеше ќе пискаше по него.

    Сама сум цело време, помош имам од сопругот кога ќе си дојде од работа во 5 часот.
    За помош, ако сакам можам да имам. Арно ама некако сама поубаво терам, раатот ми е побитен.

    За чистотница како мене, две деца на мала разлика де вистински предизвик. Се пуштам како кола у удолница и шибам. Сама смукам, сама правам јадење, сама бришам џамови, сама пуштам машина..и сето тоа пропратно со пеење песни, менување пелени, па сакале да јадат овошје. Се бањам кога спијат и двете.

    Најчесто обврските ги работам додека се будни. За да можам да одморам додека спијат. Гледам до 5 часот поручек да сум завршена со се зацртано, за да бидеме слободни со сопругот.

    Си го буткам телото до граници што се вика, и знам..сама сум си крива. Ама ете терам некако, за инат на другите докажав дека можам сама :D
    Еве од сабајле, бришев прашина, смукав, џоѓирав, пуштив машина, заспаа па се бањав, се фенирав за да личам на жена и седнав да ви пишам :rofl:

    Малото ми прооден на 10 и пол месеца. И ми олесна стварно, шета кај сака, си игра. Арно ама, големово почна многу да се лути. Се уште не ја тепа, ама ако се обиде да и земе играчка, одма ја бутка. Не ја бутка со рака отсечно, него се лепи до неа целосно, и со стегнати заби и вика " Бегаааај" :D А малово почна па да изводи, и таа почна да бутка и да плаче ако сака некоја играчка. За јадење, им давам и на двете истовремено, си го знаат времето за јадење и местото. Малово почна да разбира ептен и како мало човече ми е :rofl: Па се кара со мене озбилна :D
    Ако речам ајде пелени да менуваме бегаат и двете во ќошиења се кријат :D
    Ме фаќаат на моменти жичките, па се однесувам како мајка ми мене што ми викаше : "Само ја се дерам во зграва, сите комшии мене ме слушаат", "Сами по вас да се вика, не знаете да си играте сите играчки ќе ви ги земам " :D

    Лудило ме фаќа доста често, оти сум по цел ден со нив. А за другото околу домот веќе одамна имам добро организирано се, и одам според тоа , така и стасувам :D


    Едит: Планирам во градинка од Мај да почнат. Прво големото да се адаптира, а потоа и малото.

    Големата одеше во градинка, ама почна короната и престана да оди.
     
    Последна измена: 1 март 2021
    На Ednostaven, elenaklasik, RAK91 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    И после 2,3 е тешко :tmi:
    Моите се 3 и пол години и 5 и пол години. Разликата меѓу нив рамно 2 години. Погоре опишаното се е точно. За овие три години ме остаре ко за десет :lol:.
    Сега нив им е супер. Заедно се борат, раздвои ги се бараат. Меѓу себе ќе се скараат, ја ќе скарам еден, другиот го брани. :?:
    Кафана уште долго нема да видам јас. До коронава бабите ги ангажиравме само дур сум на работа, сега ни толку. Каде да одиш со двајца гремлини. Влези во трговски центар, кој попрво да го пазиш. Шетаме надвор, викај по еден, викај по друг.
    Ама добро вака што испадна, јас никогаш немаше да се решам за второ. :D
     
    На Ednostaven, mal.ecka, Happyinlove и 13 други им се допаѓа ова.
  10. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    И јас наскоро ќе бидам во клубот. Разлика здравје ќе бидат година и 10 месеци. Искрено вака не ме фаќа паника, многу некако самодоверба имам дека ќе се снајдам. Ама знам дека реалноста нема да е баш таква поготово како што гледам дека имате услови да ги двоите децата барем за спиење. Јас би имала период од месецот ,но исто така период ќе бидам сама значи нема да можам да го оставам малиот со мм да спие бидеќи работи во странство и пола месец е отсутен најчесто. Исто така мислам дека не ме разбира малиот кој има 17м дека ќе имаме бебе. Јас му повторувам на мешето и прави тој оооо оо оо го гали ама сигурна сум дека не ме сфаќа :D пред некој ден му покажав мало бебе и ми се намурти :wasntme: ќе биде весело 8)
     
    На Ednostaven, mal.ecka, Happyinlove и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Јака ви душа на сите, и браво како постигнувате се. Јас со едно колку нервози претргав за второ реков нема шанси никогаш во животот, и сега како ве читав сите си викав ауу нема шанси и јас да минам низ ова, ама кога прочитав како си играат заедно душата ми се стопи. Во исто време викам и нема шанси, ама и жал ми е да остане сам. Само здравје па ќе видиме понатаму можеби ќе сменам мислење нека пркне малце ова сега, 4 месеци е.
     
    На Ednostaven, mal.ecka, Happyinlove и 12 други им се допаѓа ова.
  12. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    На 4 месеци јас дури си велев дали воопшто ова беше добра идеа ?? Ама сега имам бејби еуфорија што повеќе деца тоа поубаво на душава ќе ми е . Тешкото брзо поминува и се заборава, секој месец има свои предизвици ама кога ќе те гушне и ќе ти се насмевне ништо на светов неможе да го замени тоа:inlove::inlove:
     
    На Ednostaven, mal.ecka, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    5.946
    Допаѓања:
    20.451
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш реков ако не се решиш до 18 месеци за друго после потешко :rofl: :rofl:
    Моето неспијач, еве го 2 год и 3 месеци, уште станува ноќе, сакам да одморам малку, сакам да поспијам :D со овај ритам, главоболки чести,.болки огромни во половина, па и царски рез...неможам да замислам бременост, не ми е спремно телото, физички не сум спремна, секоја чест на сите што сте со 2 мали дечиња :D
     
    На Milaаа991, Ednostaven, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.131
    Допаѓања:
    10.724
    Пол:
    Женски
    Тие се двете опции, или одма имаш две, или едно ќе имаш и нема да ти текне за второ.:rofl:

    Јас сакав две набрзинка. Ама прво мораше да се направи услови за второ, моментално сме во организација за поголем стан, па штом се преселам сакам да се фатам за работа. Маж ми не е баш највоодушевен, сака поголема разлика да чекаме, а мене не ми се чека. Мислев дека ќе бидат разлика помалку од 2 години, а сега се по ред да искочи минимум 3 ќе бидат.
    Не знам дали детето ми е мирно, па тоа ме мотивира за второ, ама од секогаш сум планирала две деца што поблиску во возраст, па и трето ако финансиски може да си дозволиме.
     
    На Milaаа991, Ednostaven, elenaklasik и 21 други им се допаѓа ова.
  15. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Мајка ми моја од секогаш ми кажувала дури и кога не ми бил паметот за деца, дека според неа идеална возраст била 3 годинки. Како јас и мојот брат. Од причина што 3 годишно дете буквално разбира се,ќе помага и наводно помали биле шансите да е љубоморно затоа што ќе го наведуваш дека тоа што тој е поголемо дете е мнооогу важно. Без него нема да може мама да го гледа второто. И некој такви приказни. Премногу лесно поминала . Можеби и мирни сме се погодиле не знам. Ама јас сакав помала разлика, па здравје ќе ви пишам за неколку месеци. Или од дома или од некоја лудница :rofl::rofl:
     
    На mal.ecka, Happyinlove, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  16. saki13

    saki13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    976
    Ви се восхитувам мајки секоја чест. Јас незнам дали би го издржала тоа темпо. Инаку сакав децата да ми бидат разлика 3-4 години , но не секогаш излегува како ние сакаме. Еве сега моите деца ќе бидат разлика 7,5 години.
     
    На Ednostaven, nadenadia, Larahappy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Па да бидам искрена и јас некогаш кога сум на раб со нервите се прашувам тоа дали беше добра идеја, ама кога ќе го видам како ме гледа и се смее сигурна сум дека добра одлука сум донела. Е за второ ќе видиме дали и кога ќе се решиме. :?:
     
    На Ednostaven, Larahappy, mamaJana и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Со второто е најдобро што не се потресуваш дотолку,не рипаш избезумена на секој негов плач него точно знаеш што треба и што му е,јер минатата година те научила :D
     
    На Ednostaven, Chanell*, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  19. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    За кратко време се придружувам во клубот, ќерка ми има 2 г и 3 месеци, треба да се породам за 1 месец..
    Искрено ме плаши периодот кога ќе се вратам од болница, породувањето ќе биде царски, па движењето ќе ми е ограничено.
    Онај почетен период во доењето за мене беше претежок, со температура, блистери, мастит.
    Многу сакав уште едно дете, па да ги потпораснам двете здравје уште едно, дотогаш да се стабилизираме финансиски.
    Имам огромна помош од моите и од родителите на мм, живееме на оддалеченост од 10 - 20 мин, кога и да ми треба нешто можам да се јавам кај некој од нив и веднаш доаѓаат.
    Ќерка ми е навикната често да одиме кај нив, тие живеат во куќи, а ние сме во стан па нон стоп сме таму.
    Многу се радувам дека ќе биде пролет кога ќе се породам, ќе го користиме убавото време надвор :inlove:
    Ние сме големо семејство, навикнати на гужва, сакам и децата да ми растат во големо семејство.
     
    На Milaаа991, Ednostaven, Chanell* и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Баш суперски ќе ти биде мамаЈана ич да не му ја мислиш тоа е огромна помош чим сакаат да помагаат браво
    А здравје за доење може нема да е исто страшно,мене двете деца ми се скроз различни и во бременост и отпосле

    Нормална е тремата возбудата после враќање од болница и реакцијата на детето за бебето тој ден
    А и неможеш да знаеш,ние бевме као збори збори за бебе цела бременост сфати донекаде нели дека во стомакот има бебе,кога се вративме од болница нели мама го донесе бебето не е веќе во стомак,ја гледаше цел ден се радуваше ама мислам дека не и беше јасно дека тоа бебе е на мама и тато и дека не е само тука тој ден.. ќе остане...
    Хаха кога ќе почне да го гледа секој ден дома тука се тешките моменти од месец дена додека сфати дека не е единствено и како ќе се прилагоди
    Тешко е дека на сите тон обврски треба и да и го тераш филмот за да го прифати бебето али среќа на година ипол незнаеше баш што е љубомора па затоа лесно се свикнавме...или пак до детето е незнам
    Во секој случај пак ќе кажам чим сте убаво усогласени со помош, се ќе помине полесно ќе видиш Јанче :inlove:
     
    На Happyinlove, azelea, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.