1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малезискиот авион

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kaylie, 23 март 2014.

  1. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Ми се виде темава интересна, па ја отворив, ако не е, канта!
    Добро луѓе, каде е авионов? Јас сметам дека е најден, ама дека го кријат од некоја причина. Сакам и ваши мислења да чујам во врска со темава. :?:
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Најденн е. Како не знаете.
    [​IMG]
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Толку недели го нема авионов,стварно е невозможно да пропадне во земја.
    15 дена го нема,па до сега ќе најдоа ако ништо друго остатоци од него.
    И да се распаднел во воздух,ќе имало остатоци.И да пропаднел во вода,паќ ќе имало остатоци.
    Толку авиони,бродови, држави го бараа и да не го најдат е стварно не е возможно.
    Други пак теории имам слушано дека бил киндапиран од терористи,и ајде да речеме дека е возможно највеќе да е тоа ,но ако беше киднапиран до сега ќе имаше некое барање од нивна страна нели за возврат да добијат нешто ,а да го вратат авионот.Е можеби и имало,али кријат од нас,обичните луѓе
    Друга теорија пак киднапиран од вонземјани,што не верувам(не дека не верувам во вонземјани,само не верувам во теоријата.)

    Што и да е вистината,чим уште не се знае ништо буквално,јас сум 100 % убедена дека се кријат работи од населението,не сто туку милион посто.21 век сме,не може туку така да снема авион.. :D
     
    На LittlePinky, Anabelle.Amorette, Kaylie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Jennifer би те замолила, ако уште имаш можност да си го редактираш постот, да го сториш тоа. Срамота и греота да се прават вицови и шират вака по мрежи без малку мисла, оти не заборавајте, не е изгубен (без разлика дали се крие или било што) само авион како метална кутија, туку луѓе на кои не им се знае судбината, патници чии фамилии само они знаат низ каков пекол минуваат, за некој залуден шала да си тера. Срамота!
     
    На IamSexyAndIKnowIt, ilipili, Bozica1980 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Во медиумите деновиве се појавија голем број теории за малезискиот авион од кој нема ни трага, а сега се појави и нова мистерија која отвори многу нови прашања околу исчезнувањето на авионот.

    Малезиската полиција ги истражува сите можни траги кои можат да доведат до авионот, а споре дпоследните информации, пред полетувањето, пилотот разговарал со засега непозната жена, која го побарала на мобилен телефон. Бројот бил скриен, а засега не е познато за што разговарале. Полицијата дошла до местото од каде жената ја купила картичката со чија помош исконтактирала со пилотот, но открила дека се претставила со лажен идентитет.

    Според оваа информација, се појавува нова теорија дека можеби оваа жена која засега е мистерија е поврзана со исчезнувањето на авионот во кој имаше 239 патници.

    http://grid.mk/read/news/507178204/6765 ... oletuvanje
     
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Не е единствениот виц во врска со тоа, сега испаѓа дека мене не ми е гајле за тие во авионот или слично?
    Секако дека ми е жал, не значи ако има еден ваков виц право одма мислење да се смени.

    Греота е знам. Но и мене не ми изгледа сето ова вистина, што викаат, ајфон ќе изгубиш и ќе го лоцират ќе го најдат а не може да најдат авион??? Па авион е, не е игла.
     
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    До сега многу бродови и авиони имаат исчезнато, а ниту еден од нив не е пронајден. Значи или владините и невладините. организации низ светот успеваат да сокријат информации од медиумите (што е речиси невозножно), или и тие тотално ништо незнаат. Но, некој сигурно знае. што се случува. Не може толку превозни средства да исчезнат и никој ништо да не знае... Нешто се случува... Или авионот се срушил и од некои до сега непознати бактерии во водата се распаднал, што може да е висина бидејќи сѐ што исчезнало во океанските води не е пронајдено. или пак, теориите со. вонземјанци и портали се вистински иако не се за верување... :?:
     
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
  9. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Значи тие се зафркаваат со светот. Зомби?! Какви идиоти, воопште. не се грижат за ништо.
    За фактите, каква врска имаат оние со лажен пасош? Можеби биле. криминалци или незнам што, но и тие починале, така што не се виновни. САД нешто матат. Изгледа тоа се мозоците на луѓето насекаде.. |(
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Чудно е така да исчезне и никој да не може да го најде.Језиво е, па и толку многу патници што има во авионот :| не се малку, па и да се, страшно е, којзнае што им се случило на тие луѓе.Почудно е што при врвна технологија, можат да дојдат до било каква информација за некој, без разлика дали криминалец или не, тие еден авион да не можат да го најдат, нема логика, па и стварно да не можат да го пронајдат, што не ми се верува, до сега ќе се дознаеше што се случило, ако паднал во вода ќе имало некакви остатоци, па и на копно да е.Туку, да не имат уште едно место како Бермудски триаголник, што така никаде го нема... :wasntme: кажаа дека нели може да е киднапиран и да бил, до сега ќе кажеа нешто ако е киднапиран.Премногу језиво, како што реков да не им е човек во кожата на тие луѓе.
     
    На sofijanoka, tessie и Kaylie им се допаѓа ова.
  11. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    А уште помистериозно е тоа што телефоните на патниците им ѕвонеле слободно, а нели во авион треба да ги имаш исклучено.
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нешто слично беше со тој авионот што полета од Бразил за Франција, исчезнал, не можеле да го најдат, па после година дена или после две години, наше негови остатоци, па излезе дека се срушил.Барем така кажува тогаш, колку што се сеќавам.
    Цел свет се заинтересира за авионот како што читам по нетов, па и мене ме заинтересира.Пишуваше нели и многу бродови и авиони го бараат, не можат да го пронајдат :|
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како тоа телефоните звонат а никој не се јавува.
    Овие нашиве од жолтата штампа само пишуваат пронајден-непронајден...си играат со животите на 232 патници аман. Како така пишуваат, немам коментар колку да се напише нешто.
     
  14. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Според мене,се работи за киднапирање.
    Бидејќи да беше поинаку ќе се прикажеше неговото постоење.
    :?:
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Теоријава, познато е дека не верувам во вонземјани :D автоматски мислам дека тешко има некаква улога.Иако и пишуваше, исто така некој авион што исчезнал, не ми текнува која година било тоа, но одамна се случило, наводно тогаш пилотот видел некакво летало пред да исчезне.Има и друга теорија, која вели, пилотот на авионов бил вмешан во некаков криминал, па затоа исчезнал.Сега, еден куп теории ќе се појават, а сите ќе останеме со прашалници која е вистината.Мислам, па дури и ФБИ се приклучила за пронаоѓање на авионов, уште тие ако не го најдат, не знам што да помислам.Имаше плус нели и друга теорија, демек пилотов самоубиство извршил, тогаш не знам што човек ќе беше, со се него 200 души да убие.

    Ова со авиониве, многу зависи нели од пилотот, има доста професионални, искусни, знаат како да си ја завршат работата, што мене тоа ме воодушевува, секоја им чест.Огромни авиочништа знаат да ги управуваат и тоа не е мала работа, голема одговорност е.Треба да е човек спремен за такво нешто, бидејки не пренесуваат мал број на луѓе и за нив треба да води сметка.Во сооднос на ова, се пишуваше дека пилотот бил искусен, не му било сефте да пренесува патници, само тоа кога ќе треба такво нешто да се случи, ќе се случи, па колку сака нека бил пилотот професионален, доволно малку да изгуби концентрација и да отиде се во неповрат.

    Чудни работи се дешаваат по светов, некои така остануваат мистериозни... :?:
     
  16. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Работата е што авион не може да исчезне туку така од радарите и да е киднапиран. За да биде киднапиран мора да слета некаде, на нечие тло, а секоја држава има контролиран воздушен простор.

    Тоа со мобилните не е ништо чудно, веќе се разјасни, некои оператори функционираат така што и телефонот да е исклучен или надвор од мрежа наместо да се вклучи секретарката добиваш сигнал како да ѕвониш некаде.

    Претпоставки што се случило има многу и сите имаат своја тежина, само проблемот е во тоа што надлежните не наоѓаат никаков доказ за поткрепа на било која претпоставка.
    Зошто е тоа така?
    - или службите се покажале недоволно ажурни и компетентни, па доаѓа до ситуации авиони да им се рушат/исчезнуваат и со недели да не можат да ги најдат ниту можат да понудат објаснување
    - или нешто се крие поради политички причини (кои би биле тие причини да не разглабаме зашто сето тоа ќе бидат само шпекулации, а тие се најмалку корисни во вакви случаи), евентуално одвлекување внимание што пак мене не ми се верува многу.
    Јас мислам дека авионот се наоѓа на дното на океанот.

    И исто мислам дека местото на темава не и е во Другата наука.
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    И да се наоѓа на дното на океанот, сепак би требало да можат со радар да го лоцираат... Или пак да прошетаат со подморници и да видат што има под водата на океаниве. Но, очигледно е дека сите се плашат. Ајде опростено секој се плаши за својот живот. Но, велат се трудиме да откриеме, даваме сѐ од себе. Епа не може еден авион така да исчезне... На некој радар ќе го најдат, но кога? :?:

    Исто така се сложувам дека темата не припаѓа овде. Можеби во Општи Дискусии би било подобро :)
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    Мистерија е овој авион,и јас се чудам како не најдоа никакви траги,само се молам да не се урнал авионот во некои мориња,греота за луѓето што биле внатре :(
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ако авионот беше на земјава, ќе го лоцираа по gprs, ако не друго, барем од мобилните телефони (во случај толку вешто да им избегал на радарите со тоа што летал доволно ниско). Како можат криминалци да бараат по gprs, не можеле стотици мобилни да лоцираат.
    И друго, нели пред полетување на авионот петмина патници во последен момент ги откажале нивните летови. Е тука треба да го бараат одговорот, да ги испитаат од раѓање па до моментот на откажување на летот, ако треба и со присила да ги натераат да кажат што ги предомислило во последен момент.
    Бидејќи ова се знаело уште пред да полета авионот.
    Јас ова си го поврзувам со илуминатите (голема веројатност и со вонземски суштества), бидејќи причина постоела пред да полета авинот, иако не знам која е, а мислам дека никогаш нема ни да се расчисти случајот и да дознаеме (можеби само некоја лажирана вистина дека нашле остатоци од авионот после многу време, или дека пилотот бил крив, или дека постоел дефект, нешто како што направија со претседателот Трајковски)
    Вистина има, ама нема да ја дознаеме.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.