Уште една типична Американска серија, во која се опишува животот на младиот Малколм и неговото семејство кое на моменти е вистинска pain in the neck. Од пред скоро ја даваат на Фокс Лајф, а како што успеав да прогуглам, има 7 сезони и е снимена во пeриодот од 2000 до 2006 година. Серијава е интересна за тепање време и релаксирање до фул - не можете да останете рамнодушни на испадите од родителите, смешките на братчињата и кавгите помеѓу ова бројно семејство. Многу ми се интересни децата, посебно најмалото, толку ми е невино - душичка, ко глувченце е и добивам нагони да го изнаштипам и изгушкам ! Ја гледате серијава?
Баш пред некое време барав дали има ваква тема.Ги имам гледано сите сезони и можам да кажам дека е најинтересна серија што ја имам гледано до сега. Сите ликови ми се многу интересни (освен Малколм кој е досаден малце).Многу се интересни како се караaт меѓу себе,глупостите што ги прават(посебно Рис ) .. А и подоцна ќе имаат уште едно братче , многу слатко е тоа
И јас ја следам на фокс лајф,обично во сабота и недела кога ги ја даваат од 12:30 до 14:30 и стварно е ептен интересна,мене многу ми е смешна мајкава на децава,заборавив како се вика,со тоа репчињата кога ќе ја видам...
Многу ми се интересни Не ја гледам серијава редовно, кога ќе ја стигнам само, ама јас така почнувам да гледам серија Прво по малку, после малку повеќе, и после секој ден И после ми е мака зашто не сум почнала од почеток да ја следам. Инаку најголемиот брат, не знам како се викаше, многу ми е убав
http://www.youtube.com/watch?v=i8Yzs5YNUp8 http://www.youtube.com/watch?v=mmv2d2S6 ... re=related Најстариот брат многу наликува на Барни од How I met your mother
Имам гледано неколку епизоди од серијава и никако не можам да се одлучам дали ми се свиѓа или не.Некогаш ми е многу интересна, а некогаш многу досадна.Иначе, омилен лик ми е Рис, најсмешен е
Не ја гледам серијава редовно, само ако ја фатам кога вртам канали. Интересна е. Посебно ми е слатко тоа најмалото со фаците кои ги прави
Немам гледано добри две недели, меѓу последните епизоди кои ги гледав беа породувањето и кога станаа членови на онаа црквата. Ништо чудно и да ја прекинале, Фокс имаат таква гадна навика.
Jaс серијава одамна ја имам гледано, на некоја наша мислам ја даваа порано. Пред некое време ја загледав на фокс лајф, па ја побарав на нет. Не знаев дека има снимено дури седум сезони. На Фокс изгледа само првите две, три ги вртат. Интересна ми е, има бааги смешни дешавки и мајмунлаци од страна на децата. А мајка им за жалење е богами. Си ја гледам кога немам ништо за гледање.
Серијава ми е многу интересна. Порано кога ја даваа на една програма, ја гледав, но не редовно. Ги симнав сите сезони сега и до крајов на неделава ќе ја изгледам до крај сигурно