1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малолетна проституција- Криминал со деца пред кој сите молчат!

Дискусија во 'Секс' започната од Punk girl, 3 август 2015.

  1. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Малолетната проституција има во Македонија ама никој не збори за тоа , зашто овие деца почнуваат да се занимаваат со оваа "најстара професија на светот" . Малолетнички со провокативни слики по социјалните мрежи , и желба за повеќе лајкови и слава или пак можеби живот на висока нога ги тера овие мали мозоци да прават несвесни работи кои понатака во животот ќе се каат ? Дали постои начин овие деца да имаат нормален живот после нивното продавање на тело за една чаша коктел или едно возење во BMW . Што е начинот нивните родители да ти спречат нивните ќерки да не одат по ова зло ? Дали тие мислат дека со таа лесна заработувачка можат да поминат добар и лесен живот !?
    Најмалата "жртва" со малолетна проституција во Македонија има само 12 години, ја продавале од човек на човек а таа го продавала своето тело.Сеуште дете но веќе длабоко навлезена во суровиот бизнис .
    Доколку се расчуе низ нејзините "пријатели" што таа ќе прави од срам најчесто завршува со самоубство , преселување во друг град\држава


    Сакам ваше мислење за ова ! [​IMG]
     
    На Petar80, JustFun, Bogoeska B и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Немам многу контакт со тинејџери, не знам денес ни што слушаат, ни на колку години излегуваат/фаќаат дечковци/имаат секс, што е нормално а што не, и оние слики кои ги гледам по фб каде позираат со напрчени муцки и кратки фустанчиња, некако наивно си мислам дека е заради фора, тренд, виделе селебрити така се сликаат па ајде и тие. Знам дека секогаш имало исклучоци и во наше време и многу порано за кои ќе слушнеш дека уште во шесто или седмо одделение почнале со секс, ама тоа беа баш исклучоци. Истите тоа го правеа за ситни пари, парфеми, возење во кола и сл. глупости.
    Да прашам, дали денес уште таквите девојки-тинејџерки во Мк се исклучоци, или е веќе нормална работа или тренд да се продаваш за материјални ствари?
     
    На tessie и LUCERKA им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    ^ Исклучоци се.
    Не верувам дека постојат многу од тинејџерките што ставаат провокативни слики за да имаат секс со некој за пари, јас мислам дека е за стекнување интернет популарност и собирање лајкови. Жално е, ама тоа е тоа.
     
    На tessie, makedonkamak, Petar80 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Тоа што познатите се сликаат голи го прават за големи суми на пари, денешните едноклеточни женски се сликаат за лајкови и им се смее цела Македонија .
    Добро знам дека е тренд на 14 да си скината, ама секс со возрасен човек кој може тетко па дури и дедо да ти биде и тоа за пари, мене тоа не ми е природно ниту па го одобурвам !
     
    На Petar80 и Bridget им се допаѓа ова.
  5. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Код имаат посветено една кратка сторија за тоа
     
    На eloves и crimson им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Навистина застрашувачки,јас лично колку што знам малолетничката проституција е најповеќе застапена во Источна Македонија...Мислам дека сите денес се многу опседнати со социјалните мрежи и за нереалниот живот што се претставува таму,бидејќи едно треба да му биди јасно на сите НИШТО НЕ Е ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА бидејќи никој нема совршен живот а малолетниците и тинејџерите денес мислат дека можат само со пари да стигнат до тој совршен живот под наводници,страшно...
    Има девојки буквално што се продават за една пијачка,за пар чевли и за пар фармерки мн.тажно сега е голема разликата помеѓу тој што нема и тој што има,толку болна љубомора постои што ништо ништо не ги спречува да ги дофатат тие материјални задоволства...Има и така наречени елитни проститутки и сите знаеме за нив, има доста низ Мк,исклучиво се дружат под наводници со богати бизнисмени,директори итн,е овие дами не се задоволуват со ситници,обезбедени се со станови, коли, отворени му се козметички салони бутици итн, жално и во овај случај све да можи да се купи совеста и моралот неможат...Не дека јас сум нај моралната личност на светот ама пониско од ова мислам дека жена неможи да падни,без разлика што секој човек има направено грешки во животот све има граница... Родителите треба да се позанимават повеќе со нивните деца да знат каде одат и што прават повеќе да се упатени во ова,и повеќе да му ги наметнуват и повторуват основните вредности на човек кои треба да ги има ако треба и по 100 пати на ден...
    А за родителите кои си ги подават децата немам коментар неможам ни родители да ги наречам проклети мршојатци кои сакат да живеат на цената на сопственото дете...Чаре? Кога ќе се дознае веднаш да се пријави и да се издејствува,родителите да се сместат во соодветна институција децата во соодветна,ама кај нас за жал ништо не функционира,полицијата лежи лебу да те јадам и само за пишење казни,социјални грижи нишај врата земај плата,само се шетат по ходниците со финџалите и ѓезвињата,ужас катастрофа дегенеретици невидени гнаси...
     
    На CrazyOne, cresa-jagoda и LUCERKA им се допаѓа ова.
  7. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Греота родителите на ваквите. Тие поим немаат што им прават ќерките надвор од дома. Додека тие се мачат да заработат за да и дозволат да се школува, да си купи некое парче облека и сл.ама она тоа не го цени воопшто. Се умилкува ,колку да добие пари,кои не знае како е да се заработат. Имам една познаничка, се гледаме често, доаѓа овде кај мене во соседство ..девојката има само неполни 15години..се облекува провокативно за фб, со напрчена муцка, гол стомак, и се допишува со 15-тина машки истовремено.(од кои има и 4-5 албанци)
    :!: Не ја интересира колку години се. Не знам, немам коментар..а не е единствена ..
    Плус, има случаеви демек одам кај другарка на спиење, на забава, на роденден..дајте ми пари ..од дома ке се облече со фармерки и блуза , во ташна ставила минич и штикли 20цм., и секако дека кај неа ќе се пресоблече и после тоа којзнае каде одат .. (facepalm)
    Не знам..ова е страшно..
     
  8. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Да кога бев во Кочани дедо со кола зема едно мало девојче полу облечено и се упатија накај хотел !
    Кочани секоја втора е проститутка за Штип исто така !
    Незнам зашто никој не води сметка за ова !
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Виновни се родителите!!!
    Тие треба да имаат свест и да знаат правилно да ги воспитаат своите деца.
    Родителите не се грижат за своите деца и затоа се случува тоа.
    Побитна им е кариерата на повеќето родители, отколку да им посветат внимание и правилно да ги воспитаат. Каков е тој родител кој не се грижи за своето дете, му дозволува да се врати касно дома, да пуши, да се пијанчи, само да не биде одвоено од друштвото, да не биде поразлично детето од другите деца, мислат дека ако го воспитаат детето на време да се врати дома, да не пие, да не пуши, дека нема да има друштво и дека ќе биде исмејувано од другите деца. Но подобро да нема такво друштво, отколку дозволувајќи им се на децата, тие им го уништуваат животот, не им прават ништо добро на своите деца, со тоа што све им допуштаат!
    И каков е тој родител кој на своето малолетно дете ќе му купи кратки-минич сукњи и деколтести блузи, штикли, шминки и што уште не и после така облечено ќе му дозволи да излезе од дома.
     
    На tessie, eloves и joy1 им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Некако ми се помешани поимите малце у темава.

    Ова некако не ми е баш „малолетничка проституција“, ваквите девојчиња повише ми се за у категорија спонзоруши. Можеби го продаваат своето тело (или одредени сексуални услуги) за пари или подароци, меѓутоа тоа го прават по своја волја и секако ова не им е единствен начин за заработка за живот. За тоа зошто се овие деца вакви, вината секако треба да се бара кај родителите. Во секој случај, малолетни или не, одлуката за ова си ја донеле тие самите (колку се способни за да донесат таква одлука, не е важно во муабетов). Така да би рекол дека пред се, овие девојчиња се жртви на сопствените родители и лошото воспитување, а не на малолетна проституција.

    За мене вистинските жртви на малолетничката проституција се оние деца кои уште од најмала возраст се продаваат и препродаваат од еден „газда“ на друг, како најобична роба и се присилуваат на проституција против нивна волја. И сето ова на многу помала возраст отколку девојките кои се сликаат разголени и со duck-face на фејсбук, за кои погоре стана збор. Уште полошо, има и родители кои своите деца ги присилуваат на проституција за своја сопствена заработка.

    Разликата меѓу првиве и вториве е пред се, во тоа возраста. Вистинските жртви на трговијата со деца и проституцијата често пати имаат и помалку од 10 години. Исто така, разликата е во изборот - едниве „одбрале“ таков начин на живот (од некои свои погрешни причини), а другиве се присилени на тоа.

    Лично не сум против проституција, ако тој што се одлучил на таков живот го направил тоа самостојно и секако, ако е полнолетен. Најдобро би било да е легализирана. Но, тоа не е тема на муабетов.

    Апсолутно сум против присилување на било кој на проституирање, особено на малолетници. За спречување на ова е потребен поголем ангажман на институциите на законот.

    А што се однесува од такозваните малолетни „проститутки“ или спонзоруши, родителите не можеме да им ги замениме со подобри, ама затоа „клиентите“ и спонзорите на овие девојки повторно може и мора законски да се гонат.
     
    На Victorian, eloves, MilaP и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Еве уште една од многуте вечни теми.

    Се сложувам со постот на @Bender Rodriguez и со неговата дефиниција за тоа што е вистинска малолетничка проституција.

    И искрено се надевам дека цитатов на @crimson е тоа што вели дека е, а не тоа на што сите не' асоцира (бидејќи и јас немам многу контакти со тинејџери, иако брат ми е тинејџер, но е со многу примерно друштво, па не можам да добивам информации од него):

    Само, како дополнување на овие две мислења ќе додадам дека овие групи на малолетни девојки може многу лесно да станат жртви на она што погоре го посочив преку цитат како вистинска малолетничка проституција. А како? Епа во желбата за многу лајкови се прифаќаат и голем број пријатели на фејсбук (тоа го знам преку брат ми и неговите пријатели). Децава во денешно време имаат минимум 1000 пријатели, од кои добро би било барем една третина да познаваат, што значи дека сите останати се непознати. Меѓу тие непознати лесно може да се најдат од педофили, до манијаци и демначи, кои потоа ќе ги следат низ град, да не речам ќе ги прогонуваат, не дај боже - силуваат, а и киднапираат.

    А и не мора да се „промовираат“ многу по фејсбук. Доволно е што се' почесто гледаме малолетни девојки, облечени препровокативно, не само како за нивни години, туку и воопшто, како излегуваат по дискотеки, се мешаат со различни возрасти и групи на луѓе, се шетаат пијани по улици и да не набројувам понатаму. Сме биле сведоци на многу случаи каде девојчиња ги собрале со автомобил (читај: киднапирале) и повеќе не се пронајдени. Многу емисии на телевизија сме гледале за девојчиња на кои им се губи трагот во трговијата со бело робје.

    Така што, деца мои драги, кои брзате да пораснете и земате погрешни работи како примери од вашите идоли, отворете четири очи, размислете малку и пазете што правите. Памет во глава, за да не зажалите подоцна...
     
    На bittersweet, eloves, Pebeka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Nakaj koj hotel se upatija?
    Fala bogu shto barem Kochani i Shtip seushte e samo sekoja vtora, mozhe da bide i polosh toj srazmer, primer kako vo Skopje.
     
    На daylight, bittersweet, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Поима немам јас седев пред киното , друштвото што седев ги прокоментира.
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Колку мислиш дека девојче од 12 години можи да знај што прави од својот живот?
    Незнат верувај ми, спонзоуши се на некој начин ДА ама и жртви се на педофилија,сите мажи кои спијат со нив всушност се педофили имат односи со ДЕЦА,за да стигнат до тие односи неможи пеку ноќ што се вели,и самите деца кажуват дека ги поткупуват од најмали ситници па до големи ЗНАТ КАКО ДА ГИ ПРИДОБИЈАТ,сите знајме колку е лесно да си поиграш со мозокот на дете кое штотуку почнале да вријат хормоните во него,многу е лесно...
    Несвесно запаѓат во таја мрежа,незнат што се случува ни со нивното тело ни со нивниот мозок кој му е испран фактички,ниедно девојче неможи да се справи со 40 со 50 годишен маж,тотално се губат во тој свет...
    Опседнати од тие материјални работи,опседнати се од тоа да ги имат и поседуват по секоја цена,тие што неможат од дома да си ги дозволат најлесен начин му е да се впуштат во врски со постари мажи,кој под наводници му нудат СИГУРНОСТ,СКАПИ ПОДАРОЦИ,ШЕТАЊЕ ПО СКАПИ РЕСТОРАНИ,ОБЛЕКА, ТЕЛЕФОНИ и уште што не,секоја 2ра мисли дека тој е со неа бидејќи ја сака и затоа му ги дава сите тие работи а за возврат се знај секс...Потоа ќе ја натера да спија со пријателот негов,потоа со друг па со друг ако не го направат тоа почнуват да му се закануват и често се физички малтретирани и све повеќе и повеќе се заплеткуват во таја мрежа...Еве ова можам да го објаснам на наједноставен начин...
    Имам доста читано за проблематиките со малолетниците,за жал во таквите матни води влегуват 90% малолетници кои се од социјално загрозени семејства...
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Види, ја не оправдувам ни врска на 20-годишник со 16-годишна (како пример го давам ова). Секако дека ако разликата во години е уште поголема (а девојчето е малолетно), се работи за педофилија.

    Мене муабетов ми беше дека девојките и девојчињата кои свесно самите се одлучуваат да го продаваат совето тело за материјална корист се нешто различно од децата (потенцирам, деца, а не девојки) кои се присилени на тоа. Мотивите зошто се одлучиле на тоа и колку се тие самите способни да донесат таква одлука веќе ги коментирав во претходниот пост.

    Само мислам дека споредбата на девојка која самата донела одлука за да се „проституира“ и нејзино претставување како жртва на малолетничка проституција со дете на кое не му е дадено избор и кое е присилено на тоа не е на место. И првиве се жртви, несомнено, но повеќе на лошите родители и ситуацијата во која живеат.

    Ама верувај, вистинските жртви на малолетничката проституција се децата кои се жртви и на трговија со луѓе, малтретирање и злоставување.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Две теми различни...малолетната проституција нажалост е во се поголем пораст а причини има неколку.Првата и најважната причина е немање надзор од родителите,препуштени сами на себе.Втората причина е модернава технологија,пристап кон разни содржини а и желбата да се поистоветат со нивните идоли,да имаат приближно барем нешто што имаат они,ако ништо друго а тоа ке биде разголен стомак.
    Пред некој ден читав за Србија,поточно во Нови Сад каде растел бројот на 12 год.девојчиња кои нудат оралка за 5оо ден.или пак за еден доручек бурек и јогурт.Најлесен начин за заработка но ова дефинитифно се деца со низок коефициент на интелигенција или деца со несредени фамилијарни односи и препуштени на улица.
    Трговија со деца треба да биде со најголема казнена мерка но нешто тешко им пронаоѓаат трагови,незнам зошто но на тие луѓе треба доживотен затвор,исто и на педофилите.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Те разбирам потполно што сакаш да кажиш,ништо неможи да ја оправда постапката некој да го продава своето тело за пари,и други материјални работи да не набројувам тоа е факт,но секоја западнала во таков свет на различен начин и со различна причина...
    Тие одлуки кои ги носат под наводници,неможи да се одаз на деца од добри семејства ниту добар живот,тие се деца кои живеат во тотално дисфункционални семејства тоа е факт,и не само по проституција посегнуват и по други работи,иако има деца кои живееле во катастрофални услови а сепак пораснале во деца за пример,но тоа се етки случаеви и сите не се исти нормално...Јас сакам да кажам дека ниту едно дете неможи свесно да донеси било каква одлука во својот живот посебно не ваква,мислам дека несвесно се втурнуват во мракот, чуствувајќи некаков притисок и тоа е психолошки проблем кај тие деца,со кој треба многу да се реботи,знајш најлесно е само да осудиме понекогаш...
     
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    По мене од ситуација до ситуација има разлика.
    Ова што ти го посочи е личен избор за начин на живот и заработување но доколку некој е принуден да се проституира е тогаш се работи за криминал кој би бил спречен од надлежни органи доколку некоја од тие принудени проституки би ја пријавила мрежата или организаторите.
    Целта на овие деца не се лајкови туку наоѓање клиенти кои ќе им ги плаќаат сексуалните услуги кои ги нудат и нормално главното доаѓање до пари кои им се потребни да бидат облечени од глава до пети во последна мода т.е да живеат луксузен живот кој нивните родители не можеле да им ги пружат.
    Ако овие деца живеат во помала средина ќе се расчуе за нивниот занает и вечно ќе ја носат етикетата проститука и шанси за нормален живот во градот каде се протитуираат и нема само ќе бидат искористени, фрлени и понижувани.
    Родителите се најголеми виновниците поради кои овие деца се проституираат затоа што ако тие би биле барем малку повеќе грижливи и би го воспитувале своето дете соодветно посочувајќи му ја реалната ситуација во семејството и учејќи го дека може и на чесен начин да се заработува или ако барем водат сметка за детево ќе и речат од каде детево толку пари за да се облекува може и навреме би го спасиле детето од пропаст. И да тука би спомнала некои мајки кои ги воспитуваат своите ќерки во духот на тоа да се е*бат за парче облека , за 500-че и тоа велејќи им твојата убавина вреди треба да бидеш наградена затоа што спијат со тебе:x
    Суровата реалност е дека и спонзорушите што имаат дечковци богаташи се на некој начин елитни проституки со машничка .:x
    Во твојот пост го поврзуваш фб како порнографски сајт и се согласувам со тебе дека е така баш пред неколку недели пишав пост тука на форумов за статија од новинарот во која се претставуваше проституката како жртва и затоа како се објавуваат невкусни слики но пак го поставувам прашањето каде се родителите да реагираат, зарем не следат нивното дете што објавува или како невкусно се облекува, се прибира доцна во вечерите ?
    Реално мислам дека некој несвесно или свесно ги затвара очите пред вистината за своето дете и можам да кажам има такви родители на кои им одговара детето да им заработува по пат на проституција и битно им е да биде дотерана, скоцкана да не и се смеат соседите, децата од школо и да биде прифатена како најубава и најмодерна.
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не ми пречат разголените луѓе по социјалните мрежи. Ми пречи паралелата меѓу нив и проститутките.
    Мада океј, не велам не...Неспорно е дека многу девојки и момци преку изложување на своите атрибути се обидуваат да привлечат клиентела, но тоа несекогаш е случај.

    Сепак да не одам надвор од темата, што се однесува до малолетничката проституција, сум строго против без разлика дали е присилна или доброволна. Среќа што е законски е регулирана, мада прашање е колку ригорозно се третираат ваквите појави, а и те како треба.

    Што се однесува до легализирање на проституцијата за возрасни лица не сум против, но сум скептична дека тоа би функционирало на овие простори. Бидејќи за жал, нашиот менталитет сеуште не го достигнал оној стадиум кој овозможува разбирање и почитување на индивидуалниот поразличен живот.
     
    Последна измена: 3 август 2015
    На tessie, eloves, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Факт е дека голотијата е многу распространета на денешницава како на социјанлните мрежи така и во реалноста.
    Паралелата дека некогаш и сега разликите се несомнено големи ја наметнува експанзијата на технолошкиот напредок, а за сметка на тоа уназадени се животните вредности како резултат на немарноста за себепочитување наспрема потребите и барањата на новото време.
    Растот и развојот на секоја единка се одвива во кругот на семејството и во опшеството. Секоја социјална аномалија може и треба да се санкционира најпрво од страна на родителите, а потоа и со преземање на мерки од државните институции. Тоа што се случува од најрана возраст кај младата популација лесно може да прерасен во начин на живеење. Некогаш се именуваше како најстар занает, но денес може да се нарече и професија без оглед на (не) легалниот чин на заработка за која мудро се молчи пред вистината.
    Нашиот менталитет е изграден на таков начин што самиот стил на облекување (кратко здолниште и деколте) упатува на сомнителен стил на живот. Поимот за различност во начинот на живеење на другите е неразбирлив и тешко прифатлив на овие простори.
    Малолетничката проституција е плод на неодговорноста и негрижата на истите оние што (не) свесно го создадоа. А кога интересот од неговото опстојување е поголем од интегритетот на личноста тешко се создава простор за истиснување на профитабилноста.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.