Здраво женски, не најдов ваква тема, а ме интересира и срчам по нетов периодов, во 9 месеци бременост со трето бебе. Има ли членки со лично или на блиски искуство со оваа операција? Како што читам, се средува стомакот: вишок маснотии, вишок кожа и стрии, се враќаат во нормала градите ако има потреба и се прави липосукција на која кде има потреба, бедра ли бутки или слично. Давајте искуства, операција тука или во странство? Кај кои доктори/ки, во кои клиники? Колку чини? Колку време по пораѓај се препорачува да се прави? Колку време се закрепнува? Како се чувствувате после операцијата?
Јас исто читав. И во план ми е да направам ама само tummy tuck. Градите не ми се многу лоши, не доев и не ми пречат малку што изгубија цврстина. Со вежбање почнаа пак да зацврстуваат. Вишокот килограми го средив. Но стомакот остана, подуен, деформиран и со премногу стрии. Се гадам кога си го гледам одразот во огледало. И на нозете малку стрии ми излегоа, ќе ги средам нив неинвазивно, со мезотерапии, РФ и други процедури. За стомакот не сакам да опишувам колку грдо изгледа, вишок кожа, збрчкан цел, стрии длабоки и многу големи. Ептен грдо. А млада родив, и само едно дете, ама јебига 4кг го родив и многу се здебелив. Еве го 2 години е. Јас се мачев со диети, вежбање, па демек време требало, ништо на крај, цело тело го средив, ама стомакот никаде не отиде. Си стои и ме вознемирува глетката. Ќе направам во Турција. Кај нас нема каде освен доктор Амадеј што доаѓа од странство. Прашував кај доктор Амадеј, многу е скап 4500 евра ми рече, плус трошоци за во болницата каде ќе се изврши зафатот, плус лекови и сѐ останато ќе се доплаќа. Во Турција е друга приказна, во Санте Плус ми дадоа прифатлива цена. Во Esthetic International побараа 6000 евра, 2 во 1 операција, tummy tuck (абдоминопластика) и липосукција на половината и задниот дел кај грбот. Така требало за целосен ефект и двете да се комбинираат. Во Ердем Хоспитал исто ми дадоа убава цена. Е сега најголем проблем ми е каде да одлучам да ја направам операцијата. Лимит си дадов до 4000 евра дека би платила. Читав за Аврупа Мед некоја си болница, вршеле абдоминопластика за 1800 евра, лифтинг на гради 1500, липосукција 1800. Арно ама никој не е задоволен од што читав reviews. И јас би сакала да слушнам искуства кој како поминал, дали е задоволен..
Е баш фала за инпутов. Ништо од ова не бев во тек ете јас. Баш читав ривјуа и за србскиве болници и некако за натака се ореиентирав иако првично со турските опции се мислев. За жал, и на србските форуми има многу незадоволни што ми прави едно глупаво чувство на ставање здрава нога во трн а да не ми е убаво истражено. Сега сум јас пред пораѓај, дојдам сеуште второ бебе а планирам и третово да го дојдам најмалку 2 години, така да имам време до тогаш да соберам директни искуства врз основа на кои ќе донесам одлука каде да се нафатам на ваков зафат. Со лесно на тебе, пред мене ќе го скршиш мразот и посакувам се да е најлесно и најефективно. Кој што си бара ќе си најдеме среќа имаме што во нашево време се ни е достапно Споделувај сознанија и искуства, ќе споделувам и јас информации како допираат до мене и среќноо
Секоја чест. Алал да ти е. Ти заслужуваш се што ќе посакаш да си средиш ! Сите операции направи си ги, па браво, 3 да ги родиш, уште и да ги доиш... Секоја чест... Јас сум мртва уморна и безживотна со едно детенце, на крај памет не ми е второ да родам и пак се одново.. а ти и трет пат браво. Дај си го времето и направи се барбика, па тие деца да се гордеат со мамичка !
Фала најмногу! И јас сум безживотна некогаш, сите сме во таа каша на мајчинска преисцрпеност. Среќа па проаѓа, си пркнуваат дечињата и можеме порелаксирано да им се сладиме. Сите заслужуваме се што ни носи убаво чивство и да сме мирни со себе, се надевам дека со годините ќе станува уште подостапно за било која мама да може барем вака, физички да си ги закрпи лузните од мајчинската сага
Пред да се одлучите за некој зафат, информирајте се точно како се изведува. Сте гледале како се прави тами так?
Јас гледав. Не ми е важно. Се нафаќам 100% затоа што многу ми е потешко секој ден да се гледам во огледало ваква никаква.
Мене ме интересира, па гледам. Тами такот е многу инвазивен, многу болен и опоравувањето трае со месеци.
Тебе те интересира, но некој од игли се плаши, не значи дека мора да ја гледа операцијата на јутуб пред да ја има.
Се плашел - не се плашел, пред операција ќе ти дадат да потпишеш документ за согласност. Во него ги пишува овие работи. Тоа се вика: Информирана одлука
Па да де. Не ти викаат гледај видео на јутуб од операцијата. Ако не си пластичен хирург џабе ќе гледаш пошто не можеш да разбереш што гледаш, само непотребно ќе ти се измешаат работите во главата. Се разговара со доктор за ризици, придобивки и така се носи одлука. Не се гледаат никакви операции
Па добро, се знае тоа. Ако некоја знае и се согласува да помине низ сето тоа, што мора ние да ѝ солиме памет?
Точно. Гледав колку е комплицирана процедурата. И тоа нема да ми ја смени одлуката. Важен е резултатот, не процесот. И бременоста е тешка и напорна, и породувањето е ужас невиден ама сите деца сакаме, значи крајниот исход ни е важен. Како ќе ги износиме и како ќе ги родиме велиме ќе издржиме и заборавиме. Па така и со ова. Или за дете оправдано е да правиш операција-царски рез, а козметичка процедура за подобар изглед не ?
Гледав и јас спремна сум да поминам низ било што ако ми испадне стомакот а богами и градите како тие на сликите кои се нафатиле на зафатов. Прејасно ми е и зошто, не би сакала да живеам со таква слика секој ден додека сум жива. Сакам да сум спремна и на најлошо, да не можам да се повратам во стомакот во некаква за мене пристојна состојба, како што беше случај со првото и второто дете. Искрено, после трето дете и вкупно за сите тројца 5 години доење, не верувам дека нема да морам да преземам ваков чекор. Си правам избори и си собирам искуства за да ми е јасно се во моментот кога ќе треба само да реализирам. Тешка нетешка операција, што се не сме прошле, фала богу способни сме и за тешки нешта
Така де ! Не велам оти е шала. Операција е. Али јебига и јас сум човек, жена на која и се руши самодовербата секогаш кога ќе ја соблече маицата.
После првото дете, мислев дека никогаш никогаш во живот нема да излезам пред буквално никого со тој стомак. Само висок долен веш изнакупив и носев, целосни костими, бодиња, појаси… тек после 5 години, вежбање, потење, здрава исхрана, протеини и планини, успеав да направам стомачни мускули и тоа само над пупак. После второво симанав масни наслаги по ист принцип на превежбување и “чиста исхрана” ама уништена кожа остана, макар за 6 месеци забременив со трето и реално не знам што ме чека. А бебињава ги носам пред мене, не во мене. Значи стомакот ми станува ОГРОМЕН, иако не качувам повеќе од 10 кила еве во трите бремености. Овој пат стрии до под ребра ми испукаа ќе се оперирам, ќе закрепнувам и со месеци ако треба само да немам уште една, макар и физичка пречка во себеприфаќањето и мирноста со себе која ја стекнав во доцниве триесети и не ја менувам за ништо на светов и не давам да ми ја разбуричка еден стомак. Сечам не жалам, ми се може
Јас веќе контактирам клиники. Испраќам слики, ми даваат цени и услови. Ме прашаа само колку има поминато од пораѓај. Требало минимум 6 месеци. Ако си царски рез истиот рез ќе го искористат и ќе ја намалат видливоста. Ме предупредија дека сепак ќе имам лузна. Хаоо човече што е една лузна во споредба со многуте стрии и збрчкана лабава кожа ?? Можно било папокот да ми го поместат слободно ! Што сакаат нека ми прават само да се почувствувам пак како порано. Костими за капење само едноделни целосни. Немам храброст за дводелни макар и највисок струк нека е. За опоравувањето искрено и јас се нафаќам да издржам колку и да треба. Криво ќе ми биде што нема да можам во теретана да вежбам. Напреден вежбач сум, ама си велам ако, потоа ќе се вратам многу поспремна и со поголема самодоверба, можеби и во crop top. Друго што заборавив да кажам е дека уште немам закажано операција од неколку причини: -сакам да се потрудам максимално да намалам салото од стомак, да видам до кај можам да стигнам пред операција, за после операција да бидам задоволна. -финансиите (не дека не ми се даваат парите ама стана многу неизвесно време, ги инвестирам во друго и се надевам на профит кој ќе го искористам за операција,а воедно малку се плашам да не дојдат црни денови па да ми притребаат пари) затоа што сепак не е мала сума, за тие пари автомобил се купува. -не сум собрала искуства и не знам која клиника да ја изберам, затоа што не е играчка работава, вака сите ветуваат, приватни клиники се и одма те убедуваат.
Морам да се уфрлам во ова, оти точно знам како делува изгледот на самодовербата. Цел живот сум дебела. На 174цм, сум варирала во тежина од 78кг до 130кг Сакам/в рамен стомак и подигнати гради. Сакам/в и да не ми се тријат бутовите, оти ми ја иритираат кожата, до степен на развивање абцеси. Сакам да изгледам како Кет Вон Д (пример) Кога бев 12-13 години и религиозно гледав Беверли Хилс 90210, сфатив дека и најубавите(условно речено) имаат исто проблеми, како и најгрдите(условно речено) Всушност, сакам да кажам дека секој си има различни копуинг механизми за да го 'преброди' животов. Ако тоа е пластична операција, поддржувам и разбирам. И јас сум размислувала за истото... Ама сакам да се разговара повеќе за причините, зошто одредени тела се 'убави', а одредени не и кога enough is enough?