1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Манијаци

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 4 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Сигурно барем еднаш во животот сте налетале на вакви болни луѓе, како што налетавме јас и другарка ми вчера, а ако не сте, не дај боже, бидејќи погрозна глетка нема :puke:
    Со другарка ми вчера шетаме низ главниот град, и како што одевме по патот, другарка ме стисна за рака и ми рече да погледнам во грмушките крај патот. Бог да чува :o Човек на околу четириесетина години, се сокрил во грмушките, си го извадил половиот орган и работи ли работи :o Па дури гледа накај нас :o Сред бел ден ејјј! Го испцуавме со другарка ми во себе, и во тој момент додека одминувавме ние, наидуваа едни машки и баш сакав да се најде некој храбар да му се симне доле во грмушки и да го истепа едно убаво, да не знае името да си го каже а не па друго да прави.Ама паметниот тој, како што минуваа машките се сокри подлабоко во грмушките за да не го видат.
    Се изнервирав многу! Што ако поминат мали девојчиња? Од памет да ги извади!? Море затвор само за таквите!
    Си помислив како ли е ноќе што сред бел ден ваквите умно болни личности сешто си дозволуваат!
    Ги има ли многу? Сте наишле ли некогаш на некој ваков? Како постапувате со нив?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Јас таквите ги нарекувам потрефџии.Ги има многу.Тие секогаш се скријани.Обично по парковите ги има најмногу.Дечко ми ми кажуваше за нив дека тие демнеле девојчина,парови итн.но јас лично сум немала такво искуство...или пак сум имала,но не сум го видела. :?:
    Затоа пазете се од таквите...и кога практикувате секс во кола или на отворен простор, убаво разгледајте го местото во случај да не ве демне некој.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    ...само што видов еден.Искоментирал на неколку теми,а сликата му е ко да се наоѓа на некој порно форум.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    бевме на екскурзија во 1ва год.еве знаат охригангите до св,стефан и така си пешачиме со другаркиве,и отидовме до инкес горица хотелите си праиме муабет се смееме,и на крај сите заминаа во посебни групи на пат за кај дома.и останавме јас и една другарка и си одиме така и бевме веке прикрај до кај мостчето близу тино хотелот,тука некаде и еден човек изгледа си ловеше незнам точно :?: и носеше некоја тренерка и изгледа не слушна дека идаат девојчиња и се сврти :sweat: леле луге човеков незнам со која брзина си го работаше,јас пак како што носев отворено маиче и имам огромни гради како се ислашив и со другарка ми шпринт да не нема :x после се изнасмееавме. Oва е друга случка со татко ми,биле в кола од стариот пат охрид-струга со други млади момчиња,и некој манијак бил тука и вршел работа сам,и момчињава му викале еј алоооо засрамотаа,и тој им рекола елате да ви го за*ачам и така запален сум :D тато се скапал од смеење и ми велит пази кај ојш со дечкото дан го фатит бела :D
     
    На Lolo5 и UniqueGirl12 им се допаѓа ова.
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    ај ке ви кажам уште една случка :| пред 2 години еден тип ми го дозна бројот,а го знаев онака од гледање и нонстоп ми се јавува, а постар од мене незнам колку години имаше.и така си седиме со другарка ми во интернет кафеи еве ти го овај,леле душата ми излезе :sweat: и цело време ме гледа,ми намигнува и ида време да си одиме,и излегуваме надвор,и на другаркава и звони телефонот,дечко и беше и замина понастрана имаа проблеми нешо.и се вртам назад го гледам овај ида накај мене,и јас и викам на другарка ми ајде да си одиме,таа занесена во разговорот.и овај доага и ми вика еј ама што ме игнорираш цела вечер?и прашува работи човеков,јас како здрвена,уште толку го игнорирам :x и ме фати за ракава мрднатиов,билдер е како ми ја стегна ракава,и ми вика ке те носам на едно место да се запознаеме,сакам да се залубиш во мене ова она :puke: и јас не не пушти ме вака така,другарка ми којзнае кај беше испикана заминала некаде со телефонот и некако срека поминаа луге тука,и другарка ми доага од долу и ми вели еј ај да си ојме дома,ке дојдит дечко ми,и таа беше малку како исплашена и лажеше,и изгледа овај малку страв го фати да не го пријавиме и замина :x и идам дома и некаде по 1 сат еве го пак и јас кревам и глумам во гласов као демек мајка ми е:и му велам кој е?кој си ти?кој ти даде дозвола да и се јавуваш на керка ми?и тој ми поверува :D и му кажав на татко ми и му кажал 2-3 збора :) хепи енд
     
    На Lolo5 и UniqueGirl12 им се допаѓа ова.
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Повеќепати во мојот живот сум наидела на такви психопати ама никогаш нема да ја заборавам случката од пред 7/8 години! Имав 15 години и навечер седев до доцна кај другарка ми, ме наоѓаше 1 часот по полноќ па бидејќи живееме блиску секогаш си одев пеш! Никогаш не помислив дека ќе доживеам таков стрес! ете што се случи: Излегов од куќата на другарка ми во 1 : 30 мин (отприлика) и уште кога ја затворив портата од дворот на другарка ми забележав човек во моја близна! Не се вратив назад бидејќи воочив дека не е циганин (демак само они се манијаци) и си го продолжив патот кон дома! Зад мене слушав чекори...забавив со моето одење надевајќи се дека ќе ме одмине...Но не ме одмина, напротив се доближи до мене и на 2 метри од мене стоеше и се смееше! Се свестив дека сум во незгодна ситуација! Почнав да брзам и тој по мене! Јас одев брзо брзаше и тој, ќе подзабавев малку и веднаш забавуваше и тој! По патото немаше жив човек...умирав од страв! Почнав да трчам со сета сила и на еден свиок од улицата го искористив моментото кога тој не ме гледа да се скријам во еден двор! Во куќата не светеше ни едно светло а во дворот имаше цвеќиња ко грмушки (уште ги има иситите во тој двор) Се скрив зад цвеќињата! застана пред дворот од куќата,,точно пред мене... но не заеше каде исчезнав,најверојатно не ни очекуваше дека ќе се скријам толку брзо,или пак понормално беше да трчам се додека не излезам на булеварот каде минуваат автомобили и секако ќе ме спаси некој! Додека седев скриеа зад грмушката си го запирав дури и дишењето и за моја среќа не ме насети каде сум! Продолжи понатака по уличката а јас останав да се кријам во дворот уште петнаесетина минути! Кога се уверив дека повеќе не е во моја близина со плачење се вратив кај другарка ми! Викнав такси и си отидов дома! Другиот ден го пријавив во полиција ама никогаш не беше пронајден кој е тој човек (Ако воопшто мое да се нарече човек)
    Ми се случило да ме следи манијак додека шетав со другарка ми, додека си уживав ;) со дечко ми во кола, ме следел манијак и кога се враќав од работа! Многу случки имам но ниедна не сум ја доживеала толку стресно како таа што ја раскажав!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Не дека во помалите места нема, но кога тргнав во Скопје на факултет уште втората недела ми се залепи еден. Одејки на факултет демек ќе скратам помеѓу едни згради и цела забрзана и не приметив кога еден ме затегна за раката, влечејќи ме кон една кола велејќи - Е си го бараш штом идиш одовде. Мислам дека никогаш во животот немам испиштено погласно. Среќа се појави еден поворзрасен човек на терасите од првиот спрат, му свика шо правиш бе алоо, и овој избега. Толку немам плачено мислам никогаш, срцето го чувствував во грлото ;( Како и да е никогаш повеќе не се трудев да скратам, морееее сум вртела и по пола сат повеќе ама сеуште ми стои стравот кога минувам низ потесен простор
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Пред едно 2-3 години, додека шетавме со една другарка низ населба случајно видовме една кола паркирана покрај тротоар, со отворени прозорци и пуштено гласна музика. Помисливме дека се некои сељачишта дојдени од далеку и не обрнавме внимание. Кога се приближивме до колата имавме што да видиме :| постар човек некаде околу 50 години си вршеше работа без око да му трепне и уште пак не гледа. Страшно. Мора да се истребат таквите што поскоро.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Јас колку вакви случки имам.. :( Последен најсвеж пример е од саботава што помина. Со другарка ми од Рамстор одевме накај маало, накај 10 саат беше и баш зборувавме за манијаци, кога таа ме стегна за рака и ми вика „Еве го оној педофилот од маало!“, ама јас дека не ја слушнав што кажа, се свртев и го гледам човеков не гледа и двете и се смешка, ама не го познав. И одиме по тротоарот покрај една од најпрометните улици во Скопје, и тој почна да вика „Девојчиња! Девојчиња!“ и јас се свртев и не прашува демек каде е еден ресторан и за колку време се стигало, бил многу натворен (што нема врска, со празни раце беше) и не знаел дали да чека автобус или да оди пешки и додека зборуваше јас цело време го гледав што прави затоа што го познав, кога приметив дека си го извади половиот орган, само му кажав „Пет минути пешки“ и другарка ми уште толку ме стегна, и кога си фативме магла, преку улица, нит не интересира дали има коли или пешачки, трчанката од другата страна, кола ќе не згазнеше, а тој по нас вика „Девојчиња дојдете, дојдете!“ . И тргна по нас, ама ние по една уличка свртевме и отидовме кај една друга другарка. Инаку истиот тој не има сретнато на едни лулашки во маало и не праша дали може да седне на една клупа близу до нас, ние такви исплашени станавме и си отидовме, а на лулашките имаше и помали деца од нас, после тоа поминавме од таму, го гледаме застанал позади дрво и си работи/ :puke: А еднаш и со мотор не следеше две другарки и мене, и ни го извади пред очи, таа глетка уште ми стои пред очи и ми се гади кога и да помислам. А уште од мала, во паркот карши мојата зграда во дворот на една градинка, секојдневно накај 5-6 попладне разни манијаци позади грмушка си вршеа работа. А тој манијакот што повеќе пати не има следено, има така нападнато повеќе мои другарки, дури и другари, ама на сите им е страв да го пријават во полиција, ама на мене следниот пат кога ќе ми се појави пред очи, убаво ќе му го запамтам секој детал од лицето и во полиција ќе го пријавам. Аман од такви! :@
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Бевме прва година на факултет и имавме предавање до 20,00 , тргнуваме за во студентски и бидејки ни беше страв да кратиме ( позади факултетите кај битпазар врие од манијаци ) тргнавме од кај Македонска телевизија . Арно ама почна еден да не следи, ние побрзо тој побрзо, ние полека тој полека. Бевме три се водиме под рака , ке умреме од страв , кога тој се затрча и ја фати другарка ми за газ . Ама погоди која, таа има тренирано карате , па кога му се сврте носот лом му го направи, а јас и таа другата вриштиме колку глас не држи. Срека тој избега , ние фативме такси и право во студентски. После баравме да ни го преместат предавањето порано, па се спасивме од манијаци, иако ги имаше и рано наутро зад факултет :envy:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    За жал секаде ги има, и секогаш и ќе ги има. Старите ќе умрат, нови генерации си идат....
    А за случки, милион сум имала. Како што сум од Струга, со браќава знаете... :lol:
    Пратења со коли, еден еднаш застана и почна да ме влечи за палто да сме влезеле в кола со другарка ми да сме оделе на кафе, почнавме да трчаме и се спасивме. Па еднаш група машки пијани ама тогаш имав околу 14 години а отприлика и тие, почнаа исто да не тегнат за палто.
    Па еднаш си одевме дома со братучетка ми приметивме дека еден не прати зад нас, почнавме да трчаме и тој почна среќа блиску бевме до дома па се спасивме. Додуша, сакав да му се вратам баш да видам и онака младо дете беше али ај братучетка ми испаничи. |(
    А најтазе случка, од пред некој ден. Има еден човек скоро две години научи кога другарка ми си иде од наработа, и секогаш на исто место во исто време околу 22 часот е паркиран со кола, пуштено светло и работи ли работи.
    Па ми кажуваше другарка ми една вечер излегол од кола ја викнал демек да и помогне нешто, и оваа нормално си заминала. После, научи и кога излегуваме. Летото посебно како што излегувавме секој ден, и лани и оваа година секогаш на истото место. И пред некој ден, ете го пат. Поминуваме, истото го правеше. И мене ми скурчи искрено се навикнав и повеќе немам ни страв, и му појдов на пенџера, а солзавецот в ракав го чував пошто секогаш си носам. И му викам ама онака пукав од нервоза.. "Добро бре не ти е срам шо прајш??" -"Шо?" -"Како шо бе идиот еден, не ти е срам деца поминват , сакаш да ти викнам сега полиција??" И другарка ми почна да ме трга, ама верувајте воопшто немав страв ми идеше да го прснам со солзавецот и да му ја акнам една, ѓубре низаедно!!
    И еве овие дена го немаше веќе.
    И има неколку месеци кај што се запишав на аикидо, огромна желба ми беше уште од мала да одам на некоја боречка вештина, и не згрешив, ваљда некогаш ќе ми помогне за самоодбрана. :ninja:
     
    На Marija6165, Lolo5, MissCupcake и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Најмногу ме нервираат оние кои се упорни да ти ја платат сметката или оние кои поклонуваат цвеќе у кафич :@
    Со другарки се чекав, во меѓувреме двајца типци свиркаат праќаат бакнежи 300 чуда ова она, ние седнуваме на кафе, овие по нас на соседната маса, па праќање пијачки незнам што... се знае што те очекува ако прифатиш замарање до немај каде... човек веќе неможе ни кафе на раат да испие :@
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно се навикнав да бидам во друштво на "одлепени дечки" |( Како магнет сум за педофили , манијаци , нудисти низ битолските прометни улици. Веќе ми е сеедно , како да нема ден пред зграда некој да ми посака топло добредојде со мочалото надвор :tmi:
    Игнорирањето ми е доста добар метод , ако ме погодат во ПМС лош ден одбрале за солени шеги , тогаш се користам со мојот поган уличен јазик , пцовки и клетви за да им го доловам моментот ...Големото НЕ !! |(
    Посетував приватни часови кај големите градски мангупи и си знам основна самоодбрана, значи батките не ме плашат ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    јас за жал имам вакво искуство, со дечко ми се возевме со колата и застанавме во едно темно место за да имаме секс :D додека сеуште траеше предиграта некој почна да фрла со песок, прво мислевме дека силно се разврнало, но се пофтори повеќе пати и на крај фрли огромен камен, дечкото мој почна да трча по него за да го истепа, ама мањакот избега :worried: Наравоучение:Од тогаш не се сексаме во кола кај шо ќе стигниме ахаххаха :D п.с. во секој случај беше страшно :tmi:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Уфф ме исплашивте... Не знам како ке појдам во Скопје на факлутет.
    Кажете како да се заштитиме?
    Од кај се купува солзавец и колку пари е?

    Мој метод.
    Кога ке забележите некој дека ве следи или слично влезете во туѓа куќа или преправајте се дека гледате некого ...
    - Еееј срцкаа чекај ме - дерете се како да сте виделе некој
    или
    - Брат мииии кај си ти бе?
    ја така правам
    и трчам демек да ја видам замислената личност..
    Инаку вежбајте пискање кога можете .. хеххе .

    имајте на ум дека и тие имаат слаба страна
    можете да кажете
    океј сакаш ти да имаше мала сестра и некој ваков како тебе вака да ја влечи сестрати?
    или
    правејте се заинтересирани, ако веке немате каде и само кажете да ве почека пред продавница, не менувајки го осмехот. а во продавница пријаве те
     
    На Lolo5 и Iskra им се допаѓа ова.
  16. Tammy

    Tammy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    33
    И јас исто како Unfaithful18.Тој вторник беше си одевме со другарка ми од факултет и си зборевме и јас видов еден прилично стар човек како др*а на едно ќоше до една куќа,завртен кон нас и се смее,часот беше околу 14-15 и почнавме да трчаме.Колку сум се исплашила.Ќе се онесвестев од толку страв.Ама истрчавме со другарка ми до раскрсницата се завртивме и го гледаме си ги обуваше панталоните и одеше накај нас.Ама коа сме му ја летнале,300 на саат бевме.Кошмар :|
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    [​IMG]
     
    На spellbound и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  18. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    На одмор отидена со другарки и другари, сместени во вили во Крани. Ептен рано станавме за да го фатиме изгрејсонцето. Поминувавме низ вилите и тоа приколките и забележавме еден мажјак стои пред приколка расчепатен и си го др*a, па уште и не поздравува со Добро утро, повелете на кафе :puke: Ние игнор, брзопотезно исчезнавме. Пошто бевме само девојчиња правац кај нашите ни машки другари, па убаво објаснивме што се ни се случи и вечерта си го доби тоа што го заслужуваше (ни јас не знам што било), ама знам дека веќе не го видовме.
    Такви како него за жал има секаде и во секој дел од денот... ние ништо не можеме да преземеме, ама затоа има надлежни институции коишто треба да поработат на тој проблем.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Еротоманијаци.
    Бљак.

    Ќе ги испцуеш, он мисли му викам те сакам.
    Психолог. Под итно.

    И не ми се лепел некој мањак претходно, кога се носев пошироко, ама сеа приметувам некои старци одвратни гнасни...
     
    На Lolo5 и Evellin.a им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Уфф, што подалеку од нив. Ја некако сум лепак за манијаци - стари, млади више од сите возрасти. какви сакаш, каде сакаш - да бираш можеш веќе. па тие имаат памет да размислуваат со него - очигледно не! имаат свој живот да уживаат во него а да не замараат и манијачат други. ама не, тоа им е нивната главна професија, тоа е само нивниот одвратен и гнасен ум со изопачени мисли. сега ме мрзи да пишувам, ама имам некои случаеви со такви. за да се извлечеш од вакви ситуации или треба да си го навежбаш гласот и да се распискаш колку што можеш или некои од советите што ги даде пинк :clap: ако се колку тебе или така нешто, акни им ја една во стомак или по алатката и почни да трчаш, јас така еден што ме замараше касно ноќе, албанец , неможев да си идам така пошо бев во моја улица блиску до мојата куќа а овој ќе дојдеше до кај мене дома и ќе ме видеа. наеднаш овој ме фати за рака или незнам ме фаќаше за коса, со лактот му ја акнав една во стомак и со едни сандали само што ги купив со мала, полна штикла сум фатила ко нездрава да трчам, толку ми се дигна адреналинот цела улица ја истрчав за една секунда, незнам ко на маратон трчав, се свртев 2-3 пати видов малку подалеку е, не ме стигна еј чудо! одвај стигнав дома, веднаш отрчав во веце, целата вриев пот ми се цедеше по лицето, црвена бев цела и пола час неможев да се соземам и да дишам ко што треба! не дај боже да се деси на некој, пу пу .
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.