Нова серија на Сител, на најавата делува интересно. Мустафа живее во странство и за наследство се враќа во родната земја, по пат се среќава со Мариа. Убав избор на главни глумци, снимана е во Кападокиа. Ја има некој гледано?
Ја имам гледано до некоја епизода. Не е лоша серија. Кратка серија од 17 еп. Јас ја гледав само заради Мариа(Jessica May).
На глумецов првпат да видам дека му дале главна улога, а во една серија што идеше кај нас викенди добро глумеше, сум го запамтила од таму. На реклама кога ја видов нешто не ми задржа многу внимание ама поради глумците можда ќе и дадам шанса на серијава.
Спојлер Мариа и Мустафа ќе се венчаат, ќе имаат и бебе. Ќе се појави кон крајот на серијата, еден полубрат на Мустафа, ќе сака да ги убие двајцата, ама ќе се спасат. Претходно разни проблеми ќе им прави оваа што му е снаа и сопруга, ќе и помага брат и психопатот. Татко му на Мустафа ќе почине. Брат му на Мустафа ќе најде швалерка и ќе има бебе со неа, па таа ќе го напушти и овој со жена му ќе го гледаат бебето. Има уште, ама на ова се сеќавам.
Гонџа ненормална. Ама и Марија не е за фалење. Многу е самобендисана.Како ѝ се испофали на Гонџа дека е сакана... И глупава.Не знае ова, она, не знае што се случува...
Ја баталив, некако не ми прави кејф. Што знам, главниот актер не ми е ниту убав, не ми е ни симпатичен, лигави ми се некако со Марија, а во последно време избегнува, серии со конациве, крвни одмазди, пукотници и не знам што. Од тие причини не ја гледав ни Hercai, стојат пред тоа конаците и само се караат, де пред едниот, де пред другиот, скоро ништо и да не е снимано на други локации. Разбирам, ова се теми кои сеуште ги има кај нив, ама доволно ми е од овој тип на серии, заситена сум. Мојот дом ми беше далееку подобра од ова.Баш и немам ни време за серииве нешто посебно, па би пребрала нешто ептен што ми фаќа око.
@BlackNight Се согласувам дека Мојот дом е многу подобра серија. Секоја турска серија на ист начин е снимена, две фамилии се расправаат и демек забранета љубов нешто и по конаци снимена...
Марија и понатаму тешка глупача. Не сфаќа што е опасност. Се лути ако не е по нејзино.Инает тежок. Лудачине се поинтересни.