Видов дека неодамна во ДМ донеле нови ролери за лице, па ми текна да ја отворам темава затоа што верувам дека би ни била корисна на сите. Во последно време почнаа да заземаат замав масажериве за лице и можат да се најдат буквално во секоја дрогерија или парфимерија. Изработени се од природен камен - зелен жад, розе кварц, виолетов аметист, you name it, и ептен освежувачки делуваат при допир со кожата. Поготово ако се малку изладени во фрижидер. Еве листа со дел од бенефитите кои ваквите масажери ги имаат врз кожата, ископирана е од сајтот на Тесори ди маре: – зголемување на циркулацијата – намалување на подуеноста и потеченоста на кожата – израмнување на фините линии односно намалување на брчките – зголемување на имунитетот на кожата. – делува антивоспалително со што се намалува појавата на акни – зголемена продукција на нови клетки кои лесно и едноставно ќе ги заменат старите и мртви клетки – изедначување на тенот и намалување на депигментациите – зголемена еластичност на кожата постигната преку зголемена дренажа Пред некоја година си купив ролер од Алиекспрес, нормално за да видам дали воопшто ќе ми се допадне. На почеток беше супер, сосем солидно си ја вршеше функцијата, само што многу брзо попушти и не беше добро фиксиран „каменот“ на металните осовини. Потоа некако го забаталив, и пред некое време зедов од ДМ на Ebelin затоа што изгледаа преслатко и ролерот и гуа-ша каменот. Исти се како на сликата што ја прикачив. Некој посебен режим немам, само ми е убаво наутро кога го допирам каменот под очи и правам благ притисок во тој предел. Ми ја намалува подуеноста, а ролерот го користам кога ставам од оние лист-маските зашто поубаво ми легнува на лице и убаво ми е кога се масирам, имам чувство дека содржината од маската поубаво се распределува насекаде. Немам никакви очекувања, ниту пак мислам дека употребата би сменила нешто во изгледот на кожата, напротив, сметам дека треба да се внимава со притисокот ако кожата е осетлива и можеби да се избегнува употребата кај кожа со акни, иритации и слично. За мене ќе си остане само забава кога користам маска за лице. Користите ли вакви масажери за лице? Каков имате и како сте задоволни? Пишете ваши искуства, предлози, совети и сè друго што ќе ви падне на памет поврзано со масажерите за лице.
^ Јас си порачав, чекам да ми стигне. Се заинтересирав на толку реклами да видам што бенефит има. Да видам само постапката на масажа, па за некое време ќе пишам резултати.
Ролерите од Алиескпрес не се вистински камени ко овие поскапиве туку обична пластика. Ефтини ама дали даваат ефект. Јас сакав да порачам ама во рецензиите една пишала да не очекуваме камен. Баш пишете искуства,јас го гледав тој на gua or guam како беше таа македонската страна за нарачување на ролерот.
Ролерот ми е ништо посебно, но интересно е. Се "ролам" sheet маска кога имам на лице. А gua sha сега скоро почнав да го користам и се масирам. Ќе ви пишам како сум задоволна. Ама убаво е чувството онака релаксирачко. Иначе двата ми се од ебелин од дм.
Искрено, единствено првата, втората и последната точка ми звучат релевантно, за останатите сметам дека нема основа за такво дејство. Така да, дел од нивното рекламирање е добар маркетиншки трик. Вака интересно изгледаат инаку, како да се сеќавам сега пред некое време да имаше во КАМ или Стокомак од тие зелените со вистински жад наводно, ама некако не ми се даваат многу пари за вакво нешто.
Секако дека на сите ни е јасно колку вистина има во листава. Не ни треба да се сфаќаат здраво за готово работиве. Јас ниту гледам потреба секој ден да се масирам, ниту имам желба, ниту пак време. Наутро ми е навистина убаво и освежувачки да ги натапкам подочниците со каменот и толку. Ролерот го користам само кога ставам sheet маска. Онака не ми е практично ич да ролам додека нанесувам серум или крем за лице, истата работа ја вршам со прсти.
Баш ништо не придонесуваат на долг рок, нема научни или лабораториски податоци за тоа. Единствено можеби само за ова може да има некој ефект, со оглед дека каменот е ладен, но секако тоа е краткотрајно. Важно е да биде оригинал каменот, но со оглед дека нема некои значајни придобивки, не се исплатува. Поевтините варијанти не се вистински камен. Воглавно, само позабавна ја прават рутината. Подобро и немој, само залудно ќе потрошиш дел од кремот/серумот кој ќе се пренесе на ролерот.
Па нема ни потреба до толку, тоа веќе ми е екстрем и безвеза трошење козметика. Навистина не гледам потреба за да се употребуваат секој ден и да се прават којзнае какви масажи - технички, лицето добива блага масажа и кога нанесуваме серум или крем за лице. Ниту пак би трошела пари за некои поскапи. Заборавив да напоменам, ама навистина не ми е битно дали е не знам каков аметист или со што год да се оригиналните. Овие од Ебелин се стварно супер и си ја вршат работата сосем солидно, па какви сака нека се на крај краева. Сè додека наутро ме расонува и освежува студената сензација под очи, топ е.
Се согласувам, дланките се доволни за блага масажа и ексфолијација при миење со гел. Инаку, гледам некои лажица преку ноќ ставаат во фрижидер, истата функција се добива за ладење под очи. Ама сепак поинтересно е со ролер.
А каде има оригинал од овие? Јас на интернет се што гледав никаде не забележав поскап од 300 денари. Знам дека е чиста пластика ама за проба си порачав.
Jade rollers забележав на Sephora страната, сигурно и на други страни има. Цените им се движат 30-40 долари. Има некои поевтини, ама не знам дали се jade или rose quartz камења. Кај нас не би знаела каде има оригинал, најверојатно и нема.
Go proba nekoj uredov? Jas go poracav ovoj od slikava, cekam da stigne. Daj boze da ja vadi sminkata kako sto vikaat