Луче очајно ми треба маска за нокти ако може така да се нарече...знаете лимон сол вода такво нешто...помош
Јас пак прв пат слушам дека постојат маски за нокти , јас ги мачкам со маслиново/бадемово масло понекогаш, крема за раце која ги негува и ноктите и тоа е се
не мислев на крема мислев на нешто како оние scrub што се со вода лимон и такво нешто ми треба рецепт за тоа.Не знаев како да го наречам
Стави во млака вода лимонов сок и држи ги ноктите во водата така околу еден час. Тоа е за зајакнување на ноктите. Исто така имаш и паста за заби ставиш на некое капаче( од кисело меко, павлака , маргарин-кои се измиени) и неколку капки лимонов сок.Сето тоа со четка за заби го изматиш и со тоа ги трлаш ноктите. нека ти постојат малку и потоа изми ги. Тоа е за избелување и зајакнување на ноктите.
знам за нешто такво, во сад се става вода, сол и маслиново масло и во оваа смеса ќе ги ставиш ноктите да стојат околу пола саат.. го имам пробано ама ноктите ми беа ужасни-се набабрија се подуја и потоа многу се кршат и се листаа. Иначе рецептот го видов од јутјуб.
Па пола саат да ти стојат ноктите богами и ќе ти се стопат во водата, ќе се растворат Се што е претерано не чини. Прво многу е битно да ти е секогаш изваден лакот од ноктите пред да започнеш да ги третираш, секогаш вади со со отстранувач кој не содржи ацетон, да не ги оштетуваш ноктите, доколку употребуваш светки убаво и внимателно отстранувај го, најдобра финта ти е мали парчиња памукче натопени со отстранувачот да ги нанесеш на ноктите и преку тоа со мали парченца стреч фолија, завиткај ги и нека отстои околу минута-две, после само со отстранување на памукчето ќе ти се вади и лакот сосе светки, не мора да стругаш и да гребеш. Потоа убаво исчистените нокти убаво изми ги со топла вода и сапун. Во мал сад размешај кафеав шеќер и маслиново масло, но не во големи количини да не ти се стопи шеќерот, имај си до себе и од двете намирници и мешај си по потреба, со оваа смеса со прстите убаво триј ги ноктите и околу кутикулите, доколку имаш рани не ти е препорачливо да го правиш ова додека не ти заздрават. Откако ќе завршиш изми ги рацете и со алатка за кутикули исечи ги вишоците кожички, но ти препорачувам, доколку не знаеш како не почнувај, знае да биде полошо да ги извадиш отколку да не ги извадиш. Доколку не знаеш како побарај на интернет и ако пак не разбереш иди на козметичар Спојлер во моментов на Групер имаш супер понуда за нега на нокти, 150 денари е и супер е Со паста за заби и стара четкичка убаво истри ги ноктите, плочките и околу, особено доколку си пушач. Не се миј со вода веднаш туку со сок од лимон отстрани го вишокот од паста најпрво, најдобро би било да си напраиш чаша лимунада па збрцај ги ноктите во корките од лимон и триј додека не ти се исчистат. Изми со топла вода и сапун и на крај намачкај ги со масло за нега на нокти или крема за нега на нокти, доколку немаш ќе заврши работа и по една капка маслиново масло да втриеш, или пак обична крема за раце. Не лакирај веднаш, почекај убаво да се стабилизираат ноктите, да се затворат порите околу и да се впие убаво маслото/кремот. Задолжително, под секој лак ставај во намала рака обичен безбоен лак за нокти, не мора да е специјална база за лакирање, нема некоја разлика од обичниот безбоен лак за заштита Се надевам помогнав, во иднина со други рецепти, ова испробано на мене редовно и одвреме навреме на познати.
За маска за нокти ( за оние како за лице што се) немам слушнато сум користела лазни природни мешавини со мед млеко лимон сол шекер и разни руги работи но мене тоа не ми помага мислам јас имам цврсти нокти и брзо ми раснат така да не ми треба и некое посебно внимание со сепак мн пазам на нив секој петок и посветувам па околу 3 до 4 саати време. Јас од Jumbo ( знам дека малце смешно звучи) во веро центар си купив класичен пилинг за нокти мн го користам и има резултати околу 80 денари е мислам !
Рицинусово масло (за зајакнување и раст на нокти) Бадемово масло (за сјај и зајакнување) Ги мешам и ставам на ноктите 3-4 пати неделно додека гледам некој филм или едноставно дремам дома. Ми помага, порано ми се листаа и кршеа ноктите, сега ми се цврсти.
Од едно јајце само жолчката и малце маслиново масло убаво да се измеша и да стојат ноктите десет минути ги зацврстува ноктите растат побрзо и не се лупат јас сум многу задоволна
Баш ќе ја пробам маскава, некој ден. Маска за кршливи нокти Потребно: - 2 супени лажици мед - 2 супени лажици маслиново масло - 1 кафена лажица сол - 1 жолчка од јајце Нанесување: Ноктите мачкајте ги со смесата два до три пати во денот и оставете ја смесата да стои колку ви дозволува времето, но не помалку од 10 минути.
Со лимон мачкај ги, обелуваат и зацврстуваат. Можеш и некое време (5-6) минути дланките да ги држиш во маслиново масло, и рацете т.е дланките ќе ти омекнат и ноктите се негуваат и после само да направиш блага масажа, додека уште стои маслото нели
Не ми се кршливи туку премногу оштетени од гел Во септември ми беше последната корекција и одлучив да ги одморам некој период. Препораки што да им ставам на ноктите за да си ги оздравам побрзо?
За да ви бидат убави и цврсти ноктите многу помагаат витамини од Б групата. Сум приметила секогаш кога пијам Б комплекс растат побрзо и се многу поцврсти. П