Епа..драги мои феминки во оваа тема ќе поставуваме нејасни математички задачи и ќе се обидеме заедно да го најдеме решението! Еве јас ќе ја поставам оваа.. 5+5+5+5+5+5+5+5+5+5+5+5+5+5+2х0 Сите велат дека е 0 но јас упорно тврдам дека е 70 .. што мислите вие?
Да но множењето и делењето се операции од прв ред,додека собирањето и одземањето операции од втор ред што значи дека прво се множи и дели во задачата.Бидејќи во оваа задача има само множење тогаш прво се множи што значи .. 2х0 е 0 .. а кога ќе се соберат сите петки ќе се добие 70. 70+0=70
хахах е стварно ептен нејасна задача .Кога ја видов темава помислив дека некој навистина има потешкотии со математика па сакав да помогнам, ама вие пишувате глупости, не треба ни да се двоумите
^И јас така помислив си викам лелее којзнае какви задачи тука си викам некој од Електро не му текнува како да реши нешто од нивните задачи што се баш задачи, секако ако си најде колеги математичари тука зошто да не му/и се помогне, па и да не е од факултет кај што владее математика може му/и треба, ама кога ја видов ``задачана`` останав без зборови. Девојката што грешно ти вика дека е 0 ти ја поправаш и објаснуваш дека е 70 и дека множењето има предност. Знам дека за 12 години можеби тоа е интересна, вредна за размислување ама не и тешка задача. Јас стварно не знам што имаше потреба да прашаш за задачата кога и сама знаеш дека тебе ти е точна ама ај што се однесува до мене задачата не заслужува олкава дискусија, нека почне темава со најлесната па нека се полни со се потешки ... Како и да е, кога ќе имам нејасна задача ако ми е итна и ако не е тука тој што ми решава нејасни задачи ќе ја напишам тука, корисна тема сигурна сум дека ќе се најде некој што ќе знае имам сретнато математичари по дискусии
Добро,се извинувам што ја поставив,иако ја ставив само поради тоа да видам колку го знаат точниот одговор бидејќи речиси сите што ги прашав ми велат 0
Кога веќе поставуваме трик задачи во темава еве една и од мене: Како е можно 1+1=0 ? 1+1=1+√1=1+√[(-1)(-1)]=1+√(-1)√(-1)=1+i^2=1+(-1)=1-1=0 Каде е грешката?? Да се пофалам јас ја најдов Спојлер Ве лажам брат ми ми кажа А и ако помисливте дека одговорот е во спојлеров гадно се излажавте...мислете уште, ајде!
Во тоа што -1=i^2=√(-1)√(-1) различно √[(-1)(-1)]=1 И не е ова некаков трик, сепак ова е правило во математиката.
Да, да во тоа е што коренот не можи да се разложи доколку членовите се негативни Спојлер мора барем еден член да е поголем или еднаков на 0
Може да ви поставам една задача? Чисто да ја размрдаме темата, а и интересни ми се задачиве, па да ви ги размрдам мозочињата малце. Од една бактерија со делење се добиваат две. Делењето се врши секој час. Колку бактерии ќе се развијат за 10 часа, а колку за 24, под успов делењето да не се наруши? Спојлер задачата е од материјалот за 4та година
да ве размрдам повеце ова е случај кога бактерија се дели на две а колку ке ги има ако секоја раѓа нови 2 бактерии
Математика! Феминки ќе ве молам за помош. Оваа задача некако не ми иде и се нервирам многу ај ако може некој да ми ја објасне Напиши ги првите десет члена на низата зададена со a) an+2=an + an+1 ако a1=1, a2=1 б) an+2=2an-1 –an ако a1=1, a2=2 Не мора десет члена доволно е само со еден член само колку да сфатам... ќе ви бидам најмногу благодарна
Математика! За задачата под а) а1=1, а2=1, а3=2, а4=3, а5=5, ... значи секој следен член е сума на претходните два а за под б) дали си сигурна дека е a(n+2)=2*a(n-1)-a ??? ај провери да не има грешка, нема смисла да тупиме за нешто за што не сме сигурни.
Математика! Не нема никаква грешка значи n+2 n+1 i n само што се помали од бројките значи доле седат како што секогаш се пишува a1... Ако нешто не ти иде уживај си нема врска И ако знаеш нешто за аритметичка средина супер би било... Вака гласи задачата... Напиши ги првите пет члена на аритметичка прогресија ако: а1=-3 а7=-6
Математика! За последново, ако добро памтам општа формула беше дека An=A1+(n-1)d (намерно А го пишувам со голема за да не мешаш) Во тој случај А7=-3+(7-1)d=-6 d=-1/2 И сега лесно ќе ги најдеш кога го имаш d A1=-3 A2=-7/2 A3=-4 A4=-9/2 A5=-5
Математика! Не знам некако не можам да те сфатам а и во книгата на решенијата позади има др бројки како одговор: -3,-1,1,3,5