1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матурска вечер

Дискусија во 'Образование' започната од Aniston, 10 мај 2013.

  1. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Видов дека во различни градови, различни училишта, различно се прославува матурската вечер...

    Значи, немора да пишете од кој град сте, само да се опише каква е таа вечер :)

    Моето училиште прави свадба во голем ресторант надвор од градот. Сите сме балски облечени. Втората вечер во 2-3 поголеми групи славиме во различни ресторани, па по кафичи. Трета вечер кој сеуште има црн дроб слави во некоја кафана :)

    П.С. ако има ваква тема се извинувам :lol:
     
  2. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Интересна ми е темава :)
    Кај нас прва вечер прават во некој хотел облечени ко за на бал, па има таму свадбарски песни и шо ти јас знам што друго. Пред да одат во хотел прават матура за гости дома или во некој ресторан, па одат ја земаат партнерката од дома како невеста, ја носат кај машково на матура да ги виделе сите.. Поклони купуваат за партнерите од 100 евра |( После тоа одат во школото кај шо завршиле средно и поминуваат на "red carpet" ко во Холивуд и се веселат на трубачи, свирачи и ред други такви музички ѕвезди. Тек после доаѓа вистинската свадба во хотелот..
    Втора вечер прават во некој ресторан исто дотерани ко за на свадба и со музики од типот на зете мили зете (можда), и трета вечер во дискотека.
    Иначе машките се сите во костуми та му стоело та не му стоело, а девојките во долги фустани ко во Америка (не знам зошто се споредуваат со американчињава толку). Со фризури како торти, шминка 300 кила, фустани шиеле со чипки, со пердуви, со бисери со 300 чуда и тоа е тоа.
    Според мене со сите овие фрлени пари за глупости можат да се организираат да не се прави матура туку да одат некаде на шетање низ Европа или на море некаде. Матура секој завршил, после за факултет кога ќе завршат нека слават колку сакаат- за тоа вреди, а дипломата ја одбележуваат со формална вечера дечкото, братот со девојката и по некое другарче за жал. Тоа е навистина за славење, матура и најпростите завршуваат. Секој со своето мислење :hai:
     
    На eloves, Aniston и problems94 им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Последен ден во средно. Одиме на училиште, имаме еден или два часа но не учиме ништо, само седиме и разговараме. Потоа доаѓаат музичари т.е. свирачи и фаќаме оро во дворот пред гимназија, играме некое време, потоа се собираме со автомобили низ град кружиме и со знамиња и повотрно тие свирачите ни свират но овојпат на плоштадот. Потоа си одиме да се спремиме за вечерта. Вечерта славиме во ресторан, а по неколку дена, тоа доаѓа нешто како втора вечер од матура но кај нас се вика другарска, се собираме сите заедно во ноќен клуб.
     
  4. Eva22

    Eva22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    da ve prasam kolku mozat sansite deka planiram partner da mi bide drugar kolku moze da se sluci nesto pa da bideme poveke od drugari ?? dali vecerta go nosi toa ili nemoze , ako ne proba eden da go rasturi drugarstvoto za poveke ili nisto ??

    Po konkretno sakam da prasam mislenje dali na takva nok i prijatelstvata stanuvaat poveke ili nema vrska maturskata vecer ?
     
    На Majakisss му/ѝ се допаѓа ова.