Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Мафини

Дискусија во 'Рецепти' започната од Marilyn-Monroe, 11 октомври 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.863
    Моите омилени колачи. Особено оние домашно приготвените.
    Само што ме израдува мајка ми со мафини со житарки, а јас и ветив дека она списаниено со 101 рецепт за мафини ќе и го засенам, кога ќе го откријам рецептот за Brownie. Арно ама, семоќниот Google е дудук за готвење, затоа барам помош од вас. Brownie мафини со чоколадо или цреши.

    Воедно, споделете и ваши познати рецепти, употребувани или измислувани.

    Наздравје. [​IMG]
     
    На Summer16 и caki.83 им се допаѓа ова.
  2. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    239
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    43.860
    Речиси секоја сабота или недела за појадок правам мафини. Децата многу ги сакаат. Мене не ми се нешто посебно, ама добри се за појадок со млеко.

    Како современа домачица, ги правам оние од Др.Оеткер, со готова смеса. Не дека е тешко да се направат, туку со смесава знам дека имам се, и спремно ми е, се додава само масло и едно јајце, а што е право и многу брзо се прават :D
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.748
    http://gurman.mk/vashi-recepti/toplo-laden-kolach/

    Еве рецепт за топло-ладен колач.
    Јас пред служење ги ставам во микробранова печка 10сек. за да се стопи внатре чоколадото. :)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.748
    Не можам да редактирам, затоа дополнувам:

    Посни мафини (за 12 мафини)
    3 филџани брашно, 2,5 филџани шекер, 1 филџан масло, 250мл. газирана вода, пола филџан сецкани ореви, пола пакетче цимет, 1 кафена лажичка сода-бикарбона, 1 супена лажица какао.
    Се мешаат најпрво сувите делови, па се додаваат газираната вода и маслото. Ги печеме во подмачкани калапчиња (со путер) 15мин. на 180 степени.
    Чекаме да се подизладат, па ги вадиме. Одзгора може да им се стави шекер во прав или чоколаден прелив по желба.

    Има и солени мафини, внатре се става рендано сирење, шунка, по избор, се декорираат со кечап или мајонез одзгора. :)
     
    На marijaleon, НаталиЛили и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.152
    Допаѓања:
    63.726
    Мафини благи имам правено еднаш не беа лоши,ги најдов од Кулинарика.ком ,беа нешто -фил и во средината со изблендирана банана па пак се ставаше фил.
    Сепак беа многу благи оти одеше за филот бааги кремче и чоколадо,па сестра ми ја штрекнаа сите заби па оттогаш ми ги колне моите мафини :lol:
    Инаку сега си ги правам најмногу соленки.Значи како што е смесата за проја-некогаш додавам и маслинки место сирење, и ги полнам калапчињата и искачаат предобри солени мафини,а и за сервирање се топ :up: Можете и рецептот за проја, па да се додаде спанаќ и сиренце,или кислеи краставички,шунка,кашкавал како ви лежи на срце така.
    Рецепти имате многу на кулинарика од каде си направив мој мини готвачпа се живо испринтав од рецепти и ги укоричив :)
     
    На Trendafilka и girl.23 им се допаѓа ова.
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    2.505
    Си купив готова смеса за мафини, пишува дека се печат 25мин на 175 степени во рерна.
    Е сега, прашањето ми е можам ли да ги приготвам во микробранова наместо во рерна?
    Некој да има искуство?
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.542
    Јас сакам да пробам да направам бидејки ми се чинат многу лесни :)
    Инаку може ли да се користи од оние хартиени за колачи(не ми текнува како се викаа :?: ...ако се нема калап?
    Еве рецепт за солени и благи мафини:
    http://www.kafepauza.mk/zivot/mali-i-vkusni-mafini/
     
    На NAJovanovski му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    45
    Ги има во тинекс 100 и нешто се готови.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.467
    Јас ги правам најчесто овие мафини и излегуваат супер.
    http://sitnoseckano.blogspot.com/2010/0 ... ins-2.html
    Со тоа што правам половина доза и ми излегуваат 8-10 што е доволно.
    Мислам дека со цела доза би излегле многу повеќе од 12 мафини.

    Понекогаш во средината додавам и некое цело оревче и се уште поубави.
    Еднаш од досада стопив и бело чоколадо и ги брцнав со горниот дел во него, изгледаа супер.
    И ваков тип на декорација е исто лесно - со шприц се обликува формата на кремот и се додаваат чоколадни трошки.
    [​IMG]
    *иако нели, технички овие се капкејкс. :D
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.953
    Мафини или капкејкс ... исто чудо др име. Јас добив од Америка готова смеса за нивно правење со се рецптура, само треба да се додаде млеко, јајце и масло. Ама не се нафаќам да ги правам. Плус треба да купувам модлици ... |(
    Може еден ден ако ми дојде желба ќе ги направам па ќе ве известам какви биле :)

    А не сум и некој обожавател на ваков вид слатки
     
  12. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.103
    A каде можат да се купат тие калапчиња за мафини? И колку се??
     
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    10.659
    Обожавам мафини! Повеќе да ги јадам отколку да ги правам :lol: Најдов еден рецепт за солени мафини, па можеби деновиве ќе го пробам :)

    Мафини со грашок

    [​IMG]

    Состојки:
    - 100 гр. грашок
    - 200 гр. пченкарно брашно
    - 100 гр. пченично брашно
    - 1 кесичка прашок за печиво
    - 2 јајца
    - 1 дл. масло
    - млеко по потреба
    - една лажичка сол
    - едно гранче зачин
    - 50 гр. рендан пармезан

    Подготовка:
    Грашокот обарете го и оставете го да се исцеди. Измешајте ги двете врсти на брашно со прашокот за печиво, додадете ги сматените јајца, маслото, посолете и сипете толку млеко како би се добило маса со средна густина. Сето ова помешајте го со грашокот и ситно исечканите зачини. Потоа сипете ја во претходно обложените калапи. Одозгора наросете ги со пармезан и печете половина час во претходно загреана рерна на 200 степени.

    [​IMG]

    Интересно и лесно :D
     
    На NAJovanovski и girl.23 им се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    4.940
    Наместо ,,млеко по потреба,, стави 100гр јогурт и остави грашок, не ставај, стави ситно сецкана сланина или сув врат, печеница....поубави се вака ;)
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.748
    Знаете некој рецепт за солени мафини без јајца??? :)

    -Погоре праша некој - на пакетчето за мафини би требало да пишува колку мин. се прават во релна, а колку мин. во микробранова.

    -Калапчиња се купуваат во сите подобро снабдени продавници за прибор за домаќинство. (каде се продаваат тенџериња, тави, итн.) Има целокупен калап со дупчиња или посебни калапчиња. Има и гумени калапчиња кои се отпорни на оган (ама се многу поскапи). Ако сакате убави, трајни калапчиња кои ќе ги користите долго време, купете од поскапите, а не кинески. ;)
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.877
    Mене овие мафини ми се омилени и дома за 1 сат сите веке се изедени :D

    Pецептов е за со боровинки,но ако немате можете да си заменте со малинки,јагоди...

    75г путер
    100г шекер(на рецептов ми пишува caster sugar,мислам значи поблаг шекер на македонски) :wasntme:
    1 јајце
    2 чајни лажички млеко
    1 прашок за печиво
    100г брашно
    100г смрзнати боровники,малинки,капинки,важно да се смрзнати

    Pерната вклучете ја на 180 степени,во подлабок сад ставете го растопениот путер и шекер и измиксајте ги со миксер додека смесата не стане лесна,потоа настрана во друг сад измешајте го јајцето со млекото,па ставете го во смесата со путерот и шекерот,па измискајте,потоа додајте ги брашното и прашакот за печиво,па исто така измиксајте,па потоа боровниките и мешајте додека не се соедини смесата,па ставете ги во калапот за мафини,и печете ги 20 минути.

    Aј деновиве ке споделам повеке рецепти
     
    На angela.kostova, simoncelicius и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.086
    http://www.laurainthekitchen.com/arch/c ... cakes.html преубави се.

    1 cup е некаде околу 250мл/гр...
    1/2 е околу 125гр/мл...
    Дома имам cup и измерив за да знаете колку се мерките кај нас. Во рецептото пишува со бел и кафеав шеќер може и само бел.(кажано е и во видеото)
     
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.877
    Bчера пробав нов репецт за Банана Kапкејс,мене ми се допаднаа,не се кој знае колку благи :geek:

    2 cups брашно(овие 2 cups се околку 2 чаши за чај оние поголемите)
    3\4 чаша поблаг шекер(caster sugar)
    1\4 чајна лажичка миризливо оревче,морско оревче или цимет( а за тоа 1\4 ке ставам слики подолу)
    1 голема згмечена банана
    2 јајца лесно изматени
    125 гр стопен путер

    Mешате се заедно и на печење околу 10-15 минути зависи

    A за тоа 1\4 лажичка јас дури си сликав од дома за да објаснам поубаво :rofl:
    Oколу прстофат е количинава :^)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Пробав во хартиени корпиња да ги направам, ама за жал ми се заллепија..што треба да направам за ттака да не ми се залепват само во калапчињата да ги печам или да ставам масло на корпињата?
     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.877
    Jас им прскам спреј-масло,ама не секогаш,и убави испагаат :?: