Епа вака.. Имав дечко со кој одевме една година и потоа се скаравме за муабети кои почнаа да излегуваат од некои љубоморни луѓе кои ни беа блиски на двајцата. И бидејќи јас излегов крива за раскинувањето, решив после две недели да му се јавам. Го повикав и правевме маубет и тој само рече дека заминува од градот и дека му било жал. Јас решив да продолжам понатаму и тоа ми успеваше до Нова година. Вечерта само што влегов во диcкотеката со другарка ми, на вратата се појави тој со неговите другари и се тргна наопаку. Вечерта " се смиривме ", а другиот ден тој мораше да замине на пат. Додека беше таму, преку телефон решивме да ставиме крај. Сега се гледа дека му е криво, постира некои песни на Facebook кои ги слушавме заедно, му кажувал на другарки дека му било убаво со мене, ама кога ќе се сретнеме како да не се познаваме се понаша ( гордоста не му дава ). Иако е многу горд знам дека еден ден пак ќе се врати, но јас не сум повеќе подготвена да простам.. Кое е вашето миcлење за ситуацијава ?
И сама си знаеш дека не си подготвена да простиш, остави го..неможе он постојано да си игра со тебе замо заради неговата гордост..малце е глупо тоа..и ние имаме гордост и ти биди годра и више не му се ни јавувај ниту пак комуницирај со него..коа ќе му текне дека така не треба ќе биде касно а ти више еднаш си простила и имаш доволно алиби слободно и комотно да го оставиш да тоне во депресија со вашите некогаш омилени песни..можеби малце грубо кажано..ама и ти имаш гордост.
...нешто што најмногу мразам! Абе оваа ваша гордост бе момци е единствениот виновник што 99,9% од вас не успеваат да им докажат на саканите дека стварно ги сакаат. Аман, жити господ. Ради една гордост солза не пуштате. Спојлер Добро, и ние женските имаме гордост, но кога треба да се изразат чувства, гордоста НЕ ПОСТОИ!
Машката гордост.......... да не покажат емоции , да не покажат дека ги боли дека патат............... Ами и није сме си криви а покажат емоции .......... има кучки што само това чекаат , па почнуват занесувања изведувања понижувања............ епа човекот еднашка се изгорел ............. и не дека ги нема во него туку не сака да си ги покаже
„Ама кога ќе се сретнеме како да не се познаваме се понаша ( гордоста не му дава ).“ А што е со твојата гордост !? Дали твојата гордост ти дозвболува да седиш и да го чекаш него, кој се ти зборува а на улица се понаша НИКАКО !? И ти имај гордост, крени ја главата и заборави го, флертувај, забавувај се, животот е пред тебе. Ти имаш чест, гордост имаш твое јас и чувај го, не дозволувај никој да го повреди. КОлку и да ти е тешко тоа не покажувај го. Зарем некој е вреден за твојата болка !? За твоите солзи !????? ЗАБОРАВИ ГО, тоа го мислам за ситуацијава ... Се што било поминало, се што ќе биде и тоа ќе помине