Живееме во време во кое освен девојките кои се грижат за своето тело и убавина, тоа го прават и мажите. Сепак, козметиката и убавината не се само за понежниот пол. Постојат разни производи за негата на мажите, како гелови за коса и гел за бричење, восок за коса, крема за лице и гел за чистење на лицето, афтершејв, дезодоранси итн. Прашањето гласи: Што користите вие од оваа козметика, а за девојките што користат нивните браќа, дечковци, сопрузи па и татковци, зошто да не? И дали за вас претставува табу ако мажот користи козметика и се грижи за својот изглед?
Заштита на најголемиот орган на телото не смее да биде табу. За поголем дел од мажите е табу. Кога ќе почнат да се појавуваат знаци на стареење - тогаш веќе не е табу и почнуваат паники. Па дури и оние кои имаат проблем со акни имаат огромен проблем да ставаат крем за лице. Како кремот да е најголемиот проценител за машкост или не знам што... Затоа е важно да се работи на заштита на кожата. Ако се работи за некој кој работи постојано на отворено, барем летно време е важно да се користи крем со заштитен фактор (SPF) зошто сончевите зраци и изложеноста на надворешни влијанија предизвикуваат предвремено стареење на кожата (па дури и многу полошо). Пред спиење: чистење лице со гел (посебен за лице, не оној за туширање!), лосион (или нешто слично) и потоа крем за лице. Во зависност од тоа каква е кожата (сува, масна или комбинирана) се бира и кремот за лице. Се гледа и состојбата на кожата: дали е потребен крем против акни или против стареење или забавување на процесот на стареење на кожата. Ова во случај некое машко да се излаже и да прочита - не си мажиште ако не користиш ништо и се исмеваш со оние кои користат (особено ако користат заштитен фактор од сонце), само си глуп.