Јас сум пред се во доминантно машко друштво. И постојано со другарка ми (едино девојче тука покрај мене) сме критикувани за како држиме пријателства вон друштвото. Не само тука, и со другите другарки од другите другари пак сме критикувани пошто едната другарка ми е да 10+ години ама друго се ми е скорешно и давам одреден број шанси пред да преќинам да се трудам пошто моја и на другарките филозофијата е дека со сила не бива. И вчера ме изнервираа првите другари (иронично, ради нивни однос кон еден другар и негово толерирање јер се знаеле од деца) и денес решив цел ден да какам за машки пријателства. Така да има неколку шеми шо ги имам забележано и во мое опкружување ретко некои се однесуваат различно иако сигурно има исклучоци: Се запознале во основно и вистина имаат и по 10 години силни заеднички интереси и им е забавно заедно. И сите сакаме пријателствата да ни се трајни, особено вака. Ова е поврзано со првото: се запознале во основно/од деца и немаат заеднички интереси веќе дооооолго време, карактерно станаа вода и масло, само се караат, за ништо не можат да стигнат до компромис, поќе се толерираат него шо уживаат во своето присуство, ама другари се и шодека сега Петко му украде женската или ѝ се пушта ете после раскин со другар му, ферски, или го пиша ко втор контакт на брз кредит. Јбг, другарство. Чиниш пензија се зема само ако имаш стаж во бидување другар. Би рекла најголем процент од машките другари на другарите се баш вакви. Третото е, не се дружеле ама Трајко еднаш му напрајл нешто добро и сега врзани се од некоја невидлива сила да останат заедно 4eva. Не само другарите, би рекла ова го гледам и кај татко ми и машките роднини. Као го гледам како работи татко ми мајсторска работа за рандом луѓе поќе пати годината, за фри оти им должел. И прашвам зошто. Па еднаш пред 15 години тој му дал ху и од тогаш се другари и другари така праеле. А се слушаат само кога на другиов му треба услуга. Girl what? И после ги имаме оние кои се дружат на вајбс, лојални се ама не те оставаат да газиш врз нив само оти се знајте долго време. Честитки и за овие. Тука би го ставила брат ми, ете како исклучок шо го познавам, ама и двата сме растени без многу други деца околу нас и ваљда зато си штитиме мир. Некогаш и поќе од шо треба. Можеби ние сме проблемот. Не знам. Исто имам забележано дека некогаш ни име не си знат а се однесуваат како да се знат цел живот во тие 15 минути и после веќе стануваат drinking buddies или кафе другари и имаат термин во месецот за то шо ги спојло. Искрено, ова мојата интровертска страна го смета за почит. You go guys, making friends along the way. И така ова е некоја моја перцепција. Нормално е генерализација и нешто шо е точно за мојата реалност. Вашата можи да е страшно различна. Па ме интересира: Какви се машките пријателства во вашето опкружување? Која е разликата од женските пријателства? Какви шеми на однесување вие имате сетено или сметате дека нема некоја шема во вашето опкружување туку дека сите се уникатни во искуството? Дали сметате дека (генерализирано де) машките се посклони кон спонтани пријателства, или женските? Или нема врска? Нека е набљудување муабетов. Пошто се шо кажав моето е набљудување и некоја моја реалност и искрено јас мислам дека "правилото" е сигурно поразлично.
Зависи од група до група, ако се некои ,,отракани" машки, не планирам да се дружам, пред мене да се прават се супер, а зад мене да прават перверзњачки муабети за мене. Ако се некои онака скроз ок Група, не гледам проблем да се дружам со нив. Единствено ми е мака што секое машко што има другарки се карактеризира како геј, иако тој можеби е нај straight особа. Можеби забегав малку оф топик, ама тука сум се враќам. Сега муабетов ќе ми е више друга тема, да не не сфаќате погрешно. Машките пријателства мислам дека се по вистински. Или се сакаш, или се мразиш, не можеш пола пола. Или сакаш да се дружиш со него, или му пцуеш мајката и не се дружите повеќе, а кај женските е сосема поразлично. Излезени цело друштво, "другарка" ми со мене оговора некоја од друштвото, другата ден ќе ги видиш излезени заедно, и сигурно темата им сум јас. На мажите 100 посто им е полесно да најдат друштво, два пати да се сретнат во лифт и више следно ќе одат заедно во кафана фудбал да гледаат, кај нас не мислам дека е така. Се надевам не заминав многу офтопик
Прво, морам да кажам дека твоето искуство и набљудувања се многу интересни и добро аргументирани. Се чини дека си поминала низ различни типови на пријателства и имаш доста искуство со машки дружби. Шемите кои ги опишуваш се чести и познати, особено во машките пријателства. Често се случува луѓето да останат заедно поради навика или лојалност која потекнува од детството, дури и кога повеќе немаат заеднички интереси. Ова е нешто што можеби е карактеристично за машките пријателства, бидејќи се чини дека тие повеќе толерираат несогласувања и разлики само заради старите врски. Од друга страна, женските пријателства можеби се повеќе базирани на тековните заеднички интереси и емоционална поддршка. Можеби затоа и е почеста ситуацијата каде што женските пријателства можат да завршат кога ќе се изгуби заедничкиот интерес или кога ќе се појават несогласувања. Спонтаните пријателства се исто така интересна тема. Според моето набљудување, мажите навистина се поклони кон спонтани пријателства, често поради заеднички активности како спорт, хобија или дури и случајни средби. Женските пријателства, пак, често бараат подолг период на градење доверба и длабока емоционална врска. Се разбира, ова се генерализации и секое пријателство е уникатно. Секој човек е различен и секое пријателство има своја динамика, но вреди да се размислува за овие шеми и како тие влијаат на нашите односи.
Понекогаш им се дивам на машките пријатества и нивната едноставност. Скоро во текот на работата двајца машки колеги се скараа, помина гужвата разговараа, се смирија меѓусебно и си дадоа рака бидејќи причината беше банална. Да беа во приказната женски, уште ќе се караа и немаше да се погледнат повеќе.
Ужас, пеколот го замислувам опкружен со машки другари, разговори за футбал, вицови, пуштање скечови од Солзи и смеа, К15 или форици у фазон ,,Брат остај ти со 200 што си се разминал, мене шо ми се деси да видиш".
Машките пријателства се поискрени и траат подолго,ние женските од мравка правиме слон,се караме за глупости.Во однос на пријателства помеѓу машко и женско мислам дека има искрени пријателства кои траат.Најчесто со машки се имам спријателно спонтано и да машките се посклони кон спонтани пријателства.
Ние сме потешки за спријателување. За машките доволно е да спомнат една заедничка ствар и почнуваат да се однесуваат како да се знаат од пелени.
Па не држи вода баш дека секогаш машките се поискрени при изградба на машки пријателства. Често кај машките пријателства мажите се поголеми алапачи и од жените. Немаат храброст да бидат искрени, отворени и директни, па озборуваат зад грб. Не може да се направи генерална споредба меѓу женски и машки пријателства, бидејќи постојат различни видови на пријателства во двата табори.
Se druzam dosta so maski I maskite drugarstva se pocvrsti za razlika od zenskite. I dosega drugar me nema zaebano. Ja vikam ,,so maskite e lesno, ili ke se druzam ili ke saka neso poise, so zensko ne znaes na so si nikad” I stojam zad ova
Точно пред да ја видам темава поставена на форумов, размислував за ова. Си мислев како машкиве полесно се спријателуваат и не се замараат толку длабоко за пријателските врски како нас женските. А и поспонтани се, полесно се договараат да одат некаде, да прават нешто. Е грдото е што се алапачи, има машки кои оговараат бетер од жени. Но тоа е веќе работа на карактерот.