1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машкоста и силата на "новиот" или добрината на дечко ми?

Дискусија во 'Канта' започната од Samovilata, 7 јули 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Samovilata

    Samovilata Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    иако често го посетував форумов, не сакав да влегувам во форум и да дискутирам, се додека не почнав да барам мислења од други за проблемот кој го имам. Еве вака. Две години сум во врска, тој е 7 години постар од мене, многу ме сака, се грижи за мене, ништо не ми недостасува, никогаш не ме повредил , на ништо ама на баш ништо не можам да се пожалам. Јас сум девојка кое е со следното размислување: Подобро е да бидам сакана, да ме чува како капка на дланка, да имам слобода да одам каде сакам и да напредувам колку сакам со сета негова поддршка, а сето тоа внимание кое ми го пружа. ке ме приврзе кон него и ќе си го засакам. И така би. Го сакам, ама цело време како нешто да ми "лазат вошки". Запознав еден дечко, со кој контактирам повеќе од еден месец. секој ден, од 6 попладне до 6 наутро. Се вљубив во него. Тој е слободен и сериозен и знае за мојата ситуација, дека сум во врска, серизона. И тој е вљубен во мене, и ми кажа дека ќе прифати да ме чека, и ќе ме сака се додека не раскинам со дечко ми, па да му припаѓам само нему. Односите со дечко ми се заладија, не сакав да спијам со него, не сакав да се гледаме, не сакав ни да се слушаме, зашто кон "новиот" чуствувам голема љубов, страст, копнеж, како да сум спремна да дадам се, само за една ноќ со него. А тој, не сака една ноќ, тој сака постојано, врска, да сум само негова....Што се случи? Сакајќи или несакајќи, од страв или од разум, одлучив да дадам предност на добрината, грижата, почитта....Мојот дечко е мој другар, мој брат, мој татко, а најпосле љубовник. А "новиот" го гледам како љубовник и како човек за кој не сум сигурна дека ќе е толку посветен и трплеив со мене.....Новиот е избувлив, нескротлив, страствен, љубоморен, интелегентен, одлучен, сериозен....а, дечко ми е мил, добар, нежен, грижлив, посветен и со сето срце ме сака, понизно и безусловно.....Машкоста и силата на "новиот" или добрината на дечко ми?
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Зошто да си уништуваш врска со некој кој сигурно те сака заради новото познаство?
    Ко прво не можеш да бидеш сигурна дали е таков како што се покажува или сосема друга личност?Може само сака да те легне и да те остави на крај и ке бидеш и без дечко и без овој новиов.П а дај девојко,девојки плачат да имат дечко ко твојот а таа се прашува дали да го остави и да замине со другиот.Не знам,јас би останала кај што сум си.Мислам тоа е моја одлука ама ти си најдобро знаеш.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Твое си е што ќе одлучиш, ситуацијава е деликатна малку, па неможе некој од страна да ти соли памет со кој да бидеш. Иако, мое мислење е дека со дечко ти со кој си 2 години, имаш подобра иднина, отколку со другиот, доволно беше што прочитав дека новиот е љубоморен за да ми стане јасно. Твое си е, само размисли си многу убаво, што губиш, а што добиваш доколку ставиш крај со дечко ти, и почнеш нова врска со друг. Седни и анализирај си, што имаш сега, а што ќе ти се скрати од сето тоа што го имаш ако ставиш крај. Размисли си и што сега ти фали, а што можеш да добиеш исто така ако ставиш крај со дечко ти. Ти си најважна, тоа запомни го, тргни првин од твоите потреби, размисли си за иднината, па потоа донеси било каква одлука. И не размислувај со срцето. :)
     
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Се согласувам со горе наведеното.. Девојко имаш идеална врска, немој да си ја упропастиш за една ноќ како што ти би рекла.. Сфаќам дека некое време сте во врска и дека сакаш нешто малку да смениш, но не си ја упропастувај врската за некој друг, со кој не знаеш колку време би се гледала ниту уште знаеш каков е.. Имаш голема среќа што имаш таков дечко и најдобро е да си стоиш до него. Јас веќе некое време не можам да си најдам дечко, а кога би си нашла некој како твојот, верувај не би го пуштила !! Сепак ти си знаеш најдобро, дали вреди да си упорпастиш таква врска за тој.. ! Поздрав :)
     
  5. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Се би направила да имам дечко како твојот! размисли сто ти вреде повеке ке се каес цел зивот верувај! наместо да гледас утеха во други посвети му се на дечко ти близината праве се,ке се заљубис верувај и нема да мислис дека врската ти е монотона,јас ке потписам и со двете раце дека тој другиот ке те повреди и секој ден ке споредувас како ти било а како ти е сега,со оглед на тоа дека сегасниот по писуваното искрено те сака јас би те советувала да си го чувас оти јас ке ти го земам па ти оди си со другиот :lol:
     
  6. Samovilata

    Samovilata Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Знам девојки, знам дека е така, еве дечко ми ми се јави и ми кажа дека сака да одиме на одмор, ми вели "нешто во последно време ми беше тажна, ама сега ќе одиме некаде да си ми среќна" кутриот тој, мисли дека е во него проблемот за моето минато однесување. Треба само време, да заборавам на новиот, кој ми кажа дека само здраво, како си, што има ново, ќе има межу нас, откако му кажав дека јас не можам на слепо да раскинам таква врска... Знам дека си велите "оваа нашла па зашла'' и знам, дека можеби е така, ама сепак, кога ке споделите што имате во срцето, и кога од страна други девојки ве поддржат или критикуваат, е многу полесно...
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Немам што да те критикувам, зашто ти не си во брак, едноставно имаш врска која се базира на милосрдие.Мислам, погрешна е дефиницијата дека сегашниот дечко го сакаш,едноставно дечкото ти е само мил,бидејќи е внимателен кон тебе,но верувај ниту врска,ниту брак без добар секс не опстанува.
    Самата кажа дека го доживуваш пред се како брат,другар, татко,а најпосле како љубовник и мислам дека си се одлучила за добрината, грижата и почитта, бидејќи во тебе постои страв што ќе каже околината и вашите ако се вмешани, а после ти се јавува страв од новиот предизвик, затоа што со новиов немаш сигурица, поизбувлив е,одлучен, сериозен,помажествен, а стариот е секогаш тука за тебе и во секој момент имаш на кого да се потпреш.Стариот ќе прави се ти како ќе кажеш да ти удоволи,а новиот има м*да да тропне во маса и да пресече, има свое јас.
    Не можам да зборувам во твое име, ќе зборувам во свое,
    значи, јас би го избрала типот по кој ми течат лиги, со кого ќе пробам се и сешто, ќе експериментирам, ќе минувам низ авантури, за да ги задоволам своите потреби и потребите на младоста,а типот со кој си моментално, ми изгледа како човек за топол дом полн со внучиња, среќни пензионерски денови и длабока старост.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Самовила, јас мислам, некое време да избегнеш контакт со `новиот`, и да се посветиш на врската со дечко ти. Се е во твојата глава, ти контролираш, малку е комплицирано но, секогаш кога ќе помислиш на `новиот` пренасочи ги мислите во нешто друго, ќе видиш дека ќе ти успее. Отиди на одмор сега, помини си убаво, вложи во врската, јас мислам дека и самата си збунета, сакаш нешто ново, такви сме ние жените де :lol: кога ни обрнуваат внимание оладуваме, кога се лоши спрема нас тешко ни е и уште повеќе ги засакуваме :wasntme: Можеш и да опишеш некоја ситуација со овој новиот, па можеби ќе донесеме некој заклучок дали вреди да ризикуваш, можеби и само те лаже, ништо не се знае машките се опасни лажговци.
     
  9. Samovilata

    Samovilata Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Значи вака, да се изјаснам прво: сексот со дечко ми е супер, задоволена сум целосно и сака да експериментираме нови работи, едноставно како да кажам а да не ми се смеете "не му фали ништо", ама по контактот со "новиот" сфаќам дека кон дечко ми не чуствувам таква лудост да скокнам од кревет и да му се фрлам...страст е тоа, страст е....голема страст, која ја чуствувам за новиот, некогаш сум спремна да одам да легнам со новиот и у пм после не знам... а страста е минлива...Новиот никогаш не зборува за секс, кажува дека не му требам за секс, туку за понатаму во животот бидејќи за секс има многу а за љубов не...новиот е заљубен во мене, ми има пишувано поезија, ми ветува дури и брак, ми кажува "само кажи, и идам те земам и у пм сите други" значи крајно е сериозен, и другарките ми велат "сериозен е , ама сепак.... не го знаеш каков е , а дечко ти ти се има сто пати докажано во различни ситуации..." уф!
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Ко јас да се читам пред некој година :) Истава ситуација, он мене ме сакаше премногу, го сакав и јас ама недоволно. Се појави нов дечко, што ми го заврте умот, и јас исто не сакав веќе да спијам со првиот, не можев да поднесам да ме допре, до тој степен стигна ситуацијата. И му раскинав. Па што да правам со човек што не можам да поднесам да ме допира? Се фатив со новиот, работите идеа добро на почетокот, ама се фатив дека во него ја барам добрината на првиот, неговото внимание што ми го посветуваше, што беше нон стоп тука за мене, имав неверојатна поддршка... И нејсе, пак почнав да се гледам со стариот и сфатив дека него сум го сакала цело време. И сега ќе ми биде маж :)
    Не знам, мене тоа само ми беше некако излет, мислев дека ќе најдам некој подобар, дека он беше подобар... Сакам да ти кажам да бидеш внимателна што и да одлучиш, јас ја имав таа среќа да ме чека и да ме сака можеби и повеќе од порано, ама да не сакаше да ми се врати не знам што ќе беше со мене. :)
     
    На i.am.me му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Јас не сум човек што се задоволува со доволно добар. И добрината е доблест што ја ценам кај луѓето, ама нема врска со љубовта према човекот со кого би го поминала животот. Да, важно е да е човек, и да е добар и да ме сфаќа, ама ене лично тоа не ми е доволно. Битно е но не знам дали би можело да ме задржи.
    Има една изрека што вели дека ако си заљубена во двајца и се мислиш кој да го избереш, секогаш избери го вториот, бидејќи да си го сакала првиот овој немало ни да го забележиш. За мене лично ова е точно.
    Не викам дека вториот ти е подобра опција..Може воопшто да не ти успее ни со него... Може да е сељак обичен, може да имате катастрофа врска..Може да ви биде и најубаво...Може да осетиш поинаква димензија на предаденост...ТОа никој не може да ти го каже ни предвиди. Не мора да е тој тој.
    Но мислам дека ни првиот не ти е вистинскиот.
    Можеби не е ниеден!
    Разгледај си ги опциите...

    Јас тргнувам од себе и од силата на страст и љубов што ја чувствувам за дечко ми. Постои такво нешто на светов и вреди да го бараш за да го доживееш. Мој совет ти е да не се задоволуваш со ништо помалку....
     
    На Neytiri, i.am.me, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Samovilata

    Samovilata Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Знаете, јас сакам да се учам од туги искуства, знам дека е ова искушение, на кое не можам да одолеам, и си велам ""a да раскинам јас со дечко ми, да пробам ако не успее, па после ќе му се вратам на стариот" ааааааа на никој не му посакувам да се најде во ваква ситуација, да го буцка жаволчето да види што има од другата страна, а толку сакам бе да го видам новиот... ама може да се изгорам, а знам дека некои работи кои ги имам сега, никогаш нема да ги имам со новиот...затоа, многу ми треба охрабрување :) зашто секундата може да ме натера да ми пукне во глава нешто...
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И помош, и поука, и критика и совет, ве молам.

    Ама од друга страна ако не пробаш цело време ќе си викаш Што ако? Што ако испаднеше вака, што ако беше така, а мислам дека тоа е најлоша варијанта и секогаш нешто ќе ти фали. Едноставно види како ќе тераат работите, па ако не можеш да издржиш нема зошто да остануваш во врската. Само што и како ќе правиш да си размислиш убаво :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Samovilata

    Samovilata Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Е да, тоа ме мачи постојано "што ако, како ли е, ај бар само еднаш" ама на ова новиот ми вика "ја на шо ти личам, на лубеница, да ме бираш? или јас или тој, нема шанси да ти бидам таен љубовник" а јас сакам да пробам.. ќе си пукнам, се мачам, а свесна сум дека и новиот ке почне да се менува и ке се обидува да се дистанцира...а толку ме привлекува, како магнет... ааааааааааааааа!! сакам да го преспијам сево ова :(
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Samovilo а да ми го дајш ти мене твојот дечко ,може ке си се аресаме а ти да си пробаш со новиот?така ни тој нема да биде сам ;)

    Океј сега посериозно-навистина би го оставила твојот дечко за некој кој не знаеш дека е ваков како што се претставува?човекот сака на одмор да ја носи за да се чуствува подобро она размислува да проба со друг.Од кај знаеш дека ке биде новиот толку добар како сега ако бидете во врска?
    Размисли убаво каков чекор ке направиш зошто после назад ке нема.
     
  16. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Ќе се самоцитирам, ова ми е пост од една друга тема... Со тоа што ти криза немаш никаква, пиша дека ви е одличен сексот итн. Мене од пишаново новиот не ми се допаѓа нешто многу, ептен нервозни типови не милувам а таков ми е впечатокот. Ама тоа е мој впечаток и е преку форум. Од кај знаеш дека нема после извесно време врска пак истото и со него да е? Затоа, ничиј совет нема да ти помогне од овде, зашто ќе наидеш на многу, многу различни мислења. Добро размисли и повеќе пати. Се` е кај тебе во главата, верувај. :)
     
  17. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Во ваква ситуација се има најдено мојата некогашна најдобра другарка таа со дечкото е заедно 4,5 години уште од средно, и лани коа се запиша на факс еден асистент се загледа во неа, таа многу време се мислеше што да прави.
    Ми кажуваше дека со него сака само секс за една ноќ како што таа велеше да си го извадам „меракот„...
    Почнаа да контактират, прво на кафе... натаму наваму, а дечкои го лажеше.. И на крај завршија во хотелска соба, и ги исполнил најголемите фантазии...
    јас мислев дека таа го прави тоа, затоа што не чуствувала внимание од оној првиот и сакала малце промена и внимание кои со текот на времето згаснале, па4,5 години врска а да нема промени и мене ке ми стане досадно .
    Сепак јас сум против неверството и не ја подржзав да го изневери и реков дека е нејна ствар и и реков која е причината што таа сака да го изневери .
    Тој и купуваше скапи поклони, а дечко од време на време па и за годишнина ако имаше пари ќе и купеше .
    И што е нај трагично тие останаа заедно а мене се обиде да му ја растури врската, и оттогаш немаме контакт.
    Па така и ти можеби се палиш на тој вториот бидејќи твојата врска станала монотонија и треба рефреш, нешто ново, малце акција... Овде се размислува со срцето а не со умот .
    Само некој да изневериш, како што кажуваш твојот дечко е душа добар човек и не заслѕжил да го изневериш . Разговарајте двајцата, и кажи му дека веќе ги нема оние „ бури на чуства кај тебе „ дека сакаш да ти даде време да размислиш, и мислам дека ќе ти даде време и ке го решиш овој проблем
    ... Поздрав :*
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас сепак мислам да не се води според страста. Се согласувам со Виножитка и останувам на тоа, уште некое време да останеш со дечко ти и да пробаш да не мислиш на другиот. Ако не успееш во тоа и сепак чувствуваш дека нешто ти фали, тогаш, ќе ти кажам да не го моташ твојот сегашен дечко и да ставиш крај, зашто не е должен да ти биде потпора само во животот и ништо друго. Можеби ви е и само монотонија во врската, па бараш нешто ново. Затоа ти реков, отиди на одмор тргни ги мислите од новиот и ќе видиш што навистина сакаш. :)
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Самовила....

    И јас не би знаела да ти дадам некој конкретен совет,но едносатвно само би те замолила да се ставиш во кожата на дечко ти и само за секунда да осетиш како би ти било тебе доколку нему му се случува истата работа која моментално ти ја доживуваш....
    А ти
    (само прочитај ги твоите зборови како да ти сето ова го чувствуваш-толку искрено како што ти ги опиша неговите чувства кон тебе)многу го сакаш,се грижиш за него,никогаш не би го повредила..................

    Јас мислам дека сето она што го чувствуваш кон новиот е само СТРАСТ и ништо друго...(и ти само го кажа тоа)
    Самовилке страста е минлива работа и која верувам ќе ја чувствуваш само некој по краток период...но што тогаш повтроно ќе се појави некој со голема страст и повторно во неговите прегратки????
    Животот не се темели на страст потребни се и многу други работи кои можат да те исполнат и направат среќна,потруди се малку околу дечко ти можеби и од него ќе ја добиеш старста која ја посакуваш верувам дека новиот нема да ти биде како дечко ти на кој веќе си навикната да ти угодува а пред се е тој е твој
    Верувам дека го посакуваш но знам дека истата вечер кога ќе бидеш со него и кога ќе си отидеш дома длабоко во душата ќе плачеш од вина,зошто знаеш дека сето тоа е неисправно длабоко во себе сепак го сакаш дечко ти,но што кога нема да избереш да бидеш со новиот едноставо ќе бидеш помалку горда на себе, на својата верност и предаденост на љубовта, помалку тажна на неостварената желба да ја почуствуваш старста но со насмевка на лицето....

    И јас како останатите девојки би те посоветувала да отидеш на одмор со дечко ти и едноставно тие десет дена заборави го дека постои новиот види како ќе реагираш тогаш....ако нема промени тогаш :tmi:

    Но сепак ако се прашувам јас би ја одбрала добрината на дечко ми наспроти машкоста,бидејќи денес се помалку се наоѓаат добри мажи кои ќе бидат сопатник во животот а стрaст и машкост на секој чекор!!! ;)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    На крај мислам остана да си кажеме дека не и бевме од голема помош :D
    И ние самите испадна дека не знаеме што би одбрале :rofl:
    Е затоа како се чувствуваш само ти си знаеш и како ќе се одвиваат работите, само гледај да не се каеш што и да решиш :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.