Мајката на печалба во странство, таткото дома

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Fleur-De-Lis, 26 мај 2019.

  1. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    1.421
    Дојде време кога улогите во семејството драстично го вртат својот степен до 360 и се носат тешки одлуки. Овој пат мајката застанува на чело и ја превзема жртвата за подобар живот. Јас се соочувам со таква ситуација, со дете.. Барам искуство, размена на мислења, критика и подршка.
     
    На galapce и Antebellum им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.639
    Допаѓања:
    135.842
    За развој на детето подеднакво се потребни двајцата родители, но во случај кога едниот треба да замине на работа во странство за подобра иднина на семејството, макар и тоа да е жената, давам целосна поддршка..
    Сите знаеме зошто заминуваме во странство, ако сметаш дека сопругот ќе се снајде во секојдневните обврски, не се грижи.
    Дури и да не се снаоѓа најдобро, се се учи во животот.
    Во последно време мора еден да се жртвува, тоа што во случајов си ти (жената во семејството) нека не те плаши.
    Само напред. Со лесно(fingers)
     
    На galapce, Antebellum, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Секој нов почеток е многу тешок, особено сам.Ама никој тоа не го прави од аздис туку од немај каде. Најдобронамерно би ве советувала да одите сите тројца или во најбрзо време да се споите сите тројца.Тешко е ама не е неизводливо.
    На оваа тема мислам дека @Nikita7 е најкомпетентна и за совет и за се.Таа е една жена херој што го направи истиот чекор.Па нека каже она искуство.Како и да одлучиш , среќно(fingers)
     
    На galapce, snegulkata, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.461
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, не ни објасни убаво...колку годинки има детето, кој ке го чува...идр?
     
    На Troi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    12.814
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела за темава фала @Ava.84
    Според мене прво треба да си психички многу спремна да оставиш поготово дете и цела фамилија.
    Не викам дека сум нешто посебно јака има периоди кога не можам и мислам ќе пукнам тоа поготово ми се случува во ПМС
    Ама јас имам цел и сум решила да се жртвувам за нас, еден мора.
    Од страна ќе бидеш осудувана, некој капа ќе ти симнува.
    И друга работа многу важна и подршката од мажот
    Да нема љубомора и слични работи.
     
    На galapce, snegulkata, Feminka22 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    12.814
    Пол:
    Женски
    Друго ми текна да споделам
    Лани малата ми ја чуваа моите тоа ми беше најголема грешка.
    Оваа година му реков на мм ти си татко ти ќе ја гледаш.
    Толку сум среќна кога ги гледам заедно
    Неразделни се,он ја облекува, косата и ја врзува(не е баш совршена ама ќе го биде)
    За викенди ја шета он сака да лови риба па и неа и дал мала трска и она да пеца.
    Кога ми ја прати сликата толку ми беше исполнето срцето
    Не дека он ќе ме замени мене ама се труди и детето не осеќа толку од моето отсуство.
    Значи детето обавезно со едниот родител
     
    На galapce, Bozica1980, CameliaMiller и 31 други им се допаѓа ова.
  7. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    1.421
    Година и пол е малото, маж ми ќе даде отказ за да го чува, зошто немаме кој да го чува. Но додека ги средам сите обврски може да помине и пола година +, така да малото ќе фати 2 години.
    Ова е шанса која ретко се пружа, душава ми се кине и при помисла за оставање, но според мене подобро да се жртвува 1 год, одколку благосостојбата на семејството. Да напоменам живееме со мажми така речено мизерно со 14 000 ден на месец. Немаме наше живеалиште, само една половна кола која сеуште ја одплаќаме.
     
    На azelea, Feminka22, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.461
    Пол:
    Женски
    Незнам што да ти кажам освен, како и да решите да правите, да ви биде среќно, подобро и повесело:l::f::sun:
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    141.438
    Пол:
    Женски
    Спреми се психички многу јако. Детето е дете, нема да го памти овој дел. Ама ти ќе си со трауми да си знаеш. Целта се знае која е. Секогаш за детето да добие се најдобро.
    Јас не сум во странство, детето го чува маж ми и многу помирна ми е глава неголи со баба кога седеше. Друго е кога барем еден родител е со него. Нема споредба.
     
    На galapce, azelea, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    14.969
    Пол:
    Женски
    Нема разлика дали таткото или мајката одат некаде сами, кога секој родител подеднакво е одговорен и треба да се грижи за детето/децата. Ништо не е променето 360 степени од таа гледна точка. Мајката не е ништо посупериорна од таткото во улога на родител. И обратно.

    Тоа што скоро во секоја трета куќа фали некој или пак сите заедно гледаат да отидат на страна, е затоа што секој сака подобро за себе и своите најблиски. Кои пречки треба да се преминат за да се дојде до посакуваното е друга приказна.

    Тешко е, ама има нешто лесно во животот?

    Нема место за критика, ниту за поддршка. Немаат никакво значење и двете од странци.

    Секој нека се избори за своето место под сонцето.
     
    На galapce, CameliaMiller, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    2.489
    Пол:
    Женски
    Тешко е, но мораш да се жртвуваш за тебе и семејството.
    Мајка ми беше скоро две години во странство, јас со сестра ми и татко ми дома. Иако бевме поголеми, но секој ден како да и бев лута(не го искажував тоа) не размислувајќи на тоа дека нејзе и е уште потешко затоа што таму е сама.
    Од страна ќе слушнеш секакви муабети, во стилот дека не си домаќинка, како можеш да го оставиш детето само со таткото итн... но никој не ти е во кожата за да знае како ти е.
    Додека мајка ми не ми раскажа низ што се поминала таму, па и сама нема на кому да се искаже, а дома ништо не знаевме да не се нервираме јас длабоко во мене ќе ја обвинував за таа одлука.
    Сега гледам само позитивно искуство, се научив да ги вршам сите работи по дома, плус станав поодговорна, посилна и самостојна личност.
     
    На galapce, cresa-jagoda и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    2.389
    Mое мислење е дека е. Мајката никој не може да ја замени.Вистина,таткото може да направи нејзиното отсуство да се чувстува помалце, ама мајката како мајка секогаш зазема посебно место. Децата уште кога ќе почнат да препознаваат мириси знаат да го препознаат мирисот на мајката.
    Еве баш пред некој ден, го чував вук ми бидејќи беа на свадба сестра ми и ајде пред спиење приказни раскажувам ,една, па уште една, и на крајот - а сега мама каде е :) Eдвај заспа без неа.
    Како што кажаа другите членки, нека се подготви психички ако се решила за тој чекор и таа и тој што ќе го чува малото.
     
    На snegulkata, Bitter-Sweet, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    14.969
    Пол:
    Женски
    Ок, твое мислење.

    Реалноста е дека не се посупериорни. Ако има деца кои ја бараат мајка си на секој чекор, има такви кои го бараат татко си. Ова не е фактор.
     
    На SuperGirl24 и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. lilo

    lilo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    758
    Пол:
    Женски
    Правете што ќе правете за брзо земај ги кај тебе. Сите да бидете заедно. Имам примери во семејството секакви.
    Една братучетка аплицира за странство за работа во администрација и ги зеде сопругот и детето. За него направи документи за придружник и државата му дава надоместок а тој го чува детето не работи. Но сепак таа работи во ептен јака установа. Одлив на мозоци.
    Познавам и пар кој работат во фабрики во Германија е сега нив им е тешко да го чуваат детето. Ги земаа на три месеци бабите, дедовците, да им се најдат за тие да работат.
    Познавам и пар во кој мажот работеше а жената беше во мк. Па кога тој ги зеде неа и детето таа наоѓаше изговори да не работи иако детето можеше да го носи во градинка. ( Не го носеше не знаело јазик). Е тие не ги собираше значи странство. Со една плата е тешко да се живее таму и кирија да се плаќа и си се вратија пак овде. Жената ни овде не работи....
    Ако не е тајна што работа ќе имаш? Во која држава? И како ја најде работата?
     
    На Belabelinakinder, Tajnaotrovna и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    1.421
    Сепак мислам дека мајката како родител е посупериорна во првите 2-3 години од животот на детето. Затоа и е многу тежок чекор да се остави детето. А, од друга страна си велам можи нема да се сеќава дури е мало.
    Секако размислувам за спојување семејство во најбрз можен рок. 1 година е во прашање.
    Само незнам како би реагирало толку мало детенце, дали ќе ме бара, дали ќе има промени во однесување на полошо?
    Сепак не ми одговорила на ова ако ме сфаќаш, одма ќе ме откријат која сум .
     
    На Tajnaotrovna, lilo и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.077
    Па боље мајката да оди, ќе заштедат на пари за по јавни куќи. :|
     
    На CameliaMiller, Fauhxy, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.618
    Допаѓања:
    48.986
    Пол:
    Женски
    Можеби зборот посупериорна не е баш соодветен, но дека мајката е понеопходна или повлијателна, е. Секое детенце едноставно има потреба од присуството на мајката, кога таа е тука, се смируваат.
    Малечко дете, една година далеку од него не е ама воопшто лесно. Јас не би можела, или би оделе сите или никој. @Fleur-De-Lis не би сакала да пишувам ништо што би те растревожило, но вистина е и дека ако има добар татко покрај себе, нема да биде толку страшно. Можеби на почеток ќе има потреба од тебе, но со тек на време би требало да се прилагоди. Ќе му биде добро со тато. :)
     
    На Fleur-De-Lis, mira.mira и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  18. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    12.814
    Пол:
    Женски
    Полесно е кога е помало јас прв пат на 2.5год ја оставив.
    Не ни беше свесна дека ме нема не дека не сум и фалела ама не беше токлу тешко како другиот пат.
    Пред да одам и кажав дека мама нема да биде некое време тука и знете што ми рече земиме и мене и јас сакам да дојдам со тебе, е тоа богами многу боли.
    Значи веќе накај 4год многу повеќе разбира а многу повеке ќе биде тешко кога ќе биде уште по големо и ќе ти рече мамо не оди не ме оставај.
     
    На Fleur-De-Lis, galapce и Dust им се допаѓа ова.
  19. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    2.432
    Пол:
    Женски
    А ти сама си во странство и така ќе продолжиш? Мислам, ќе се преселите цела фамилија или ?
     
  20. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    12.814
    Пол:
    Женски
    100%сум сигурна дека 3пат срцево нема да ми издржи и затоа решивме дека треба да бидеме сите заедно, да ќе ги земам и нив.
     
    На galapce, kankus, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.