1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка што тагува по нејзините деца

Дискусија во 'Дете' започната од minneymouse82, 10 јуни 2016.

  1. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки.
    Нова членка сум, но долго време ве читам.

    Вака стојат работите, сестра ми има 3 керќи и е разведена веќе 7 години. Пред 15 месеци, кога керќите беа кај татко им (во странство живее и децата се делени 50/50) му текнало дека децата нема повеќе да одат кај мајка им поради тоа што он има поголема финансиска моќ. Од тогаш еве веќе 6-7 пати има одено на суд за да си ги врати децата. Но системот кај неа е за никаде и само ја вртат во круг. Нема повеќе пари да плаќа за адвокати така да бившиот сега за сега ќе остане со внуките мои.
    Но сега незнам како да и помогнам на сестра ми? Кога е дома постојано плаче има паднато во некоја голема депресија. Во мислите само и се керќите, неможе и несака на нешто друго да размислува. Постојано само вика дека ќе умре од мака и тага. Сето ова има голем ефект и на нас дома, се нервираме, се натажуваме итн. И даваме подршка, пробуваме да ја убедиме да оди на психолог но не сака. Дали вие имате некои предлог како да и помогнеме?
     
  2. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Нека е вработи , по голема е шансата така да ги земе , исто и децата кога ќе бидат 10-12 годишни ќе имаат право на избор бидејќи судот тогаш е должен и нив да ги праша со кого сакаат да живеат .
     
    На mariatim му/ѝ се допаѓа ова.
  3. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Вработена е како сметководител.
    Но во споредба со бившиот она зима помала плата од него.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Штом судската одлука е 50-50 значи е официјална. Тоа што него му текнало нешто друго нема никаков официјален карактер за она да поведува постапки за нивно враќање.
    Он може само да добие забрана поради непочитување на одлукана суд, а не и гратис децата кај него да седат.

    Каде е ова ?
     
    На Lolo5, Glasna, Kaetana и 15 други им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    А колкави се децата?
    Мора најпрво да ја убедите дека треба да живее за нив, не само да прави црни сценарија.
    Ако се ептен мали, да не биде после децата не ја ни помнат мајка им, а да го величаат него без да знаат како ги „добил“. Нека не му ја дозволи таа привилегија на копитото. Во вакви случаи, или стануваш лав и јадеш сѐ што ти го попречува патот или се бедираш и пропаѓаш до крај. Нека не биде од вторите.
    Е сега, законите се друго. Корупции и корист се па трето. Таму не навлегувам.
    Штом е по странство, сигурно има и некои здруженија за правна помош и совети, па и туѓи искуства ќе ѝ дојдат ко терапија, да сфати дека не е сама.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Во Англија.
    Татко им го прекршува судското решение. И затоа сестра ми крена постапка мислам се вика 'Breach of family court orders'. Веќе има одено на суд 6-7 пати и само ја мафтат само да се полнат со пари ... Те ова требало, те ова итн. Сега за сега има дадено над 10000 евра.
     
  7. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Внуките ми се 11,10 и 7.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    @imelda ни е човек за се на ова подрачје.
    Можеби она има инфо плус или идеи за советувалишта или некаков вид на про боно услуги на тоа подрачје.
     
    На galapce и MilaP им се допаѓа ова.
  9. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Баш мислев поинаку стојат работите во Англија...дека жените се многу заштитени и најчесто децата остануваат кај мајките.
    Знам случај каде што жената го изневеруваше сопругот и децата пак неа и ги доделија. Сега е мажена за тој другиот. И куќата неа и ја доделија. Ама се снашла со обвинение дека ја малтретира, а го испровоцирала само еднаш да ја удри. Паметни се англичанкиве.
    Треба да си информиран само како функционира ситемот таму...да не те мавтаат наваму - натаму.
     
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Типот Англичанец е, па може има некоја предност? Не знам...
    Децата не се апла малечки т.е. бар тие од 10 и 11 се доволно големки за нивното мислење околу тоа кај сакаат повеќе, да биде земено предвид. Видете стварно распрашајте се за групи/организации, може знаат некакви постапки. Јас сум дете на разведени родители, па уште на 4-5 години те прашуваат со кого ти е поубаво и имаш психолози и педагози кои со низа прашања може да извлечат од детето што е најправилно за него. И тоа збориме за Македонија во средни и доцни 90ти, за таму не се ни сомневам.
    Мора малку подло да се игра во вакви ситуации оти правдата и те како е слепа.
    Фаќајте ги на емоции, малтретирање (бар психичко имало, ако не физичко), беспомошност...
     
  11. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Мора да биде силна , посебно дека е мајка и тоа не на едно туку на три дечиња , мора да ги надитри судиите , навистина пари требаат ама за да се биде со своето дете цената не е никогаш превисока , ако ја кажува само вистината ништо нема да добие судот само пари го интересираат , греота за дечињата , бодрете ја и помогнете и да го решите овој случај сите заедно , не се откажувајте , пружете и помош за да се осеќа посилна и да успее .
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Sestra ti kade zivee pooslednive 2 godini? Vo Anglija ili vo Makedonija?
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Денес од телефон бев, и на кратко прашав за резидентна ситуација, немаше одговор пред да се уклучам, па да продолжам. Сестра ти овде во Англија ли живее? Прашувам оти во првиот пост може да изгледа дека само татко им во странство живее.

    Од периодот на развод од пред 7 години, во првиот пост не ми е јасно кој живее стално во странство, таткото или сите се резиденти на Англија. Ако сестра ти се вратила во целиот тој период да живее во МК, посебно последно време па работите меѓу нив се смениле, тогаш сестра ти има огромен проблем, прекршок на судска наредба. Не 10 туку 100 илјади да даде по адвокати и да апелира нема да ги добие децата како основен старател. На развод тука кога се решава 50 - 50 старателство апсолутно нема судија што ќе го додели 50-50 ако двајцата родители на децата не живеат во дадена географска близина(заради училиште примарно, но и важно за емоционалниот раст на постојаност за децата).За селење на едниот родител од еден град во друг се бара нова медиација меѓу родителите, се издава нова наредба од суд при овој систем на пола пола, па повторно се решава дали може или еден мора да е прв старател, а да не се прави муабет за живеење во друга држава. Ако наредбата била 50-50 мора, значи без отстапки, мора сестра ти да била тогаш овде, да дала адреса каде ќе живеат децата, во доволна близина со адресата на таткото, и мора денес уште да е овде во дадена близина, во спротивно мора да се има донесено нова судска наредба за старателство која не би била веќе 50-50, туку еден старател а друг со права за земање/видување, или ќе да е прекршена првата наредба. Трето нема.

    Ако е уште во Англија, нешто друго е сменето од тогашниот договор од пред 7 години кога добиле 50-50, од примарната судска наредба. Можеби таткото има аплицирано за prohibited steps order поради нешто што мислел/знаел дека му се може па фатил џокер, и сега држи конци и не ги пушта децата. За жал, нема ништо од учебник правило при доделување старателство. Секој развод и секое делење на децата е свој индивидуален случај разгледан од судија, наредби има и со клаузи до најмали детали ако тоа е услов, како пример, таткото не смее да пие воопшто алкохол за целото време додека децата се кај него. Судот исто решава доколку некој од родителите не се држи по тој договор и може да го промени првото решение по аплицирање на родителот кој се чувствува обесправен. Доколку еден родител смета дека не сака повеќе да се држи до таа наредба која ја имаат тој мора да покаже многу добра причина зошто, и мора обавезно да аплицира кај судија за менување на истата пред да превземе било што спротивно од тоа, оти менување работи на своја рака значи дека се крши наредба од суд, криминал, а кршење на тоа е пукање во своја нога, другиот родител автоматски има муниција за суд, не се гледа случајот веќе како бришење пу пу не се важеше, како на почеток на развод, нов лист и на ново делење време со деца. Децата не се сопственост како материјално нешто за делење.

    Доколку сестра ти рекла дека овде(Англија) ќе ги чува, во близина на таткото, така и така, во кои услови, они знаат што договориле, со кои клаузи, доделено 50-50, и ако и текнало неа да ги носи на друг стан/куќа на друго место без нова наредба, или на одмор без согласност од таткото, а најмалку да ги носи да живее во друга држава, мајка не мајка во тој случај таткото има со гаранција аплицирано до судот за прекршок уште пред девојчињата да се вратени по план во негова грижа и чекал трпеливо моментот да ги врати за да веќе има по закон сила да не ги дава назад.

    Судот не е корумпиран тука како во МК и не зема страни и мито или влече за пари работа. Судот не вади тешки пари, адвокатите се тие и затоа најдобрите фирми се најдобри оти кај нив се тие кадри. Адвокатот земе 1000, 3000, 5000, 10 000 по случај во фамилијарен закон, додека една апликација за пред народен суд чини стандард од само околу 200. Ако сестра ти на тужење загубила случај па апелирала, и апелирала и апелирала и пак загубила се така 6-7 пати, тогаш не изгледа добро за неа. Инаку десет илјади евра(евра, не фунти) за средување на случај и одење на 7 па и на 6 судења е многу евтин адвокат за ваква работа, посебно ако има прекршоци да оправда од страна на клиентот кои треба да се нашминкаат. Џаст сејинг.

    За помош ако нема пари за адвокат, прво место е да се јави на овие. Они соработуваат со адвокатски канцеларии кои се на регистер за про боно, истите одлучуваат кој дали има пари да плати за своја репрезентација на основа според финансиите кои ги добиваат отколку на збор и така доделуваат. Не секој што вика немам за адвокат добива про боно.
    Legal Aid Agency - 0345 345 4 345

    Линија за совет за правна помош, фамилијарни закони, бесплатен совет:
    020 7251 6577

    Доколку не ја следува бесплатна адвокатска помош а не може да продолжи да плаќа сама, може да продолжи сама да го тужи без адвокатска репрезентација, и сама да води преговори, за тоа само за апликација на суд ќе плаќа, а за помош во тој процес да ги контактира овие во судот во кој води постапки против таткото. Помагаат од легален совет, помош со пополнување апликации и формулари до придружба на судење.
    www.thepsu.org

    Се надевам темава е летен распуст и ми е досадно, оти жал за дечиња ако стварно се фатени во ваква војна.
     
    На Lolo5, SV1911, Val-Dim и 29 други им се допаѓа ова.
  14. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Сестра ми сеуште живее во Англија и децата се таму со татко им (дојдена е сега во Македонија за 3 недели. Дојде да земе пари од татко ни за да може повторно да плати за адвокат). Најискрено освен тоа што ќе ми го каже немам многу информации за судењата ( јас не живеам во Англија).
    Знам дека татко то си ги оправдува неговите дела со тоа што "на децата им е многу мачно и малтретирање е да одат од една куќа на друга секоја недела. На децата им е потребен само еден дом и тоа ќе биде таму каде што сум јас".
    Од што знам внуките мои имат одено на психолог и таму ги испрашуваа. Одговорот што го далa најголемата беше нешто како "I love both of my parents and I want to spend time with both of them". Судењата до тука некаде завршија но се надевам за брзо време пак ќе почнат.

    Но исто така од друга страна си размислувам, дали ќе биде подобро децата да имат стабилност и да не одат од куќа на куќа, да живеат само кај татко им па да одат на чести посети кај сестра ми?

    За жал ова е жива вистина! Само се надевам дека моите најомилени и единствени внуки се ок и дека нема да страдат поради делата на нивните родители. (Внуките повеќе немат фб и бројот им е недостапен сега- така да и ние тука не сме имале никаков контакт со нив).

    Фала за информациите, ќе и ги покажам на сестра ми!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Half an hour of my life that I won't get back...
     
    На kjukli и alana им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Zosto? trol e?