Наскоро нова серија на Сител тв-Мајка! Правилното име на серијата е МИРИСОТ НА ПРОЛЕТТА но кај нас е преведна како МАЈКА Во главните улоги се Sumru Yavrucuk или Фериде од Зет дома зет како и Берин од Бурни Времиња. ОПИС Во серијата се работи за една трагична судбина на една мајка која што ја губи својата ќерка единица.Очајната мајка нема време да ја разреши мистеријата за смртта на нејзината ќерка и мора брзо да донесе пресудна одлука.Одлучува органите на својата ќерка да ги даде на четворица млади луѓе чиј живот виси на конец.После трансплатацијата таа необично се врзува за сите четворица пратејќи ги нивните животи продолжува да го слуша чукањето на срцето на својата единствена ќерка која неможе да ја прежали. Во оваа серија ќе дознаеме како изгледа да бидеш приморан да ја оставиш родената ќерка поради четири непознати деца?
Да вечерва започна..Многу ми се допадна,навистина многу тажна и поучна серија Иначе Фериде ми е тука поубава а оваа Срма неможам да ја смислам ептен арогантна..Приказната е многу поучна а посебно за овој натпреварот по музичко во Тунис..И кај нас е за жал така преку врски
Или таа или оној нејзин одвратен татко..Вчера се убив од плачење Ама не разбрав од што умре Бахар?Каква е таа мозочна смрт?
Мозочна смрт ти е кога умираат мозочните клетки и мозокот повеќе не е во функција, неможе да ја одржува и контролира состојбата на организмот. Некои органи остануваат во функција и затоа во согласност со член од фамилијата тие органи можат да се донираат на луѓе кои им се потребни. Се надевам дека ме свати Позз
Првиве две епизоди некако ми се познати, како да ги имам гледано порано. Најверојатно серијава ја имам некогаш случајно начекано на некоја од кабловскиве. Инаку мислам дека серијава ќе биде доста интересна и до крај ќе го задржи моето внимание, што не е случај со другиве серии што ги даваат во последно време. Само некако многу кратко трае. Додека седнеш епизодата завршила.
Да така е, а кога мозокот ќе откажи нема шанса да се врати, никогаш. Иначе и јас ја гледав вчера и многу тажно ми беше се изнаплачив и сега ќе гледам да ја одбегнувам сакам да се заштитам самата (оти цело време ќе бидам депресивна) дека е тажна приказнава. А убава гледа. А иначе Срма не е убиецот. Сигурно има врска нешто со хотелот и со ланчето.
Многу тажна серија. Ќе продолжам да ја гледам, си се изнаплакав на неа. Ма ми одговара на расположението..
http://www.natabanu.com/serija/miris-pr ... l?start=44 на овој линк може да ѓи гледате сите епизоди од серијава.
одвај ја гледам серијава со грутка во грлото издржувајќи да не заплачам тешка ми е за гледање па обично ја гледам сама кога не е тука сопругот да не ми се пукне од смеење ,и онака ме заебава што ги гледам турскиве ,не сакам да ме заебава и за ова ,нема да престанам да ја гледам серијава многу ми е убава ме потсеќа на тоа јас кога сум ги изгубила драгите личности во мојот живот и кога сум продолжила да живеам заради нив баш како што прави мајката на Бахар
а што сака Срма да и каже на Ѓузиде ?? пред некој ден беше епизодата ама изгледа не ја фатив од почеток и начекав една сцена кај што Срма одеше да и кажи нешто а асистентот и рече да не оди?