Сега гледам мила. Значи тоа баш вакво нешто барам. Каде можам по продавници да го купам? Не ми се нарачува преку амазон сакам да го видам убаво на лице место.
До еден саат дигаат телефон, да не звониш покасно? Ќе се јавиш пред да одиш оти има одмори и може конзулот да не е таму и како што ми рече мене на телефон пред велигден католички: ако ме нема мене нема кој да ти даде патен налог госпоѓо, не работиме и за двата велигдени, а ако сум болен пак нема да извадиш патен налог. Љубезен човек Јас ги завршив документите сега. За амбасада ти треба: - интернационален извод од малото со апостиле заведен. Барај на нет каде треба да го завериш најблиску до твојот град. - пасоши од двајцата и копии - биометриски слики две од малото ( оди кај фотограф 16 евра е) -и двајцата присутни во амбасада -30 евра Во Македонија интернационалниот извод на преведувач и нотар оти интернационален извод во таа дупка губи значење. Заверен заедно со оргиналот и венчаница од вас во матична служба за матичен број. Кога ќе добиеш матичен број одиш да проверат државјанство до трето колено. Со тој доказ назад во матично. Добиваш извод на малото. Со изводот одиш во пасошко на брза постапка е 4.500ден. Од Скопје истиот ден се зема, иако не си од Скопје. Од други градови ако чекаш да ти го достават е за три дена. Постапката за матичен број е една недела без врски. Јас бидејќи имав само три дена работни со врски се разбира за еден ден извадив матичен број и сликање за пасош, следниот ден го земав од Скопје. Работат во две смени тоа е новина и е многу фино. Стариот неписмен кадар е сеуште на шалтер за жал. Новиот учи од нив. За жал.
Аман од овие ич не се одговорни, сабајле накај 9ипол звоневме, ај ако дигнат барем да го прашам кога оди на одмор, да не ми е за џабе одењето. А колку време трае тој патен лист, или кога сакам можам да го извадам и да си одам?
30 дена од кога ќе го извадиш треба да влезеш мкд. И треба да знаеш дали со кола или со авион ќе одиш за да заведат.
Морам ли патен лист да вадам бидејки на малото му е истечен мк пасош? Нели можам да кажам дека одиме да го обновиме?
И на син ми наскоро истекува пасошот. Какво искуство имате со вадење овде пасош? Јас контактирав преку мејл со конзулатот во Минхен, ми кажаа дека има 3 пати одење до таму, а мене ми е многу далеку. Исто ме интересира, дали може овде маж ми да ми даде полномошно, за јас сама да одам во Мк и да го обновам таму?
Со врски за еден ден извадив се тоа и ја сликав истиот ден за пасош. Без врски околу недела дена трае. Така рече господата на шалтер.
Ми треба мала помош Каде да ги најдам тие 10 цифри за да им пополнам на сестра ми да не плаќаат двојно, па треба во формуларот да ги внесам тие цифри. Го пишав Beitragsnummer , но ми бара да го пишувам од ново повторно и повторно . Значи не се тие 9 цифри. Ми требаат 10 цифри, каде точно да ги барам ???
Мислиш за Elternzeit за таткото? Ако да, мислам дека е исто како за мајката - околу 67% од просечната плата во претходната година.
Исто како што пиша каетана. Ги исплаќаат на први секој месец ако ви е на време се разбира поднесено. Како редовна плата месечно.
Здраво, дали некоја од вас или можеби некој што го познавате периодов аплицирал за фамилијарна виза за Германија? јас се регистрирав и ми стига референтно бројче, но термин не добив. кога да чекам мејл со термин? фала ви
Ќе добиеш и термин за некој ден на мејл. Аплицирано во Февруари термин добиен на 18 Јули. За да не се изненадиш со терминот