1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. cruella de Vil

    cruella de Vil Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    фала на инфо
     
  2. betty boop

    betty boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2015
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво , да прашам дали некоја од вас има искуство со враќање на fritax од zool , како оди овдека во Македониоја процедурата , на аеродромот од zool ми го ставија потребниот печат на документите ама немав време да одам до зградата на Zool па ми рекоа во земјата од каде што доаѓам можам да си повратам данок ама други информации не знаеја да ми кажат каде . За Охрид конкретно ме интересира каде може дали на аеродромот или има некоја друга институција , Ви благодарам многу.
     
  3. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    33.129
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве прашам сеуштр немаме картичка за здравство, само сме пријавени на адреса, малиот ми качи тт е сега мм има матичен дали би го примил да го прегледа или не?
    Како одат овдека тир работи ич не ми е јасно?
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Јавете се во кранкекасето. Мислам даваа некој лист за оние кои сеуште немаат картички. За преглед не би знаела да кажам. Може и да не ве прими, може и да ве прими и да ви даде сметка за услугата.
     
    На Kaetana и TutiFuti им се допаѓа ова.
  5. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    33.129
    Пол:
    Женски
    фала
     
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    33.962
    Пол:
    Женски
    Немате патничко осигурување? Ние имавме за три месеци извадено од Мк.
    Ако немате одма ќе ви дадат лист во аок и со него одите додека стигне картичката.
    Мислам дека секако ќе ви речат да почекате три дена па ако се уште има тт тогаш на педијатар.
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Заборавив на ова сега ми текна.
    Во Шпаркасе имаа три опции. Да се врзе со акции, дивиденда или обично штедење.
    Ланската година оној штеден пакет со акции бил 8% минус.
    Оној пакет врзан со дивиденда ланската година беше во минус 8%.
    Штуфе на ризик 5ка тоа значи или или.
    За одржување на сметка горење годишно. Имаше еден процент кој не ми се допадна. Околу 2% искача за одржување на сметка те молам.
    Ако направиш резиме тоа е ти се катастрофа драга моја. Линијата на добивка на овие пакети бешњ буквално циу циу туп. Најголемите добивки се разбира 2007 и потоа доживува транс за да последните години падне и во минус.

    Тоа значи, не само што нема да му заштедиш на детето туку и ќе им платиш:))

    Обично штедење отворив на малата име, јас носител. До 18 години така. Потоа можам да и дадам полномошно или не зависи колку ќе биде умна нели. 100.000 евра гарантира шпаркасе. Нема камата.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.244
    Мајки Германки, да Ве прашам:

    1. Какви се зимите во Бремен ?...пример, каков е Ноември (ладен, врнежлив....или меко е времето)
    2.Што има интересно да се види , како турист ?
    3.Во која област е најдобро да се смести турист за да помалку да користи јавен превоз?
    4.Дали на реката Везер има објекти за пловење ?
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Јас сум била. Преубаво е ;)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.511
    Пол:
    Женски
    Не знам го немам посетено ама погуглав малку.Бремен е блиску до морето и е сигурно многу повлажен од Хамбург.Мм не можеше во Хамбург од влажно да дише.Во Ноември климата се движи во просек од 3 до 8 степени и просечно врне 10 дена во месецот.Од мое искуство , а живеам веќе 6,5 години во Германија, климата е далеку поблага од кај нас. Зимите не се толку остри и обично е околу 13 степени.Нема разлика голема меѓу дневна и ноќна клима како кај нас пр.-3 со 20. Обично разликата е 5 степени.

    Да, на реката има бродови(обично реките им се плодноводни) може да го разгледате градот и тоа ќе ве чини околу 12€ за возрасни или 7€ деца.Ама мислам дека за ноември би било ладно не знам.

    Има во поголемите градови автобуси за разгледување на градот(ние мрзливите обично ги користиме оти не мрзе да шпартаме:D).Ве носи во сите познати туристички места со водич на 11 јазика.Ги има на секои 15 минути и можеш да се симнеш сликаш разгледаш и со следен пак со иста карта да се качиш.Во Бремен е 16,50 евра цел ден.Топло ви препорачувам.Ние обично си го користиме.Ем за историја дознеш ем се шеташ ем цел ден можеш со автобус за вртиш за секакво време.

    За да не користите јавен ќе треба да користите кола.Може да си рентате ама поскапо е од јавниот.
    Треба во центарот да си најдете некој хотел ама секако пак не се блиску знаменитостите , а за пешки е дакеку.За јавниот обично купуваме дневна карта важи за цел ден за 2возрасни и три деца.За жал не ги знам баш зоните во Бремен како се движат ама цената на тарифа 1 е 10,70 евра(ова е најскапата тарифа може е и за надвор од Бремен).Еднократен билет е 2,60 за 1 возрасен.Дете оди гратис.

    За знаментитостите гуглајте:)

    Се надевам дека малку од малку помогнав.Нека пише некој од Бремен јас сум поисточно малку .
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Преку ден моево дете не носи памперс. Кога сте излезени, низ град или во парк, како правите за во wc, доколку нема во близина некое јавно или трговски?

    Малку глупаво прашање, ама мн правила и прописи овде, не знам што смее, што не смее.


    И во автобус, смее дете без седиште да се вози?
    Уште малку 3 години ќе прави.
     
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.425
    Смее да се вози без седиште само ќе го држиш да не падне при тргнување и кочење.
    За мочкање не се замарам кога му се мочка барам некое подзаскриено место или дрво и дете си мочка.Па кога кучињата мочкаат на секое ќоше нема да мачам дете да стиска.Ако е за 5 10 мин му викам да почека.За повеќе надвор.

    Инаку синко 3 години и 4 месеци е,си го држи курето кога мочка сам и секогаш вика дека мочка за бојмето(дрвцата) грозз да пораснале.Меша често германски и македонски во една реченица:D
     
    На Lorins и TutiFuti им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.511
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш за меѓуградски автобус велат мора до 3 години,ама ние се возевме и не ни бараа на наша одговорност било и казна и се.

    За мочкање кога беше во фаза на одвикнување ако одевме на подалеко ставав памперс или носев резерва алишта, ако шеташе во близина мочкаше па излававме:) Еднаш какаше во гаќи, а зимо и плус далеку.Имав гаќи и сменив и одма дома:$
     
    На Lorins му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.692
    Допаѓања:
    4.572
    Здраво на сите , би сакале доколку можете да споделите искуства околку elternzeit на колку години земавте, на колку години детето ви тргна во градинка дали одма на целодневна го запишавте или пак отпочеток само по неколку часа. И за сите оние кои се сами тука во Германија , а двајцата родители работат како се организиравте околу работата дали и двајцата работевте цело работно време или правевте одредени комбинации. Би ви била многу благодарна доколку споделите дел од вашите искуства и мислења . :)
     
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.511
    Пол:
    Женски
    Елтенцајт земав 12 месеци.Јас не работев тогаш.Па малата имаше право до 4 часа.Тргна на градинка некој 13,5месеци.Нејзините часови на почеток дури се адаптира беа едвај по 2 ретко 4.Воспитувачките ме манипулираа на секој можен начин ми кратеа минути.Јас дозволував оти не работев.По 9 месеци од запишувањето си најдов работа и од тогаш има ваучар до 9часа.Останува околу 8ипол часа.Брзу се навикна за спиење.
    Во периодот кога почна толку често беше болна што не ни можев да помислам на работа да тражам.Мм одеше цело време.Откако се вработив, тој останува почесто.Јас работам 30 часа, мм работи 40.Не сакав 40 да работам бидејќи далеку ми е работата ако работев ќе требаше во 19 да си доаѓа и за малата ќе немав време:)
     
    На Kaetana и SanelaS им се допаѓа ова.
  16. cruella de Vil

    cruella de Vil Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    Дечки да ве прашам - во визата соединување со брачен другар, за во Германска амбасада во Македонија, пишува дека треба да се пријави престојувалиште на брачиот другар што е во Германија. Е сега прашањето ми е дали за аплицирање на фамилијарна виза земаат во предвид големината на пријавеното престојувалиште пример со деца ако си или само е важно при аплицирање за фамилијарна виза да се пријави било какво престојувалиште. се надевам дека ми го разбравте прашањето. Благодарам
     
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Секако дека земаат предвид колкаво е. Пишува во документите ако не се лажам и квадратура да напишеш.
     
  18. cruella de Vil

    cruella de Vil Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    на Веб страната пишува на амбасада пишува дека треба престојувалиште на брачен другар. А во кои документи пишива, тие што ќе му ги дадат од таму за да пријави престојувалиште?
     
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Се вади од општината документ дека е пријавен на таа и таа адреса и таму пишува се за него.
    И во формиларите од амбасада мислам дека има графа каде пишуваш квадратура.
     
    На cruella de Vil му/ѝ се допаѓа ова.
  20. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    Со визаир може ли да патува 15 годишно дете само со полномошно од родителите?
    И на кој јазик е подобро да се преведе полномошното англиски или германски?