Тука и државната и приватната е 456 евра до 3 години целодневен престој и 356 евра над 3 години целодневен. Бесплатна градинка нема. Секоја година се поскапува според порастот на стандардот. Во двете градинки исто е се па не знам дали има разлика. До 12 часот е 150-170 евра не знам точно колку беше. Во целодневна смее да одат само ако двајцата родители работат на фолцајт. Ако не, смее само до 12 саат и под и над 3 години. Исто и кај тагесмутер само 4 саати смее дневно ако не работат двајцата родители на цело. Едит: И тука децата над 3 години мора да одат во градинка.
@gjoker4e Не знам во кој дел си,ние сме Rheinland - Pfalz,го запишавме бебуш здравје од 2 год да почне. Ни рекоа тогаш е бесплатно,а ако сакаме порано е околу 500€.
Здраво жени дали некоја од вас живее во некој град во Баден и има проблем со ѓубрето . Имаме само една мала зелена канта ја земаат на секои две недели и ниту имаме црна ни па било каква друга. Кога се вселивме газдата ни рече во дворот има две канти големата е наша малата ваша. Денеска добив порака ве молиме не фрлајте рест мул во кантата . Му пишав порака секако да се изјасни што и како да правиме... Ама јас стварно не сум свесна што и каде кога само една мала канта е и како да постапам. Ајде за стакло , картон и такви ствари селектираме и носиме надвор од градот во посебни контињери , ама ова .......
Оди во ратхаус прашај дали може да добиеш свои канти ( различно е во секоја област предходно каде што живеев можеше секој да добие а сега само ако си сопственик на станот, ама прашај можеш и да го кажеш проблемот мора да ти обезбедат канти)
Дали имате отворено штедни книшки овде во Германија за вашите дечиња или пак на некој друг начин им ставате пари на страна
Да, во Шпаркасе, кога сакаме по колку сакаме ама да може да ги извади кога ќе наполни 18 години. Во која банка е најдобро и на кој начин не знам, ние вака штедиме. Дома не би штедела.
Здраво мајки, Мојот вереник е со Мк пасош во Берлин и му дозволија за сега престој од 3 години. Јас направив термин во амбасада ми дадоа во јануари но апликацијата ја направив со моето презиме ( изумив) а не со на вереникот бидејки сега планираме да се венчаме. Во меѓувреме останав бремена веке втор месец.. Дали во амбасада ако отидам во 7ми месец здравје би имала некаков проблем со одобрувањето ? И после пораѓај кои додатоци се зимаат ? Сум прочитала за Kindergeld, Elterngel но не знам како функционираат. Фала ви многу !
Се вика нешто на некој што бил на одмор? Ние нели викаме 'на здравје одмор', а во Германија? Шефицата имаше одмор па да не испаднам некултурна.
Може, ако го имаат бројчето што то треба, ако не мислам дека и пари враќаат. ( не сум менувала или враќала ама знам дека може)
Фала ти, ај некој ако може нека каже ми за сигурно да знам вечер да идам да ги сменам сега ги купив оп дома мали ми нема логика 40ка фармерки земав, а минатиот 38 и ми беа таман сега 40 мали.
Истово го прашав пред неколку месеци. Може и да смениш број и пари да ти дадат без никаков проблем. Јас купив фармерки ама немаше поголем број и ми дадоа пари без никаков проблем.
Се прашува како си поминала со едно прашање, зависи од човекот може и цел ден да ти раскажува како мојот ех шеф. После веќе нема ни прашаш