1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    8.347
    Пол:
    Женски
    Види kindernest мислам се викаше.
     
    На gjoker4e и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Јас пишував. Вака се вика кај нас:
    Deutscher Kinderschutzbund Ortsverband
    Или како киндернест погоре пребарај го.

    Патем и во мојата фирма ако си болен треба да донесеш од прв ден потврда од лекар. Тоа работодавецот го определува во работниот договор.
     
    На Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки... Ми треба помош околу две недоумици.

    Првата е - бебево треба да се роди кај и да е во следниве 4 недели, па спремам Kliniktasche. Ќе земам козметика за мене и бебето, облека за бебето, но, ме интересира особено за оние улошките со мрежи кои обично ги даваат на клиника. Дали и тука така функционира или треба сама да си однесам? И ако да, каде може да ги набавам. Барав во дм ама нема.

    Друго прашање. Ние сме во Баден Вуртемберг со МК пасоши. Пишав на Ауслендербехорде за ситуацијата и ги прашав колку време смее бебето да е тука без виза - за да знаеме кога да планираме патување за мк по пасош или евентуално да одиме преку амбасада. Одговор нема. Се јавив телефонски и ми кажаа дека без виза смее 6 месеци. Значи во тие 6 месеци треба да имаме веќе пасош и да имаме и термин за виза т.е. да ја добие визата. Но некако телефонски ми е недоволен доказ - со оглед на тоа што си имам лошо искуство со нив (на нивен одговор од меил ме вратија назад за документи) па сакам да чујам од вас мислење и искуство. Исто така ако некоја вадела пасош преку амбасада - колку време се чека и какво искуство имате.

    Ви благодарам.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Со лесно до крај.

    За бебето има се во болница вклучувајќи и облека. За тебе земи си козметика. За бебето алишта за накај дома и за тебе влошки за дома. Ќе ти сликам подоцна какви земав јас големи се од едека. Инаку за болница добиваш и мрежести гаќи и влошки.

    За второто прашање бебе без документи смее 6 месеци во Германија. Во тој временски период треба да му извадите пасош. Прво ќе одите до амбасадата во Минхен ( јави се да прашаш дали работат оти поврзуваат и германски и македонски празници) ќе земете патен налог за малечкото ( во него мора да нагласиш кола или авион ) и во рок од 30 дена треба да влезете со тој документ во мкд.

    Изводот на родени во Германија ќе го земеш уште во болница додека лежеш има посебна просторија за пријавување на новороденче (сопругот нека оди). Провери кои документи ви требаа за болница.

    За амбасада кај нас слики за малото ќе ти требаат бидејќи јас с измачив и пренервирав не заборавај во фото студио претходно за 8 евра да го сликаш за пасош.

    Документи за амбасада имам пишувано на темава пребарај кои беа да не заборавам некој. Исто и за мкд што се ти треба имам објаснето бидејќи вадев во Мај.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    32.566
    Пол:
    Женски
    За бебето само алишта за на излегување.Козметика не ти треба тука не ги бањаат.
    Улошки-гаќи ти ги облечуваат уште од пораѓајот,користв од болницата и само таму ,после обични си носев.
    Кај мене во болница немаше крпи за лице и бањарка.

    За документи ние тегнавме преку амбасада и таму заглавивме.По 9 месеца не усоеавме да извадиме пасош па си отидовме во мк со патен лист.Јас не добив никако одговор колку може бебето да е без документи.Ама немавме документи 9 и пол месеци и не ни правеа проблем.Со авион летавме.

    Берлинската амбасада е премногу спора.Прво ти вадат извод на родените од мк што чекаш неколку месеци,па чекаш сликар и после чекаш пасош.Ама ако успееш да фатиш ред за сликање и ако не ти плака бебето.Нас не вратија еднаш оти плакало бебето многу(facepalm)Ако контактираш со амбасата само со меил.Ако одите преку Минхен логички не знам како е.
    Собери живци за мк документи:!:Пасошот трае сами 2 години па мениш пасош па ауфенхалт па дрн дрн.Кај нас во хауптштат е одвратно во ауслендебехурде.Ама секогаш биле добри и услужливи ама ред 8часа.

    Со лесно мила на пораѓајот(fingers)За документи полека ќе средите.
     
    На Kaetana и TutiFuti им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 @FreeMind фала многу за инфо. Мрежести гаќи видов во дм секакви, ама нели сѐ е навика и поднесена од првото искуство не ги ни перцепирав дека би ми требале. Во МК после царскиот не носев никакви гаќи 5 дена во болница. Само спавача погодна за доење (се отвораше лесно кај градите) и улошка меѓу нозе така на голо - едни мрежести има дебели се многу со памук наполнети... Претпоставувам тоа беше така заради раната да не треба да се ведне човек и да облекува / соблекува гаќи. И дома после продолжив со тие улошките, почнав полека гаќи да носам и тоа обични. А кога се намали крварењето се вратив на тенки стандардни улошки како за добиено. Гаќи не би носела особено што не ни знам дали би нашла голема величина - ама улошки и те како ми требаат. Добро е ако даваат за почеток таму.. ама бев советувана да си носам мои работи.

    За облека за бебето прашав во една германска ФБ група (за VBAC) баш имаше пост за болницата во која ќе се пораѓам.. и баш добив некако чуден одговор дека "човек планира да носи облека за бебето во ташето".. као ок, не дека не планирам, ама пример во МК во Ремедика не дозволуваа и си имаат нивна облека на располагање. Верувам им е полесно отколку да се мислат сега кое парче е нивно а кое не. Ама ете, овде ми пишаа демек носи си сѐ. Па сакав да чујам искуство.

    П.С. како тоа не ги бањаат бебињата?
    Ок е да не се избања нели одма, ама 5 дена пример?



    За документи некако ми изгледа работата дека полесно ни е да одиме до МК по пасош отколку да бркаме тука преку амбасада. Ем се спори, ем долго работа нема да завршиме.

    Па ќе одиме лично во мк да вадиме сѐ. За тука за извод видовме на интернет, треба наши изводи родени и венчани. Баш тоа ќе ми пуштат сега од МК интернационални со апостиле (за секој случај). Е за таму пуштавме полномошно за да ги подигне некој за нас, и тоа беше хаос. Особено што електронски ги наеачувавме од тука - и да знаете, иако е дозволено нарачување и плаќање сѐ преку интернет, (што ме изненади позитивно за момент) не може да се плати со виза картичка издадена надвор од мк. Не знам зошто, особено што никаде не пишува. Милион пати пробав да платам, им пишав дури и меил.. и на крај пробав со мк картичка, одма се среди работата. Глупости. Ама тоа е.

    Фала за инфо. Идејата е да одиме до мк по документи дефинитивно. Значи ќе ни треба само патен лист од амбасада во Минхен. Па здравје во МК ќе вадиме после сѐ. Е кога ќе патуваме.. не знам. Ама очигледно треба во првите 6 месеци. Затоа што од амбасада пасош нема да добиеме во тоа време. А што во тој случај? Онака хипотетички. А сакаме да патуваме во мк или да одиме на одмор некаде. Топки изгледа, нели.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    32.566
    Пол:
    Женски
    Кај нас не ги бањаа и бевме советувани додека не падне папчето да не се бања бебето.Јас така направив.Бебето е толку чисто и толку убаво мириса без бањање што дури е чудно.Косата и беше извалкана и мрсна од пораѓајот, ама и се исчисти и и беше како бањата.

    За бебето се даваа во нашата болница, исто и кај братучетка ми која се пораѓаше пред мене во друга болница.Додека си таму ги користиш нивните алишта и нема шанси да ги смешат верувај.
    Ако треба некое дете да се измие нормално има чешма со умивалник со топла вода.Ама по пораѓајот само ги бришат т.е тапкаат со крпа.

    За гаќите како ти одговара.Во вецето имаш толку многу што секој ден хигиеничарката носи нови.Јас се чуствував како во хотел.Бевме 2 жени.Јадење имавме мени и порачувавме што ќе ручаме тоа ни носеа.Доручек и вечера шветска маса.За се што незнаев ги викав сестрите кои ионака доаѓаа на секој саат и ни мереа тт. Дојде др за да им земе на бебињата крв за некое гентско испитување јас бев толку уплашена бидејќи бебка не беше ниту какана ниту мочкана па ја прашував.Др одма ја прегледа на ехо и кажа да не се секирам бубрезите и се полни треба да мочка кај и да е.За мојата болница давам 10ка.Вивантес.Ако посакам второ некогаш пак таму ќе се пораѓам кај и да живеам:DИ силиконски брадавици дават гратис ако сакаш и млеко со шише за една употреба.

    Ќе кажуваш разлики помеѓу мк и тука.

    Туку како ќе се пораѓаш со царски или природно?
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 ова што го опиша е супер и баш ме радува. Очекувам убаво искуство, иако стварно не знам што да очекувам.
    Идејата е да се породам природно, ама сѐ зависи од бебето. Свртено е во Querlage во моментов па шансите за природно се нула. Ќе причекаме уште малце па во 38 недела према ехото и положбата ќе се одлучи што ќе се прави.
     
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    32.566
    Пол:
    Женски
    Срце сака да си се испружи убаво:l:
    Има бабици што ги вртат бебињата, да прашаш во болница може ќе ти предложат такво нешто.Не е болно:)
     
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Kaetana хипотетчки ќе си седиш во Германија и ќе си го чекаш две години пасошот на бебето. При тоа секој месец со аусландбехордето ќе се објаснуваш како е можно да немаш сеуште документ :)
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Во болница кога бев беше во Beckenendlage па ми кажаа царски ако остане вака. Мојата докторка ми предложи да се јавам кај хебамето да видиме некои вежби или акупунктура. Па чекам да видам што ќе ми каже таа. Би сакала да се сврти како што треба, ама што ќе биде, тоа. Здравје само.

    Абе сѐ супер ама во тие 2 години ќе сакам да мрднам некаде - нека не е накај МК ама општо.. одмор. И како ќе одам. Никако. На крај, заради неспособноста и неажурноста на нашите амбасади треба да влечкам 4-5 месечно бебе накај Македонија за да не треба да се расправам со ауслендербехорде. Ах.
     
    На Ava.84 и FreeMind им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Kaetana заборавив да ти споменам кога ќе се враќаш од мкд во де со македонски пасош на бебето ќе имаш повеќе прашања околу бебето бидејќи само тоа нема документ за престој ( ауфентхалт вадиш потоа). Можеби 15 минути објаснував зошто бебето нема дозвила за престој. Не им се познати процедурите така да спреми си говор и документи при рака ( извод германски на бебето) ако налеташ на млад кадар :)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    @Kaetana јас сум во Чешка и тука дозволено беше да седи само 60 дена откако ќе се роди, па носев 1 месечно бебе во сред зима во Скопје :(
    И јас имам пишувано во темата за вадење документи на новороденче што ја прикачи @FreeMind
    Извод оригинал, преведен, заверен, нашиот извод од венчани (интернационален не прифаќаа).. Се сеќавам, имам таму подетално пишувано.
    Извадивме во Скопје МК матичен број, за да добие извод и со него да се поднесе за пасош (брза постапка). Сѐ на сѐ ни требаше 1 недела за сите документи, може имавме среќа, може немаше гужви, ама успеавме.

    IMG-7e79fe2554f82665e4058f57d887c2bc-V.jpg
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @sanja.burgundy да не треба и не постари од 6 месеци? А оригинал изводот го задржуваат кај нив? Да знам колку оригинали со време да си извадам тука.
    Тешко тебе што те гњавеле толку рано. Мислам не е само до бебето, некогаш е и до мајката - особено ако е потешко породувањето па треба повеќе време да се закрепне. Ама ај.
    Фала ви женски на сите многу! Полека почнав да се расправам со документација, па си велам да средам што е можно побрзо и побезболно, оти и кога е човек организиран може да не се заврши работа, не па уште да му фалат документи.
    Многу фала и ... Ќе ве гњавам пак ако нешто испадне после. :hug::hug::hug:
     
    На Ava.84 и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ќе извадиш и германски и интернационален. Интернационалниот со апостиле го бараат нашите доле оти држава нели :))) и тој го задржуваат за нив. Германскиот ти останува за тебе.
    Апостиле кој става во твојата околина ќе пребараш на нет и ќе се јавиш на телефон во институцијата. Овде кај мене доле во баден вутемберг Сингмаринген ако не се лажам беше. Им го праќаш по пошта и ти го враќаат за десет дена со апостиле околу 14 евра ако не се лажам беше.

    И онака до 6 месеци ќе мораш да идеш доле така да нема да застари изводот.

    Да си средиш се и да си запишеш на лист додека знаеш главата кај ти е.

    И за градинка веднаш на општинската страна да се пријавиш од кога ќе се роди. За детски, за елтерн гелд, во кранкенкасе да го пријавиш картичка да добиеш (првиот месец и без картичка за бебето одиш додека се среди се), педијатар е тешко да се најде исто ден потоа да се јавите и да најдете.

    Мислам дека не заборавив нешто, ако има плус ќе допишам.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Аха значи за МК ми треба интернационален. Ма ќе земам и интернационален со апостиле и плус оригинален преведен со судски превод. За секој случај.

    За градинка веќе аплицирав уште во 3 месец трудна... Ама во приватна во кој сакам да оди здравје во иднина. Ми кажаа дека би требало да има место.. па тоа го зачувам за квази средено.
    Детски, елтернгелд и кранкенкасе формуларите ми се делумно пополнати, на тие додуше сега работам (а ме мрзи да бидам искрена)...

    А педијатар имавме најдобар на цел свет (после сите голготи што ги јадевме тука со ќерката) и сега бев скоро - го затвораат тој оддел во клиниката што беше за општа педијатрија. Значи толку се разочарав и се изнервирав.. паника ме фати. Ама ми кажа до крај на година ќе е тука за мене, барем за првите прегледи за бебето. Па малку сум смирена. Ама за после и за бебето и за ќерката треба да најдам нов педијатар.. а овде во околината сѐ немаат место и не примаат нови пациенти. Е тоа ми е стрес малце, ама се надевам ќе биде. А толку бев среќна со нашиот, особено што преку улица е од нас и е одличен доктор и човек пред сѐ... Ама тоа е. Продолжува да работи таму на педијатрија ама ќе имаат само онколошка педијатрија (тој и тоа е по специјализација - педијатар онколог).

    Ете си се пожалив. Ама не можам да ви објаснам колку сме задоволни од него и која грижа ја добивме после тешки чуда тука.
     
    На TeddyGrey и FreeMind им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    278.987
    Истиот проблем со педијатар. Нас ни велеа полни сме, не може, освен ако донесете потврда од општина дека тука живеете. Така да, таму каде што сте, мораат да ве примат(освен нели, баш од нив са сакате да бегате, тогаш е лошото)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Нема. Овде не ти ни кажуваат за опцијата со потврда. Едноставно нема место и туп телефонот. Исто и за гинеколог беше. Ама некако со препораки и сл. се снајдов. Ама педијатар... и тоа добар со кој има човек разбирање... ми е болна тема.
     
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Нас самата болница ни најде педијатар и тоа кај најдобрата во градот бидејќи мораше да има преглед веднаш после излегување од болница “да се претстави бебето” оти и започна животот со антибиотик и задолжително беше следење од прв ден.
    Така да јас сум презадоволна од жената која е многу кул, многу строга и детална.

    Каетана изводот интернационален доле мораш да го преведеш и заведеш на нотар :) Оти ем интернационален, ем апсотиле, ем преведен на македонски. Логик? Фак логик :))
     
    На gjoker4e, Tajnaotrovna и Kaetana им се допаѓа ова.