1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    Обично педијаторот на големата го презема и малато бебе.Исто и со градинката кај што учи ќерка ти има одма место за новото бебе:)
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.244
    Пол:
    Женски
    'Шведска горчица' на германски?

    Кога се јавив за маж ми за матичен ми рекоа дека немаат место ама кога кажав дека нема воопшто матичен тогаш рекоа ок. И јас сакав да сменам кај нив и ми рекоа не може преполно е дека морам да останам кај мојот матичен ама по два три збора рекоа ок ама да останам кај нив да не менувам пак и реков ок.

    И општо правило ми е никогаш да не одам кај најдобриот. Кај 'најдобриот' матичен бев дека најблиску и се покајав сменив.

    Уште ова да кажам. Сега кога бевме во главната болница воопшто не чекавме. Не знам дали нема луѓе во нашиов крај или не се разболуваат па секаде се завршува набрзина.

    И по тоа што ве читам искрено секој пат очекувам да не вратат дека стварно не е итно што одиме ама повеќе маж ми е крив односно паничи и ај за секој случај и подлажнувам ако е само еден ден тт ја викам три од страв, ама толку детално прегледуваат се чудо. Јас да сум педијатар би не вратила одма дома.

    Кога бевме сега по втор пат за џабе викаат ќе направиме крвна слика во болницата и им кажувам дека сме правеле пред една недела кај педијатарот па дали има потреба пак и рекоа да дека треба да направиме. Па затоа се чудам кога ве читам за крвна слика. Кај нас кога сакаш тогаш и да треба и да не треба. Исто беше и пред вакцината, рекоа за џабе е крвната слика ама ако сакате нема проблем.

    Се изнапишав ама сега најдов време.
     
    На Ava.84 и Kaetana им се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Рече ќе е тука за нас ама до нова година. После прекинува со работа. До нова година бебето ќе е 3 месеци.. па за другите прегледи ќе треба да имам веќе најдено некој друг. А за градинките нема гаранција. Предност имаат деца кои имаат братче/сестриче ама ако нема место - нема. Тоа е.

    Од болница не знам дали препорачуваат педијатар тука. Хебамето мене ми кажа да си најдам јас педијатар со време.

    А тоа Џокерче што викаш - просто ми е лично за неверување. Мислам не дека тебе не ти верувам, туку толку различно искуство имам во овие 3.5 години што просто не ми се верува како може да е толку различно а во иста република малтене. Кога и да сме оделе на болница на итна - секогаш сме чекале. Гужви има секогаш - нељубезен персонал до немајкаде. Последно во март бев со ќерката - ужас. Во 10 вечерта бевме.. ај што чекавме, туку и тој докторот што ја виде морав јас да го молам температура да ѝ измери, па немаа топломер, па го бараа... и по мерење 40 со 3 јас инсистирав да ѝ дадат ибупрофен да не чекам до дома повеќе да крене. Па чепче урбазон требало за алергиската реакција. Као викам ќе ѝ дадете? Еве. Јас да ѝ ставам? Како сакате. Ама така млитав и незаинтересиран однос. Вратете се после 2 часа ако не поминат отоците. Се вративме, и чекавме од 1.30 вечерта до 3.45 за да нѐ примат. Дете отечено спие на клупа.. јас бремена, маж папсан спие и тој оти е на работа од 8. Друга докторка - зошто сме доаѓале.

    А крвна слика во сите години имаме 2 пати добиено - еднаш кај нашиот педијатар и еднаш во болница кога спиевме кога се мачеа една глупава стрептокока да дијагностицираат 3 месеци. Инаку скраја да е. Никако не боцкаат. И ок е, кога нема потреба. Ама како што викаш ти превентивно.. не.

    А за место имам молено да ме примат. Немав тука гинеколог а ми требаше. Имав мака - ми каснеше многу а не бев бремена. Џабе е. Нема место и готово. И уште пребираат и опрема тоа каде и како си осигуран.

    Може дека голем град, гужва.. не знам.
     
    На gjoker4e, danichap и Ava.84 им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.371
    Не си сама, идентично ни е искуството.
    Уста веќе не ми се отвара на таа тема.

    Јас живеам во мало село, нема педијатар а не па болница. Првото поголемо гратче одиме за педијатар ама болницата има само неколку оддели и поради шпарање е затворен овој дел. Мораме до првиот поголем град, пола саат пат, да одиме и за пораѓај и за брза помош. Таму што да кажам, да не знаеш што ќе те стрефи, од средно кон јако трагично.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.081
    @Kaetana ти го видов прашањево пред некој ден, сега стигнувам, ако некој веќе ти нема одговорено (за другото гледам ти одговориле)- влошки со мрежа би требало да има во аптека. Ако не даваат во болницата, сигурно има аптека во склоп на болницата, ќе пратиш маж ако нема друга опција.
    Со лесно.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Фала многу на инфо. :hug:
     
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Додека веќе гњавам на темава - дали некоја од вас породена тука има искуство со пакети за зачувување матични клетки? Не знам ни дали би зачувувале - за ќерката зачувавме, па нѐ интересира тука како оди тоа и дали имате инфо за компании чисто да видам цени и услови.
     
  8. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    4.696
    За ова немам некоја информација сакав да те прашам како одлучи за породилното на колку време го земаш јас сеуште сум во дилема немам одлучено. И прочитав за градинка имаш направено пријава на колку саати и колку е кај вас отприлика цената јас имам утре термин за да прашам дали може уште сега да направам пријава 5 месец сум моментално. Инаку и јас сум Баден В.
     
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Можеш да направиш пријава без проблем. Јас го пријавив кај ќерката каде што одеше - како Baby и презиме. Датум на раѓање пишав - Entbindungstermin тој и тој. Во коментар пишав од кога отприлика би сакала да почне и колку часа на ден.

    Во градинката за ќерката плаќавме 450 евра за 9 часа на ден. Доручек, ручек, снек, пелени, продукти, сѐ е вклучено. Оваа е како приватна градинка кофинансирана од градот.

    За породилното сега за сега решив 12 месеци после Мутершутц, но живи и здрави. Тоа може да се коригира во секое време према потреби и ситуација. Така ја направив и пријавата во градинката. Па здравје, ќе видиме како ќе биде.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Пријава во државна не можеш на неродено бебе. Можеш дури од кога ќе се роди следниот ден да го пријавиш преку општинскиот сајт со датум на раѓање. Претходно можеш да направиш термини и да ги видиш градинките одоколу, условите итн. Не мора да значи дека во истата ќе го примат али германците поштуваат кога дрин блајбен. Со тоа покажуваш интерес и шансите ти се поголеми.
     
    На SanelaS и Kaetana им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Блазе вам со приватни. Воопшто не е скапо 450 евра за приватна со се она што добива.
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Да, откако градот почна да кофинансира. :)))

    Се согласувам, не е скапо. Особено што добивавме понуди кога се префрлаше од Krippe во Kindergarten од 300 евра за 8 часа во Eltern-Kind Initiative со сопствен доручек и еднаш месечно доручек за сите, и еднаш на 3 месеци Großputz. (Не е лошо, само за некој кој работи фултајм е неизводливо).
    Сега плаќаме 350 за 10 часа сосе сѐ. Мислам никогаш не седи 10 часа, ама имаш опција ако ти притреба.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.244
    Пол:
    Женски
    20190902_193717.jpg
    За јули не ми се платени 4 и пол часа. Зошто?
    Пола час не ми е платен за јуни.
    Не ми е јасно по која логика.
    Јуни немам работено прекувремено, а јули имам 22 и пол часа повеќе.
    Да ве прашам прво вас па ќе прашам и на работа.
     
  14. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    4.696
    Денеска имав термин во општина ми дадоа формулари и ми рекоа баш добро што сега ќе поднесам оти се чекало. И сега датум кога сакаме да почне во градинка да го пишеме оној кога завршува 1 година од elternzeitot ( сметано од датумот што стои во мајчината или како и да го сметам. Еден тон документти за средување па на крај си се расплакав дома од маки :|:sweat:
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Прво после породување ти следуваат 8 недели Мутершутц. Па после тие 8 недели ти почнуваат 12 месеци елртернцајт. Така брои го.

    И јас сум во фаза со формулари, ама тоа е. Поарно да се средат сега побрзо отколку после породување кога нема да знаеш главата кај ти е. Имај средено сѐ, па после само да додадеш Geburtsurkunde и да пратите по институции.
     
    На ohlala, FreeMind и SanelaS им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    И јас ја пријавив мојата кога бев 5 месец трудна и директорката одма ми потври дека ќе го добиеме местото.После тоа одев уште неколку пати прашував дали ми го чуваат местото.Пријави си се уште сега во неколку градинки.
    @gjoker4e 5 часа ти се отидени во Контоцајтот.Тоа ти е конто што се собира ако правиш прекувремени.Некои фирми ги исплаќаат овие часови некој ги даваат слободни денови:)
     
    На SanelaS и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @danichap ти ми се чини од али порачуваше, како оди овде постапката со царина?
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.371
    Прашував ама уште немам нарачано. Сеуште сум само на амазон. Ама овој скапо е се, алтернативни за некои помали глупости морам да побарам и јас.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Работава е што сега некои декорации кои ги сакам ги има само на али. Ќе разгледам на царинска управа како оди со порачките.
    И да, скапо е на амазон.
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.371
    Јас играчките пазам квалитет оти за деца, некои отрови во уста да не ставаат ми е страв. Ама што викаш деко и слично баш би од али. Ај пиши што ќе разгледаш. А она виш имаш ли искуство?